каматна стапка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamatna-stapka/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каматна стапка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamatna-stapka/ 32 32 Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-kamatna-stapka-na-vkupnite-krediti-5-44-a-na-depozitite-1-96/ Mon, 30 Sep 2024 12:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=821083

Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка.

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за
0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43%, при годишен раст од 0,26 п.п.

Во август, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,20%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки
на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи
намалување за 0,16 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,90% и забележа месечен пад од 0,06 п.п. Анализирано по валута, падот е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,12 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат раст (за 0,79 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,83 п.п.

Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,20%. Промената произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на
каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец од претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, е намалена за 1,04 п.п. на месечна основа и изнесува 1,99%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 1,13 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,18 п.п. на годишна основа.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и забележа месечен пад од 0,01 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,05 п.п. на годишна основа.

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 5,28%. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е
зголемена за 0,04 п.п.

Во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,93% и на месечно ниво е зголемена за 0,04 п.п. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи раст за 0,43 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,76%. Месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки
на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на
новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,44 п.п

The post Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96% appeared first on Република.

]]>

Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за 0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43%, при годишен раст од 0,26 п.п. Во август, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,20%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи намалување за 0,16 п.п. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,90% и забележа месечен пад од 0,06 п.п. Анализирано по валута, падот е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,12 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат раст (за 0,79 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,83 п.п. Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,20%. Промената произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец од претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, е намалена за 1,04 п.п. на месечна основа и изнесува 1,99%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 1,13 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,18 п.п. на годишна основа. Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и забележа месечен пад од 0,01 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,05 п.п. на годишна основа. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 5,28%. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,04 п.п. Во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,93% и на месечно ниво е зголемена за 0,04 п.п. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи раст за 0,43 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,76%. Месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,44 п.п

The post Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96% appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-se-namaluva-za-0-25-protsentni-poeni/ Wed, 18 Sep 2024 10:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=817425

Најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика и е одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 процентни поени, на нивото од 6,05 проценти, соопшти денеска Народната банка.

Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка вчера на редовна седница ги разгледуваше најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Со ваквите промени, според НБ, се задржува внимателноста во монетарната политика имајќи ги предвид ризиците поврзани со надворешното окружување што сè уште постојат, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, вклучувајќи го и постепеното зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките (1 процент со примена од јули 2024 година), ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, промените во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јули 2024 година, придонесуваат за дополнителна поддршка на поставеноста на монетарната политика.

Од Народна банка информираат дека одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација во август позначително забави и изнесува 2,2 проценти, при поволни движења кај сите три главни компоненти, односно пад на цените кај прехранбената и енергетската компонента и забавен раст на базичната инфлација.

Со оглед на споредбената основа од 2023 година (мерки за привремено ограничување на растот на цените), до крајот на годината е можна определена променливост во стапката на инфлација, но во просек за целата 2024 година се очекува дека ќе биде во рамките на проектираната од 3,5 проценти, според априлскиот циклус проекции. Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите, веќе пет месеци по ред преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, најновите прогнози се ревидирани надолу, во согласност со зголемената понуда и намалената побарувачка, што е поврзано со послабите изгледи за раст, се вели во соопштението.

Во соопштението стои дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на август изнесува 4.469,8 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јули 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на август се малку повисоки од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во вториот квартал од 2024 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор што Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во септември по вторпат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматната стапка за 0,25 п.п.

Економскиот раст во вториот квартал на 2024 година забрза и е речиси идентичен со проекциите на Народната банка. Реалниот раст на домашната економија изнесува 2,3 проценти на годишна основа (1,2 проценти во претходниот квартал), при натамошен раст и на квартална основа. Така во првата половина од годината е остварен раст од 1,8 проценти, што е блиску до нашата проекција од 1,9 проценти. Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јули покажуваат реален годишен раст на прометот во вкупната трговија и на индустриското производство, наспроти нивниот пад во претходниот квартал. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти поосчива централната банка.

Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките е солиден и засега со изгледи за подобри остварувања од очекуваните за третиот квартал. Слични се остварувањата и кај кредитниот раст, којшто се одржува малку над проектираниот.

Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за намалување на основната каматна стапка. Сепак, Народната банка го задржува внимателниот пристап при натамошните одлуки за монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување треба и натаму да се следат, пред сè цените на примарните производи, коишто сè уште се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските промени, а треба да се внимава и на ризиците од домашните фактори коишто може да влијаат врз побарувачката и цените во следниот период, вклучително и политиката на платите. Оттаму водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок, соопштија од Народната банка.

The post Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>

Најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика и е одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 процентни поени, на нивото од 6,05 проценти, соопшти денеска Народната банка. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка вчера на редовна седница ги разгледуваше најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Со ваквите промени, според НБ, се задржува внимателноста во монетарната политика имајќи ги предвид ризиците поврзани со надворешното окружување што сè уште постојат, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, вклучувајќи го и постепеното зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките (1 процент со примена од јули 2024 година), ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, промените во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јули 2024 година, придонесуваат за дополнителна поддршка на поставеноста на монетарната политика. Од Народна банка информираат дека одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација во август позначително забави и изнесува 2,2 проценти, при поволни движења кај сите три главни компоненти, односно пад на цените кај прехранбената и енергетската компонента и забавен раст на базичната инфлација. Со оглед на споредбената основа од 2023 година (мерки за привремено ограничување на растот на цените), до крајот на годината е можна определена променливост во стапката на инфлација, но во просек за целата 2024 година се очекува дека ќе биде во рамките на проектираната од 3,5 проценти, според априлскиот циклус проекции. Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите, веќе пет месеци по ред преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, најновите прогнози се ревидирани надолу, во согласност со зголемената понуда и намалената побарувачка, што е поврзано со послабите изгледи за раст, се вели во соопштението. Во соопштението стои дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на август изнесува 4.469,8 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јули 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на август се малку повисоки од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во вториот квартал од 2024 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор што Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во септември по вторпат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматната стапка за 0,25 п.п. Економскиот раст во вториот квартал на 2024 година забрза и е речиси идентичен со проекциите на Народната банка. Реалниот раст на домашната економија изнесува 2,3 проценти на годишна основа (1,2 проценти во претходниот квартал), при натамошен раст и на квартална основа. Така во првата половина од годината е остварен раст од 1,8 проценти, што е блиску до нашата проекција од 1,9 проценти. Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јули покажуваат реален годишен раст на прометот во вкупната трговија и на индустриското производство, наспроти нивниот пад во претходниот квартал. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти поосчива централната банка. Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките е солиден и засега со изгледи за подобри остварувања од очекуваните за третиот квартал. Слични се остварувањата и кај кредитниот раст, којшто се одржува малку над проектираниот. Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за намалување на основната каматна стапка. Сепак, Народната банка го задржува внимателниот пристап при натамошните одлуки за монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување треба и натаму да се следат, пред сè цените на примарните производи, коишто сè уште се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските промени, а треба да се внимава и на ризиците од домашните фактори коишто може да влијаат врз побарувачката и цените во следниот период, вклучително и политиката на платите. Оттаму водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок, соопштија од Народната банка.

The post Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/etsb-ja-namali-osnovnata-kamatna-stapka-na-3-5-otsto/ Thu, 12 Sep 2024 14:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=815789

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци.

Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи дека ќе продолжи да ги следи состојбите и во зависност од податоците ќе носи одлуки на секој нареден состанок.

Одлуката е донесена во услови на намалување на обемот на производството во Еврозоната и пад на потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто и поради оценката дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата под два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година.

Во својата најнова прогноза ЕЦБ предвидува дека стапката на инфлацијата ќе падне на 1,9 проценти дури во 2026 година.

Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години.

The post ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи дека ќе продолжи да ги следи состојбите и во зависност од податоците ќе носи одлуки на секој нареден состанок. Одлуката е донесена во услови на намалување на обемот на производството во Еврозоната и пад на потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто и поради оценката дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата под два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година. Во својата најнова прогноза ЕЦБ предвидува дека стапката на инфлацијата ќе падне на 1,9 проценти дури во 2026 година. Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години.

The post ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 3,5 отсто appeared first on Република.

]]>
Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-ja-zadrzha-osnovnata-kamatna-stapka-na-6-30-protsenti/ Wed, 17 Apr 2024 10:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=767074

Основната каматна стапка останува на ниво од 6,30 проценти. Според Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но сепак ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики што влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд каде што има високи стапки на реален раст на платите.

