камати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamati/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 13:04:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamati/ 32 32 Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-septemvri-godishen-pad-na-kamatnata-stapka-na-vkupnite-krediti-a-rast-kaj-depozitite/ Thu, 31 Oct 2024 13:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=832810

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен пад од 0,05 процентни поени, а кај вкупните депозити мечсене раст од 0,14 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата е непроменета на месечна основа, а кај вкупните депозити има месечно зголемување од 0,04 процентни поени.

The post Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите appeared first on Република.

]]>

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти. Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен пад од 0,05 процентни поени, а кај вкупните депозити мечсене раст од 0,14 процентни поени. Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата е непроменета на месечна основа, а кај вкупните депозити има месечно зголемување од 0,04 процентни поени.

The post Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите appeared first on Република.

]]>
Европската централна банка ги намалува каматните стапки поради падот на инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskata-tsentralna-banka-gi-namaluva-kamatnite-stapki-poradi-padot-na-inflatsijata/ Thu, 17 Oct 2024 07:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=827869

Европската централна банка (ЕЦБ), која ги одредува каматните стапки за 20-те земји кои го користат еврото како валута, денеска се очекува дополнително да ги намали трошоците за задолжување, откако податоците покажаа дека инфлацијата во ЕУ падна на најниско ниво во повеќе од три години.

Се очекува ЕЦБ на состанокот во Љубљана да донесе одлука за намалување на референтната стапка од 3,5 на 3,25 отсто.

Очекуваното намалување ќе биде трето од јуни годинава.

Инфлацијата во септември падна повеќе од очекуваното, на 1,8 отсто, што е првпат во последните три години да биде под целта на ЕЦБ од два отсто, а аналитичарите сметаат дека банката ќе ги намали стапките и во декември.

Еврозоната забележа бавен раст, само 0,3 отсто во вториот квартал.

Трендовите во економијата и инфлацијата поддржуваат пониски стапки, рече Холгер Шмидинг, главен економист во Беренберг банка.

Една од причините зошто инфлацијата падна низ целиот свет е тоа што централните банки драматично ги зголемија трошоците за задолжување од речиси нула проценти за време на пандемијата на коронавирус кога цените почнаа да растат. Ова се случи, прво како резултат на создавање проблеми во синџирот на снабдување, а подоцна и поради инвазијата на Украина од страна на Русија, која ги зголеми трошоците во областа на енергетиката.

The post Европската централна банка ги намалува каматните стапки поради падот на инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ), која ги одредува каматните стапки за 20-те земји кои го користат еврото како валута, денеска се очекува дополнително да ги намали трошоците за задолжување, откако податоците покажаа дека инфлацијата во ЕУ падна на најниско ниво во повеќе од три години. Се очекува ЕЦБ на состанокот во Љубљана да донесе одлука за намалување на референтната стапка од 3,5 на 3,25 отсто. Очекуваното намалување ќе биде трето од јуни годинава. Инфлацијата во септември падна повеќе од очекуваното, на 1,8 отсто, што е првпат во последните три години да биде под целта на ЕЦБ од два отсто, а аналитичарите сметаат дека банката ќе ги намали стапките и во декември. Еврозоната забележа бавен раст, само 0,3 отсто во вториот квартал. Трендовите во економијата и инфлацијата поддржуваат пониски стапки, рече Холгер Шмидинг, главен економист во Беренберг банка. Една од причините зошто инфлацијата падна низ целиот свет е тоа што централните банки драматично ги зголемија трошоците за задолжување од речиси нула проценти за време на пандемијата на коронавирус кога цените почнаа да растат. Ова се случи, прво како резултат на создавање проблеми во синџирот на снабдување, а подоцна и поради инвазијата на Украина од страна на Русија, која ги зголеми трошоците во областа на енергетиката.

The post Европската централна банка ги намалува каматните стапки поради падот на инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Независноста на централните банки во регионот на ЈИЕ овозможи намалување на инфлацијата на едноцифрени стапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nezavisnosta-na-tsentralnite-banki-vo-regionot-na-jie-ovozmozhi-namaluvane-na-inflatsijata-na-ednotsifreni-stapki/ Tue, 01 Oct 2024 10:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=821336

Столбовите за спроведување на политиките за справување со глобалните економски шокови се независноста и кредибилитетот на централните банки, кои во регионот на Југоисточна Европа за само една година имаат придонесено да се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, беше посочено на денешната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка.

Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер смета дека независноста на централните банки може да биде основа на модерното централно банкарство, но дека транспарентноста и отчетноста се она што ја балансира независноста на централната банка со принципите на демократијата.

Македонија е импресивен пример. Создавањето независна централна банка во 1992 година беше клучно за да се намали хиперинфлацијата од раните 1990-ти. Народната банка е рангирана многу високо во новиот Индекс на независност на Централната банка на ММФ, посочи Камер.

Според директорот на КПБВ, Марк Узан, довербата што централните банки ја уживаа ширум светот, во текот на многу години, можела да се изгуби доколку општеството почнело да се сомнева во нивната посветеност на стабилноста на цените.

Некои генерации за првпат го доживеаја ризикот од транзиција на економијата кон режим со висока инфлација. Затоа, за да се врати ценовната стабилност, беше неопходно и соодветно централните банки решително да ја заострат политиката преку повисоки каматни стапки, посочи Узан.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска, наведувајќи ја Народната банка како пример за независна централна банка, посочи дека одредбите за независност се вградени во Уставот и Законот за Народната банка и истите се оценети дека имаат високо ниво на усогласеност со правото на ЕУ.

Деглобализацијата, стареењето на населението и климатските закани, би можеле да ги намалат производните капацитети, правејќи ја понудата помалку еластична и на тој начин создавајќи „свет со поголема склоност кон инфлација“. Од друга страна, брзиот напредок во технологијата, како вештачката интелигенција, не само што може да го ублажи влијанието на горенаведените негативни сили, туку и да го подигне потенцијалот за раст. Овие трансформации бараат добро поставени реформи со цел да се зголеми отпорноста на економиите и да се намалат среднорочните инфлациски притисоци, порача Ангеловска – Бежоска.

На конференцијата се обрати и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, според која за да можат банките да ја реализираат својата важна улога треба да бидат независни од централната власт и отпорни на политички притисоци.

Живееме во време на парадокси, длабока меѓузависност на земјите, економиите, луѓето и природата. Социјалните, половите и дигиталните нееднаквости меѓу државите внатре и меѓу државите се во пораст. Помалку развиените економии, како што е македонската економија, зависни од други, непропорционално ги чувствуваат ефектите од геополитичките ривалства, воените конфликти, испреплетените конфликти поврзани со безбедноста и екологијата. Неопходно е да се најде нов модел за стабилизирање на шоковите во постојано менување на економската средина. Еден од столбовите на стабилноста во непредвидливо време се централните банки, посочи Сиљановска – Давкова

The post Независноста на централните банки во регионот на ЈИЕ овозможи намалување на инфлацијата на едноцифрени стапки appeared first on Република.

