камала харис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamala-haris/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 12:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камала харис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kamala-haris/ 32 32 Женетите мажи биле повеќе за Трамп, немажените жени за Камала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhenetite-mazhi-bile-poveke-za-tramp-nemazhenite-zheni-za-kamala/ Tue, 12 Nov 2024 12:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=836779

Си-ен-ен направи истражување за тоа каков вид на гласачи ги поддржале кандидатите за претседател на САД. Истражувањето е напревено според пол и венчален статус.

Па така женетите мажи биле повеќе за Трамп, а немажените жени ја поддржувале Камала.

The post Женетите мажи биле повеќе за Трамп, немажените жени за Камала appeared first on Република.

]]>

Си-ен-ен направи истражување за тоа каков вид на гласачи ги поддржале кандидатите за претседател на САД. Истражувањето е напревено според пол и венчален статус. Па така женетите мажи биле повеќе за Трамп, а немажените жени ја поддржувале Камала.

The post Женетите мажи биле повеќе за Трамп, немажените жени за Камала appeared first on Република.

]]>
Каков предлог: Бајден да се повлечел за Камала барем 30 дена да биде претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kakov-predlog-bajden-da-se-povlechel-za-kamala-barem-30-dena-da-bide-pretsedatel/ Mon, 11 Nov 2024 11:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=836311

Поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателката Камала Харис, Џамал Симонс изјави дека претседателот Џо Бајден треба да и ја отстапи функцијата на Харис, со што таа ќе стане прва жена претседателка на САД.

- Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде. Остана уште едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна фигура, истакна Симонс на панел на Си-ен-ен (CCN).

Тој додаде дека Бајден во следните 30 дена може да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја постави Харис за претседателка на САД.

Тоа прашање е под контрола на Џо Бајден. Ако го направи тоа, ќе го исполни своето последно ветување и ќе ѝ даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД, посочи Симонс.

Неговите коментари уследија откако коментатор на Си-ен-ен предложи судијката Соња Сотомајор да се повлече за Бајден да ја замени со Харис пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

The post Каков предлог: Бајден да се повлечел за Камала барем 30 дена да биде претседател appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателката Камала Харис, Џамал Симонс изјави дека претседателот Џо Бајден треба да и ја отстапи функцијата на Харис, со што таа ќе стане прва жена претседателка на САД. - Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде. Остана уште едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна фигура, истакна Симонс на панел на Си-ен-ен (CCN). Тој додаде дека Бајден во следните 30 дена може да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја постави Харис за претседателка на САД.
Тоа прашање е под контрола на Џо Бајден. Ако го направи тоа, ќе го исполни своето последно ветување и ќе ѝ даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД, посочи Симонс.
Неговите коментари уследија откако коментатор на Си-ен-ен предложи судијката Соња Сотомајор да се повлече за Бајден да ја замени со Харис пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

The post Каков предлог: Бајден да се повлечел за Камала барем 30 дена да биде претседател appeared first on Република.

]]>
Никогаш не посакала да има свои: Децата од сопругот Камала ја викаат „мамала“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nikogash-ne-posakala-da-ima-svoi-detsata-od-soprugot-kamala-ja-vikaat-mamala/ Fri, 08 Nov 2024 10:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=835469

Камала Харис, моментално најмоќната жена во Америка, е во брак со Даг Емхоф, а нејзиното минато заинтригира многумина откако стана важно име во светската политика.

Првата љубов Вили Браун, 31 година постар од неа

Камала беше со него во деведесеттите. Браун бил политичар, градоначалник на Сан Франциско, а Камала ја запознал во средината на деведесеттите кога таа била помошник обвинител.

Таа имаше 29 години, а Вили 60.Во тоа време Вили Браун живееше одвоено од сопругата со која се разведе во 1982 година. Во меѓувреме покрај Камала имаше уште неколку врски, а во 2020 година потврди дека се заедно.

„Да, се забавувавме. Тоа беше пред повеќе од 20 години. И точно е дека влијаев на нејзината кариера затоа што ја поставив на две државни комисии додека бев претседател на собранието. И јас секако помогнав во нејзината прва трка за окружен обвинител во Сан Франциско. Им помогнав и на кариерите на Ненси Пелоси и на другите политичари“.

А Камала имаше што да каже за нивната врска.

„Не сакам мојата кампања да се сведе на критикување на Вили Браун за да изгледа дека не зависам од него затоа што навистина не зависам. Неговата кариера е завршена, а јас ќе бидам жив и успешен за следната 40 години должам“.

Во 2001 година, Камала Харис накратко се забавуваше со Монтел Вилијамс, кој е познат по неговата програма за ток-шоу. Кога за двајцата почнаа да се зборува за време на кампањата на Бајден во 2020 година, Монтел на Твитер ја поддржа Камала

„Камала и јас се забавувавме накратко пред 20 години кога и двајцата бевме сингл. И што? Имам многу почит кон неа и се прашувам дали истите приказни за нејзините поранешни момчиња воопшто би биле тема доколку таа беше машки кандидат“.

Нејзиниот сегашен сопруг Даг Емхоф е целосно посветен на неа,се запознале во 2013 година на состанок на слепо. Тогаш таа беше државен обвинител.

Отпрвин и било непријатно поради неговите деца од првиот брак, но сега тие се многу вистинско семејство. Децата на Даг не ја доживуваат Камала како маќеа туку како втора мајка, па ја нарекуваат „Мамала

Емхоф ја запроси Камала во неговиот стан на 27 март 2014 година, по една година врска - додека тие разговараа што сакаат да прават. И двајцата тогаш имаа 50 години.

Тие се венчаа во Санта Барбара на 22 август 2014 година.Камала беше критикувана од многумина поради него бидејќи избра белец за сопруг.

Даг по професија е адвокат кој работеше до 2020 година, а потоа кариерата на Камал стана центар на неговиот свет. Оттогаш тој се обидува да биде покрај неа, да ја заштити и поддржи, свесен за нејзината улога на овој свет.

Кога Камала стана потпретседател на САД во 2020 година, тој ја напушти својата адвокатска канцеларија за целосно да се фокусира на новата позиција во која се најдоа и двајцата.

Керстин со цело срце ја бранеше Камала кога беше критикувана дека нема свои деца.

"Повеќе од 10 години, откако моите деца беа тинејџери, Камала е нивен родител покрај мене и Даг. Таа сака, се грижи, штити и е секогаш присутна. Го сакам нашето мешано семејство и благодарна сум што е во него." рече таа Керстин.

The post Никогаш не посакала да има свои: Децата од сопругот Камала ја викаат „мамала“ appeared first on Република.

