КАМ маркет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kam-market/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 12:45:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КАМ маркет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kam-market/ 32 32 СПМ ги информира полицајците дека КАМ вработува за нето-плата од 26.500, повисока од бруто-платата што ја добиваат во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-gi-informira-politsajtsite-deka-kam-vrabotuva-za-neto-plata-od-26-500-povisoka-od-bruto-platata-shto-ja-dobivaat-vo-mvr/ Tue, 21 Mar 2023 12:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=622057

Синдикатот на полиција во Македонија денес преку соопштение ги запозна сите вработени во Министерството за внатрешни работи дека во тек се вработувања во КАМ маркети со почетна "НЕТО" плата од 26.500 денари па нагоре и задолжителен РЕГРЕС од 33.000 денари.

Ова е одлична можност да аплицираме од причина што нашето Министерство платата ја прикажува во "БРУТО" износ од МИЗЕРНИ 26.422 денари, а со тоа сака да манипулира со вистинскиот износ на нето платата, а регрес тоа веќе со години го нема".
Со признавањето вчера на МВР дека платата во бруто износ е 26.400 денари, тоа значи дека нето платата на обичен полицаец е во износ од 21.000 денари и додека се одземат и овластувањата од 30%, доаѓаме до податок дека основната плата изнесува околу 15.000 денари, многу подоле од законскиот минимум.

За оваа катастрофална состојба не е виновен никој освен македонскиот полициски синдикат (тие се потписници за вредноста на бодот за платите во Полицијата)

The post СПМ ги информира полицајците дека КАМ вработува за нето-плата од 26.500, повисока од бруто-платата што ја добиваат во МВР appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на полиција во Македонија денес преку соопштение ги запозна сите вработени во Министерството за внатрешни работи дека во тек се вработувања во КАМ маркети со почетна "НЕТО" плата од 26.500 денари па нагоре и задолжителен РЕГРЕС од 33.000 денари.
Ова е одлична можност да аплицираме од причина што нашето Министерство платата ја прикажува во "БРУТО" износ од МИЗЕРНИ 26.422 денари, а со тоа сака да манипулира со вистинскиот износ на нето платата, а регрес тоа веќе со години го нема". Со признавањето вчера на МВР дека платата во бруто износ е 26.400 денари, тоа значи дека нето платата на обичен полицаец е во износ од 21.000 денари и додека се одземат и овластувањата од 30%, доаѓаме до податок дека основната плата изнесува околу 15.000 денари, многу подоле од законскиот минимум.
За оваа катастрофална состојба не е виновен никој освен македонскиот полициски синдикат (тие се потписници за вредноста на бодот за платите во Полицијата)

The post СПМ ги информира полицајците дека КАМ вработува за нето-плата од 26.500, повисока од бруто-платата што ја добиваат во МВР appeared first on Република.

]]>
По кратко боледување: Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-kratko-boleduvane-pochina-gotse-kamchev-osnovach-i-pretsedatel-na-kam-market/ Fri, 03 Feb 2023 15:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=604427

Со огромно жалење ве известуваме дека по кратко боледување денеска почина нашиот почитуван основач и претседател Гоце Камчев, информираат од КАМ маркети.

Гоце Камчев беше еден од најуспешните визионери и менаџери во нашата земја и остави зад себе компанија која е меѓу најуспешните во регионот. Целото искуство, знаење и вештини, стекнати во текот на школувањето и работата со познати компании од земјата и од странство, несебично ги пренесуваше и споделуваше со вработените, кои го препознаваа како голем учител, неуморен пренесувач на знаења. Истовремено беше насочен и кон раст и развој и на нашата држава, а успешна Македонија беше една од неговите цели.
– Во мојот живот три работи ми беа и ми останаа важни – семејството, работата и мојот народ – знаеше да каже.

Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Компаниите што ги изгради кои се дел од „Камчев груп“ во моментов вработуваат над 1.800 лица и придонесуваат за развојот и добробитта на целокупното општество. „КАМ“ трета година е меѓу најголемите 10 компании во земјава, која во текот на минатата година реализира приход над 273 милиони евра. На нас останува да го негуваме споменот и да ја продолжиме неговата визија.

Гоце Камчев е роден на 28 април 1945 година во Скопје и потекнува од релативно сиромашно работничко семејство. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој. Во текот на своето образование континуирано ја негува својата желба за учење, читање и знаење.