Како што информираше денеска Народната банка, понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се на нивоа од 4,20 проценти и 4,25 проценти.

И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чијашто примена започнува од јуни 2024 година, значат и дополнителна поддршка на прудентниот карактер на монетарната политика, истакнуваат од Централната банка.

Оттаму посочуваат дека во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носење на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии.

Имено, инфлацијата очекувано забрза во март 2024 година на 4 проценти на годишно ниво (3 проценти во февруари), со оглед на престанокот на важноста на мерките за гарантирани цени на дел од прехранбените производи и пијалаци и за укинување/намалување на дел од увозните давачки. Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата, се наведува во соопштението.

Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесувало 4.287,1 милион евра, што, според Народната банка, е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава, според последните расположливи податоци од надворешниот сектор, е малку повисок од очекувањата со октомврискиот циклус проекции, а остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година и за целата година, како што посочува Народната банка, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното.

Во монетарниот сектор, според првичните податоци за март годинава, депозитите растат со слична динамика како и претходниот месец, но малку посилно од очекувањата, а од друга страна, кредитната активност на банките умерено забавува, но годишниот раст е малку над проекциите за првиот квартал.

The post Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>

Основната каматна стапка останува на ниво од 6,30 проценти. Според Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но сепак ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики што влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд каде што има високи стапки на реален раст на платите. Како што информираше денеска Народната банка, понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се на нивоа од 4,20 проценти и 4,25 проценти. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чијашто примена започнува од јуни 2024 година, значат и дополнителна поддршка на прудентниот карактер на монетарната политика, истакнуваат од Централната банка. Оттаму посочуваат дека во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носење на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии. Имено, инфлацијата очекувано забрза во март 2024 година на 4 проценти на годишно ниво (3 проценти во февруари), со оглед на престанокот на важноста на мерките за гарантирани цени на дел од прехранбените производи и пијалаци и за укинување/намалување на дел од увозните давачки. Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата, се наведува во соопштението. Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесувало 4.287,1 милион евра, што, според Народната банка, е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава, според последните расположливи податоци од надворешниот сектор, е малку повисок од очекувањата со октомврискиот циклус проекции, а остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година и за целата година, како што посочува Народната банка, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Во монетарниот сектор, според првичните податоци за март годинава, депозитите растат со слична динамика како и претходниот месец, но малку посилно од очекувањата, а од друга страна, кредитната активност на банките умерено забавува, но годишниот раст е малку над проекциите за првиот квартал.

The post Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>
Основната каматна стапка останува 6,30 отсто, инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-6-30-otsto-inflatsijata-se-namaluva-ekonomskiot-rast-pod-proektiraniot/ Wed, 13 Mar 2024 10:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=754335

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчерашната седница оцени дека каматната стапка на благајничките записи треба да биде задржана на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно, соопшти НБ.

На седницата на Комитетот е оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Воедно, на крајот на февруари беше донесена одлука за промени во поставеноста и начинот на одржување на задолжителната резерва. Одлуката опфаќа сет од сеопфатни мерки, коишто ќе се применуваат во фази, но во најголем дел од јуни 2024 година и се главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените направени досега кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс.

Во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците.

Домашната инфлација забавува и во февруари 2024 година се сведе на 3% на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Сигналите од анкетите за инфлациските очекувања на потрошувачите исто така се поволни, односно во февруари веќе преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Стапката на инфлација во февруари е блиску до онаа во еврозоната. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, а воедно и прогнозите за следниот период се надолно ревидирани. Остварувањата кај инфлација од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Имено, сѐ уште отсуствува поизразен пренос на берзанските движења врз домашните цени кај храната, а постои и неизвесност поради актуелните воени конфликти, како и поради престанокот на привремените мерки за дел од домашните прехранбени производи. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во март повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на февруари изнесува 4.348,1 милион евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар се поволни, при умерено намалена нето-побарувачка од корпоративниот сектор и натамошен висок прилив на девизи на менувачкиот пазар. Расположливите податоци од надворешниот сектор за првиот квартал од годината сѐ уште се ограничени и недоволни за попрецизна оцена. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во четвртиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекуваниот во согласност со октомвриската проекција, при истовремено пониски остварени нето финансиски приливи.

Остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Имено, реалниот раст на домашната економија во 2023 година изнесува 1%, при раст на БДП во четвртиот квартал од годината од 0,9% на годишна основа. Анализирано по компоненти, растот во последниот квартал произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот солиден раст и од личната потрошувачка, а умерен придонес има и јавната потрошувачка. Бруто-инвестициите и натаму бележат висок реален пад, под влијание на падот на залихите поради високата споредбена основа од минатата година, што е поврзано со зголемените залихи на суровини и енергенти. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден раст на индустриското производство, додека прометот во вкупната трговија бележи реален пад. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварување на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, според првичните податоци за февруари 2024 година, депозититe и натаму растат, малку посилно од очекувањата, но забрзува и кредитната активност на банките, со годишен раст којшто засега е над проекциите за крајот на првиот квартал.

Сѐ на сѐ, амбиентот за водење на монетарната политика е умерено поповолен од очекувањата, сепак налага натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се наведува во соопштението од Народната банка.

The post Основната каматна стапка останува 6,30 отсто, инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот appeared first on Република.

]]>

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчерашната седница оцени дека каматната стапка на благајничките записи треба да биде задржана на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно, соопшти НБ. На седницата на Комитетот е оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Воедно, на крајот на февруари беше донесена одлука за промени во поставеноста и начинот на одржување на задолжителната резерва. Одлуката опфаќа сет од сеопфатни мерки, коишто ќе се применуваат во фази, но во најголем дел од јуни 2024 година и се главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените направени досега кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. Домашната инфлација забавува и во февруари 2024 година се сведе на 3% на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Сигналите од анкетите за инфлациските очекувања на потрошувачите исто така се поволни, односно во февруари веќе преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Стапката на инфлација во февруари е блиску до онаа во еврозоната. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, а воедно и прогнозите за следниот период се надолно ревидирани. Остварувањата кај инфлација од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Имено, сѐ уште отсуствува поизразен пренос на берзанските движења врз домашните цени кај храната, а постои и неизвесност поради актуелните воени конфликти, како и поради престанокот на привремените мерки за дел од домашните прехранбени производи. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во март повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на февруари изнесува 4.348,1 милион евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар се поволни, при умерено намалена нето-побарувачка од корпоративниот сектор и натамошен висок прилив на девизи на менувачкиот пазар. Расположливите податоци од надворешниот сектор за првиот квартал од годината сѐ уште се ограничени и недоволни за попрецизна оцена. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во четвртиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекуваниот во согласност со октомвриската проекција, при истовремено пониски остварени нето финансиски приливи. Остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Имено, реалниот раст на домашната економија во 2023 година изнесува 1%, при раст на БДП во четвртиот квартал од годината од 0,9% на годишна основа. Анализирано по компоненти, растот во последниот квартал произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот солиден раст и од личната потрошувачка, а умерен придонес има и јавната потрошувачка. Бруто-инвестициите и натаму бележат висок реален пад, под влијание на падот на залихите поради високата споредбена основа од минатата година, што е поврзано со зголемените залихи на суровини и енергенти. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден раст на индустриското производство, додека прометот во вкупната трговија бележи реален пад. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварување на домашните инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, според првичните податоци за февруари 2024 година, депозититe и натаму растат, малку посилно од очекувањата, но забрзува и кредитната активност на банките, со годишен раст којшто засега е над проекциите за крајот на првиот квартал. Сѐ на сѐ, амбиентот за водење на монетарната политика е умерено поповолен од очекувањата, сепак налага натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се наведува во соопштението од Народната банка.

The post Основната каматна стапка останува 6,30 отсто, инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот appeared first on Република.

]]>
НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-osnovnata-kamatna-stapka-se-zadrzhuva-na-nivoto-od-6-30-protsenti/ Wed, 31 Jan 2024 11:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=738988

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

На седницата, како што соопшти НБ, било оценето дека тековното ниво на каматните стапки е соодветно на условите во економијата и заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс.

