камала херис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamala-heris/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Mar 2022 22:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камала херис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamala-heris/ 32 32 Камала Хeрис од Варшава: САД имаат обврска според членот 5, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kamala-heris-od-varshava-sad-imaat-obvrska-spored-chlenot-5-kje-ja-branime-sekoja-peda-od-teritorijata-na-nato/ Thu, 10 Mar 2022 19:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=470886

Американскaтa потпретседателка, Камала Херис, по разговорите со највисоките полски претставници во Варшава, изјави дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на своите членки

Херис додаде дека нејзината посета на Полска има за цел да се договори понатамошно зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со сериозни последици и трошоци поради војната во Украина.

Разговаравме за ефикасноста на санкциите. Треба да испратиме јасен сигнал. Рековме дека последиците и трошоците од руската агресија врз Украина ќе бидат исклучително сериозни. Гледаме дека рубљата паѓа така што во Русија е на ниво на „ѓубре“ само затоа што Путин предизвика војна - изјави Херис на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Потпретседателката на САД порача дека дошла во Варшава за да повтори колку сериозно САД го сфаќаат членот пет од договорот на НАТО за колективна одбрана.

САД имаат обврска според членот пет, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО. Тука сме да ја повториме таа обврска и да видиме што можеме да направиме за источното крило. Префрливме 4,7 илјади американски војници во Полска со претходна ротација од 5.000 војници. Можам да кажам дека две батерии од противракетниот систем „Патриот“ се веќе во Полска - изјави Херис.

На новинарско прашање дали САД сега се подготвени да одлучат за постојано присуство на свои војници во Полска, претседателот Анджеј Дуда одговори дека војниците се менуваат, но тие се секогаш таму.

На прашањето дали Украина сè уште може да очекува помош од авиони од руско производство, пред сè МиГ-29 што се во сопственост на Полска, и потпретседателката на САД и полскиот претседател порачаа дека и помагаат на Украина со испораки на оружје, дека ситуацијата е динамична и дека членките на НАТО мора да се грижат за безбедноста на целата Алијанса.

Прифаќаме дека Украинците имаат право да бараат помош од НАТО. Одредени очекувања беа насочени и кон Полска, но ние сме членка на НАТО и мора да гледаме на прашањето за безбедноста низ призмата не само на безбедноста на Полска, туку и на целата Алијанса. Затоа одлучивме да дадеме авиони на располагање на НАТО и сакаме цело НАТО заедно да донесе одлука - изјави Дуда.

Херис и Дуда ја обвинија Русија за воени злосторства, вклучително и гранатирање на детска болница и породилиште во Мариупол. И двајцата истакнаа дека мора да почне меѓународна истрага за евентуални злосторства.

Кога станува збор за злосторства и кршење на меѓународното право, ние јасно кажуваме дека ќе се направи проценка и преглед. Телевизиите цело време покажуваат што се случува таму. Земја која сака да заземе друга земја без никаква цел мора да биде под истрага, без сомнение - изјави Херис.

Полскиот претседател изјави дека група обвинители од Меѓународниот кривичен суд веќе се во Полска за да соберат докази и сведоштва од украинските бегалци кои пристигнуваат во земјата.

Русите вршат воени злосторства во Украина. Се надевам дека во иднина судот ќе одлучи кој е одговорен за тоа. Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои биле сведоци на бомбардирање на населени места, гранатирање болници. Има докази, сведочења, снимки во нивните телефони од кои се згрозува. Тоа се сцени, а сторителите се Руси - изјави Дуда.

Потпретседателката на САД им вети на Полска и на другите земји во кои масовно доаѓаат бегалци од Украина, прво 50 милијарди долари хуманитарна помош за самата Украина, а дополнително американскиот Конгрес се обврзал да помогне 13,5 милијарди долари за бегалците и земјите од Централна Европа кои примија бегалци.

Камала Херис разговараше и со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, а на дневен ред е и средба со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој исто така престојува во Варшава. Таа утре ќе ги посети американските и полските војници, а потоа ќе продолжи во Романија.