]]>

Столбовите за спроведување на политиките за справување со глобалните економски шокови се независноста и кредибилитетот на централните банки, кои во регионот на Југоисточна Европа за само една година имаат придонесено да се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, беше посочено на денешната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка. Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер смета дека независноста на централните банки може да биде основа на модерното централно банкарство, но дека транспарентноста и отчетноста се она што ја балансира независноста на централната банка со принципите на демократијата. Македонија е импресивен пример. Создавањето независна централна банка во 1992 година беше клучно за да се намали хиперинфлацијата од раните 1990-ти. Народната банка е рангирана многу високо во новиот Индекс на независност на Централната банка на ММФ, посочи Камер. Според директорот на КПБВ, Марк Узан, довербата што централните банки ја уживаа ширум светот, во текот на многу години, можела да се изгуби доколку општеството почнело да се сомнева во нивната посветеност на стабилноста на цените. Некои генерации за првпат го доживеаја ризикот од транзиција на економијата кон режим со висока инфлација. Затоа, за да се врати ценовната стабилност, беше неопходно и соодветно централните банки решително да ја заострат политиката преку повисоки каматни стапки, посочи Узан. Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска, наведувајќи ја Народната банка како пример за независна централна банка, посочи дека одредбите за независност се вградени во Уставот и Законот за Народната банка и истите се оценети дека имаат високо ниво на усогласеност со правото на ЕУ. Деглобализацијата, стареењето на населението и климатските закани, би можеле да ги намалат производните капацитети, правејќи ја понудата помалку еластична и на тој начин создавајќи „свет со поголема склоност кон инфлација“. Од друга страна, брзиот напредок во технологијата, како вештачката интелигенција, не само што може да го ублажи влијанието на горенаведените негативни сили, туку и да го подигне потенцијалот за раст. Овие трансформации бараат добро поставени реформи со цел да се зголеми отпорноста на економиите и да се намалат среднорочните инфлациски притисоци, порача Ангеловска – Бежоска. На конференцијата се обрати и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, според која за да можат банките да ја реализираат својата важна улога треба да бидат независни од централната власт и отпорни на политички притисоци. Живееме во време на парадокси, длабока меѓузависност на земјите, економиите, луѓето и природата. Социјалните, половите и дигиталните нееднаквости меѓу државите внатре и меѓу државите се во пораст. Помалку развиените економии, како што е македонската економија, зависни од други, непропорционално ги чувствуваат ефектите од геополитичките ривалства, воените конфликти, испреплетените конфликти поврзани со безбедноста и екологијата. Неопходно е да се најде нов модел за стабилизирање на шоковите во постојано менување на економската средина. Еден од столбовите на стабилноста во непредвидливо време се централните банки, посочи Сиљановска – Давкова

The post Независноста на централните банки во регионот на ЈИЕ овозможи намалување на инфлацијата на едноцифрени стапки appeared first on Република.

]]>
Во јули паднале каматите на кредитите, а пораснале на депозитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-juli-padnale-kamatite-na-kreditite-a-porasnale-na-depozitite/ Fri, 30 Aug 2024 12:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=811570

По нагорна линија во јули се придвижиле каматните стапки одредени од банките за депозитите на граѓаните и компаниите, со што просечната стапка изнесува 1,93 проценти. Месечниот раст е за 0,05, а годишниот 0,43 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити е 2,76 проценти. Зголемувањето е за месечни 0,24 и годишни 0,55 процентни поени.

За одобрените кредити се пресметува просечна каматна стапка од 5,46 проценти. До ова ниво е дојдено по јулскиот пад од 0,01 процентен поен. Годишното намалување е 0,03 процентни поени. Истиот месец каматите за новоодобрените кредити бележат раст од 0,04 п.п., кој на годишна основа се мери со 0,45 п.п. Просечната стапка е 5,12 проценти.

Што се однесува до кредитите, тие се потреба и за населението и за фирмите, па без оглед на цената што ја плаќаат за нивното користење, не се намалува интересот за позајмување пари. За потсетување, во јули годинава вкупната задолженост кај банките изнесува 7,55 милијарди евра, од кои 3,89 милијарди евра е долг на домаќинствата.

Податоците на Народната банка покажуваат дека каматната стапка што се применувала во јули за вкупните кредити на домаќинствата е 5,67%. Овде има месечна промена за 0,01 п.п, која произлегува од растот на стапките на денарските кредити без валутна клаузула. На годишно ниво има зголемување од 0,06 п.п.

Пораснала и стапката на новоодобрените кредити за 0,05 п.п. месечно и 0,02 п.п. годишно. Во седмиот месец е позиционирана на 5,34%. Месечното поместување се случило поради зголемените стапки на денарските кредити без валутна клаузула, како и на кредитите во странска валута.

За вкупните депозити на граѓаните во јули била важечка стапката од 1,89%, при што месечното зголемување е за 0,05 п.п., кое се базира на повисоките камати на депозитите – денарски без валутна клаузула, но и на девизните. Во споредба со јули минатата година, оваа стапка е повисока за 0,45 п.п.

Новопримените депозити во јули имале камата од 2,68%, со месечен раст од 0,13 п.п.. Нагорната промена е резултат на повисоките стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Годишното зголемување е за 0,28 процентни поени.

По месечниот пад од 0,03 п.п., просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 5,23%. Тоа е засновано на пониските каматни стапки на девизните и на денарските кредити со валутна клаузула. Јулската камата на новоодобрените кредити е 4,96%. Има месечен раст од 0,01 п.п поради зголемените стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула. На годишно ниво е забележано намалување од 0,79 п.п.

Просечната каматна стапка на депозитите во јули е повисока за 0,03 п.п. и изнесува 2,28%, а доаѓа од растот на каматите на денарските депозити без валутна клаузула. Притоа, годишното движење изнесува 0,26 п.п. Во седмиот месец од годинава стапката на новопримените депозити е зголемена за 0,64 п.п., па достигнува 3,03%. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Годишното поместување кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е за 1,46 процентни поени.

The post Во јули паднале каматите на кредитите, а пораснале на депозитите appeared first on Република.

]]>

По нагорна линија во јули се придвижиле каматните стапки одредени од банките за депозитите на граѓаните и компаниите, со што просечната стапка изнесува 1,93 проценти. Месечниот раст е за 0,05, а годишниот 0,43 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е 2,76 проценти. Зголемувањето е за месечни 0,24 и годишни 0,55 процентни поени. За одобрените кредити се пресметува просечна каматна стапка од 5,46 проценти. До ова ниво е дојдено по јулскиот пад од 0,01 процентен поен. Годишното намалување е 0,03 процентни поени. Истиот месец каматите за новоодобрените кредити бележат раст од 0,04 п.п., кој на годишна основа се мери со 0,45 п.п. Просечната стапка е 5,12 проценти. Што се однесува до кредитите, тие се потреба и за населението и за фирмите, па без оглед на цената што ја плаќаат за нивното користење, не се намалува интересот за позајмување пари. За потсетување, во јули годинава вкупната задолженост кај банките изнесува 7,55 милијарди евра, од кои 3,89 милијарди евра е долг на домаќинствата. Податоците на Народната банка покажуваат дека каматната стапка што се применувала во јули за вкупните кредити на домаќинствата е 5,67%. Овде има месечна промена за 0,01 п.п, која произлегува од растот на стапките на денарските кредити без валутна клаузула. На годишно ниво има зголемување од 0,06 п.п. Пораснала и стапката на новоодобрените кредити за 0,05 п.п. месечно и 0,02 п.п. годишно. Во седмиот месец е позиционирана на 5,34%. Месечното поместување се случило поради зголемените стапки на денарските кредити без валутна клаузула, како и на кредитите во странска валута. За вкупните депозити на граѓаните во јули била важечка стапката од 1,89%, при што месечното зголемување е за 0,05 п.п., кое се базира на повисоките камати на депозитите – денарски без валутна клаузула, но и на девизните. Во споредба со јули минатата година, оваа стапка е повисока за 0,45 п.п. Новопримените депозити во јули имале камата од 2,68%, со месечен раст од 0,13 п.п.. Нагорната промена е резултат на повисоките стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Годишното зголемување е за 0,28 процентни поени. По месечниот пад од 0,03 п.п., просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 5,23%. Тоа е засновано на пониските каматни стапки на девизните и на денарските кредити со валутна клаузула. Јулската камата на новоодобрените кредити е 4,96%. Има месечен раст од 0,01 п.п поради зголемените стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула. На годишно ниво е забележано намалување од 0,79 п.п. Просечната каматна стапка на депозитите во јули е повисока за 0,03 п.п. и изнесува 2,28%, а доаѓа од растот на каматите на денарските депозити без валутна клаузула. Притоа, годишното движење изнесува 0,26 п.п. Во седмиот месец од годинава стапката на новопримените депозити е зголемена за 0,64 п.п., па достигнува 3,03%. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Годишното поместување кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е за 1,46 процентни поени.

The post Во јули паднале каматите на кредитите, а пораснале на депозитите appeared first on Република.

]]>
Ќе работиме само за враќање на парите: За камати на долгот треба да платиме 425 милиони евра во 2027 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-rabotime-samo-za-vrakane-na-parite-za-kamati-na-dolgot-treba-da-platime-425-milioni-evra-vo-2027-godina/ Mon, 30 Oct 2023 13:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=696343

Она што го тврдиме го потврдија и експертите поранешни министри и советници на владата. Расипничкото трошење на јавните пари од страна на власта на СДС и ДУИ ја носи државата во банкрот. Владата го зголеми лимитот на домашното задолжување за оваа година од 350 на 500 милиони евра, а заклучно со септември веќе се задолжи со 420 милиони евра на домашниот пазар на државни хартии од вредност. Каматните стапки се исклучително високи и тоа за краток рок од една година се 4,25%, а за двегодишни обврзници се 4,75% и 5%.. обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓанските обврзници не се ништо друго освен вовлекување на граѓаните во амнестирање на трошењето на оваа влада, коешто секој ден се потврдува дека е коруптивно и ненародно.