Од НБ објаснуваат дека во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. - Домашната инфлација во декември 2023 година изнесува 3,6 проценти на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Во услови на слични движења на инфлацијата кај нас и во еврозоната, разликата во годишните стапки е мала. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во декемвриските анкети на Европската комисија. Просечната домашна стапка на инфлација се сведе на 9,4 проценти во 2023 година, во согласност со очекуваната стапка од 9,5 проценти, велат од централната банка.

Сепак, дополнуваат, нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што придонесуваат неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, но и одредени домашни фактори. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јануари повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, наведува Народната банка.

Оттаму истакнуваат дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на декември изнесува 4.538,5 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во текот на изминатата година, потсетува НБ, девизните резерви забележаа раст, којшто ги надмина очекувањата и главно е резултат на релативно високите интервенции на Народната банка за нето-откуп на вишокот девизни средства од банкарскиот систем. Поволните поместувања на девизниот пазар се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемената понуда на девизи од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките.

Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за периодот октомври − ноември 2023 година, НБ наведува дека тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со декември 2023 година.

Во третиот квартал од 2023 година, реалниот раст на БДП изнесува 1,2 проценти на годишна основа, што е во согласност со октомврискиот циклус проекции (раст од 1,1 процент). Високофреквентните податоци за периодот октомври ‒ ноември 2023 година засега се во склад со очекувањата за забрзување на растот на економската активност во последниот квартал од годината. Така, во овој период се забележува реален раст на индустриското производство, прометот во вкупната трговија и градежништвото, по падот во претходниот квартал, додека кај реалниот промет во угостителството се забележува забрзување на годишниот раст. Во однос на ризиците за растот, тие и за следниот период се претежно надолни и се поврзани пред сѐ со зголемените геополитички тензии, посочува НБ.

Во монетарниот сектор, според податоците заклучно со декември 2023 година, депозитниот потенцијал на банките расте малку посилно од очекувањата, со стапка од 9,1 процент, а кредитната поддршка на приватниот сектор и натаму расте, но поумерено и изнесува 5,1 процент.

Општо земено, клучните макроекономски показатели упатуваат на остварувања коишто се во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика сѐ уште се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се наведува во соопштението.

The post НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата, како што соопшти НБ, било оценето дека тековното ниво на каматните стапки е соодветно на условите во економијата и заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Од НБ објаснуваат дека во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. - Домашната инфлација во декември 2023 година изнесува 3,6 проценти на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Во услови на слични движења на инфлацијата кај нас и во еврозоната, разликата во годишните стапки е мала. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во декемвриските анкети на Европската комисија. Просечната домашна стапка на инфлација се сведе на 9,4 проценти во 2023 година, во согласност со очекуваната стапка од 9,5 проценти, велат од централната банка. Сепак, дополнуваат, нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што придонесуваат неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, но и одредени домашни фактори. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јануари повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, наведува Народната банка. Оттаму истакнуваат дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на декември изнесува 4.538,5 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во текот на изминатата година, потсетува НБ, девизните резерви забележаа раст, којшто ги надмина очекувањата и главно е резултат на релативно високите интервенции на Народната банка за нето-откуп на вишокот девизни средства од банкарскиот систем. Поволните поместувања на девизниот пазар се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемената понуда на девизи од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за периодот октомври − ноември 2023 година, НБ наведува дека тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со декември 2023 година. Во третиот квартал од 2023 година, реалниот раст на БДП изнесува 1,2 проценти на годишна основа, што е во согласност со октомврискиот циклус проекции (раст од 1,1 процент). Високофреквентните податоци за периодот октомври ‒ ноември 2023 година засега се во склад со очекувањата за забрзување на растот на економската активност во последниот квартал од годината. Така, во овој период се забележува реален раст на индустриското производство, прометот во вкупната трговија и градежништвото, по падот во претходниот квартал, додека кај реалниот промет во угостителството се забележува забрзување на годишниот раст. Во однос на ризиците за растот, тие и за следниот период се претежно надолни и се поврзани пред сѐ со зголемените геополитички тензии, посочува НБ. Во монетарниот сектор, според податоците заклучно со декември 2023 година, депозитниот потенцијал на банките расте малку посилно од очекувањата, со стапка од 9,1 процент, а кредитната поддршка на приватниот сектор и натаму расте, но поумерено и изнесува 5,1 процент. Општо земено, клучните макроекономски показатели упатуваат на остварувања коишто се во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика сѐ уште се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се наведува во соопштението.

The post НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>
НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30 отсто, тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-na-nivoto-od-6-30-otsto-tekovnata-monetarna-postavenost-soodvetna-na-uslovite-vo-ekonomijata/ Wed, 20 Dec 2023 11:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=724826

На 19 декември 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На оваа седница на Комитетот беше одлучено каматните стапки да останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше оценето дека задржувањето на тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените кај задолжителната резерва (последните со примена од декември 2023 година) и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс.

Последната одлука за монетарната политика се темели на остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика. Домашната инфлација и натаму забавува и се сведе на 3,1% на годишно ниво во ноември 2023 година. Овие остварувања го одразуваат значителното намалување на притисокот од прехранбената и енергетската ценовна компонента, како и намалените ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Притоа, годишната стапка на инфлација кај нас позначително забави во споредба со еврозоната, со што разликата во инфлацијата е незначителна. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во ноемвриските анкети на Европската комисија. Сепак, просечната стапка на инфлација и натаму е на релативно високо ниво, во споредба со историскиот просек. Ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што покрај неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, придонесуваат и одредени домашни фактори. Оттука, потребна е натамошна претпазливост, вклучително и во однос на политиките што делуваат врз побарувачката на економијата.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во декември беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, при оцени за натамошно забавување на инфлацијата во наредната година и достигнување на среднорочната целна инфлација во 2025 година.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на ноември изнесува 3.963,7 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка. Остварувањата се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за октомври 2023 година, тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со ноември 2023 година.

Растот на економската активност е умерен и се движи во согласност со очекувањата, коишто според последните проекции упатуваат на забавен економски раст оваа година, во услови на послаба странска побарувачка. Реалниот раст на БДП во третиот квартал од 2023 година изнесува 1,2% на годишна основа (по растот од 1,1% во претходниот квартал) и е во согласност со растот проектиран за овој квартал според октомврискиот циклус проекции. Анализирано по компоненти, растот произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот раст на личната потрошувачка. Со оглед на ограничениот број расположливи податоци, сѐ уште е рано за поцелосни согледувања за економската активност за четвртото тримесечје од 2023 година. Засега, податоците за октомври 2023 година покажуваат солидни позитивни движења кај индустриското производство, како и забавување на реалниот пад кај прометот во вкупната трговија.

Во монетарниот сектор, според првичните податоци заклучно со ноември 2023 година, депозитите и кредитите и натаму растат со темпо коешто засега е во рамките на очекувањата за последниот квартал од годината.

Општо земено, најновите податоци за клучните макроекономски показатели се движат главно во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и на инфлациските очекувања. Оттука, потребна е натамошна претпазливост во водењето на монетарна политика, односно при водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30 отсто, тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата appeared first on Република.

]]>

На 19 декември 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница на Комитетот беше одлучено каматните стапки да останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше оценето дека задржувањето на тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените кај задолжителната резерва (последните со примена од декември 2023 година) и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Последната одлука за монетарната политика се темели на остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика. Домашната инфлација и натаму забавува и се сведе на 3,1% на годишно ниво во ноември 2023 година. Овие остварувања го одразуваат значителното намалување на притисокот од прехранбената и енергетската ценовна компонента, како и намалените ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Притоа, годишната стапка на инфлација кај нас позначително забави во споредба со еврозоната, со што разликата во инфлацијата е незначителна. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во ноемвриските анкети на Европската комисија. Сепак, просечната стапка на инфлација и натаму е на релативно високо ниво, во споредба со историскиот просек. Ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што покрај неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, придонесуваат и одредени домашни фактори. Оттука, потребна е натамошна претпазливост, вклучително и во однос на политиките што делуваат врз побарувачката на економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во декември беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, при оцени за натамошно забавување на инфлацијата во наредната година и достигнување на среднорочната целна инфлација во 2025 година. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на ноември изнесува 3.963,7 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка. Остварувањата се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за октомври 2023 година, тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со ноември 2023 година. Растот на економската активност е умерен и се движи во согласност со очекувањата, коишто според последните проекции упатуваат на забавен економски раст оваа година, во услови на послаба странска побарувачка. Реалниот раст на БДП во третиот квартал од 2023 година изнесува 1,2% на годишна основа (по растот од 1,1% во претходниот квартал) и е во согласност со растот проектиран за овој квартал според октомврискиот циклус проекции. Анализирано по компоненти, растот произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот раст на личната потрошувачка. Со оглед на ограничениот број расположливи податоци, сѐ уште е рано за поцелосни согледувања за економската активност за четвртото тримесечје од 2023 година. Засега, податоците за октомври 2023 година покажуваат солидни позитивни движења кај индустриското производство, како и забавување на реалниот пад кај прометот во вкупната трговија. Во монетарниот сектор, според првичните податоци заклучно со ноември 2023 година, депозитите и кредитите и натаму растат со темпо коешто засега е во рамките на очекувањата за последниот квартал од годината. Општо земено, најновите податоци за клучните макроекономски показатели се движат главно во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и на инфлациските очекувања. Оттука, потребна е натамошна претпазливост во водењето на монетарна политика, односно при водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30 отсто, тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата appeared first on Република.