]]>

Камала Харис, моментално најмоќната жена во Америка, е во брак со Даг Емхоф, а нејзиното минато заинтригира многумина откако стана важно име во светската политика. Првата љубов Вили Браун, 31 година постар од неа Камала беше со него во деведесеттите. Браун бил политичар, градоначалник на Сан Франциско, а Камала ја запознал во средината на деведесеттите кога таа била помошник обвинител. Таа имаше 29 години, а Вили 60.Во тоа време Вили Браун живееше одвоено од сопругата со која се разведе во 1982 година. Во меѓувреме покрај Камала имаше уште неколку врски, а во 2020 година потврди дека се заедно.
„Да, се забавувавме. Тоа беше пред повеќе од 20 години. И точно е дека влијаев на нејзината кариера затоа што ја поставив на две државни комисии додека бев претседател на собранието. И јас секако помогнав во нејзината прва трка за окружен обвинител во Сан Франциско. Им помогнав и на кариерите на Ненси Пелоси и на другите политичари“.
А Камала имаше што да каже за нивната врска.
„Не сакам мојата кампања да се сведе на критикување на Вили Браун за да изгледа дека не зависам од него затоа што навистина не зависам. Неговата кариера е завршена, а јас ќе бидам жив и успешен за следната 40 години должам“.
  Во 2001 година, Камала Харис накратко се забавуваше со Монтел Вилијамс, кој е познат по неговата програма за ток-шоу. Кога за двајцата почнаа да се зборува за време на кампањата на Бајден во 2020 година, Монтел на Твитер ја поддржа Камала
„Камала и јас се забавувавме накратко пред 20 години кога и двајцата бевме сингл. И што? Имам многу почит кон неа и се прашувам дали истите приказни за нејзините поранешни момчиња воопшто би биле тема доколку таа беше машки кандидат“.
Нејзиниот сегашен сопруг Даг Емхоф е целосно посветен на неа,се запознале во 2013 година на состанок на слепо. Тогаш таа беше државен обвинител. Отпрвин и било непријатно поради неговите деца од првиот брак, но сега тие се многу вистинско семејство. Децата на Даг не ја доживуваат Камала како маќеа туку како втора мајка, па ја нарекуваат „Мамала Емхоф ја запроси Камала во неговиот стан на 27 март 2014 година, по една година врска - додека тие разговараа што сакаат да прават. И двајцата тогаш имаа 50 години. Тие се венчаа во Санта Барбара на 22 август 2014 година.Камала беше критикувана од многумина поради него бидејќи избра белец за сопруг. Даг по професија е адвокат кој работеше до 2020 година, а потоа кариерата на Камал стана центар на неговиот свет. Оттогаш тој се обидува да биде покрај неа, да ја заштити и поддржи, свесен за нејзината улога на овој свет. Кога Камала стана потпретседател на САД во 2020 година, тој ја напушти својата адвокатска канцеларија за целосно да се фокусира на новата позиција во која се најдоа и двајцата. Керстин со цело срце ја бранеше Камала кога беше критикувана дека нема свои деца.
"Повеќе од 10 години, откако моите деца беа тинејџери, Камала е нивен родител покрај мене и Даг. Таа сака, се грижи, штити и е секогаш присутна. Го сакам нашето мешано семејство и благодарна сум што е во него." рече таа Керстин.

The post Никогаш не посакала да има свои: Децата од сопругот Камала ја викаат „мамала“ appeared first on Република.

]]>
На демократите Бајден им е крив за поразот на Камала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-demokratite-bajden-im-e-kriv-za-porazot-na-kamala/ Thu, 07 Nov 2024 20:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=835298

Некои сојузници на потпретседателката на САД Камала Харис го обвинуваат шефот на државата во заминување Џозеф Бајден за нејзиниот пораз на претседателските избори, наведувајќи дека требало порано да се повлече од трката, јавија американски медиуми.

Додека демократите бараат контрола на штетите по изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на 5 ноември, некои од сојузниците на Камала Харис велат дека исходот бил „запечатен“ со одлуката на Бајден да остане во трката до летото, и покрај долготрајната загриженост на гласачите за неговото здравје и незадоволство поради високата инфлација и масовниот прилив на мигранти.

Неколку неименувани високи демократи, вклучително и тројца советници од изборниот штаб на Камала Харис, изразија длабоко незадоволство што 81-годишниот Бајден претходно не увидел дека не одговара на предизвикот.

Бајден (81) ја заврши својата реизборна кампања во јули, неколку недели откако дебатата со Трамп покрена прашања за неговата способност да биде кредибилен претседателски кандидат.

Сепак, анкетите одамна покажаа дека многу Американци се загрижени за возраста на Бајден. Во август 2023 година, околу 77 отсто од Американците рекоа дека Бајден е премногу стар за да биде ефективен уште четири години, според анкетата на Асошиетед прес-Норк.

Бајден се откажа од трката на 21 јули.

The post На демократите Бајден им е крив за поразот на Камала appeared first on Република.

]]>

Некои сојузници на потпретседателката на САД Камала Харис го обвинуваат шефот на државата во заминување Џозеф Бајден за нејзиниот пораз на претседателските избори, наведувајќи дека требало порано да се повлече од трката, јавија американски медиуми. Додека демократите бараат контрола на штетите по изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на 5 ноември, некои од сојузниците на Камала Харис велат дека исходот бил „запечатен“ со одлуката на Бајден да остане во трката до летото, и покрај долготрајната загриженост на гласачите за неговото здравје и незадоволство поради високата инфлација и масовниот прилив на мигранти. Неколку неименувани високи демократи, вклучително и тројца советници од изборниот штаб на Камала Харис, изразија длабоко незадоволство што 81-годишниот Бајден претходно не увидел дека не одговара на предизвикот. Бајден (81) ја заврши својата реизборна кампања во јули, неколку недели откако дебатата со Трамп покрена прашања за неговата способност да биде кредибилен претседателски кандидат. Сепак, анкетите одамна покажаа дека многу Американци се загрижени за возраста на Бајден. Во август 2023 година, околу 77 отсто од Американците рекоа дека Бајден е премногу стар за да биде ефективен уште четири години, според анкетата на Асошиетед прес-Норк. Бајден се откажа од трката на 21 јули.

The post На демократите Бајден им е крив за поразот на Камала appeared first on Република.

]]>
Признавам пораз, но не се откажувам од борбата: Харис им порача на поддржувачите да ги прифатат изборните резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/priznavam-poraz-no-ne-se-otkazhuvam-od-borbata-haris-im-poracha-na-poddrzhuvachite-da-gi-prifatat-izbornite-rezultati/ Wed, 06 Nov 2024 22:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=834949

Потпретседателката на САД, Камала Харис, се обрати до своите поддржувачи и им се заблагодари за поддршката, но и го призна поразот од новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Таа во обраќање им се заблагодари на семејството заедно со претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во нејзиниот говор на Универзитетот во Вашингтон.

До мојот сакан Даг и нашето семејство, те сакам многу. На претседателот Бајден, ти благодарам за вербата и поддршката. Горда сум на трката што ја истрчавме во 107-те дена од кампањата - рече таа и им се заблагодари на поддржувачите.

Потпретседателката Камала Харис во средата го призна својот пораз од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Моето срце е полно денес - полно со благодарност за довербата што ми ја дадовте, полно со љубов за нашата земја и полно со решителност - рече Харис на Универзитетот Хауард во средата.

Потпретседателкатат додаде:

„Исходот од овие избори не е она што го сакавме, не е она за што се боревме, не е она за што гласавме. Но, слушнете ме кога велам: Светлината на ветувањето на Америка секогаш ќе гори светло.

Потпретседателката Камала Харис во својот говор рече дека иако ги разбира емоциите на нејзините поддржувачи, но напомена дека земјата треба да ги прифати изборните резултати, пренесува Си-Ен-Ен.

Сега знам дека луѓето чувствуваат и доживуваат низа емоции во моментов. Сфаќам. Но, ние мора да ги прифатиме резултатите од овие избори - нагласи таа во обраќањето.

Харис исто така сподели дека го повикала новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја признае трката и му нагласила дека „ќе се вклучиме во мирен трансфер на власта“.

Потпретседателката Харис во средата излезе на сцената на Универзитетот Хауард за да го одржи својот говор по победата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп против неа на изборите во 2024 година.

Реков дека ќе има мирен трансфер на власта. Ние се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Ние му должиме лојалност не на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав. Признавам пораз, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од тоа Американците да можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избор, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство - дополни таа.