А, податоците од фискалната стратегија за периодот 2024-2028 година се алармантни. Македонија треба да плати во овој период само за камати 1,8 милијарди евра, а за главница на долг којшто доспева 5,0 милијарди евра!

Сумата од државниот буџет само за камати во 2024 година изнесува 260 милиони евра, во 2025 година е 315 милиони евра, во 2026 година е 376 милиони евра, во 2027 година е 425 милиони евра и во 2028 година е 413 милиони евра. Или, во 2027 година дури 7% од приходите кои ќе се соберат ќе идат за камати. Или, каматните плаќања ќе достигнат 6,5% вкупните расходи, а само за пример, капиталните расходи на оваа влада од 2018 до 2021 година се во просек 8% од државниот буџет.

Високите суми за камати се одраз на алармантниот раст на долгот, којшто само во последните три години порасна за 2,7 милијарди евра. Светска банка потврди дека овој раст на долгот е највисок во регионот, а при тоа ефектите од кризите не беа неутрализирани како во останатите земји од регионот и пошироко.

Инфлацијата беше и сѐ уште е меѓу највисоките во Европа, а економскиот раст и неговата прогноза меѓу најниските во Европа. Кумулативно, за време на оваа влада, јавниот долг од 4,7 милијарди евра се искачи на високи 8,3 милијарди евра во вториот квартал на 2023 година.

Високите суми за камати се одраз и на продолженото високо трошење на оваа влада во услови на раст на каматните стапки. Високите суми за камати за наредниот период покажуваат дека рефинансирањето на долгот којшто го создаде оваа влада ќе биде скапо и неодржливо. Високите суми за камати што ги создаде оваа влада го стеснуваат фискалниот простор за капитални инвестиции, за инвестиции во здравство, образование, за мерки за младите, за пензионерите, за изградба на градинки, студентски домови, автопатишта. Затоа нема пари за пензионерите, затоа ни тоне здравството и образованието. Затоа нема лекови и учебници. Владата нерационално управува со јавните пари и не прави никакво кратење на својот луксуз и коруптивност. Немаше никакво штедење, ама имаше раст на нивните плати. Немаше стоп во вработување на партиска администрација. Немаше стоп во јавни тендери во четири очи. Немаше стоп во шетање во странство на државна сметка. Немаше стоп за сивата економија и фирмите кои не плаќаат даноци. Немаше стоп за сомнителни тендери за РЕК Битола. Затоа мора да има стоп за оваа влада на избори!

The post Ќе работиме само за враќање на парите: За камати на долгот треба да платиме 425 милиони евра во 2027 година appeared first on Република.

]]>

Она што го тврдиме го потврдија и експертите поранешни министри и советници на владата. Расипничкото трошење на јавните пари од страна на власта на СДС и ДУИ ја носи државата во банкрот. Владата го зголеми лимитот на домашното задолжување за оваа година од 350 на 500 милиони евра, а заклучно со септември веќе се задолжи со 420 милиони евра на домашниот пазар на државни хартии од вредност. Каматните стапки се исклучително високи и тоа за краток рок од една година се 4,25%, а за двегодишни обврзници се 4,75% и 5%.. обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓанските обврзници не се ништо друго освен вовлекување на граѓаните во амнестирање на трошењето на оваа влада, коешто секој ден се потврдува дека е коруптивно и ненародно. А, податоците од фискалната стратегија за периодот 2024-2028 година се алармантни. Македонија треба да плати во овој период само за камати 1,8 милијарди евра, а за главница на долг којшто доспева 5,0 милијарди евра! Сумата од државниот буџет само за камати во 2024 година изнесува 260 милиони евра, во 2025 година е 315 милиони евра, во 2026 година е 376 милиони евра, во 2027 година е 425 милиони евра и во 2028 година е 413 милиони евра. Или, во 2027 година дури 7% од приходите кои ќе се соберат ќе идат за камати. Или, каматните плаќања ќе достигнат 6,5% вкупните расходи, а само за пример, капиталните расходи на оваа влада од 2018 до 2021 година се во просек 8% од државниот буџет.
Високите суми за камати се одраз на алармантниот раст на долгот, којшто само во последните три години порасна за 2,7 милијарди евра. Светска банка потврди дека овој раст на долгот е највисок во регионот, а при тоа ефектите од кризите не беа неутрализирани како во останатите земји од регионот и пошироко. Инфлацијата беше и сѐ уште е меѓу највисоките во Европа, а економскиот раст и неговата прогноза меѓу најниските во Европа. Кумулативно, за време на оваа влада, јавниот долг од 4,7 милијарди евра се искачи на високи 8,3 милијарди евра во вториот квартал на 2023 година.
Високите суми за камати се одраз и на продолженото високо трошење на оваа влада во услови на раст на каматните стапки. Високите суми за камати за наредниот период покажуваат дека рефинансирањето на долгот којшто го создаде оваа влада ќе биде скапо и неодржливо. Високите суми за камати што ги создаде оваа влада го стеснуваат фискалниот простор за капитални инвестиции, за инвестиции во здравство, образование, за мерки за младите, за пензионерите, за изградба на градинки, студентски домови, автопатишта. Затоа нема пари за пензионерите, затоа ни тоне здравството и образованието. Затоа нема лекови и учебници. Владата нерационално управува со јавните пари и не прави никакво кратење на својот луксуз и коруптивност. Немаше никакво штедење, ама имаше раст на нивните плати. Немаше стоп во вработување на партиска администрација. Немаше стоп во јавни тендери во четири очи. Немаше стоп во шетање во странство на државна сметка. Немаше стоп за сивата економија и фирмите кои не плаќаат даноци. Немаше стоп за сомнителни тендери за РЕК Битола. Затоа мора да има стоп за оваа влада на избори!

The post Ќе работиме само за враќање на парите: За камати на долгот треба да платиме 425 милиони евра во 2027 година appeared first on Република.

]]>
Народна банка повторно ја зголеми основната камата, уште ќе растат каматите на кредитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-povtorno-ja-zgolemi-osnovnata-kamata-ushte-ke-rastat-kamatite-na-kreditite/ Wed, 21 Jun 2023 11:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=653697

На 20 јуни 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 6%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,90% и 3,95%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.

Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво. Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност.

За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока. Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на мај е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на мај беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит засега е понизок од очекувањата за вториот квартал од 2023 година според априлската проекција. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со мај, упатуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи кај приватните трансфери во однос на проектираните.

Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забрза достигнувајќи 2,1% на годишна основа (по растот од 0,6% во претходниот квартал), малку посилно во однос на проектираното забрзување на растот за овој квартал од априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат умерени негативни движења кај индустриското производство, наспроти минималниот раст во претходниот квартал, како и реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по растот во претходниот квартал.

Во однос на монетарните движења, првичните податоци за мај 2023 година засега се во согласност со проекциите за забрзан раст кај депозитите, а поумерен кај кредитите во вториот квартал од годината.

Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народна банка повторно ја зголеми основната камата, уште ќе растат каматите на кредитите appeared first on Република.

]]>

На 20 јуни 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 6%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,90% и 3,95%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем. Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво. Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност. За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот. Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока. Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина. Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на мај е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на мај беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит засега е понизок од очекувањата за вториот квартал од 2023 година според априлската проекција. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со мај, упатуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи кај приватните трансфери во однос на проектираните. Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забрза достигнувајќи 2,1% на годишна основа (по растот од 0,6% во претходниот квартал), малку посилно во однос на проектираното забрзување на растот за овој квартал од априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат умерени негативни движења кај индустриското производство, наспроти минималниот раст во претходниот квартал, како и реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по растот во претходниот квартал. Во однос на монетарните движења, првичните податоци за мај 2023 година засега се во согласност со проекциите за забрзан раст кај депозитите, а поумерен кај кредитите во вториот квартал од годината. Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народна банка повторно ја зголеми основната камата, уште ќе растат каматите на кредитите appeared first on Република.