]]>
НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-na-nivoto-od-6-30-monetarnata-politika-i-natamu-e-zategnata/ Wed, 01 Nov 2023 10:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=697000

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Тековното ниво на основната каматна стапка, во комбинација со промените кај задолжителна резерва, како и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесе за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Затегнувањето на монетарната политика започна уште од крајот на 2021 година, прво преку интервенциите на девизниот пазар и оптималното управување со ликвидноста, а потоа од април минатата година и преку зголемување на основната каматна стапка, во вкупно 14 наврати досега, соопшти НБ.

Последната одлука за монетарната политика главно е условена од остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика, со посебен акцент на инфлацијата. Домашната инфлација и натаму забавува но посилно, сведувајќи се на 6,6% на годишно ниво во септември 2023 година. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е резултат на забавениот раст на цените кај сите три компоненти, со најголем придонес од прехранбената компонента. Сепак, вкупната инфлација забавува малку послабо од очекувањата според последните проекции, а нејзиното ниво сѐ уште е над историскиот просек. Од друга страна, базичната стапка на инфлација забавува во целост во согласност со очекувањата, укажувајќи на намалување на ценовните притисоци од помалку променливите ценовни категории, а во согласност и со преземените монетарни мерки. Најновите очекувања за увозните цени, односно светските цени на примарните производи, се ревидирани главно во надолна насока, при што и натаму преовладуваат очекувања за пад на цените во наредниот период. Ризиците од надворешното окружување во однос на идното движење на цените и натаму се неповолни и неизвесни, пред сѐ поради непредвидливиот карактер на војната во Украина и најново, на Блискиот Исток, како нов фактор на ризик.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), по циклус од десет последователни зголемувања, на последната седница во октомври ЕЦБ не направи дополнителни промени, односно го задржа истото ниво на основните каматни стапки, врз основа на оцени дека досегашните промени ги даваат очекуваните резултати и со очекувања за задржување на тековното високо ниво на каматните стапки подолг период.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на септември е во согласност co меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Ова е одраз на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во периодот јули ‒ август 2023 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, а податоците за менувачкото работење заклучно со септември 2023 година се во согласност со очекуваните нето-приливи од приватните трансфери за третиот квартал.

Гледано од аспект на домашната економска активност, реалниот раст на БДП во вториот квартал од 2023 година забави сведувајќи се на 1,1% на годишна основа (по растот од 2,1% во претходниот квартал), при што се доближува до растот проектиран за овој квартал според априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за економската активност за третото тримесечје од 2023 година со кои се располага во моментов засега упатуваат на послаб економски раст во овој квартал, во однос на априлските очекувања. Исто така, најновите очекувања упатуваат на надолна ревизија на растот на странската побарувачка до крајот на 2024 година, со изгледи и за побавно закрепнување на домашната економија во следниот период.

Во монетарниот сектор, последните податоци заклучно со септември 2023 година и натаму упатуваат на посилен раст кај депозитите во однос на априлските очекувања, а кредитната активност и натаму забавува, во согласност со очекуваната динамика.

Општо земено, условите за водење на монетарната политика и понатаму сe неизвесни и упатуваат на неопходност од внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата, како и на инфлациските очекувања. Ова подразбира и внимателност во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се вели во соопштението од централната банка.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Тековното ниво на основната каматна стапка, во комбинација со промените кај задолжителна резерва, како и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесе за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Затегнувањето на монетарната политика започна уште од крајот на 2021 година, прво преку интервенциите на девизниот пазар и оптималното управување со ликвидноста, а потоа од април минатата година и преку зголемување на основната каматна стапка, во вкупно 14 наврати досега, соопшти НБ. Последната одлука за монетарната политика главно е условена од остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика, со посебен акцент на инфлацијата. Домашната инфлација и натаму забавува но посилно, сведувајќи се на 6,6% на годишно ниво во септември 2023 година. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е резултат на забавениот раст на цените кај сите три компоненти, со најголем придонес од прехранбената компонента. Сепак, вкупната инфлација забавува малку послабо од очекувањата според последните проекции, а нејзиното ниво сѐ уште е над историскиот просек. Од друга страна, базичната стапка на инфлација забавува во целост во согласност со очекувањата, укажувајќи на намалување на ценовните притисоци од помалку променливите ценовни категории, а во согласност и со преземените монетарни мерки. Најновите очекувања за увозните цени, односно светските цени на примарните производи, се ревидирани главно во надолна насока, при што и натаму преовладуваат очекувања за пад на цените во наредниот период. Ризиците од надворешното окружување во однос на идното движење на цените и натаму се неповолни и неизвесни, пред сѐ поради непредвидливиот карактер на војната во Украина и најново, на Блискиот Исток, како нов фактор на ризик. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), по циклус од десет последователни зголемувања, на последната седница во октомври ЕЦБ не направи дополнителни промени, односно го задржа истото ниво на основните каматни стапки, врз основа на оцени дека досегашните промени ги даваат очекуваните резултати и со очекувања за задржување на тековното високо ниво на каматните стапки подолг период. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на септември е во согласност co меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Ова е одраз на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во периодот јули ‒ август 2023 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, а податоците за менувачкото работење заклучно со септември 2023 година се во согласност со очекуваните нето-приливи од приватните трансфери за третиот квартал. Гледано од аспект на домашната економска активност, реалниот раст на БДП во вториот квартал од 2023 година забави сведувајќи се на 1,1% на годишна основа (по растот од 2,1% во претходниот квартал), при што се доближува до растот проектиран за овој квартал според априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за економската активност за третото тримесечје од 2023 година со кои се располага во моментов засега упатуваат на послаб економски раст во овој квартал, во однос на априлските очекувања. Исто така, најновите очекувања упатуваат на надолна ревизија на растот на странската побарувачка до крајот на 2024 година, со изгледи и за побавно закрепнување на домашната економија во следниот период. Во монетарниот сектор, последните податоци заклучно со септември 2023 година и натаму упатуваат на посилен раст кај депозитите во однос на априлските очекувања, а кредитната активност и натаму забавува, во согласност со очекуваната динамика. Општо земено, условите за водење на монетарната политика и понатаму сe неизвесни и упатуваат на неопходност од внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата, како и на инфлациските очекувања. Ова подразбира и внимателност во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се вели во соопштението од централната банка.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната appeared first on Република.

]]>
ФеД ја зголеми каматната стапка на највисоко ниво во изминатите 22 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fed-ja-zgolemi-kamatnata-stapka-na-najvisoko-nivo-vo-izminatite-22-godini/ Thu, 27 Jul 2023 09:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=665790

Берзанските индекси на Волстрит вчера не забележаа значителни промени откако американската Управа на федералните резерви (ФеД) очекувано ги зголеми трошоците за задолжување за уште четвртина процентен поен, на највисоко ниво од светската финансиска криза, т.е. во изминатите последните 22 години, но Дау Џонс (Dow Jones) ја постигна најдолгата позитивна серија од 1987 година.

Њујоршкиот Дау Џонс вчера порасна за 8,63 поени или 0,25 отсто, на 35.527 поени. Растот е забележан 13 ден по ред, со што е постигнат постигнувајќи го најдолгиот период на раст од 1987 година. Ако продолжи да расте и денеска, тоа ќе биде најдолгиот период на неговиот континуиран раст од далечната 1897 година, кога бележеше раст 14 трговски дена по ред. Во изминатите 13 дена од растот, индексот на Дау Џонс се зголеми за пет проценти.

