Калуѓерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalugjerki/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Feb 2022 11:34:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калуѓерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalugjerki/ 32 32 Папата ги повика калуѓерките да се борат против нивното искористување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-gi-povika-kalugjerkite-da-se-borat-protiv-nivnoto-iskoristuvanje/ Wed, 02 Feb 2022 11:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=452914

Папата Франциск ги повика калуѓерките да се борат доколку со нив „се постапува неправедно, дури и во рамките на Црквата“, признавајќи дека нивната служба понекогаш се „сведува на ропство“.

Ги повикувам да се борат кога, понекогаш, кон нив се постапува неправедно. Понекогаш, дури и внатре во Црквата, кога нивната толку благородна служба, е сведена на ропство. Понекогаш за тоа се одговорни луѓето од Црквата. Нека не се обесхрабруваат - изјави Светиот Отец во видео пораката објавена за да ги претстави неговите февруарски молитвени намери посветени на калуѓерките и жените посветени на Бога.

85-годишниот Франциск постојано го осудува „насилството и ропскиот однос кон жените“.

Прашањето за калуѓерките кои ги извршуваат домашните работи во служба на машката црковна хиерархија, особено на кардиналите и членовите на Куријата, веќе беше во центарот на јавниот интерес.

Овие жени работат како слугинки за свештеници, бискупи и кардинали, при што готват, чистат, перат облека и се многу слабо платени. Тоа во црквата се смета за нормално: жените мора да служат без да бараат ништо за возврат. Тие се научени да бидат почестени со тоа што им служат на свештениците. Тоа е начин на размислување - изјави Луцета Скарафија, историчар, коментатор и поранешен директор на списанието „Жена, црква, свет, која е авторка на книгата „Феминистка и христијанка“.

The post Папата ги повика калуѓерките да се борат против нивното искористување appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск ги повика калуѓерките да се борат доколку со нив „се постапува неправедно, дури и во рамките на Црквата“, признавајќи дека нивната служба понекогаш се „сведува на ропство“.
Ги повикувам да се борат кога, понекогаш, кон нив се постапува неправедно. Понекогаш, дури и внатре во Црквата, кога нивната толку благородна служба, е сведена на ропство. Понекогаш за тоа се одговорни луѓето од Црквата. Нека не се обесхрабруваат - изјави Светиот Отец во видео пораката објавена за да ги претстави неговите февруарски молитвени намери посветени на калуѓерките и жените посветени на Бога.
85-годишниот Франциск постојано го осудува „насилството и ропскиот однос кон жените“. Прашањето за калуѓерките кои ги извршуваат домашните работи во служба на машката црковна хиерархија, особено на кардиналите и членовите на Куријата, веќе беше во центарот на јавниот интерес.