]]>
Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuva-rastot-na-kamatite-inflatsijata-se-ushte-ne-e-na-vrvot-veli-pretsedatelkata-na-etsb/ Fri, 02 Jun 2023 20:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=647240

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи.

Во говорот на банкарска конференција во Хановер, Лагард се осврна на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус.

Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки.

Лагард додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.

„Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.

The post Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи. Во говорот на банкарска конференција во Хановер, Лагард се осврна на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус. Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки. Лагард додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.
„Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.

The post Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ appeared first on Република.

]]>
Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена за 0,25 процентни поени, сега е на ниво од 5,50 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kamatnata-stapka-na-blagajnichkite-zapisi-povtorno-zgolemena-za-0-25-protsentni-poeni-sega-e-na-nivo-od-5-50-protsenti/ Wed, 22 Mar 2023 10:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=622376

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика со тоа што повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,50 проценти.

На седницата на Комитетот за оперативна и монетарна политика, одржана вчера, е донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 процентни поени со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40 проценти и 3,45 проценти, соодветно.

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем, се наведува во денешното соопштение од Народната банка.

Оттаму посочуваат дека годишната стапка на инфлација забавува и во февруари, а исто така и анкетните истражувања на Европската комисија, од ноември наваму, покажуваат очекувања на потрошувачите за одредено намалување на инфлацијата во следните дванаесет месеци.

Забавување бележи и базичната инфлација, но таа и натаму е на повисоко нивo. Исто така, и покрај надолната патека, очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите и натаму се проследени со голема неизвесност, велат од НБ.

На девизниот пазар, движењата се стабилни и се забележа подобрување во сите сегменти, вклучително и кај корпоративниот сектор.

Од централната банка предупредуваат дека е неопходно претпазливо водење на политиките заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа.

Во однос на растот кај домашните цени, од централната банка информираат дека има забавување во согласност со очекувањата и во февруари тој е сведен на 16,7 проценти во споредба со јануари кога беше 17,1 процент.

Нивото на девизните резерви на крајот на февруари, според оценките на Комитетот, е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Во однос на домашната економска активност, од централната банка информираат дека во четвртиот квартал од минатата година, реалниот раст на БДП очекувано забавил, со што во просек, за целата 2022 година, економијата забележала реален раст од 2,1 проценти, што е блиску до очекувањата од октомвриската проекција.

– Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, наспроти малиот пад во претходниот квартал, како и поумерени негативни движења кај индустриското производство, велат од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена за 0,25 процентни поени, сега е на ниво од 5,50 проценти appeared first on Република.

]]>

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика со тоа што повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,50 проценти. На седницата на Комитетот за оперативна и монетарна политика, одржана вчера, е донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 процентни поени со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40 проценти и 3,45 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем, се наведува во денешното соопштение од Народната банка. Оттаму посочуваат дека годишната стапка на инфлација забавува и во февруари, а исто така и анкетните истражувања на Европската комисија, од ноември наваму, покажуваат очекувања на потрошувачите за одредено намалување на инфлацијата во следните дванаесет месеци. Забавување бележи и базичната инфлација, но таа и натаму е на повисоко нивo. Исто така, и покрај надолната патека, очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите и натаму се проследени со голема неизвесност, велат од НБ. На девизниот пазар, движењата се стабилни и се забележа подобрување во сите сегменти, вклучително и кај корпоративниот сектор. Од централната банка предупредуваат дека е неопходно претпазливо водење на политиките заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Во однос на растот кај домашните цени, од централната банка информираат дека има забавување во согласност со очекувањата и во февруари тој е сведен на 16,7 проценти во споредба со јануари кога беше 17,1 процент. Нивото на девизните резерви на крајот на февруари, според оценките на Комитетот, е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на домашната економска активност, од централната банка информираат дека во четвртиот квартал од минатата година, реалниот раст на БДП очекувано забавил, со што во просек, за целата 2022 година, економијата забележала реален раст од 2,1 проценти, што е блиску до очекувањата од октомвриската проекција. – Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, наспроти малиот пад во претходниот квартал, како и поумерени негативни движења кај индустриското производство, велат од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена за 0,25 процентни поени, сега е на ниво од 5,50 проценти appeared first on Република.

]]>
Непромисленоста на власта со издавањето еврообврзница, ќе ја чинат државава околу 18 милиони евра на име повисока камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nepromislenosta-na-vlasta-so-izdavaneto-evroobvrznitsa-ke-ja-chinat-drzhavava-okolu-18-milioni-evra-na-ime-povisoka-kamata/ Wed, 08 Mar 2023 09:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=617140 Конфузноста и некоординираноста на владините ресори во однос на издавањето на еврообврзницата и иссилената реконструкција на Владата ја чинат државава...

The post Непромисленоста на власта со издавањето еврообврзница, ќе ја чинат државава околу 18 милиони евра на име повисока камата appeared first on Република.

]]>
Конфузноста и некоординираноста на владините ресори во однос на издавањето на еврообврзницата и иссилената реконструкција на Владата ја чинат државава над 10 милиони евра. Според поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, кој е и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, дури 18 милиони евра, ја чини Македонија оваа авантура на власта. Според Џевдет Хајредини, исто така поранешен министер за финансии, за ваквиот пропуст за новото задолжување со издадената еврообврзница некој ќе мора да одговара.

Министерството за финансии информираше дека издадената еврообврзница е со рок од 4 години, што значи дека со каматна стапка од 6,96 проценти на годишно нови за позајмените 500 милиони евра треба да се платат вкупно 139,2 милиони евра, или по 34,8 милиони евра годишно. Со ова вкупната камата за сите 9 еврообврзници во вредност од 3,9 милијарди евра (заедно со последнава) изнесува над една милијарда евра.

Вчерашната аукција беше втор обид за издавање еврообврзница, откако пред еден месец беше стопирана затоа што недостигаше потписот на министер за правда кој тие денови веќе поднел оставка. Документот за аукцијата стигна во Министерството за финансии, но Собранието веќе ја констатира оставката на тогашниот министер за правда Никола Тупанчески, чиј потпис беше неопходен за одржување аукција. Овој пропуст ја чини Македонија поголема камата затоа што претходната еврообврзница беше на износ од 600 милиони евра и со камата од 6,25 проценти годишно.

Пресметките покажуваат дека сега ќе плаќаме годишна камата од 34,8 милиони евра, додека по претходните услови за 500 милиони евра годишната камата би била 31,2 милиони. Каматата се плаќа еднаш годишно во рок од 4 години, колку што е рокот за отплата.

Од Министерството за финансии уверуваат дека, иако сегашната камата е повисока, каматниот трошок го испеглале.

Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96 проценти, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија по каматна стапка од приближно 3 проценти. Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според исти каматни трошоци постигнати со претходната аукција, соопшти Министерството за финансии.

За разлика од Министерството за финансии кое тврди дека се е во рамки на планираното, точната пресметка за трошокот, односно штетата на Буџетот од грешката при издавањето на еврообврзницата, поради нејзиното откажување за време на реконструкцијата на Владата и избор на нов министер за правда, што резултираше со зголемување на аукцискиот принос и повисока купонска каматна стапка, ја покажува реалната состојба.

За деветтата еврообврзница, претседателот пак на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неколку наврати го повика премиерот Димитар Ковачевски на одговорност, но и да каже колкава е штетата за државата од необјавената еврообврзницата од 600 милиони евра. Мицкоски вели дека е нарушен кредибилитетот на државата, нанесен е трошок што ќе го плаќаат граѓаните. За него ова е срам и катастрофа, што практично се пресликува на секое ниво во државата.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека „другите задолжувања од други извори, немаат врска со оваа еврообврзница“. Тој во изјава за медиумите вели дека за ова треба и некој да одговара.

Не е вистина дека аукцијата за издавање на деветтата еврообврзница помина успешно, кога се гледа дека каматната стапка е речиси за еден процент повисока. Не е точно и дека интересот на инвеститорите се заснова во нивната доверба во политиките што ги води Владата, зашто се знае дека државите мора да ги вратат долговите. Задолжувањето заради раздолжување, не може ни на среден ни на долг рок да придонесе за поголем раст. За тоа се потребни инвестиции за економски развој. Очекувано беше некој да одговара, зашто од министерот за правда се побара потпис откако тој беше разрешен, со што настана оваа штета – вели  Хајредини.