Индексот на С&П 500 (S&P 500) стагнираше на 4.567 поени, додека индексот на Насдаг (Nasdaq) се намали за 0,12 отсто, на 14.128 поени.

ФеД вчера ја зголеми основната каматна стапка преку ноќ за 0,25 процентни поени, на опсег од 5,25-5,5 отсто, зголемувајќи ја 11 пати на изминатите 12 состаноци.

Претседателот на ФеД Џером Пауел на прес-конференцијата по седницата рече дека понатамошните одлуки за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок, внимателно следејќи ги макроекономските показатели, но исто така истакна дека е малку веројатно каматните стапки да се намалат до крајот на година.

Подоцна, Голдман Сакс испрати белешка до клиентите во која наведуваат дека соопштението од ФеД не е сигнал за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки во иднина.

The post ФеД ја зголеми каматната стапка на највисоко ниво во изминатите 22 години appeared first on Република.

]]>

Берзанските индекси на Волстрит вчера не забележаа значителни промени откако американската Управа на федералните резерви (ФеД) очекувано ги зголеми трошоците за задолжување за уште четвртина процентен поен, на највисоко ниво од светската финансиска криза, т.е. во изминатите последните 22 години, но Дау Џонс (Dow Jones) ја постигна најдолгата позитивна серија од 1987 година. Њујоршкиот Дау Џонс вчера порасна за 8,63 поени или 0,25 отсто, на 35.527 поени. Растот е забележан 13 ден по ред, со што е постигнат постигнувајќи го најдолгиот период на раст од 1987 година. Ако продолжи да расте и денеска, тоа ќе биде најдолгиот период на неговиот континуиран раст од далечната 1897 година, кога бележеше раст 14 трговски дена по ред. Во изминатите 13 дена од растот, индексот на Дау Џонс се зголеми за пет проценти. Индексот на С&П 500 (S&P 500) стагнираше на 4.567 поени, додека индексот на Насдаг (Nasdaq) се намали за 0,12 отсто, на 14.128 поени. ФеД вчера ја зголеми основната каматна стапка преку ноќ за 0,25 процентни поени, на опсег од 5,25-5,5 отсто, зголемувајќи ја 11 пати на изминатите 12 состаноци. Претседателот на ФеД Џером Пауел на прес-конференцијата по седницата рече дека понатамошните одлуки за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок, внимателно следејќи ги макроекономските показатели, но исто така истакна дека е малку веројатно каматните стапки да се намалат до крајот на година. Подоцна, Голдман Сакс испрати белешка до клиентите во која наведуваат дека соопштението од ФеД не е сигнал за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки во иднина.

The post ФеД ја зголеми каматната стапка на највисоко ниво во изминатите 22 години appeared first on Република.

]]>
Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/centralnata-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-5-procenti/ Wed, 02 Nov 2022 21:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=568963

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава.
Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.

Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, од нивото од 2,25 отсто на ниво од 2,75 проценти, изјави Гент Сејко, гувернер на Централна банка на Албанија.

Тој додаде дека се зголемува и еднодневната каматна стапка на кредитите за 0,5 процентни поени на 3,75 проценти, како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите на 1,75 отсто.

Според него нивото на инфлација во третото тромесечје е 7, 9 проценти и оти таа ќе продолжи да расте и во последното тромесечје од годинава.
Гледано одделно по месеци инфлацијата во септември била 8,1 отсто, во август 8, додека во јули 7,5 отсто.

The post Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава. Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.
Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, од нивото од 2,25 отсто на ниво од 2,75 проценти, изјави Гент Сејко, гувернер на Централна банка на Албанија.
Тој додаде дека се зголемува и еднодневната каматна стапка на кредитите за 0,5 процентни поени на 3,75 проценти, како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите на 1,75 отсто. Според него нивото на инфлација во третото тромесечје е 7, 9 проценти и оти таа ќе продолжи да расте и во последното тромесечје од годинава. Гледано одделно по месеци инфлацијата во септември била 8,1 отсто, во август 8, додека во јули 7,5 отсто.

The post Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти appeared first on Република.

]]>
Основната каматна стапка зголемена за 0,5 п.п. до нивото од 3,50% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnata-kamatna-stapka-zgolemena-za-0-5-p-p-do-nivoto-od-3-50/ Thu, 13 Oct 2022 08:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=560404

На 10 октомври 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3,5%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше обрнато особено внимание на нагорните придвижувања на инфлацијата, којашто во септември повторно забрза, исклучиво поради прехранбената и енергетската компонента. Исто така, со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во монетарната политика на Европската централна банка.

Народната банка уште од крајот на минатата година отпочна со постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со дополнителни мерки, односно со промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем. Се очекува дека со зголемувањето на основната каматна стапка, заедно со направените промени во стапките на издвојување задолжителна резерва коишто се поповолни во однос на домашната валута, и понатаму ќе се делува врз каматната политика на банките и ќе се стимулира штедењето во денари.

Најновите податоци покажуваат годишна стапка на инфлација од 18,7% во септември, или просечна годишна инфлација во периодот јануари – септември 2022 година од 12,4%. Домашната инфлација и понатаму во најголем дел е определена од надворешни фактори, односно од порастот на увозните цени на храната и енергентите, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Од тие причини, околу 80% од годишната стапка на инфлацијата во септември, односно 75% од инфлацијата во првите девет месеци од годината, се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Со оглед на подолготрајните притисоци од овие цени под влијание на непредвидливи надворешни фактори и нивните преносни ефекти врз цените и на останатите производи и услуги, се подгреваат и инфлациските очекувања на економските субјекти. Поради тоа,  потребно е водење претпазливи домашни политики заради внимателно управување со побарувачката. Иако кај цените на храната веќе се видливи поизразени надолни приспособувања на светските берзи, сепак нагорните притисоци од цените на електричната енергија го отежнуваат, односно го забавуваат пренесувањето на овие трендови кај цените на храната на домашниот пазар. Покрај тоа, на ова делува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, којашто е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија. 

Домашниот девизен пазар и натаму е стабилен, а од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, којшто заклучно со септември е над проектираниот. Во услови на малку поумерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи на менувачкиот пазар којшто е значително повисок од очекувањата, како и солидна девизна ликвидност на банките, Народната банка и натаму врши откуп на девизи и ги јакне девизните резерви. Девизните резерви се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди.

Во однос на активноста во домашната економија, во вториот квартал од 2022 година беше остварен реален раст на бруто домашниот производ од 2,8% на годишна основа, колку што изнесуваше и очекуваната стапка на раст според последните проекции на Народната банка. Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, што заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и сè поголемата енергетска криза, ги нагласуваат надолните ризици за растот во следниот период.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според последните податоци, кредитната активност и натаму расте солидно и малку над нашите проекции, при поизразено забрзување на растот на вкупните депозити, но малку поумерено од очекувањата.

Во септември, најголемите централни банки продолжија со позначителни зголемувања на референтните каматни стапки, при нагорни корекции на очекуваната патека на инфлацијата на глобално ниво. Во такви околности, цените на државните обврзници во САД и во еврозоната и понатаму се намалуваа, односно нивните приноси забележаа пораст. Истовремено, вредноста на САД-доларот во однос на еврото и натаму зајакнува, согласно со зголемената побарувачка за САД-долари, како и при релативно поповолни изгледи за американската економија. Во текот на месецот, цените на повеќето енергенти и на храната на светските берзи се намалија.

Општо земено, неповолното надворешно окружување носи нагласени ризици и налага водење претпазливи домашни политики. Геополитичките тензии неповолно влијаат и врз цените и врз економската активност во глобални рамки и се главен извор за актуелната енергетска криза во Европа. Неизвесноста од овие случувања и натаму е главен ризик за целокупниот макроекономски контекст. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност.  

The post Основната каматна стапка зголемена за 0,5 п.п. до нивото од 3,50% appeared first on Република.

]]>

На 10 октомври 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3,5%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше обрнато особено внимание на нагорните придвижувања на инфлацијата, којашто во септември повторно забрза, исклучиво поради прехранбената и енергетската компонента. Исто така, со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во монетарната политика на Европската централна банка.