The post Признавам пораз, но не се откажувам од борбата: Харис им порача на поддржувачите да ги прифатат изборните резултати appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на САД, Камала Харис, се обрати до своите поддржувачи и им се заблагодари за поддршката, но и го призна поразот од новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Таа во обраќање им се заблагодари на семејството заедно со претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во нејзиниот говор на Универзитетот во Вашингтон.
До мојот сакан Даг и нашето семејство, те сакам многу. На претседателот Бајден, ти благодарам за вербата и поддршката. Горда сум на трката што ја истрчавме во 107-те дена од кампањата - рече таа и им се заблагодари на поддржувачите.
Потпретседателката Камала Харис во средата го призна својот пораз од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Моето срце е полно денес - полно со благодарност за довербата што ми ја дадовте, полно со љубов за нашата земја и полно со решителност - рече Харис на Универзитетот Хауард во средата.
Потпретседателкатат додаде:
„Исходот од овие избори не е она што го сакавме, не е она за што се боревме, не е она за што гласавме. Но, слушнете ме кога велам: Светлината на ветувањето на Америка секогаш ќе гори светло.
Потпретседателката Камала Харис во својот говор рече дека иако ги разбира емоциите на нејзините поддржувачи, но напомена дека земјата треба да ги прифати изборните резултати, пренесува Си-Ен-Ен. Сега знам дека луѓето чувствуваат и доживуваат низа емоции во моментов. Сфаќам. Но, ние мора да ги прифатиме резултатите од овие избори - нагласи таа во обраќањето. Харис исто така сподели дека го повикала новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја признае трката и му нагласила дека „ќе се вклучиме во мирен трансфер на власта“. Потпретседателката Харис во средата излезе на сцената на Универзитетот Хауард за да го одржи својот говор по победата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп против неа на изборите во 2024 година. Реков дека ќе има мирен трансфер на власта. Ние се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Ние му должиме лојалност не на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав. Признавам пораз, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од тоа Американците да можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избор, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство - дополни таа.

The post Признавам пораз, но не се откажувам од борбата: Харис им порача на поддржувачите да ги прифатат изборните резултати appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Обраќање на Камала Харис после поразот на претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-zhivo-obrakane-na-kamala-haris-posle-porazot-na-pretsedatelskite-izbori/ Wed, 06 Nov 2024 21:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=834943

Кандидатката на демократите за претседател на САД ќе и се обрати на јавноста после поразот на изборите.

Доналд Трамп беше 45-ти, а сега е и 47. претседател на САД.

Откако беше објавено дека победил и во Висконсин и Алјаска, Трамп го надмина прагот на 270 освоени електорски гласови и официјално го потврди своето враќање во Белата куќа, што ќе се случи во јануари.

Со 78 години, Трамп е најстариот избран претседател во историјата на САД и само втор кој се вратил во Белата куќа откако претходно бил поразен. Пред него, тоа му успеало само на Гровер Кливленд, кој бил претседател од 1885 до 1889 и потоа од 1893 до 1897. Трамп нема да може повторно да се кандидира, зашто американските претседатели се ограничени на два мандата.

The post ВО ЖИВО: Обраќање на Камала Харис после поразот на претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Кандидатката на демократите за претседател на САД ќе и се обрати на јавноста после поразот на изборите. Доналд Трамп беше 45-ти, а сега е и 47. претседател на САД. Откако беше објавено дека победил и во Висконсин и Алјаска, Трамп го надмина прагот на 270 освоени електорски гласови и официјално го потврди своето враќање во Белата куќа, што ќе се случи во јануари. Со 78 години, Трамп е најстариот избран претседател во историјата на САД и само втор кој се вратил во Белата куќа откако претходно бил поразен. Пред него, тоа му успеало само на Гровер Кливленд, кој бил претседател од 1885 до 1889 и потоа од 1893 до 1897. Трамп нема да може повторно да се кандидира, зашто американските претседатели се ограничени на два мандата.

The post ВО ЖИВО: Обраќање на Камала Харис после поразот на претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Харис му ја честитала победата на Трамп на изборите за претседател на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haris-mu-ja-chestitala-pobedata-na-tramp-na-izborite-za-pretsedatel-na-sad/ Wed, 06 Nov 2024 20:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=834919

Потпретседателката на САД, Камала Харис официјално му честитала на Доналд Трамп за победата на изборите за претседател на државата, јави Си-Ен-ЕН.

Висок помошник на Харис изјавил дека таа „му се јави на новоизбраниот претседател Трамп за да му честита за победата на претседателските избори во 2024 година. Таа разговараше за важноста на мирен трансфер на власта и да се биде претседател за сите Американци“.

Разговорот траел само неколку минути, наведува медиумот.

Потпретседателката и кандидатка за претседател на Демократската партија на САД, Камала Харис ќе даде изјава во 21:00 часот по западноевропско време во Вашингтон, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Тоа ќе биде прва изјава на Камала Харис откако синоќа ги загуби изборите од републиканецот Доналд Трамп.

The post Харис му ја честитала победата на Трамп на изборите за претседател на САД appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на САД, Камала Харис официјално му честитала на Доналд Трамп за победата на изборите за претседател на државата, јави Си-Ен-ЕН. Висок помошник на Харис изјавил дека таа „му се јави на новоизбраниот претседател Трамп за да му честита за победата на претседателските избори во 2024 година. Таа разговараше за важноста на мирен трансфер на власта и да се биде претседател за сите Американци“. Разговорот траел само неколку минути, наведува медиумот. Потпретседателката и кандидатка за претседател на Демократската партија на САД, Камала Харис ќе даде изјава во 21:00 часот по западноевропско време во Вашингтон, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. Тоа ќе биде прва изјава на Камала Харис откако синоќа ги загуби изборите од републиканецот Доналд Трамп.

The post Харис му ја честитала победата на Трамп на изборите за претседател на САД appeared first on Република.

]]>
Шок и неверување: Eве каква е атмосферата во штабот на Харис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shok-i-neveruvane-eve-kakva-e-atmosferata-vo-shtabot-na-haris/ Wed, 06 Nov 2024 11:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=834671

Поддржувачите на Камала Харис изгубија надеж и го напуштија собирот на партијата бидејќи стана очигледно дека Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.

Демократите собрани на Универзитетот Хауард во Вашингтон изгледаа сè поочајно додека изборните резултати трепкаа на големите екрани пред нив.

Фотографиите доволно говорат каква беше атмосферата, зарем не?

The post Шок и неверување: Eве каква е атмосферата во штабот на Харис appeared first on Република.

]]>

Поддржувачите на Камала Харис изгубија надеж и го напуштија собирот на партијата бидејќи стана очигледно дека Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Демократите собрани на Универзитетот Хауард во Вашингтон изгледаа сè поочајно додека изборните резултати трепкаа на големите екрани пред нив. Фотографиите доволно говорат каква беше атмосферата, зарем не?

The post Шок и неверување: Eве каква е атмосферата во штабот на Харис appeared first on Република.

]]>
Избори во САД: Tрамп води во неколку клучни држави, Харис го откажа обраќањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izbori-vo-sad-tramp-vodi-vo-nekolku-kluchni-drzhavi-haris-go-otkazha-obrakaneto/ Wed, 06 Nov 2024 06:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=834527

Почнаа да пристигнуваат резултатите од гласањето на претседателските избори во САД.Од она што досега се знае е дека Доналд Трамп ја освојува и Џорџија, која носи 16 електорски гласови

Според проекциите на Си-Ен-Ен, Камала Харис ќе победи во Ново Мексико, што носи пет електорски гласови. Таа на тој начин ќе ја намали предноста на Трамп и ќе има 187 електорски гласови, додека поранешниот претседател ќе има 246.

Камала Харис засега нема да се обрати на Универзитетот Хауард, како што беше претходно најавено.

„Има уште гласови за пребројување. Имаме уште држави каде резултатот не се знае. Ќе продолжиме во текот на ноќта да се бориме секој глас да се брои, секој глас да се брои. Значи, нема да слушнете од потпретседателот вечерва, но ќе се обратите утре“, рече Седрик Ричмонд, вториот човек во кампањата на Камала.

Засега Доналд Трамп води во Алабама, Арканзас, Флорида, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисури, Мисисипи, Монтана, Северна Дакота, Небраска, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Западна Вирџинија, Вајоминг, Канзас, Ајова, Ајдахо, Северна Каролина.

Камала Харис има поголема поддршка во Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Масачусетс, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Вермонт, Дистрикт Колумбија, Калифорнија, Вашингтон, Орегон, Ново Мексико, Вирџинија

The post Избори во САД: Tрамп води во неколку клучни држави, Харис го откажа обраќањето appeared first on Република.