 

The post Непромисленоста на власта со издавањето еврообврзница, ќе ја чинат државава околу 18 милиони евра на име повисока камата appeared first on Република.

]]>
Драстичен пад на светските берзи, каматите ќе растат повеќе од очекуваното https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drastichen-pad-na-svetskite-berzi-kamatite-ke-rastat-poveke-od-ochekuvanoto/ Sun, 26 Feb 2023 10:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=613296

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи станува сè поочигледно дека поради зголемената инфлација каматните стапки на централната банка ќе достигнат повисоки нивоа од очекувањата на пазарот и ќе останат на нив подолго од очекуваното.

На Волстрит, Dow Jones падна за 3 отсто, на 32.816 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,7 отсто, на 3.970 поени, а индексот Nasdaq 3,3 отсто, на 11.394 поени.

По силните добивки во јануари, индексите загубија дел од тие добивки во февруари, бидејќи надежите дека американската централна банка наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки избледеа.

Сите најнови податоци покажуваат дека американската економија е многу отпорна на агресивното зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД.

Така минатата недела беше објавено дека во четвртиот квартал од минатата година американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 2,7 отсто, нешто помалку од очекувањата на аналитичарите, но сепак солидно.

Беше објавено и дека минатата недела неочекувано паднал бројот на првите барања за надоместок за невработеност, што покажува дека пазарот на труд е сè уште силен.

Дополнително, податоците за инфлацијата и потрошувачката останаа над очекувањата на аналитичарите, што значи дека инфлациските притисоци би можеле да останат зголемени подолг период од очекувањата на пазарот.

Поради ова, сега се проценува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште најмалку два или три пати, на 5,35 отсто до јули, а цената на парите би останала на овие нивоа до следната година.

Инвеститорите се надеваа дека основната каматна стапка на ФЕД може да остане под нивото од 5 проценти и дека ФЕД ќе започне циклус на намалување на стапката на крајот на годината.

И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,6 отсто, на 7.878 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,8 отсто, на 15.209 поени, а париски CAC за 2,2 отсто, на 7.187 поени.

The post Драстичен пад на светските берзи, каматите ќе растат повеќе од очекуваното appeared first on Република.

]]>

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи станува сè поочигледно дека поради зголемената инфлација каматните стапки на централната банка ќе достигнат повисоки нивоа од очекувањата на пазарот и ќе останат на нив подолго од очекуваното. На Волстрит, Dow Jones падна за 3 отсто, на 32.816 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,7 отсто, на 3.970 поени, а индексот Nasdaq 3,3 отсто, на 11.394 поени. По силните добивки во јануари, индексите загубија дел од тие добивки во февруари, бидејќи надежите дека американската централна банка наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки избледеа. Сите најнови податоци покажуваат дека американската економија е многу отпорна на агресивното зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД. Така минатата недела беше објавено дека во четвртиот квартал од минатата година американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 2,7 отсто, нешто помалку од очекувањата на аналитичарите, но сепак солидно. Беше објавено и дека минатата недела неочекувано паднал бројот на првите барања за надоместок за невработеност, што покажува дека пазарот на труд е сè уште силен. Дополнително, податоците за инфлацијата и потрошувачката останаа над очекувањата на аналитичарите, што значи дека инфлациските притисоци би можеле да останат зголемени подолг период од очекувањата на пазарот. Поради ова, сега се проценува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште најмалку два или три пати, на 5,35 отсто до јули, а цената на парите би останала на овие нивоа до следната година. Инвеститорите се надеваа дека основната каматна стапка на ФЕД може да остане под нивото од 5 проценти и дека ФЕД ќе започне циклус на намалување на стапката на крајот на годината. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,6 отсто, на 7.878 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,8 отсто, на 15.209 поени, а париски CAC за 2,2 отсто, на 7.187 поени.

The post Драстичен пад на светските берзи, каматите ќе растат повеќе од очекуваното appeared first on Република.

]]>
НБ: Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-vo-dekemvri-zgolemena-prosechnata-kamatna-stapka-na-kreditite-vo-korporativniot-sektor/ Tue, 31 Jan 2023 11:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=602952

Просечната каматна стапка на вкупните кредити лани во декември изнесува 4,44 отсто и оствари месечно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п) и годишно од 0,07 п.п.. При тоа просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна основа од 0,09 п.п. и на годишна од 0,12 п.п., информира Народната банка (НБ).

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во декември, е зголемена за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,83 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 1,22 п.п. Просечната каматна стапка, пак, на новопримените депозити изнесува 1,34 отсто и забележа месечен раст од 0,07 п.п и годишен раст од 0,64 п.п., посочуваат од НБ.

Во декември, како што нагласуваат од НБ, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,09 п.п..

Промената на месечно ниво е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,16 п.п.), како и на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,02 п.п.). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,36 п.п., прецизираат од НБ.

The post НБ: Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор appeared first on Република.

]]>

Просечната каматна стапка на вкупните кредити лани во декември изнесува 4,44 отсто и оствари месечно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п) и годишно од 0,07 п.п.. При тоа просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна основа од 0,09 п.п. и на годишна од 0,12 п.п., информира Народната банка (НБ). Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во декември, е зголемена за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,83 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 1,22 п.п. Просечната каматна стапка, пак, на новопримените депозити изнесува 1,34 отсто и забележа месечен раст од 0,07 п.п и годишен раст од 0,64 п.п., посочуваат од НБ. Во декември, како што нагласуваат од НБ, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,09 п.п.. Промената на месечно ниво е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,16 п.п.), како и на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,02 п.п.). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,36 п.п., прецизираат од НБ.

The post НБ: Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор appeared first on Република.

]]>
Нацеска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naceska-se-zabelezuva-nagorno-pridvizuvanje-na-kamatnite-stapki-za-denarskite-depoziti/ Fri, 04 Nov 2022 12:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=569552

Во последните месеци може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацеска.

Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели Нацевска во интервју за Банкарство.мк.

Таа истакнува дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, којашто е впрочем целта, централните банки на скоро сите економии во светот работат на стабилизирање на инфлациските очекувања предизвикани од тековната глобална криза, преку затегнување на монетарната политика, односно со покачувањето на основната камата, со што делуваат врз притисоците од страната на побарувачката.

Целта на овие политики е да се закотват пред сè инфлациските очекувања. Целиот процес се води постепено, анализирајќи ги детално сите податоци и движења во светски рамки и дома и имајќи ја како приоритет макроекономската и финансиската стабилност. Банкарскиот сектор е стабилен, соодветно капитализиран и овозможува соодветна поддршка на приватниот сектор, посочува Нацевска.

Додава дека зголемувањето на основната каматна стапка е дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, заради поттикнување на денаризацијата, односно штедењето во денари, преку просторот којшто им се остава на банките за да можат да понудат поповолни каматни услови за денарските депозити. Вицегувернерката во интервјуто ја нагласува и сигурноста што за економските субјекти и за населението ја нуди долго применуваната стратегија на стабилен номинален курс на денарот во однос на еврото.

Мерките со корекција на задолжителната резерва заради поголема денаризација и повисоки каматни стапки за денарски депозити би придонесле за зголемено штедење во денари. Се очекува дека на среден рок ќе продолжи трендот на раст на депозитите, вели вицегувернерката и посочува дека заклучно со септември растот на депозитите изнесува 3,4 проценти на годишно ниво, кој главно се должи на растот на депозитите кај секторот домаќинства од 5,3 проценти.

The post Нацеска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити appeared first on Република.