Народната банка уште од крајот на минатата година отпочна со постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со дополнителни мерки, односно со промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем. Се очекува дека со зголемувањето на основната каматна стапка, заедно со направените промени во стапките на издвојување задолжителна резерва коишто се поповолни во однос на домашната валута, и понатаму ќе се делува врз каматната политика на банките и ќе се стимулира штедењето во денари.

Најновите податоци покажуваат годишна стапка на инфлација од 18,7% во септември, или просечна годишна инфлација во периодот јануари – септември 2022 година од 12,4%. Домашната инфлација и понатаму во најголем дел е определена од надворешни фактори, односно од порастот на увозните цени на храната и енергентите, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Од тие причини, околу 80% од годишната стапка на инфлацијата во септември, односно 75% од инфлацијата во првите девет месеци од годината, се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Со оглед на подолготрајните притисоци од овие цени под влијание на непредвидливи надворешни фактори и нивните преносни ефекти врз цените и на останатите производи и услуги, се подгреваат и инфлациските очекувања на економските субјекти. Поради тоа,  потребно е водење претпазливи домашни политики заради внимателно управување со побарувачката. Иако кај цените на храната веќе се видливи поизразени надолни приспособувања на светските берзи, сепак нагорните притисоци од цените на електричната енергија го отежнуваат, односно го забавуваат пренесувањето на овие трендови кај цените на храната на домашниот пазар. Покрај тоа, на ова делува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, којашто е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија. 

Домашниот девизен пазар и натаму е стабилен, а од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, којшто заклучно со септември е над проектираниот. Во услови на малку поумерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи на менувачкиот пазар којшто е значително повисок од очекувањата, како и солидна девизна ликвидност на банките, Народната банка и натаму врши откуп на девизи и ги јакне девизните резерви. Девизните резерви се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди.

Во однос на активноста во домашната економија, во вториот квартал од 2022 година беше остварен реален раст на бруто домашниот производ од 2,8% на годишна основа, колку што изнесуваше и очекуваната стапка на раст според последните проекции на Народната банка. Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, што заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и сè поголемата енергетска криза, ги нагласуваат надолните ризици за растот во следниот период.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според последните податоци, кредитната активност и натаму расте солидно и малку над нашите проекции, при поизразено забрзување на растот на вкупните депозити, но малку поумерено од очекувањата.

Во септември, најголемите централни банки продолжија со позначителни зголемувања на референтните каматни стапки, при нагорни корекции на очекуваната патека на инфлацијата на глобално ниво. Во такви околности, цените на државните обврзници во САД и во еврозоната и понатаму се намалуваа, односно нивните приноси забележаа пораст. Истовремено, вредноста на САД-доларот во однос на еврото и натаму зајакнува, согласно со зголемената побарувачка за САД-долари, како и при релативно поповолни изгледи за американската економија. Во текот на месецот, цените на повеќето енергенти и на храната на светските берзи се намалија.

Општо земено, неповолното надворешно окружување носи нагласени ризици и налага водење претпазливи домашни политики. Геополитичките тензии неповолно влијаат и врз цените и врз економската активност во глобални рамки и се главен извор за актуелната енергетска криза во Европа. Неизвесноста од овие случувања и натаму е главен ризик за целокупниот макроекономски контекст. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност.  

The post Основната каматна стапка зголемена за 0,5 п.п. до нивото од 3,50% appeared first on Република.

]]>
Растат каматите: Во август кредитите поскапеле за 0,01 отсто, а депозитите за 0,69 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-vo-avgust-namalena-prosechnata-kamatna-stapka-na-vkupnite-krediti-na-godishna-osnova/ Fri, 30 Sep 2022 10:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=555941

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август годинава изнесува 4,34 отсто и забележа мал месечен раст од 0,01 процентен поен (п.п.), при остварен годишен пад од 0,15 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена за 0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,69 отсто, додека на годишно ниво забележа пад од 0,10 п.п., информира Народната банка (НБ).

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи месечен раст од 0,03 п.п. и годишен од 0,26 п.п. и изнесува 4,04 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,92 отсто и оствари месечно зголемување од 0,08 п.п. и годишно од 0,42 п.п., соопшти НБ.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во август, се посочува во соопштението, е зголемена за 0,02 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 3,55 отсто.

Месечната промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута за 0,03 п.п., како и каматните стапки на кредитите во денари со валутна клаузула за 0,01 п.п.. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п.,велат од НБ.

Нагласуваат дека каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,72 отсто и забележа месечен раст од 0,15 п.п.

Нагорната промена е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,74 п.п.), како и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,49 п.п., прецизираат од НБ.

Во август, додаваат, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,03 отсто и се зголеми за 0,09 п.п. на месечна основа. Месечното зголемување произлегува од повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), во услови на забележан пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,11 п.п.). Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,06 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, во август, оствари месечен раст од 0,16 п.п. и изнесува 0,81 отсто. Нагорната промена се објаснува со зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,44 п.п. и 0,11 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, овој месец, изнесува 0,20 отсто, за разлика од претходните три месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,35 п.п., на годишно ниво, посочуваат од НБ.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, пак, е намалена за 0,01 п.п. во споредба со јули и изнесува 5,07 отсто.

Притоа, месечната промена е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на непроменета каматна стапка на денарските кредити без валутна клаузула. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,21 п.п., истакнуваат од НБ.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, изнесува 4,49 отсти и во споредба со претходниот месец забележа пад од 0,10 п.п.

Надолната промена произлегува од намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека кај каматните стапки на кредитите во странска валута е остварен раст (за 0,09 п.п.). Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи раст од 0,07 п.п., на годишно ниво, се вели во соопштението од НБ.

Се нагласува дека во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена за 0,01 процент на месечно ниво и изнесува 0,66 отсто.

Анализирано по валута, месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута за 0,01 п.п., при забележан пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула за 0,01 п.п.. Во споредба со август претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,09 п.п., порачуваат од НБ.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, пак, изнесува 0,97 отсто и оствари раст од 0,05 п.п. на месечна основа.

Нагорната промена се објаснува со повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,09 п.п. и 0,08 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, овој месец, изнесува 1,10 отсто, за разлика од претходните пет месеци кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа годишно зголемување од 0,44 п.п., потецнираат од НБ.

The post Растат каматите: Во август кредитите поскапеле за 0,01 отсто, а депозитите за 0,69 отсто appeared first on Република.

]]>

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август годинава изнесува 4,34 отсто и забележа мал месечен раст од 0,01 процентен поен (п.п.), при остварен годишен пад од 0,15 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена за 0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,69 отсто, додека на годишно ниво забележа пад од 0,10 п.п., информира Народната банка (НБ). Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи месечен раст од 0,03 п.п. и годишен од 0,26 п.п. и изнесува 4,04 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,92 отсто и оствари месечно зголемување од 0,08 п.п. и годишно од 0,42 п.п., соопшти НБ. Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во август, се посочува во соопштението, е зголемена за 0,02 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 3,55 отсто. Месечната промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута за 0,03 п.п., како и каматните стапки на кредитите во денари со валутна клаузула за 0,01 п.п.. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п.,велат од НБ. Нагласуваат дека каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,72 отсто и забележа месечен раст од 0,15 п.п. Нагорната промена е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,74 п.п.), како и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,49 п.п., прецизираат од НБ. Во август, додаваат, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,03 отсто и се зголеми за 0,09 п.п. на месечна основа. Месечното зголемување произлегува од повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), во услови на забележан пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,11 п.п.). Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,06 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, во август, оствари месечен раст од 0,16 п.п. и изнесува 0,81 отсто. Нагорната промена се објаснува со зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,44 п.п. и 0,11 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, овој месец, изнесува 0,20 отсто, за разлика од претходните три месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,35 п.п., на годишно ниво, посочуваат од НБ. Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, пак, е намалена за 0,01 п.п. во споредба со јули и изнесува 5,07 отсто. Притоа, месечната промена е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на непроменета каматна стапка на денарските кредити без валутна клаузула. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,21 п.п., истакнуваат од НБ. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, изнесува 4,49 отсти и во споредба со претходниот месец забележа пад од 0,10 п.п. Надолната промена произлегува од намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека кај каматните стапки на кредитите во странска валута е остварен раст (за 0,09 п.п.). Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи раст од 0,07 п.п., на годишно ниво, се вели во соопштението од НБ. Се нагласува дека во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена за 0,01 процент на месечно ниво и изнесува 0,66 отсто. Анализирано по валута, месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута за 0,01 п.п., при забележан пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула за 0,01 п.п.. Во споредба со август претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,09 п.п., порачуваат од НБ. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, пак, изнесува 0,97 отсто и оствари раст од 0,05 п.п. на месечна основа. Нагорната промена се објаснува со повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,09 п.п. и 0,08 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, овој месец, изнесува 1,10 отсто, за разлика од претходните пет месеци кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа годишно зголемување од 0,44 п.п., потецнираат од НБ.