The post Камала Хeрис од Варшава: САД имаат обврска според членот 5, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО appeared first on Република.

]]>

Американскaтa потпретседателка, Камала Херис, по разговорите со највисоките полски претставници во Варшава, изјави дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на своите членки Херис додаде дека нејзината посета на Полска има за цел да се договори понатамошно зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со сериозни последици и трошоци поради војната во Украина.
Разговаравме за ефикасноста на санкциите. Треба да испратиме јасен сигнал. Рековме дека последиците и трошоците од руската агресија врз Украина ќе бидат исклучително сериозни. Гледаме дека рубљата паѓа така што во Русија е на ниво на „ѓубре“ само затоа што Путин предизвика војна - изјави Херис на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Потпретседателката на САД порача дека дошла во Варшава за да повтори колку сериозно САД го сфаќаат членот пет од договорот на НАТО за колективна одбрана.
САД имаат обврска според членот пет, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО. Тука сме да ја повториме таа обврска и да видиме што можеме да направиме за источното крило. Префрливме 4,7 илјади американски војници во Полска со претходна ротација од 5.000 војници. Можам да кажам дека две батерии од противракетниот систем „Патриот“ се веќе во Полска - изјави Херис.
На новинарско прашање дали САД сега се подготвени да одлучат за постојано присуство на свои војници во Полска, претседателот Анджеј Дуда одговори дека војниците се менуваат, но тие се секогаш таму. На прашањето дали Украина сè уште може да очекува помош од авиони од руско производство, пред сè МиГ-29 што се во сопственост на Полска, и потпретседателката на САД и полскиот претседател порачаа дека и помагаат на Украина со испораки на оружје, дека ситуацијата е динамична и дека членките на НАТО мора да се грижат за безбедноста на целата Алијанса.
Прифаќаме дека Украинците имаат право да бараат помош од НАТО. Одредени очекувања беа насочени и кон Полска, но ние сме членка на НАТО и мора да гледаме на прашањето за безбедноста низ призмата не само на безбедноста на Полска, туку и на целата Алијанса. Затоа одлучивме да дадеме авиони на располагање на НАТО и сакаме цело НАТО заедно да донесе одлука - изјави Дуда.
Херис и Дуда ја обвинија Русија за воени злосторства, вклучително и гранатирање на детска болница и породилиште во Мариупол. И двајцата истакнаа дека мора да почне меѓународна истрага за евентуални злосторства.
Кога станува збор за злосторства и кршење на меѓународното право, ние јасно кажуваме дека ќе се направи проценка и преглед. Телевизиите цело време покажуваат што се случува таму. Земја која сака да заземе друга земја без никаква цел мора да биде под истрага, без сомнение - изјави Херис.
Полскиот претседател изјави дека група обвинители од Меѓународниот кривичен суд веќе се во Полска за да соберат докази и сведоштва од украинските бегалци кои пристигнуваат во земјата.
Русите вршат воени злосторства во Украина. Се надевам дека во иднина судот ќе одлучи кој е одговорен за тоа. Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои биле сведоци на бомбардирање на населени места, гранатирање болници. Има докази, сведочења, снимки во нивните телефони од кои се згрозува. Тоа се сцени, а сторителите се Руси - изјави Дуда.
Потпретседателката на САД им вети на Полска и на другите земји во кои масовно доаѓаат бегалци од Украина, прво 50 милијарди долари хуманитарна помош за самата Украина, а дополнително американскиот Конгрес се обврзал да помогне 13,5 милијарди долари за бегалците и земјите од Централна Европа кои примија бегалци. Камала Херис разговараше и со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, а на дневен ред е и средба со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој исто така престојува во Варшава. Таа утре ќе ги посети американските и полските војници, а потоа ќе продолжи во Романија.

The post Камала Хeрис од Варшава: САД имаат обврска според членот 5, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО appeared first on Република.

]]>