Во текот на својата долга кариера работел на високи позиции во Комерцијална банка, дрвна индустрија „Треска“, „Македонија табак“, „Магро“… Меѓу неговите успеси се и рекордните извози на македонско вино на странските пазари. Како претставник на „Магро“ со семејството заминува во Германија, каде што создава важни контакти и го надградува своето искуство.

На 45-годишна возраст Гоце Камчев е подложен на операција на срцето, по што лекарите му советуваат да се пензионира. Наместо пензија, тој почнува нова етапа од својата кариера.

Во 1990 година ја основа компанијата „Интеркам“, еден од првите дистрибутери во Македонија. Во малопродажниот сектор влегува во 1995 година кога ја основа компанијата „Камфуд“, чиј прв современ супермаркет беше отворен во Градскиот трговски центар во Скопје на површина од 1000 квадратни метри.

Инспириран од германскиот синџир „Алди“, Камчев се насочува кон принципот „хард дисконт“ и го основа „КАМ“ во 1999 година, компанија која континуирано расте и се развива, па денес покрај 76-те маркети во Македонија, присутна е и во Косово со 23 маркети и во Бугарија со 24 маркети. Преку „КАМ маркет“ тој ја реализира својата визија да обезбеди поквалитетен, а поевтин производ со цел да им излезе во пресрет на граѓаните.

Придонесовме за куповната моќ на нашите граѓани и тоа го гледаме како наш најхуман придонес во нашето постоење – велеше Камчев.

Дел од неговото портфолио се и забавно-трговскиот центар „Вилиџ Вања Камчев“, хотел „Вилиџ“, два трговски центри во Скопје и во Битола, како и најголемиот логистички центар во земјава, кој е дел од „КАМ маркет“. Во својата богата и плодна кариера Камчев инвестрираше и во фабриката за производство на кондиторски производи „Прогрес“, сегашно „Виго-48“, и фармата „Сточарство во Богданци“.

Семејството и пријателите ќе се збогуваат од Гоце Камчев в недела 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

The post По кратко боледување: Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“ appeared first on Република.

]]>

Со огромно жалење ве известуваме дека по кратко боледување денеска почина нашиот почитуван основач и претседател Гоце Камчев, информираат од КАМ маркети. Гоце Камчев беше еден од најуспешните визионери и менаџери во нашата земја и остави зад себе компанија која е меѓу најуспешните во регионот. Целото искуство, знаење и вештини, стекнати во текот на школувањето и работата со познати компании од земјата и од странство, несебично ги пренесуваше и споделуваше со вработените, кои го препознаваа како голем учител, неуморен пренесувач на знаења. Истовремено беше насочен и кон раст и развој и на нашата држава, а успешна Македонија беше една од неговите цели. – Во мојот живот три работи ми беа и ми останаа важни – семејството, работата и мојот народ – знаеше да каже. Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Компаниите што ги изгради кои се дел од „Камчев груп“ во моментов вработуваат над 1.800 лица и придонесуваат за развојот и добробитта на целокупното општество. „КАМ“ трета година е меѓу најголемите 10 компании во земјава, која во текот на минатата година реализира приход над 273 милиони евра. На нас останува да го негуваме споменот и да ја продолжиме неговата визија. Гоце Камчев е роден на 28 април 1945 година во Скопје и потекнува од релативно сиромашно работничко семејство. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој. Во текот на своето образование континуирано ја негува својата желба за учење, читање и знаење. Во текот на својата долга кариера работел на високи позиции во Комерцијална банка, дрвна индустрија „Треска“, „Македонија табак“, „Магро“… Меѓу неговите успеси се и рекордните извози на македонско вино на странските пазари. Како претставник на „Магро“ со семејството заминува во Германија, каде што создава важни контакти и го надградува своето искуство. На 45-годишна возраст Гоце Камчев е подложен на операција на срцето, по што лекарите му советуваат да се пензионира. Наместо пензија, тој почнува нова етапа од својата кариера. Во 1990 година ја основа компанијата „Интеркам“, еден од првите дистрибутери во Македонија. Во малопродажниот сектор влегува во 1995 година кога ја основа компанијата „Камфуд“, чиј прв современ супермаркет беше отворен во Градскиот трговски центар во Скопје на површина од 1000 квадратни метри. Инспириран од германскиот синџир „Алди“, Камчев се насочува кон принципот „хард дисконт“ и го основа „КАМ“ во 1999 година, компанија која континуирано расте и се развива, па денес покрај 76-те маркети во Македонија, присутна е и во Косово со 23 маркети и во Бугарија со 24 маркети. Преку „КАМ маркет“ тој ја реализира својата визија да обезбеди поквалитетен, а поевтин производ со цел да им излезе во пресрет на граѓаните. Придонесовме за куповната моќ на нашите граѓани и тоа го гледаме како наш најхуман придонес во нашето постоење – велеше Камчев. Дел од неговото портфолио се и забавно-трговскиот центар „Вилиџ Вања Камчев“, хотел „Вилиџ“, два трговски центри во Скопје и во Битола, како и најголемиот логистички центар во земјава, кој е дел од „КАМ маркет“. Во својата богата и плодна кариера Камчев инвестрираше и во фабриката за производство на кондиторски производи „Прогрес“, сегашно „Виго-48“, и фармата „Сточарство во Богданци“. Семејството и пријателите ќе се збогуваат од Гоце Камчев в недела 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