]]>

Почнаа да пристигнуваат резултатите од гласањето на претседателските избори во САД.Од она што досега се знае е дека Доналд Трамп ја освојува и Џорџија, која носи 16 електорски гласови Според проекциите на Си-Ен-Ен, Камала Харис ќе победи во Ново Мексико, што носи пет електорски гласови. Таа на тој начин ќе ја намали предноста на Трамп и ќе има 187 електорски гласови, додека поранешниот претседател ќе има 246. Камала Харис засега нема да се обрати на Универзитетот Хауард, како што беше претходно најавено.
„Има уште гласови за пребројување. Имаме уште држави каде резултатот не се знае. Ќе продолжиме во текот на ноќта да се бориме секој глас да се брои, секој глас да се брои. Значи, нема да слушнете од потпретседателот вечерва, но ќе се обратите утре“, рече Седрик Ричмонд, вториот човек во кампањата на Камала.
Засега Доналд Трамп води во Алабама, Арканзас, Флорида, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисури, Мисисипи, Монтана, Северна Дакота, Небраска, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Западна Вирџинија, Вајоминг, Канзас, Ајова, Ајдахо, Северна Каролина. Камала Харис има поголема поддршка во Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Масачусетс, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Вермонт, Дистрикт Колумбија, Калифорнија, Вашингтон, Орегон, Ново Мексико, Вирџинија

The post Избори во САД: Tрамп води во неколку клучни држави, Харис го откажа обраќањето appeared first on Република.

]]>
Ќе одлучат неодлучните: Дали Трамп ќе се врати во Белата куќа или Харис прв пат ќе се всели? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-odluchat-neodluchnite-dali-tramp-ke-se-vrati-vo-belata-kuka-ili-haris-prv-pat-ke-se-vseli/ Tue, 05 Nov 2024 15:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=834427

Во САД денеска се отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните избираат шеф на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи, Камала Харис.

Повеќе од 82 милиони луѓе веќе гласаа. Кампањата беше жестока и одбележана со бројни пресврти, со два обида за атентат врз Доналд Трамп и смената на претседателскиот кандидат на Демократската партија - наместо досегашниот претседател Џо Бајден беше избрана Камала Харис.

Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика.

Резултатите од анкетите покажуваат дека кандидатите се речиси изедначени, додека водечките светски обложувачници мала предност му даваат на Трамп, претседателот на САД од 2017 до 2021 година

The post Ќе одлучат неодлучните: Дали Трамп ќе се врати во Белата куќа или Харис прв пат ќе се всели? appeared first on Република.

]]>

Во САД денеска се отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните избираат шеф на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи, Камала Харис. Повеќе од 82 милиони луѓе веќе гласаа. Кампањата беше жестока и одбележана со бројни пресврти, со два обида за атентат врз Доналд Трамп и смената на претседателскиот кандидат на Демократската партија - наместо досегашниот претседател Џо Бајден беше избрана Камала Харис. Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика. Резултатите од анкетите покажуваат дека кандидатите се речиси изедначени, додека водечките светски обложувачници мала предност му даваат на Трамп, претседателот на САД од 2017 до 2021 година

The post Ќе одлучат неодлучните: Дали Трамп ќе се врати во Белата куќа или Харис прв пат ќе се всели? appeared first on Република.

]]>
Камала Харис ветува поддршка за македонските идентитет и јазик, Доналд Трамп најави економска соработка и безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kamala-haris-vetuva-poddrshka-za-makedonskite-identitet-i-jazik-donald-tramp-najavi-ekonomska-sorabotka-i-bezbednost/ Sun, 03 Nov 2024 18:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=833835

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.

И двете кампањи најавија поддршка на демократските институции и борба против корупцијата во регионот.

НАТО и ЕУ се базираат на заеднички демократски вредности, вклучувајќи силни, независни и одговорни институции. Нашите вредности, исто така, ги штитат и почитуваат правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет - и да го зборуваат својот национален јазик, вклучително и македонскиот јазик. Потпретседателката Харис разбира колку се важни овие вредности за виталната македонско-американска заедница, вели портпарол на кампањата на Харис за Гласот на Америка на македонски.

Од штабот на Харис потенцираат дека корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД.

Потпретседателката Харис постојано се залага за унапредување на демократијата, владеење на правото и борбата против корупцијата. Корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД, што е една од причините зошто потпретседателката Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на шесте земји од Западен Балкан, наведуваат од кампањата на Харис.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден на почетокот на мандатот најави борба против корупцијата, велејќи дека претставува закана за национална безбедност, не само во САД, туку и во цел свет. Претседателот Џо Бајден во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан, за постапки кои, меѓу другото, вклучуваат корупција.

Кампањата на Трамп, пак, ја критикува надворешната политика на Бајден во однос на борбата против корупцијата и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нарекувајќи ја „пасивна“.

Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција, изјави Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп.

Марафацос вели дека надворешната политика на Трамп кон Западен Балкан ќе се фокусира на трговски партнерства и економски можности.

Белата куќа предводена од Трамп нема едноставно да турка широкогради изјави за демократијата. Ќе донесе вистински, одговорни резултати преку директно работење со локалните лидери и луѓето во регионот, вели Марафацос.

Србија и Косово потпишаа договор за економска нормализација во 2020 година за време на администрацијата на претседателот Трамп. Марафацос вели дека Трамп ќе ја продолжи политиката на поддршка на стратешки економски договори.

Дополнително, неговата администрација ќе даде приоритет на индивидуалните слободи и ќе ја намали бирократијата која го задушува напредокот во овие нации, помагајќи да се унапредат вистинските демократски вредности преку зајакнување на граѓаните и локалните институции, велат од кампањата на Трамп.

Оттаму велат и дека ако Трамп се врати во Белата куќа, ќе преземе активни чекори за да го спречи странското влијание насочено кон дестабилизација на балканскиот регион.

Одлучниот стил и посветеноста на Трамп за градење силни сојузи засновани на заемна корист и почит би биле во целосна спротивност со пасивните политики на сегашната администрација, давајќи им надеж на оние кои веруваат во посветла иднина на Балканот, наведуваат од Кампањата на Трамп.

Стејт департментот на 21 ноември 2023 година, за Гласот на Америка на македонски, изјави дека администрацијата на Бајден ќе работи со земјите од Западен Балкан да се намали можноста за „малигно руско влијание“.

Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот“, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), која неодамна прослави 20 години постоење, минатиот месец доби писмо од потпретседателката Харис, со кое таа ѝ се обрати на македонската заедница во САД.

Покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија, пишува во писмото.

Викендов во Мичиген, сојузна држава во која живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло, Македонците организираат настани за поддршка на кампањите на Харис и на Трамп. Трамп и Харис ги завршуваат нивните последни изборни митинзи пред претседателските избори во вторник. Милиони гласаат предвреме, пишува Гласот на Америка на македонски.

The post Камала Харис ветува поддршка за македонските идентитет и јазик, Доналд Трамп најави економска соработка и безбедност appeared first on Република.