The post Растат каматите: Во август кредитите поскапеле за 0,01 отсто, а депозитите за 0,69 отсто appeared first on Република.

]]>
Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-na-nivo-od-2-5-procenti/ Wed, 10 Aug 2022 09:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=538673

Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5 проценти, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка.

При носењето на ваквата одлука беа земени предвид неколку клучни фактори, пред сѐ, досега преземените чекори за нормализирање на монетарната политика, како и последните движења кај инфлацијата и на девизниот пазар. На девизниот пазар се забележува значајно стабилизирање во последниот период, а Народната банка интервенира со откуп на девизи. Притоа, притисоците од енергетската криза се намалени значително, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Воедно, на девизниот пазар видливи се и одредени позитивни поместувања во однос на побарувачката на девизи од страна на домашните физички лица, што укажува на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните субјекти, велат од Народната банка.

На вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика разгледани се најновите податоци за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари при што е оценето дека ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и дека главен ризик и понатаму претставува неизвесноста предизвикана од глобалните геополитички тензии и нивното влијание врз цените и економската активност во глобални рамки.

Најновите податоци за инфлацијата покажуваат просечна инфлација од 10,9 проценти во периодот јануари – јули, при што три четвртини од овој раст се објаснува со растечките цени на храната и енергијата.

Оттука, динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Сепак, со оглед на долготрајноста на овие трендови, ваквите притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна, посочува централната банка.

Најновите очекувања на светските пазари, како што велат од Народната банка, навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на годинава, а потоа и нивно намалување.

Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација, се вели во соопштението.

Девизните резерви се одржуваат во сигурна зона, а податоците за активноста во домашната економија во првиот квартал од 2,4 проценти, како и оцените за понатамошен раст согласно со високофреквентните податоци за периодот април – јунизасега се во согласност со последните очекувања. Во овој период се забележува натамошен, но малку поумерен годишен раст кај индустријата, прометот во вкупната трговија и угостителството, додека активноста во градежништвото во периодот април – мај бележи забавување на падот. Последните податоци покажуваат и понатамошен раст на кредитите и на депозитите.

The post Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5 проценти, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка. При носењето на ваквата одлука беа земени предвид неколку клучни фактори, пред сѐ, досега преземените чекори за нормализирање на монетарната политика, како и последните движења кај инфлацијата и на девизниот пазар. На девизниот пазар се забележува значајно стабилизирање во последниот период, а Народната банка интервенира со откуп на девизи. Притоа, притисоците од енергетската криза се намалени значително, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Воедно, на девизниот пазар видливи се и одредени позитивни поместувања во однос на побарувачката на девизи од страна на домашните физички лица, што укажува на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните субјекти, велат од Народната банка. На вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика разгледани се најновите податоци за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари при што е оценето дека ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и дека главен ризик и понатаму претставува неизвесноста предизвикана од глобалните геополитички тензии и нивното влијание врз цените и економската активност во глобални рамки. Најновите податоци за инфлацијата покажуваат просечна инфлација од 10,9 проценти во периодот јануари – јули, при што три четвртини од овој раст се објаснува со растечките цени на храната и енергијата. Оттука, динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Сепак, со оглед на долготрајноста на овие трендови, ваквите притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна, посочува централната банка. Најновите очекувања на светските пазари, како што велат од Народната банка, навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на годинава, а потоа и нивно намалување. Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација, се вели во соопштението. Девизните резерви се одржуваат во сигурна зона, а податоците за активноста во домашната економија во првиот квартал од 2,4 проценти, како и оцените за понатамошен раст согласно со високофреквентните податоци за периодот април – јунизасега се во согласност со последните очекувања. Во овој период се забележува натамошен, но малку поумерен годишен раст кај индустријата, прометот во вкупната трговија и угостителството, додека активноста во градежништвото во периодот април – мај бележи забавување на падот. Последните податоци покажуваат и понатамошен раст на кредитите и на депозитите.

The post Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти appeared first on Република.

]]>
Просечната каматна стапка на кредитите во април 4,3 проценти, на депозитите 0,68 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-kamatna-stapka-na-kreditite-vo-april-4-3-procenti-na-depozitite-0-68/ Tue, 31 May 2022 13:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=509287

Народната банка денеска соопшти дека продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и оти во април годинава таа е на ниво од 4,30 проценти. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти.

-Во април 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,30 проценти и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,28 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени и 0,22  процентни поени, соодветно, стои во информацијата на НБ.

Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити  е повисока за 0,23 п.п. на месечна основа и изнесува 3,98 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,11  процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, изнесува 0,65 проценти и забележа месечен пад од 0,03  процентни поени., додека на годишна основа е зголемена за 0,03 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во април, изнесува 5,09 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,02 процентни поени.  Падот се должи на намалените каматни стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 процентни поени) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени и 0,02 процентни поени соодветно). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28  процентни поени.

Според НБ, во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, бележи месечен раст за 0,04 процентни поени. и изнесува 4,51 процент. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, бележат минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и изнесува 0,67 проценти, а  кај новопримените депозити  е остварен месечен раст од 0,06 процентни поени и изнесува 0,69 проценти.

Од централната банка информиарат дела просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во април е зголемена за 0,02 процентни поени и во споредба со претходниот месец и изнесува 3,45 проценти. Промената, појаснува НБ,  се должи на повисоките каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени, соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,03 процентни поени). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,25 процентни поени.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во април, бележи месечен раст од 0,32 процентни поени и изнесува 3,63 проценти.

Во април  каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,11 процентни поени во споредба со претходниот месец и изнесува 0,83 проценти. Тој пад се должи на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.), како и депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,01 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула се непроменети. На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа пад од 0,36 процентни поени.
Како што навеудва НБ, во април, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор,
изнесува 0,52 проценти и бележи пад од 0,25 процентни поени на месечна основа.лв/са/

The post Просечната каматна стапка на кредитите во април 4,3 проценти, на депозитите 0,68 appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска соопшти дека продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и оти во април годинава таа е на ниво од 4,30 проценти. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти.
-Во април 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,30 проценти и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,28 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени и 0,22  процентни поени, соодветно, стои во информацијата на НБ.
Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити  е повисока за 0,23 п.п. на месечна основа и изнесува 3,98 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,11  процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, изнесува 0,65 проценти и забележа месечен пад од 0,03  процентни поени., додека на годишна основа е зголемена за 0,03 процентни поени. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во април, изнесува 5,09 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,02 процентни поени.  Падот се должи на намалените каматни стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 процентни поени) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени и 0,02 процентни поени соодветно). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28  процентни поени. Според НБ, во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, бележи месечен раст за 0,04 процентни поени. и изнесува 4,51 процент. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, бележат минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и изнесува 0,67 проценти, а  кај новопримените депозити  е остварен месечен раст од 0,06 процентни поени и изнесува 0,69 проценти. Од централната банка информиарат дела просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во април е зголемена за 0,02 процентни поени и во споредба со претходниот месец и изнесува 3,45 проценти. Промената, појаснува НБ,  се должи на повисоките каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени, соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,03 процентни поени). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,25 процентни поени. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во април, бележи месечен раст од 0,32 процентни поени и изнесува 3,63 проценти. Во април  каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,11 процентни поени во споредба со претходниот месец и изнесува 0,83 проценти. Тој пад се должи на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.), како и депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,01 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула се непроменети. На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа пад од 0,36 процентни поени. Како што навеудва НБ, во април, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, изнесува 0,52 проценти и бележи пад од 0,25 процентни поени на месечна основа.лв/са/

The post Просечната каматна стапка на кредитите во април 4,3 проценти, на депозитите 0,68 appeared first on Република.