The post По кратко боледување: Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“ appeared first on Република.

]]>
Затворањето на КАМ е по нарачка од „Илинденска“ за заштита на финансиер на една од партиите на власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zatvoranjeto-na-kam-e-po-narachka-od-ilindenska-za-zashtita-na-finansier-na-edna-od-partiite-na-vlast/ Wed, 23 Mar 2022 09:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=476990

Затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино и се случува под чудни околности, се сомнева опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана. Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот. Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта. Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино? Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

The post Затворањето на КАМ е по нарачка од „Илинденска“ за заштита на финансиер на една од партиите на власт appeared first on Република.

Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektori-na-ujp-vo-kontrola-na-kam-marketite-bile-zapechateni-bidejkji-sinokja-e-prekinat-popisot/ Tue, 22 Mar 2022 16:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=476791

UJOИнспектори на Управата за јавни приходи вршат контрола во маркетите на „КАМ“ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција.

Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.

Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.

Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.

За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.

Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.

Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, стои во соопштението од КАМ маркет.

The post Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот appeared first on Република.

]]>

UJOИнспектори на Управата за јавни приходи вршат контрола во маркетите на „КАМ“ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција. Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.
Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.
Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.
Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.
За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка. Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.
Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, стои во соопштението од КАМ маркет.

The post Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот appeared first on Република.

]]>
КАМ: Се работи за редовни инспекции, маркетите ќе продолжат со работа во текот на денот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kam-se-raboti-za-redovni-inspekcii-marketite-kje-prodolzat-so-rabota-vo-tekot-na-denot/ Tue, 22 Mar 2022 14:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=476752

Откако утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи, од КАМ маркети соопштија дека се работи за редовна контрола..

Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работиза редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, велат од КАМ.

Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-pushti-povekje-od-300-inpektori-vo-kam-mnogu-marketi-utrovo-zapechateni/

The post КАМ: Се работи за редовни инспекции, маркетите ќе продолжат со работа во текот на денот appeared first on Република.

]]>

Откако утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи, од КАМ маркети соопштија дека се работи за редовна контрола..
Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работиза редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, велат од КАМ.
Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-pushti-povekje-od-300-inpektori-vo-kam-mnogu-marketi-utrovo-zapechateni/

The post КАМ: Се работи за редовни инспекции, маркетите ќе продолжат со работа во текот на денот appeared first on Република.

]]>
УЈП пушти повеќе од 300 инпектори во КАМ: Многу маркети утрово запечатени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-pushti-povekje-od-300-inpektori-vo-kam-mnogu-marketi-utrovo-zapechateni/ Tue, 22 Mar 2022 10:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=476541

Утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи.

Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.

„Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност“, информираше во Топ Тема, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Таа кажа дека акцијата ја спроведуваат инспектори и контролори и други овластени лица.

Во досегашната работа на Управата за јавни приходи утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека одлуката на Владата за основните производи, не се почитува до крај, истакна Лукаревска.

Во истата емисија директорката на државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, изјави дека досега најмногу контроли биле вршени за продажбата на маслото, лебот и брашното, артикли кај кои маржата е нула и продажната цена треба да е еднаква на набавната.

Од почетокот на одлуката, од 1 март до денеска, имаме извршено над 600 надзори. По основ на овие надзори имаме констатирано неправилности кај 44 субјекти, по кои што изречени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 194.060 евра. Само по однос за непочитување на одлуката за цените, изречени се платни налози во износ од 144.360 евра, 36.400 евра изречени се заради утврдено нечесно пазарно однесување и за условување при купување, наведе Симеска Димоска.