]]>

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски. И двете кампањи најавија поддршка на демократските институции и борба против корупцијата во регионот.
НАТО и ЕУ се базираат на заеднички демократски вредности, вклучувајќи силни, независни и одговорни институции. Нашите вредности, исто така, ги штитат и почитуваат правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет - и да го зборуваат својот национален јазик, вклучително и македонскиот јазик. Потпретседателката Харис разбира колку се важни овие вредности за виталната македонско-американска заедница, вели портпарол на кампањата на Харис за Гласот на Америка на македонски.
Од штабот на Харис потенцираат дека корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД.
Потпретседателката Харис постојано се залага за унапредување на демократијата, владеење на правото и борбата против корупцијата. Корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД, што е една од причините зошто потпретседателката Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на шесте земји од Западен Балкан, наведуваат од кампањата на Харис.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден на почетокот на мандатот најави борба против корупцијата, велејќи дека претставува закана за национална безбедност, не само во САД, туку и во цел свет. Претседателот Џо Бајден во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан, за постапки кои, меѓу другото, вклучуваат корупција. Кампањата на Трамп, пак, ја критикува надворешната политика на Бајден во однос на борбата против корупцијата и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нарекувајќи ја „пасивна“.
Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција, изјави Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп.
Марафацос вели дека надворешната политика на Трамп кон Западен Балкан ќе се фокусира на трговски партнерства и економски можности.
Белата куќа предводена од Трамп нема едноставно да турка широкогради изјави за демократијата. Ќе донесе вистински, одговорни резултати преку директно работење со локалните лидери и луѓето во регионот, вели Марафацос.
Србија и Косово потпишаа договор за економска нормализација во 2020 година за време на администрацијата на претседателот Трамп. Марафацос вели дека Трамп ќе ја продолжи политиката на поддршка на стратешки економски договори.
Дополнително, неговата администрација ќе даде приоритет на индивидуалните слободи и ќе ја намали бирократијата која го задушува напредокот во овие нации, помагајќи да се унапредат вистинските демократски вредности преку зајакнување на граѓаните и локалните институции, велат од кампањата на Трамп.
Оттаму велат и дека ако Трамп се врати во Белата куќа, ќе преземе активни чекори за да го спречи странското влијание насочено кон дестабилизација на балканскиот регион.
Одлучниот стил и посветеноста на Трамп за градење силни сојузи засновани на заемна корист и почит би биле во целосна спротивност со пасивните политики на сегашната администрација, давајќи им надеж на оние кои веруваат во посветла иднина на Балканот, наведуваат од Кампањата на Трамп.
Стејт департментот на 21 ноември 2023 година, за Гласот на Америка на македонски, изјави дека администрацијата на Бајден ќе работи со земјите од Западен Балкан да се намали можноста за „малигно руско влијание“.
Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот“, се вели во изјавата на Стејт департментот.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), која неодамна прослави 20 години постоење, минатиот месец доби писмо од потпретседателката Харис, со кое таа ѝ се обрати на македонската заедница во САД.
Покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија, пишува во писмото.
Викендов во Мичиген, сојузна држава во која живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло, Македонците организираат настани за поддршка на кампањите на Харис и на Трамп. Трамп и Харис ги завршуваат нивните последни изборни митинзи пред претседателските избори во вторник. Милиони гласаат предвреме, пишува Гласот на Америка на македонски.

The post Камала Харис ветува поддршка за македонските идентитет и јазик, Доналд Трамп најави економска соработка и безбедност appeared first on Република.

]]>
Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hrvatite-i-sloventsite-sakaat-pobeda-na-haris-srbite-na-tramp/ Thu, 24 Oct 2024 11:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=830587

Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира.

Разлики има и во перцепцијата за влијанието на тие избори врз меѓународните односи, особено кон ЕУ.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се Доналд Трамп од Републиканската партија и Камала Харис од Демократската партија.

Овој изборен циклус го привлекува глобалното внимание поради можните последици за внатрешната и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.

Во Хрватска, Камала Харис ужива најголема поддршка, со 56 отсто од граѓаните кои би сакале да ја видат како претседателка. Во Словенија, 46 отсто од испитаниците ја претпочитаат Харис пред Трамп, чија поддршка е околу 30 отсто.

Босна и Херцеговина покажува избалансирани ставови, додека во Србија значителна поддршка има Трамп, со речиси половина од граѓаните кои повеќе би сакале да го видат на чело на Америка. Харис, од друга страна, ужива најмала доверба во оваа земја, со поддршка од само 13 проценти.

Истражувањето се однесува и на перцепциите за тоа како победата на еден од кандидатите би можела да влијае на американската политика кон ЕУ. Поголемиот дел од граѓаните во регионот сметаат дека политиката на САД кон ЕУ ќе остане непроменета доколку победи Камала Харис, што делумно е очекувано со оглед на периодот на владеење на Демократската партија во последните четири години.

Спротивно на тоа, победата на Доналд Трамп би можела значително да ја промени американската надворешна политика. Повеќе од половина од Хрватите веруваат дека победата на Трамп ќе има негативно влијание врз односите на САД со ЕУ, а Словенците делат слично мислење.

Во Србија околу 20 отсто од граѓаните сметаат дека би можело да дојде до промена на политиката, но не прецизираат дали тоа ќе биде на добро или на лошо, се наведува во истражувањето на Валикон.

The post Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп appeared first on Република.

]]>

Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира. Разлики има и во перцепцијата за влијанието на тие избори врз меѓународните односи, особено кон ЕУ. Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се Доналд Трамп од Републиканската партија и Камала Харис од Демократската партија. Овој изборен циклус го привлекува глобалното внимание поради можните последици за внатрешната и надворешната политика на Соединетите Американски Држави. Во Хрватска, Камала Харис ужива најголема поддршка, со 56 отсто од граѓаните кои би сакале да ја видат како претседателка. Во Словенија, 46 отсто од испитаниците ја претпочитаат Харис пред Трамп, чија поддршка е околу 30 отсто. Босна и Херцеговина покажува избалансирани ставови, додека во Србија значителна поддршка има Трамп, со речиси половина од граѓаните кои повеќе би сакале да го видат на чело на Америка. Харис, од друга страна, ужива најмала доверба во оваа земја, со поддршка од само 13 проценти. Истражувањето се однесува и на перцепциите за тоа како победата на еден од кандидатите би можела да влијае на американската политика кон ЕУ. Поголемиот дел од граѓаните во регионот сметаат дека политиката на САД кон ЕУ ќе остане непроменета доколку победи Камала Харис, што делумно е очекувано со оглед на периодот на владеење на Демократската партија во последните четири години. Спротивно на тоа, победата на Доналд Трамп би можела значително да ја промени американската надворешна политика. Повеќе од половина од Хрватите веруваат дека победата на Трамп ќе има негативно влијание врз односите на САД со ЕУ, а Словенците делат слично мислење. Во Србија околу 20 отсто од граѓаните сметаат дека би можело да дојде до промена на политиката, но не прецизираат дали тоа ќе биде на добро или на лошо, се наведува во истражувањето на Валикон.

The post Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп appeared first on Република.

]]>
Ќерката на Навални работи во изборниот штаб на Камала Харис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kerkata-na-navalni-raboti-vo-izborniot-shtab-na-kamala-haris/ Tue, 15 Oct 2024 09:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=827027

Даша Навални, ќерката на Алексеј Навални работи во штабот на претседателската канидата на изборите во САД, Камала Харис.

Информацијата дека е ангажирана во претседателскиот штаб на Харис ја објави самата Даша на социјалните мрежи. Таа е во организацијата во Филаделфија.

Даша има 23 години и студираше на Стенфорд универзитетот.

The post Ќерката на Навални работи во изборниот штаб на Камала Харис appeared first on Република.

]]>

Даша Навални, ќерката на Алексеј Навални работи во штабот на претседателската канидата на изборите во САД, Камала Харис. Информацијата дека е ангажирана во претседателскиот штаб на Харис ја објави самата Даша на социјалните мрежи. Таа е во организацијата во Филаделфија. Даша има 23 години и студираше на Стенфорд универзитетот.  

The post Ќерката на Навални работи во изборниот штаб на Камала Харис appeared first on Република.

]]>
Анкета: Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anketa-haris-ima-50-otsto-poddrshka-od-glasachite-dva-poeni-poveke-od-tramp/ Sun, 13 Oct 2024 18:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=826235

Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, покажа анкета на Еј-Би-Си Њуз/Ипсос.

Исто така, меѓу регистрираните гласачи, Харис има поддршка од 49 отсто од гласачите, додека 47 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Трамп, пишува Еј-Би-Си Њуз.

Што се однесува на довербата во управувањето со економијата, Трамп има осум процентни поени предност и води со седум процентни поени пред Харис кога станува збор за решавање на проблемот со инфлацијата во САД.

The post Анкета: Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп appeared first on Република.

]]>

Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, покажа анкета на Еј-Би-Си Њуз/Ипсос. Исто така, меѓу регистрираните гласачи, Харис има поддршка од 49 отсто од гласачите, додека 47 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Трамп, пишува Еј-Би-Си Њуз. Што се однесува на довербата во управувањето со економијата, Трамп има осум процентни поени предност и води со седум процентни поени пред Харис кога станува збор за решавање на проблемот со инфлацијата во САД.

The post Анкета: Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп appeared first on Република.