]]>

Во последните месеци може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацеска. Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели Нацевска во интервју за Банкарство.мк. Таа истакнува дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, којашто е впрочем целта, централните банки на скоро сите економии во светот работат на стабилизирање на инфлациските очекувања предизвикани од тековната глобална криза, преку затегнување на монетарната политика, односно со покачувањето на основната камата, со што делуваат врз притисоците од страната на побарувачката. Целта на овие политики е да се закотват пред сè инфлациските очекувања. Целиот процес се води постепено, анализирајќи ги детално сите податоци и движења во светски рамки и дома и имајќи ја како приоритет макроекономската и финансиската стабилност. Банкарскиот сектор е стабилен, соодветно капитализиран и овозможува соодветна поддршка на приватниот сектор, посочува Нацевска. Додава дека зголемувањето на основната каматна стапка е дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, заради поттикнување на денаризацијата, односно штедењето во денари, преку просторот којшто им се остава на банките за да можат да понудат поповолни каматни услови за денарските депозити. Вицегувернерката во интервјуто ја нагласува и сигурноста што за економските субјекти и за населението ја нуди долго применуваната стратегија на стабилен номинален курс на денарот во однос на еврото. Мерките со корекција на задолжителната резерва заради поголема денаризација и повисоки каматни стапки за денарски депозити би придонесле за зголемено штедење во денари. Се очекува дека на среден рок ќе продолжи трендот на раст на депозитите, вели вицегувернерката и посочува дека заклучно со септември растот на депозитите изнесува 3,4 проценти на годишно ниво, кој главно се должи на растот на депозитите кај секторот домаќинства од 5,3 проценти.

The post Нацеска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити appeared first on Република.

]]>
Основната каматна стапка зголемена на 3,5 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnata-kamatna-stapka-zgolemena-na-3-5-procenti/ Wed, 12 Oct 2022 12:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=560157

Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,5 процентни поени и достигна ниво од 3,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше обрнато особено внимание на нагорните придвижувања на инфлацијата, којашто во септември повторно забрза, исклучиво поради прехранбената и енергетската компонента. Исто така, со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, велат од Народната банка.

Народната банка уште од крајот на минатата година отпочна со постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со дополнителни мерки, односно со промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5 проценти, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем.

Се очекува дека со зголемувањето на основната каматна стапка, заедно со направените промени во стапките на издвојување задолжителна резерва коишто се поповолни во однос на домашната валута, и понатаму ќе се делува врз каматната политика на банките и ќе се стимулира штедењето во денари, велат од Народната банка.

Домашната инфлација, велат од НБ, и понатаму во најголем дел е определена од надворешните фактори, односно од порастот на увозните цени на храната и енергентите, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија.

Од тие причини, околу 80 проценти од годишната стапка на инфлацијата во септември, односно 75 проценти од инфлацијата во првите девет месеци од годината, се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Со оглед на подолготрајните притисоци од овие цени под влијание на непредвидливи надворешни фактори и нивните преносни ефекти врз цените и на останатите производи и услуги, се подгреваат и инфлациските очекувања на економските субјекти. Поради тоа, потребно е водење претпазливи домашни политики заради внимателно управување со побарувачката. Иако кај цените на храната веќе се видливи поизразени надолни приспособувања на светските берзи, сепак нагорните притисоци од цените на електричната енергија го отежнуваат, односно го забавуваат пренесувањето на овие трендови кај цените на храната на домашниот пазар, појаснуваат од НБ.

Домашниот девизен пазар останува стабилен девизните резерви бележат постојан раст, којшто заклучно со септември е над проектираниот. Девизните резерви се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди.

Во вториот квартал од годинава остварен е реален раст на бруто домашниот производ од 2,8 проценти на годишна основа, колку што изнесуваше и очекуваната стапка на раст според последните проекции на Народната банка.

Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, што заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и сè поголемата енергетска криза,ги нагласуваат надолните ризици за растот во следниот период, се наведува во соопштението од централната банка.

Кредитната активност и натаму расте и е малку над проекциите на централната банка, при поизразено забрзување на растот на вкупните депозити, но малку поумерено од очекувањата.

Општо земено, неповолното надворешно окружување носи нагласени ризици и налага водење претпазливи домашни политики. Геополитичките тензии неповолно влијаат и врз цените и врз економската активност во глобални рамки и се главен извор за актуелната енергетска криза во Европа. Неизвесноста од овие случувања и натаму е главен ризик за целокупниот макроекономски контекст. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност, наведуваат од Народната банка.

The post Основната каматна стапка зголемена на 3,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,5 процентни поени и достигна ниво од 3,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше обрнато особено внимание на нагорните придвижувања на инфлацијата, којашто во септември повторно забрза, исклучиво поради прехранбената и енергетската компонента. Исто така, со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, велат од Народната банка. Народната банка уште од крајот на минатата година отпочна со постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со дополнителни мерки, односно со промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5 проценти, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем. Се очекува дека со зголемувањето на основната каматна стапка, заедно со направените промени во стапките на издвојување задолжителна резерва коишто се поповолни во однос на домашната валута, и понатаму ќе се делува врз каматната политика на банките и ќе се стимулира штедењето во денари, велат од Народната банка. Домашната инфлација, велат од НБ, и понатаму во најголем дел е определена од надворешните фактори, односно од порастот на увозните цени на храната и енергентите, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Од тие причини, околу 80 проценти од годишната стапка на инфлацијата во септември, односно 75 проценти од инфлацијата во првите девет месеци од годината, се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Со оглед на подолготрајните притисоци од овие цени под влијание на непредвидливи надворешни фактори и нивните преносни ефекти врз цените и на останатите производи и услуги, се подгреваат и инфлациските очекувања на економските субјекти. Поради тоа, потребно е водење претпазливи домашни политики заради внимателно управување со побарувачката. Иако кај цените на храната веќе се видливи поизразени надолни приспособувања на светските берзи, сепак нагорните притисоци од цените на електричната енергија го отежнуваат, односно го забавуваат пренесувањето на овие трендови кај цените на храната на домашниот пазар, појаснуваат од НБ. Домашниот девизен пазар останува стабилен девизните резерви бележат постојан раст, којшто заклучно со септември е над проектираниот. Девизните резерви се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди. Во вториот квартал од годинава остварен е реален раст на бруто домашниот производ од 2,8 проценти на годишна основа, колку што изнесуваше и очекуваната стапка на раст според последните проекции на Народната банка. Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, што заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и сè поголемата енергетска криза,ги нагласуваат надолните ризици за растот во следниот период, се наведува во соопштението од централната банка. Кредитната активност и натаму расте и е малку над проекциите на централната банка, при поизразено забрзување на растот на вкупните депозити, но малку поумерено од очекувањата. Општо земено, неповолното надворешно окружување носи нагласени ризици и налага водење претпазливи домашни политики. Геополитичките тензии неповолно влијаат и врз цените и врз економската активност во глобални рамки и се главен извор за актуелната енергетска криза во Европа. Неизвесноста од овие случувања и натаму е главен ризик за целокупниот макроекономски контекст. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност, наведуваат од Народната банка.

The post Основната каматна стапка зголемена на 3,5 проценти appeared first on Република.

]]>
Основната каматна стапка зголемена на 2 отсто, има зголемување и кај каматите на депозитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnata-kamatna-stapka-zgolemena-na-2-otsto-ima-zgolemuvanje-i-kaj-kamatite-na-depozitite/ Wed, 15 Jun 2022 13:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=515574

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на денешната седница ги разгледа најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика. Имајќи ги предвид најновите информации и показатели беше одлучено да се продолжи со процесот на постепено нормализирање на монетарната политика со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност, соопшти Народна банка.

Поради растот на цените на примарните производи на светските берзи и застоите во синџирите за снабдување, кои влијаат и на останатите видови производи, инфлацијата бележи нагорни движења во светски рамки. Ваквата појава е присутна и во нашата економија, каде што значителен дел од домашните потреби се задоволуваат преку увоз – ние имаме највисок степен на трговска отвореност меѓу земјите на Западен Балкан. Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, во континуитет од последниот квартал минатата година па наваму, влијаат за намалување на ликвидноста, а за да се одржи нејзиното оптимално ниво се користат и останатите инструменти, како што се депозитот преку ноќ, седумдневниот депозит, репо-операциите и благајничките записи. Беше направена и нова измена кај инструментот задолжителна резерва со цел понасочено делување на процесот на евроизација, кој дополнително влијае на побарувачката на девизниот пазар. Оваа мерка е во склад и со Стратегијата за денаризација на домашната економија.

Во однос на основната каматна стапка, која е еден од инструментите што ги користи Народната банка, по зголемувањето во април и мај (за по 0,25 п.п., соодветно), на јунската седница на Комитетот беше одлучено да се изврши ново зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., до нивото од 2%. На оваа седница на Комитетот беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,25 п.п. и 0,15 п.п., соодветно, на ниво од 0,40% и 0,45%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари.