]]>
Зголемена основната каматна стапка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemena-osnovnata-kamatna-stapka/ Wed, 11 May 2022 11:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=500999

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.

Според централната банка годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачкат,  – појаснуваат од Народната банка.

Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен.

 

The post Зголемена основната каматна стапка! appeared first on Република.

]]>

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти. Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.
Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.
Според централната банка годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.
Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачкат,  – појаснуваат од Народната банка.
Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен.  

The post Зголемена основната каматна стапка! appeared first on Република.

]]>
Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 процентни поени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-dopolnitelni-0-25-procentni-poeni/ Wed, 11 May 2022 10:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=500973

Народната банка по априлското зголемување на каматната стапка сега изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

Од Народната банка информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.

Најновите податоци за април, според централната банка, упатуваат на тоа дека годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката, појаснуваат од Народната банка.

Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен. Се забележува сезонски поголема понуда на девизи. Според првичните податоци за април, годишниот раст на кредитите е солиден, при поумерен раст кај депозитите. Притоа, кај депозитите на населението се забележува раст на месечна основа во април.

Оценката на Комитетот за оперативна монетарна политика, кој вчера одржа седница, е дека се неопходни претпазливи макроекономски политики заради ублажување на ефектите од кризата.

Општо земено, најновите оцени за основните макроекономски параметри упатуваат на потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката. Ризиците за целокупниот макроекономски контекст се поизразени, а се поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија, се наведува во соопштението.

На вчерашната седница одлучено е понудата на благајнички записи на денешната аукција да изнесува 10 милијарди денари.

The post Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>

Народната банка по априлското зголемување на каматната стапка сега изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти. Од Народната банка информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението. Најновите податоци за април, според централната банка, упатуваат на тоа дека годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции. Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката, појаснуваат од Народната банка. Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен. Се забележува сезонски поголема понуда на девизи. Според првичните податоци за април, годишниот раст на кредитите е солиден, при поумерен раст кај депозитите. Притоа, кај депозитите на населението се забележува раст на месечна основа во април. Оценката на Комитетот за оперативна монетарна политика, кој вчера одржа седница, е дека се неопходни претпазливи макроекономски политики заради ублажување на ефектите од кризата. Општо земено, најновите оцени за основните макроекономски параметри упатуваат на потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката. Ризиците за целокупниот макроекономски контекст се поизразени, а се поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија, се наведува во соопштението. На вчерашната седница одлучено е понудата на благајнички записи на денешната аукција да изнесува 10 милијарди денари.

The post Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>
НБ: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-prodolzuva-trendot-na-namaluvanje-na-prosechnata-kamatna-stapka-na-vkupnite-krediti/ Fri, 29 Apr 2022 10:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=495224

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во март 2022 година и се сведе на ниво од 4,3 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,7 отсто, информира Народната банка (НБ).

– Во март 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 отсто, што претставува месечно намалување од 0,03 процентни поени (п.п.) и годишно намалување од 0,29 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,19 п.п. и изнесува 0,7 отсто. При тоа просечната каматна стапка на новоодобрените кредити се намали на месечна и на годишна основа за 0,19 п.п. и изнесува 3,75 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,68 отсто и забележа месечен раст од 0,12 п.п., а на годишно ниво е намалена за 0,08 п.п., соопшти НБ

Во март, се додава во соопштението, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,43% отсто и е пониска за 0,02 п.п., на месечно ниво.

– Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со март минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,27 п.п., посочуваат од НБ.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, пак, во марто изнесува 3,31 отсто и оствари месечен пад од 0,17 п.п.

– Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,09 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка се намали за 0,20 п.п., прецизираат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,94 отсто и е повисока за 0,04 п.п., во споредба со претходниот месец.

– Месечната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа годишно намалување од 0,21 п.п., велат од НБ.

Нагласуваат дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,48 п.п. на месечна основа и изнесува 0,77 отсто.

– Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,99 п.п.) и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,34 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, во март, изнесува 0,23 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п., истакнуваат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. во однос на февруари и изнесува 5,11 отсто. Според НБ, надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п., на годишно ниво.

Од НБ посочуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во март изнесува 4,47 отсто, што претставува месечен пад од 0,07 п.п.

– Анализирано според структурата, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,01 п.п.). Во споредба со март 2021 година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,14 п.п., прецизираат од НБ.

Според податоците од НБ, во март, годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 0,68 отсто.

– Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,03 п.п), како и каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Годишното намалување на оваа каматна стапка изнесува 0,18 п.п, велат од НБ.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во март, како што посочуваат одНБ, изнесува 0,63 отсто и е намалена за 0,02 п.п. во однос на февруари, што во целост произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.), при остварен раст на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,21 п.п.).

– Овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула, потенцираат д НБ и додаваат дека каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 п.п., на годишна основа.

The post НБ: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити appeared first on Република.

]]>

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во март 2022 година и се сведе на ниво од 4,3 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,7 отсто, информира Народната банка (НБ). – Во март 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 отсто, што претставува месечно намалување од 0,03 процентни поени (п.п.) и годишно намалување од 0,29 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,19 п.п. и изнесува 0,7 отсто. При тоа просечната каматна стапка на новоодобрените кредити се намали на месечна и на годишна основа за 0,19 п.п. и изнесува 3,75 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,68 отсто и забележа месечен раст од 0,12 п.п., а на годишно ниво е намалена за 0,08 п.п., соопшти НБ Во март, се додава во соопштението, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,43% отсто и е пониска за 0,02 п.п., на месечно ниво. – Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со март минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,27 п.п., посочуваат од НБ. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, пак, во марто изнесува 3,31 отсто и оствари месечен пад од 0,17 п.п. – Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,09 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка се намали за 0,20 п.п., прецизираат од НБ. Во март, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,94 отсто и е повисока за 0,04 п.п., во споредба со претходниот месец. – Месечната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа годишно намалување од 0,21 п.п., велат од НБ. Нагласуваат дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,48 п.п. на месечна основа и изнесува 0,77 отсто. – Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,99 п.п.) и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,34 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, во март, изнесува 0,23 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п., истакнуваат од НБ. Во март, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. во однос на февруари и изнесува 5,11 отсто. Според НБ, надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п., на годишно ниво. Од НБ посочуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во март изнесува 4,47 отсто, што претставува месечен пад од 0,07 п.п. – Анализирано според структурата, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,01 п.п.). Во споредба со март 2021 година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,14 п.п., прецизираат од НБ. Според податоците од НБ, во март, годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 0,68 отсто. – Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,03 п.п), како и каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Годишното намалување на оваа каматна стапка изнесува 0,18 п.п, велат од НБ. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во март, како што посочуваат одНБ, изнесува 0,63 отсто и е намалена за 0,02 п.п. во однос на февруари, што во целост произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.), при остварен раст на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,21 п.п.). – Овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула, потенцираат д НБ и додаваат дека каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 п.п., на годишна основа.

The post НБ: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити appeared first on Република.

]]>
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poznachajni-dvizenja-kaj-kamatnite-stapki-na-bankite-i-shtedilnicite/ Mon, 28 Feb 2022 11:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=465221

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35%.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71%.

Во четвртиот квартал на 2021 година, вкупните средства на останатите финансиски институции, достигнаа ниво од 165.579 милиони денари и се зголемија за 7.762 милиони денари на квартално ниво. Структурата на средствата, укажува дека доминантно учество од 65,6% имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,7%.

Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,1%. Потоа следуваат сопственички хартии од вредност со учество од 26,1% и валути и депозити со учество од 11,3%. Обврските на ОФИ пред сѐ се однесуваат на техничките резерви на осигурување , како и на капиталните сметки  со учество од 55,1% и 36,7%, соодветно.

The post Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците appeared first on Република.

]]>

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35%.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71%.

Во четвртиот квартал на 2021 година, вкупните средства на останатите финансиски институции, достигнаа ниво од 165.579 милиони денари и се зголемија за 7.762 милиони денари на квартално ниво. Структурата на средствата, укажува дека доминантно учество од 65,6% имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,7%.

Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,1%. Потоа следуваат сопственички хартии од вредност со учество од 26,1% и валути и депозити со учество од 11,3%. Обврските на ОФИ пред сѐ се однесуваат на техничките резерви на осигурување , како и на капиталните сметки  со учество од 55,1% и 36,7%, соодветно.

The post Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците appeared first on Република.

]]>