]]>
Харис сака средба со Путин ама да дојде и Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haris-saka-sredba-so-putin-ama-da-dojde-i-zelenski/ Tue, 08 Oct 2024 08:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=824032

Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев.

Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот претседател „нема да се одржи билатерално, без Украина“, изјави Камала Харис гостувајќи во емисијата „60 минути“’ на телевизијата за Си-Би-Ес.

-Украина е таа која се прашува за иднината на Украина, рече таа.

Украина е загрижена за можното губење на американската поддршка во случај на победа на Доналд Трамп, кој редовно ги осудува големите издвојувања на Вашингтон за Киев од 2022 година

The post Харис сака средба со Путин ама да дојде и Зеленски appeared first on Република.

]]>

Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев. Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот претседател „нема да се одржи билатерално, без Украина“, изјави Камала Харис гостувајќи во емисијата „60 минути“’ на телевизијата за Си-Би-Ес. -Украина е таа која се прашува за иднината на Украина, рече таа. Украина е загрижена за можното губење на американската поддршка во случај на победа на Доналд Трамп, кој редовно ги осудува големите издвојувања на Вашингтон за Киев од 2022 година

The post Харис сака средба со Путин ама да дојде и Зеленски appeared first on Република.

]]>
Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/barak-obama-ke-uchestvuva-vo-kampanata-na-kamala-haris/ Fri, 04 Oct 2024 13:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=822746

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе води кампања за потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис во неделите пред изборите на 5 ноември, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на Вашингтон пост.

Обама ќе ја започне кампањата следниот четврток со патување во Питсбург (Пенсилванија), објави весникот, цитирајќи висок претставник на персоналот на Харис.

Обама и неговата сопруга Мишел уште во јули ја поддржаа претседателската кандидатура на Камала Харис.

На Демократската национална конвенција во август, во Чикаго, Обама ги повика Американците да ја поддржат Харис.

-Америка е подготвена за ново поглавје, Америка е подготвена за подобра приказна. Ние сме подготвени за претседателката Камала Харис, рече тогаш тој.

Харис на изборите на 5 ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

МИА

The post Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе води кампања за потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис во неделите пред изборите на 5 ноември, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на Вашингтон пост. Обама ќе ја започне кампањата следниот четврток со патување во Питсбург (Пенсилванија), објави весникот, цитирајќи висок претставник на персоналот на Харис. Обама и неговата сопруга Мишел уште во јули ја поддржаа претседателската кандидатура на Камала Харис. На Демократската национална конвенција во август, во Чикаго, Обама ги повика Американците да ја поддржат Харис. -Америка е подготвена за ново поглавје, Америка е подготвена за подобра приказна. Ние сме подготвени за претседателката Камала Харис, рече тогаш тој. Харис на изборите на 5 ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
МИА

The post Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис appeared first on Република.

]]>
Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за дебата на 23 октомври и го повикува Трамп да ја прифати поканата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haris-ja-prifati-pokanata-na-si-en-en-za-debata-na-23-oktomvri-i-go-povikuva-tramp-da-ja-prifati-pokanata/ Sat, 21 Sep 2024 18:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=818575

Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен да учествува на дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 23 октомври, соопшти денеска нејзиниот изборен штаб.

„Доналд Трамп не треба да има проблем да се согласи на оваа дебата. Тоа е истиот формат и поставеност како дебатата на CNN на која присуствуваше и рече дека победил во јуни, кога ги пофали модераторите, правилата и рејтингот на медиумот“, наведе во соопштение Џен О'Мали Дилон, шеф на кабинетот на Харис.

Предизборниот штаб на Трамп, поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори на 5 ноември, не одговори на барањето на американски медиуми за коментар.

The post Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за дебата на 23 октомври и го повикува Трамп да ја прифати поканата appeared first on Република.

Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kamala-haris-vo-avgust-za-kampana-potroshila-tri-pati-poveke-od-donald-tramp/ Sat, 21 Sep 2024 07:07:23 +0000 https://republika.mk/?p=818383

Расходите од минатиот месец во кампањата на американската потпретседателка Камала Харис, кандидатот на Демократската партија за претседателските избори на 5 ноември, се трипати повеќе од она што го потроши кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во август, соопштија изборните штабови на ривалите.

Харис, која ја почна својата кампања во јули, откако го замени актуелниот претседател Џо Бајден, кој се повлече од трката, минатиот месец објави пред американската Федерална изборна комисија 174 милиони долари за трошоци. Од штабот на Трамп пријавиле трошоци од 61 милион долари.

Иако финансиската предност на Харис и помага за серија ТВ реклами за кампањата, тоа можеби нема да и донесе победа во ноември, наведуваат британски медиуми, истакнувајќи дека во 2016 година Трамп ја победи демократската противкандидатка Хилари Клинтон со помалку финансии.

Пред Федералната изборна комисија, потпретседателката на САД во август пријавила 190 милиони долари приход од донации, додека за Трамп - 45 милиони долари.

Најголем дел од трошоците што ги пријавија двајцата актуелни ривали за август беа токму за реклами, при што помали износи беа дадени за предизборни настани, патувања и плати на персоналот.

Персоналот на Харис соопшти дека направиле донација од 75.000 долари на Детроит Јунајтед Фонд, непрофитна организација што работи на зголемување на излезноста на црните гласачи во државата Мичиген.

The post Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд Трамп appeared first on Република.

]]>

Расходите од минатиот месец во кампањата на американската потпретседателка Камала Харис, кандидатот на Демократската партија за претседателските избори на 5 ноември, се трипати повеќе од она што го потроши кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во август, соопштија изборните штабови на ривалите. Харис, која ја почна својата кампања во јули, откако го замени актуелниот претседател Џо Бајден, кој се повлече од трката, минатиот месец објави пред американската Федерална изборна комисија 174 милиони долари за трошоци. Од штабот на Трамп пријавиле трошоци од 61 милион долари. Иако финансиската предност на Харис и помага за серија ТВ реклами за кампањата, тоа можеби нема да и донесе победа во ноември, наведуваат британски медиуми, истакнувајќи дека во 2016 година Трамп ја победи демократската противкандидатка Хилари Клинтон со помалку финансии. Пред Федералната изборна комисија, потпретседателката на САД во август пријавила 190 милиони долари приход од донации, додека за Трамп - 45 милиони долари. Најголем дел од трошоците што ги пријавија двајцата актуелни ривали за август беа токму за реклами, при што помали износи беа дадени за предизборни настани, патувања и плати на персоналот. Персоналот на Харис соопшти дека направиле донација од 75.000 долари на Детроит Јунајтед Фонд, непрофитна организација што работи на зголемување на излезноста на црните гласачи во државата Мичиген.

The post Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд Трамп appeared first on Република.

]]>
Харис: Израел не треба повторно да ја окупира Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haris-izrael-ne-treba-povtorno-da-ja-okupira-gaza/ Wed, 18 Sep 2024 05:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=817276

Кандидатката за претседател на САД, Камала Харис, повика на прекин на војната меѓу Израел и Газа и изјави дека Израел не треба повторно да ја окупира Газа.

Во говорот во Филаделфија пред Националното здружение на црни новинари, таа повика на прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на палестинската исламистичка група Хамас. - Ова мора да биде проследено со решение со две држави и стабилност на Блискиот Исток на начин што нема да го зголеми влијанието на Иран, додаде таа.

- Јасно ставивме до знаење дека овој договор мора да биде направен во најдобар интерес на сите во регионот, рече американската потпретседателка, одговарајќи на прашања од тројца новинари.

Најмалку 41.252 луѓе се убиени, а 95.497 се ранети во израелската офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, според здравствените власти во Газа. Војната започна на тој ден кога Хамас го нападна Израел, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, а земајќи околу 250 заложници.

Харис, исто така, го нападна републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговите запаливи забелешки за мигрантите во Спрингфилд, Охајо и други теми. Таа ги повика американските гласачи да се уверат дека тој „нема да може повторно да зборува на тој микрофон“

Харис додаде дека е скршена од заканата за насилство во градот по коментарите на Трамп и неговиот изборен штаб. Претседателскиот кандидат на Републиканската партија, без да обезбеди докази, тврди дека имигрантите киднапираат и ги јадат миленичињата на луѓето.