Очекуваме овие мерки, во услови на стабилност на девизниот курс на денарот, да поттикнат промени во каматната политика на банките во насока на пораст на каматните стапки на штедењето во домашна валута и натамошен раст на депозитите кај банките во денари.

При донесувањето на одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и понатаму се зголемува. Во периодот јануари – мај 2022 година инфлацијата во просек изнесува 9,1%, што е умерено повисоко во однос на нашите последните проекции во услови на поизразен раст на цените на примарните производи на светските берзи. Со оглед на повисокиот раст на примарните производи, кој е и подолготраен, присутни се и пренесени ефекти кај поголемиот дел од производите и услугите, така што има забрзување и кај базичната инфлација. Ваквите остварувања дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што уште повеќе ја нагласува потребата за водење претпазливи домашни политики. Индексот на ФАО во последните два месеца покажува надолни корекции кај светските цени на храната, но сепак воените случувања во Украина, како и состојбите кај синџирите на снабдување, носат неизвесност за натамошното движење кај инфлацијата.

Девизните резерви се одржуваат во сигурната зона, а притисоците на девизниот пазар од енергетската криза се значително намалени во последните два месеца. Намалувањето на притисоците воедно е одраз и на поволните поместувања на менувачкиот пазар, како и намалената склоност на домашните субјекти за конверзија на домашната валута во странска валута. Со оглед на високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата, девизните резерви се на соодветното ниво според меѓународните стандарди.

Во однос на движењата во реалната економија, во првиот квартал од 2022 година реалниот БДП бележи раст од 2,4% на годишна основа. Анализирано по компоненти, домашната побарувачка има позитивен придонес за растот, во услови на раст кај сите категории. Најизразен раст бележат бруто-инвестициите, што е поврзано со силниот раст на увозот и акумулирањето залихи на суровини и енергенти и влошувањето на веќе нарушените глобални синџири на снабдување и на пазарот на енергија. како резултат на тоа, нето-извозот има негативен придонес кон растот. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2022 година се ограничени и се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат натамошен солиден реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, додека индустриското производство бележи пад на годишна основа, по растот во претходниот квартал.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според првичните податоци за мај 2022 година, годишниот раст на кредитите и натаму е солиден и генерално соодветствува со проектираниот, при поумерен раст кај депозитите.

Во мај, на меѓународните финансиски пазари преовладуваа засилените очекувања на инвеститорите за нормализација на монетарните политики и за повисоки каматни стапки. Во такви услови, беше забележано намалување на цените на најбезбедните државни обврзници во еврозоната, односно пораст на нивните приноси, што беше поддржано и од заложбите на ЕЦБ за враќање на инфлацијата кон целното ниво на среден рок. ЕЦБ на последната седницата најави зголемување на референтните каматни стапки за 0,25 п.п. во јули, како и повторно зголемување на каматните стапки во септември, а големината на промената ќе биде условена од новите среднорочни проекции за инфлацијата.

Општо земено, ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и се претрежно поврзани со надворешното опкружување, а главниот ризик и понатаму претставува неизвесноста поврзана со текот и времетраењето на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина и неговото влијание врз цените и економската активност во глобални рамки. Притоа, во вакви услови уште повеќе доаѓа до израз потребата за водење на претпазливи домашни политики. Народната банка внимателно ги следи трендовите и потенцијалните ризици и ќе продолжи соодветно да реагира во насока на постепена нормализација на монетарната политика, користејќи ги сите расположливи инструменти, а со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност, др наведува во соопштението од денешната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.

The post Основната каматна стапка зголемена на 2 отсто, има зголемување и кај каматите на депозитите appeared first on Република.

]]>

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на денешната седница ги разгледа најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика. Имајќи ги предвид најновите информации и показатели беше одлучено да се продолжи со процесот на постепено нормализирање на монетарната политика со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност, соопшти Народна банка. Поради растот на цените на примарните производи на светските берзи и застоите во синџирите за снабдување, кои влијаат и на останатите видови производи, инфлацијата бележи нагорни движења во светски рамки. Ваквата појава е присутна и во нашата економија, каде што значителен дел од домашните потреби се задоволуваат преку увоз – ние имаме највисок степен на трговска отвореност меѓу земјите на Западен Балкан. Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, во континуитет од последниот квартал минатата година па наваму, влијаат за намалување на ликвидноста, а за да се одржи нејзиното оптимално ниво се користат и останатите инструменти, како што се депозитот преку ноќ, седумдневниот депозит, репо-операциите и благајничките записи. Беше направена и нова измена кај инструментот задолжителна резерва со цел понасочено делување на процесот на евроизација, кој дополнително влијае на побарувачката на девизниот пазар. Оваа мерка е во склад и со Стратегијата за денаризација на домашната економија. Во однос на основната каматна стапка, која е еден од инструментите што ги користи Народната банка, по зголемувањето во април и мај (за по 0,25 п.п., соодветно), на јунската седница на Комитетот беше одлучено да се изврши ново зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., до нивото од 2%. На оваа седница на Комитетот беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,25 п.п. и 0,15 п.п., соодветно, на ниво од 0,40% и 0,45%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари. Очекуваме овие мерки, во услови на стабилност на девизниот курс на денарот, да поттикнат промени во каматната политика на банките во насока на пораст на каматните стапки на штедењето во домашна валута и натамошен раст на депозитите кај банките во денари. При донесувањето на одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и понатаму се зголемува. Во периодот јануари – мај 2022 година инфлацијата во просек изнесува 9,1%, што е умерено повисоко во однос на нашите последните проекции во услови на поизразен раст на цените на примарните производи на светските берзи. Со оглед на повисокиот раст на примарните производи, кој е и подолготраен, присутни се и пренесени ефекти кај поголемиот дел од производите и услугите, така што има забрзување и кај базичната инфлација. Ваквите остварувања дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што уште повеќе ја нагласува потребата за водење претпазливи домашни политики. Индексот на ФАО во последните два месеца покажува надолни корекции кај светските цени на храната, но сепак воените случувања во Украина, како и состојбите кај синџирите на снабдување, носат неизвесност за натамошното движење кај инфлацијата. Девизните резерви се одржуваат во сигурната зона, а притисоците на девизниот пазар од енергетската криза се значително намалени во последните два месеца. Намалувањето на притисоците воедно е одраз и на поволните поместувања на менувачкиот пазар, како и намалената склоност на домашните субјекти за конверзија на домашната валута во странска валута. Со оглед на високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата, девизните резерви се на соодветното ниво според меѓународните стандарди. Во однос на движењата во реалната економија, во првиот квартал од 2022 година реалниот БДП бележи раст од 2,4% на годишна основа. Анализирано по компоненти, домашната побарувачка има позитивен придонес за растот, во услови на раст кај сите категории. Најизразен раст бележат бруто-инвестициите, што е поврзано со силниот раст на увозот и акумулирањето залихи на суровини и енергенти и влошувањето на веќе нарушените глобални синџири на снабдување и на пазарот на енергија. како резултат на тоа, нето-извозот има негативен придонес кон растот. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2022 година се ограничени и се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат натамошен солиден реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, додека индустриското производство бележи пад на годишна основа, по растот во претходниот квартал. Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според првичните податоци за мај 2022 година, годишниот раст на кредитите и натаму е солиден и генерално соодветствува со проектираниот, при поумерен раст кај депозитите. Во мај, на меѓународните финансиски пазари преовладуваа засилените очекувања на инвеститорите за нормализација на монетарните политики и за повисоки каматни стапки. Во такви услови, беше забележано намалување на цените на најбезбедните државни обврзници во еврозоната, односно пораст на нивните приноси, што беше поддржано и од заложбите на ЕЦБ за враќање на инфлацијата кон целното ниво на среден рок. ЕЦБ на последната седницата најави зголемување на референтните каматни стапки за 0,25 п.п. во јули, како и повторно зголемување на каматните стапки во септември, а големината на промената ќе биде условена од новите среднорочни проекции за инфлацијата. Општо земено, ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и се претрежно поврзани со надворешното опкружување, а главниот ризик и понатаму претставува неизвесноста поврзана со текот и времетраењето на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина и неговото влијание врз цените и економската активност во глобални рамки. Притоа, во вакви услови уште повеќе доаѓа до израз потребата за водење на претпазливи домашни политики. Народната банка внимателно ги следи трендовите и потенцијалните ризици и ќе продолжи соодветно да реагира во насока на постепена нормализација на монетарната политика, користејќи ги сите расположливи инструменти, а со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност, др наведува во соопштението од денешната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.