Таа појасни дека казните од 36.400 евра се за трговците кои биле констатирано дека одредени производи биле чувани во магацините а не биле ставани на рафтовите, во очекување на нови повисоки продажни цени.

The post УЈП пушти повеќе од 300 инпектори во КАМ: Многу маркети утрово запечатени appeared first on Република.

]]>

Утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи. Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.
„Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност“, информираше во Топ Тема, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Таа кажа дека акцијата ја спроведуваат инспектори и контролори и други овластени лица.
Во досегашната работа на Управата за јавни приходи утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека одлуката на Владата за основните производи, не се почитува до крај, истакна Лукаревска.
Во истата емисија директорката на државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, изјави дека досега најмногу контроли биле вршени за продажбата на маслото, лебот и брашното, артикли кај кои маржата е нула и продажната цена треба да е еднаква на набавната.
Од почетокот на одлуката, од 1 март до денеска, имаме извршено над 600 надзори. По основ на овие надзори имаме констатирано неправилности кај 44 субјекти, по кои што изречени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 194.060 евра. Само по однос за непочитување на одлуката за цените, изречени се платни налози во износ од 144.360 евра, 36.400 евра изречени се заради утврдено нечесно пазарно однесување и за условување при купување, наведе Симеска Димоска.
Таа појасни дека казните од 36.400 евра се за трговците кои биле констатирано дека одредени производи биле чувани во магацините а не биле ставани на рафтовите, во очекување на нови повисоки продажни цени.

The post УЈП пушти повеќе од 300 инпектори во КАМ: Многу маркети утрово запечатени appeared first on Република.

]]>
Три маркети на „КАМ“ добија вкупна казна над 15.000 евра за криење на зејтинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tri-marketi-na-kam-dobija-vkupna-kazna-nad-15-000-evra-za-krienje-na-zejtinot/ Thu, 17 Mar 2022 15:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=474446

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари.

Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари.

Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи за условување на купување на производ. Притоа таа не наведе за кои маркети станува збор. „Потрошувачите не смее да бидат условувани на тој начин, гратис може да се даваат само поситни артикли кои дополнуваат одреден производ. Маркетот не ставил на видно место информација за таквата акција, а дополнително утврдивме дека тие имале зејтин на залиха“, вели таа.

Според наши извори инспекторите деновиве направиле проверка во повеќе маркети на „КАМ“, по пријави на потрошувачи кои дури и снимале од терен за малверзациите со прехранбените артикли.

The post Три маркети на „КАМ“ добија вкупна казна над 15.000 евра за криење на зејтинот appeared first on Република.

]]>

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари. Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари.
Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи за условување на купување на производ. Притоа таа не наведе за кои маркети станува збор. „Потрошувачите не смее да бидат условувани на тој начин, гратис може да се даваат само поситни артикли кои дополнуваат одреден производ. Маркетот не ставил на видно место информација за таквата акција, а дополнително утврдивме дека тие имале зејтин на залиха“, вели таа.
Според наши извори инспекторите деновиве направиле проверка во повеќе маркети на „КАМ“, по пријави на потрошувачи кои дури и снимале од терен за малверзациите со прехранбените артикли.

The post Три маркети на „КАМ“ добија вкупна казна над 15.000 евра за криење на зејтинот appeared first on Република.

]]>
Купувач нападнал вработени во КАМ зошто му рекле да стави маска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kupuvach-napadnal-vraboteni-vo-kam-zoshto-mu-rekle-da-stavi-maska/ Wed, 16 Mar 2022 15:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=473888

Купувач нападнал касиер во КАМ маркет, затоа што овој му кажал да стави заштитна маска.

Како што информираат од МВР, вчеравечер во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегол маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало.

На видеото снимено со телефон кое го објави А1он се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да го оттргнат.

https://youtu.be/uuEy1en3Fy0

The post Купувач нападнал вработени во КАМ зошто му рекле да стави маска appeared first on Република.

]]>

Купувач нападнал касиер во КАМ маркет, затоа што овој му кажал да стави заштитна маска. Како што информираат од МВР, вчеравечер во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегол маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало. На видеото снимено со телефон кое го објави А1он се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да го оттргнат. https://youtu.be/uuEy1en3Fy0

The post Купувач нападнал вработени во КАМ зошто му рекле да стави маска appeared first on Република.

]]>