Два дена откако агентите на Тајната служба спречија обид за атентат против Трамп, кој ја обвини демократската реторика за најновата закана по неговиот живот, Харис рече дека „има премногу луѓе во нашата земја во моментов кои не се чувствуваат безбедни“.

Таа ги спомна заканите за имигрантите, но и конзервативниот Проект 2025 за следната републиканска администрација и напорите за ограничување на пристапот до абортус.

„Не секој ја има Тајната служба“, рече таа. „Членовите на ЛГБТК заедницата не се чувствуваат безбедно во моментов, имигрантите или луѓето со имигрантско потекло не се чувствуваат безбедно во моментов. Жените не се чувствуваат безбедно во моментов“.

Потпретседателката нагласи дека таа лично има доверба во Тајната служба и се чувствува безбедно под заштита на агенцијата за политички надзор. Вчера, таа имаше краток разговор со Трамп, за време на кој рече дека и е мило што поранешниот претседател е безбеден.

The post Харис: Израел не треба повторно да ја окупира Газа appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател на САД, Камала Харис, повика на прекин на војната меѓу Израел и Газа и изјави дека Израел не треба повторно да ја окупира Газа. Во говорот во Филаделфија пред Националното здружение на црни новинари, таа повика на прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на палестинската исламистичка група Хамас. - Ова мора да биде проследено со решение со две држави и стабилност на Блискиот Исток на начин што нема да го зголеми влијанието на Иран, додаде таа. - Јасно ставивме до знаење дека овој договор мора да биде направен во најдобар интерес на сите во регионот, рече американската потпретседателка, одговарајќи на прашања од тројца новинари. Најмалку 41.252 луѓе се убиени, а 95.497 се ранети во израелската офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, според здравствените власти во Газа. Војната започна на тој ден кога Хамас го нападна Израел, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, а земајќи околу 250 заложници. Харис, исто така, го нападна републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговите запаливи забелешки за мигрантите во Спрингфилд, Охајо и други теми. Таа ги повика американските гласачи да се уверат дека тој „нема да може повторно да зборува на тој микрофон“ Харис додаде дека е скршена од заканата за насилство во градот по коментарите на Трамп и неговиот изборен штаб. Претседателскиот кандидат на Републиканската партија, без да обезбеди докази, тврди дека имигрантите киднапираат и ги јадат миленичињата на луѓето. Два дена откако агентите на Тајната служба спречија обид за атентат против Трамп, кој ја обвини демократската реторика за најновата закана по неговиот живот, Харис рече дека „има премногу луѓе во нашата земја во моментов кои не се чувствуваат безбедни“. Таа ги спомна заканите за имигрантите, но и конзервативниот Проект 2025 за следната републиканска администрација и напорите за ограничување на пристапот до абортус.
„Не секој ја има Тајната служба“, рече таа. „Членовите на ЛГБТК заедницата не се чувствуваат безбедно во моментов, имигрантите или луѓето со имигрантско потекло не се чувствуваат безбедно во моментов. Жените не се чувствуваат безбедно во моментов“.
Потпретседателката нагласи дека таа лично има доверба во Тајната служба и се чувствува безбедно под заштита на агенцијата за политички надзор. Вчера, таа имаше краток разговор со Трамп, за време на кој рече дека и е мило што поранешниот претседател е безбеден.

The post Харис: Израел не треба повторно да ја окупира Газа appeared first on Република.

]]>
И Камала и Трамп „победиле“ на дебатата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-kamala-i-tramp-pobedile-na-debatata/ Thu, 12 Sep 2024 07:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=815532

Поддржувачите на Трамп добија многу „месо“, но Харис заработи вредна поддршка од Тејлор Свифт. И двајцата оставија некои и разочарани.

За време на првата претседателска дебата, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис меѓусебно се обвинија дека поттикнуваат поделба во Америка.

Кандидатите брзо почнаа да дебатираат за спорни прашања, од миграција до израелската војна во Газа и немаше негодувања ниту громогласни аплаузи додека тие зборуваа бидејќи немаше публика во живо во Националниот уставен центар (НЦЦ) во Филаделфија, Пенсилванија.

Меѓутоа, низ целата земја, милиони Американци ја следеа дебатата од нивните дневни соби или од забавите во баровите и клубовите, додека надвор од официјалното место за дебата во Филаделфија, демонстрантите бараа Харис да го заслужи нивниот глас со прекин на огнот во Газа.

Ал Џезира разговараше со политичките набљудувачи од целата земја за тоа кои се најголемите победници и губитници, а анкетите пред дебатата ги ставија демократката Харис и републиканецот Трамп рамо до рамо во трката.

Барбара Пери, претседателска историчарка на Универзитетот во Вирџинија:

Пери рече: „На поддржувачите на Трамп им беше дадено многу месо за да се нахранат“.

„Потпретседателката понуди јасен контраст помеѓу спецификите на нејзината идна политика во споредба со минатото на Трамп, со кое тој е опседнат“.

„Камала Харис требаше да им даде добра причина на неопределените, умерени гласачи во „свинг“ државите да гласаат за неа“.

„Во најмала рака таа не ги одби тие гласачи да гласаат или да направи некакви дисквалификациски гафови. Таа доби поддршка од Тејлор Свифт“, рече Пери, осврнувајќи се на изјавата на поп-ѕвездата веднаш по дебатата, во која таа рече дека ќе гласа за Харис во ноември.

Мишел Остин Пејмис, хаитско-американска лидерка и правничка од Јужна Флорида:

Пејмис рече дека е добро што е разоткриена „грдоста“ на републиканските тврдења за мигрантите од Хаити.

„Јасно е дека поранешниот претседател сака да ја промовира оваа идеја дека во Спрингфилд, Охајо, мигрантите јадат домашни миленици“, рече таа, мислејќи на коментарот што Трамп го даде за имигрантите од Хаити за време на дебатата.

„Мислам дека беше добро што се разговараше на претседателската дебата и оваа грдост треба да се запамети“.

„Тоа беше најодвратното нешто што можеше да се каже“.

„Го ценев фактот што модераторот јасно кажа дека тоа не е факт, дека градскиот управник изјави дека нема веродостоен извештај за тие случаи“.

Рим Абуелхај, портпаролка на „Нема прекин на огнот, нема гласови во Пенсилванија“

Абуелхај рече дека демонстрантите пред местото на дебатата главно „велат дека не можат да гласаат за кандидат кој активно го поддржува геноцидот“.

„Потпретседателката Харис беше сосема јасна во претходните изјави, како и вечерва, дека ќе ја продолжи политиката на Бајден за безусловна воена и финансиска поддршка за израелската војна против Газа“.

„Вечерва беше јасно дека има гнев и тага низ градот Филаделфија и низ државата Пенсилванија бидејќи геноцидот е во тек и Соединетите Американски Држави продолжуваат да го финансираат геноцидот“.

Џон Фиери, републикански стратег:

Фиери рече дека модераторите биле „очигледно повеќе фокусирани на проверка на фактите на Трамп“ и „навистина не ги провериле фактите на Камала Харис, која имаше низа невистини во текот на целата дебата“.

„Мислам дека кога станува збор за стилот, предност и давам на Харис“.

„Мислам дека на почетокот беше нервозна, но се чинеше дека подоцна фати чекор, а после тоа беше како двете страни само да се напаѓаат една со друга“.

„Не сум сигурен дали тоа е она што го сакаат гласачите. Мислам дека сакаат подобар план за подобрување на економијата, мислам дека тоа им е најважнот“.

Кели Дитмар, директорка за истражување во Центарот за американски жени и политика, Универзитетот Рутгерс-Камден:

Дитмар рече дека „Трамп одби да ја погледне Харис, што може да се толкува различно меѓу различни групи гласачи, но исто така лесно може да се толкува и како омаловажување на начин што не им одговара на жените“.

„Харис често гледаше и зборуваше гледајчи директно во Трамп, покажувајќи дека не се плаши од директна конфронтација“.