The post Основната каматна стапка зголемена на 2 отсто, има зголемување и кај каматите на депозитите appeared first on Република.

]]>
Ќе растат каматите на сите видови кредити, кредитни картички и минусните салда на сметките https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-rastat-kamatite-na-site-vidovi-krediti-kreditni-kartichki-i-minusnite-salda-na-smetkite/ Fri, 15 Apr 2022 17:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=489112

Граѓаните да ги проверат договорите за кредити со банките за да знаат дали имаат фиксна или променлива каматна стапка, апелираат од Организацијата на потрошувачи. Реакцијата доаѓа откако од Македонската банкарска асоцијација потврдија дека по зголемувањето на каматата на благајничките записи и одлуката за задолжителна резерва од страна на Народната банка, се очекуваат корекции и на каматите на кредитите, објави Телма.

Банките кажаа дека одлуките ќе бидат различни од банка до банка, но праксата до сега покажала дека корекции не би требало да има само кај кредитите кои се со фиксна каматна стапка. Од ОПМ не очекуваат каматите да растат многу, но потсетуваат дека покрај за потрошувачките, автомобилските и хипотекарните кредити, корекции на каматите ќе има и кај минусите на плата и кредитните картички.

Лончар смета дека во ваква ситуација, иако секоја деловна банка сама одлучува сепак голема улога има и Народната банка.

Реакцијата на Народната банка дојде како одговор на очекувањата дека инфлацијата во земјава уште ќе расте. Централната банка за прв пат после подолг период ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, и од сегашните 1,25 сега таа ќе изнесува 1,5 проценти. Оваа камата е сигнал за банките за корекција и на банкарските камати. За експертите мерките на Народната банка беа очекувани, но велат тоа се благи мерки и прашање е дали ќе бидат доволни за забавување на инфлацијата во земјава.

The post Ќе растат каматите на сите видови кредити, кредитни картички и минусните салда на сметките appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да ги проверат договорите за кредити со банките за да знаат дали имаат фиксна или променлива каматна стапка, апелираат од Организацијата на потрошувачи. Реакцијата доаѓа откако од Македонската банкарска асоцијација потврдија дека по зголемувањето на каматата на благајничките записи и одлуката за задолжителна резерва од страна на Народната банка, се очекуваат корекции и на каматите на кредитите, објави Телма. Банките кажаа дека одлуките ќе бидат различни од банка до банка, но праксата до сега покажала дека корекции не би требало да има само кај кредитите кои се со фиксна каматна стапка. Од ОПМ не очекуваат каматите да растат многу, но потсетуваат дека покрај за потрошувачките, автомобилските и хипотекарните кредити, корекции на каматите ќе има и кај минусите на плата и кредитните картички. Лончар смета дека во ваква ситуација, иако секоја деловна банка сама одлучува сепак голема улога има и Народната банка. Реакцијата на Народната банка дојде како одговор на очекувањата дека инфлацијата во земјава уште ќе расте. Централната банка за прв пат после подолг период ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, и од сегашните 1,25 сега таа ќе изнесува 1,5 проценти. Оваа камата е сигнал за банките за корекција и на банкарските камати. За експертите мерките на Народната банка беа очекувани, но велат тоа се благи мерки и прашање е дали ќе бидат доволни за забавување на инфлацијата во земјава.

The post Ќе растат каматите на сите видови кредити, кредитни картички и минусните салда на сметките appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-osnovnata-kamata-e-s-ushte-pod-nivoto-od-pochetokot-na-pandemijata/ Fri, 15 Apr 2022 10:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=488875

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5 проценти и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба да реагираат на шокови коишто доаѓаат од страна на понудата, сепак , посочи гувернерката, дел од централните банки почнаа со намалување на приспособливиот карактер на монетарната политика, како ФЕД, Банката на Англија, Банката на Канада, некои од централните банки од Централна и Југоисточна Европа коишто имаат стратегии на целна инфлација и каде што инфлацијата повеќекратно ја надминува целта. – Ова се прави имајќи предвид дека наместо очекуваното стабилизирање на цените на примарните производи, тие и натаму растат ‒ гасот 60 проценти, нафтата 40 проценти, пченицата 30 проценти, поради новиот шок на страната на понудата. Ова упатува дека притисокот врз цените ќе трае подолго од првично очекуваното, со што може да има поизразено влијание врз инфлациските очекувања, како еден од факторите коишто влијаат врз инфлацијата, а на кои централните банки треба да реагираат - вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна и дека тековната инфлација е глобален феномен ‒ тренд присутен кај сите економии без исклучок, и кај најразвиените, и кај економиите со пониско ниво на доход.

Кај 60 проценти од развиените економии инфлацијата е повисока од пет проценти што е највисоко учество во последните четири декади. Кај повеќе од половината од економиите во развој е над проценти проценти, што е највисоко учество во последните две декади. Овие трендови се присутни и во нашиот поблизок регион, каде што инфлацијата забрза мината година искачувајќи на 3,4 проценти од 1,1 процент, а овој тренд позабрзано продолжува и оваа година кога достигнува 10 проценти, кај нас 8,8 проценти. Зошто дојде до овој инфлациски тренд? ‒ Анализите упатуваат на два клучни фактора ‒ растот на цените на примaрните производи и застоите во синџирите на снабдување коишто позначително ја намалуваат понудата, а во услови на солидно закрепнување на глобалната побарувачка што е резултат токму на силниот фискален и монетарен импулс, без кои ММФ проценува дека ефектот од пандемичната криза врз глобалната економија би бил посилен за трипати, а заздравувањето многу побавно - објаснува Ангеловска Бежовска.

Таа најави дека Народната банка ќе продолжи со редовно следење на сите најнови податоци од глобалното и домашното окружување и соодветно ќе реагира заради одржување на ценовната и воопшто, на макроекономската стабилност.

The post Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5 проценти и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.
Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба да реагираат на шокови коишто доаѓаат од страна на понудата, сепак , посочи гувернерката, дел од централните банки почнаа со намалување на приспособливиот карактер на монетарната политика, како ФЕД, Банката на Англија, Банката на Канада, некои од централните банки од Централна и Југоисточна Европа коишто имаат стратегии на целна инфлација и каде што инфлацијата повеќекратно ја надминува целта. – Ова се прави имајќи предвид дека наместо очекуваното стабилизирање на цените на примарните производи, тие и натаму растат ‒ гасот 60 проценти, нафтата 40 проценти, пченицата 30 проценти, поради новиот шок на страната на понудата. Ова упатува дека притисокот врз цените ќе трае подолго од првично очекуваното, со што може да има поизразено влијание врз инфлациските очекувања, како еден од факторите коишто влијаат врз инфлацијата, а на кои централните банки треба да реагираат - вели Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката истакна и дека тековната инфлација е глобален феномен ‒ тренд присутен кај сите економии без исклучок, и кај најразвиените, и кај економиите со пониско ниво на доход.
Кај 60 проценти од развиените економии инфлацијата е повисока од пет проценти што е највисоко учество во последните четири декади. Кај повеќе од половината од економиите во развој е над проценти проценти, што е највисоко учество во последните две декади. Овие трендови се присутни и во нашиот поблизок регион, каде што инфлацијата забрза мината година искачувајќи на 3,4 проценти од 1,1 процент, а овој тренд позабрзано продолжува и оваа година кога достигнува 10 проценти, кај нас 8,8 проценти. Зошто дојде до овој инфлациски тренд? ‒ Анализите упатуваат на два клучни фактора ‒ растот на цените на примaрните производи и застоите во синџирите на снабдување коишто позначително ја намалуваат понудата, а во услови на солидно закрепнување на глобалната побарувачка што е резултат токму на силниот фискален и монетарен импулс, без кои ММФ проценува дека ефектот од пандемичната криза врз глобалната економија би бил посилен за трипати, а заздравувањето многу побавно - објаснува Ангеловска Бежовска.
Таа најави дека Народната банка ќе продолжи со редовно следење на сите најнови податоци од глобалното и домашното окружување и соодветно ќе реагира заради одржување на ценовната и воопшто, на макроекономската стабилност.

The post Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата appeared first on Република.

]]>