„Додека некои ќе ја критикуваат за нејзините емотивни изрази на лицето, други ќе ги гледаат нејзините јасни изрази на збунетост и загриженост поради изјавите на Трамп како одраз на своите сопствени емоции за време на дебатата“.

Арон Кал, директор на дебата на Универзитетот во Мичиген:

Кал рече дека дебатата во вторникот била „непрепознатлива“ од „она што бевме сведоци во Атланта пред неколку месеци“, мислејќи на јунската дебата меѓу Трамп и претседателот Џо Бајден, кој подоцна се откажа од трката.

Кал предупреди дека не треба да се потпираме премногу на влијанието на дебатата врз изборите во ноември.

„Иако Харис победи во дебатата со мала предност, останува нејасно дали тоа ќе влијае на целокупниот тек на трката и дали ќе доведе до какво било придвижување кај неопределените гласачи“.

Шенон Смит, извршна директорка за FracTracker Алијансата, од Питсбург, Пенсилванија:

Смит рече дека дебатата покажала дека сè уште има недостиг на политичка волја од двете страни за решавање на ефектите од фракингот врз животната средина и здравјето.

„Живеејќи во една од државите со највисоко производство на гас од фракинг, Пенсилванците издржаа години на зголемена активност на фракинг без политичкото раководство да донесе разумни заштитни мерки“.

„Вечерашната дебата покажа дека недостига политичка волја, без разлика на тоа со која политичка партија се поврзувате“.

„Изобилството рецензирани истражувања покажуваат дека фракингот не може да се направи без негативни влијанија врз луѓето, животната средина и климата.

„Влијанијата врз животната средина и климата не познаваат политички граници“.

„Ни треба лидерство кое ќе даде приоритет на јавното здравје и безбедност и ќе излезе со разумна енергетска политика“

The post И Камала и Трамп „победиле“ на дебатата appeared first on Република.

]]>

Поддржувачите на Трамп добија многу „месо“, но Харис заработи вредна поддршка од Тејлор Свифт. И двајцата оставија некои и разочарани. За време на првата претседателска дебата, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис меѓусебно се обвинија дека поттикнуваат поделба во Америка. Кандидатите брзо почнаа да дебатираат за спорни прашања, од миграција до израелската војна во Газа и немаше негодувања ниту громогласни аплаузи додека тие зборуваа бидејќи немаше публика во живо во Националниот уставен центар (НЦЦ) во Филаделфија, Пенсилванија. Меѓутоа, низ целата земја, милиони Американци ја следеа дебатата од нивните дневни соби или од забавите во баровите и клубовите, додека надвор од официјалното место за дебата во Филаделфија, демонстрантите бараа Харис да го заслужи нивниот глас со прекин на огнот во Газа. Ал Џезира разговараше со политичките набљудувачи од целата земја за тоа кои се најголемите победници и губитници, а анкетите пред дебатата ги ставија демократката Харис и републиканецот Трамп рамо до рамо во трката. Барбара Пери, претседателска историчарка на Универзитетот во Вирџинија: Пери рече: „На поддржувачите на Трамп им беше дадено многу месо за да се нахранат“. „Потпретседателката понуди јасен контраст помеѓу спецификите на нејзината идна политика во споредба со минатото на Трамп, со кое тој е опседнат“. „Камала Харис требаше да им даде добра причина на неопределените, умерени гласачи во „свинг“ државите да гласаат за неа“. „Во најмала рака таа не ги одби тие гласачи да гласаат или да направи некакви дисквалификациски гафови. Таа доби поддршка од Тејлор Свифт“, рече Пери, осврнувајќи се на изјавата на поп-ѕвездата веднаш по дебатата, во која таа рече дека ќе гласа за Харис во ноември. Мишел Остин Пејмис, хаитско-американска лидерка и правничка од Јужна Флорида: Пејмис рече дека е добро што е разоткриена „грдоста“ на републиканските тврдења за мигрантите од Хаити. „Јасно е дека поранешниот претседател сака да ја промовира оваа идеја дека во Спрингфилд, Охајо, мигрантите јадат домашни миленици“, рече таа, мислејќи на коментарот што Трамп го даде за имигрантите од Хаити за време на дебатата. „Мислам дека беше добро што се разговараше на претседателската дебата и оваа грдост треба да се запамети“. „Тоа беше најодвратното нешто што можеше да се каже“. „Го ценев фактот што модераторот јасно кажа дека тоа не е факт, дека градскиот управник изјави дека нема веродостоен извештај за тие случаи“. Рим Абуелхај, портпаролка на „Нема прекин на огнот, нема гласови во Пенсилванија“ Абуелхај рече дека демонстрантите пред местото на дебатата главно „велат дека не можат да гласаат за кандидат кој активно го поддржува геноцидот“. „Потпретседателката Харис беше сосема јасна во претходните изјави, како и вечерва, дека ќе ја продолжи политиката на Бајден за безусловна воена и финансиска поддршка за израелската војна против Газа“. „Вечерва беше јасно дека има гнев и тага низ градот Филаделфија и низ државата Пенсилванија бидејќи геноцидот е во тек и Соединетите Американски Држави продолжуваат да го финансираат геноцидот“. Џон Фиери, републикански стратег: Фиери рече дека модераторите биле „очигледно повеќе фокусирани на проверка на фактите на Трамп“ и „навистина не ги провериле фактите на Камала Харис, која имаше низа невистини во текот на целата дебата“. „Мислам дека кога станува збор за стилот, предност и давам на Харис“. „Мислам дека на почетокот беше нервозна, но се чинеше дека подоцна фати чекор, а после тоа беше како двете страни само да се напаѓаат една со друга“. „Не сум сигурен дали тоа е она што го сакаат гласачите. Мислам дека сакаат подобар план за подобрување на економијата, мислам дека тоа им е најважнот“. Кели Дитмар, директорка за истражување во Центарот за американски жени и политика, Универзитетот Рутгерс-Камден: Дитмар рече дека „Трамп одби да ја погледне Харис, што може да се толкува различно меѓу различни групи гласачи, но исто така лесно може да се толкува и како омаловажување на начин што не им одговара на жените“. „Харис често гледаше и зборуваше гледајчи директно во Трамп, покажувајќи дека не се плаши од директна конфронтација“. „Додека некои ќе ја критикуваат за нејзините емотивни изрази на лицето, други ќе ги гледаат нејзините јасни изрази на збунетост и загриженост поради изјавите на Трамп како одраз на своите сопствени емоции за време на дебатата“. Арон Кал, директор на дебата на Универзитетот во Мичиген: Кал рече дека дебатата во вторникот била „непрепознатлива“ од „она што бевме сведоци во Атланта пред неколку месеци“, мислејќи на јунската дебата меѓу Трамп и претседателот Џо Бајден, кој подоцна се откажа од трката. Кал предупреди дека не треба да се потпираме премногу на влијанието на дебатата врз изборите во ноември. „Иако Харис победи во дебатата со мала предност, останува нејасно дали тоа ќе влијае на целокупниот тек на трката и дали ќе доведе до какво било придвижување кај неопределените гласачи“. Шенон Смит, извршна директорка за FracTracker Алијансата, од Питсбург, Пенсилванија: Смит рече дека дебатата покажала дека сè уште има недостиг на политичка волја од двете страни за решавање на ефектите од фракингот врз животната средина и здравјето.
„Живеејќи во една од државите со највисоко производство на гас од фракинг, Пенсилванците издржаа години на зголемена активност на фракинг без политичкото раководство да донесе разумни заштитни мерки“.
„Вечерашната дебата покажа дека недостига политичка волја, без разлика на тоа со која политичка партија се поврзувате“. „Изобилството рецензирани истражувања покажуваат дека фракингот не може да се направи без негативни влијанија врз луѓето, животната средина и климата. „Влијанијата врз животната средина и климата не познаваат политички граници“. „Ни треба лидерство кое ќе даде приоритет на јавното здравје и безбедност и ќе излезе со разумна енергетска политика“

The post И Камала и Трамп „победиле“ на дебатата appeared first on Република.

]]>