калкулатор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalkulator/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 08:42:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png калкулатор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalkulator/ 32 32 Битолскиот професор Трајковски направи и објави калкулатор, за секој да си пресметува колку струја потрошил во секој момент https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bitolskiot-profesor-trajkovski-napravi-i-objavi-kalkulator-za-sekoj-da-si-presmetuva-kolku-struja-potroshil-vo-sekoj-moment/ Thu, 21 Jul 2022 08:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=531691

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски создаде табела за пресметка на потрошената електрична енергија во секој момент. На тој начин граѓаните во секој момент ќе знаат во која група на потрошувачи припаѓаат.

„Во светло на најновото поскапување на електричната енергија, корисно е да имаме калкулатор за прелиминарна пресметка на следната сметка за ел. енергија.

Од линкот подолу секој може да ја преземе Ексел табелата (по отворањето > File > Download), со чија помош можеме да ги пресметаме потрошените количества и цени во сите 4 групи од високата тарифа, како и од ниската тарифа во даден ден.

Бидејќи праговите на потрошувачката во групите важат за бројот на денови од последната фактура до денешниот ден, не мораме да чекаме да поминат 35 дена, за да видиме дали сме пречекориле во некоја од поскапите групи.

Во табелата не мораме ништо да менуваме во розовите полиња сé до следното поскапување на електричната енергија.

Во жолтите полиња ќе менуваме само откако инкасантот ја отчитал состојбата, односно сме ја добиле фактурата за изминатиот период, а во зелените полиња можеме да менуваме секој ден, според состојбата на броилото. Во белите полиња не смееме да менуваме ништо, за да не ги нарушиме формулите.

Состојбите за висока и ниска тарифа од последната фактура ќе ги препишеме од колоната „Нова состојба“ на фактурата.
Состојбите за висока и ниска тарифа за денешниот ден ќе ги отчитуваме од нашето двотарифно броило. За да ја отчитаме состојбата од високата тарифа ќе почекаме да се појави шифрата 1.8.1, а за ниската тарифа – 1.8.2.

Во нашата табела ќе видиме и колку процентуално сме искористиле од секоја од групите и дали ни се заканува опасност да навлеземе во најскапата група ВТ4. Би требало по секоја цена да избегнуваме да навлеземе во таа група, бидејќи цената на еден киловатчас, со вклучено 5% ДДВ изнесува неверојатни 18,35 денари!!

Ова е за 139% поскапо од поранешната цена според високата тарифа.

Со рационално трошење ќе можеме и понатаму да добиваме разумни сметки за електрична енергија. Нека е со среќа!

Коментар. Иако праговите на групите РКЕ ги дава на ниво од 30 дена (210, 630, 1050 киловатчасови), тоа не значи дека при отчитување на 35 дена автоматски ќе пречекориме во најскапата група ВТ4, како што коментираа од Демократската партија на Албанците.

РКЕ ова го појаснува, односно ако отчитувањето се извршило на подолг период, да речеме 365 дена, праговите ќе бидат пресметани пропорционално, според дневните вредности на праговите (7, 21 и 35 киловатчасови дневно).“

Табелата можете да ја отворите ТУКА, а потоа да ги внесете вашите параметри.

НАПОМЕНА: За да можете да внесувате податоци во табелата, потребно е да ја даунлодирате (симнете) на вашиот комјутер, а потоа преку едит опцијата, или со едноставно кликање на полињата, да ги внесувате вашите параметри (бројки).

The post Битолскиот професор Трајковски направи и објави калкулатор, за секој да си пресметува колку струја потрошил во секој момент appeared first on Република.

]]>

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски создаде табела за пресметка на потрошената електрична енергија во секој момент. На тој начин граѓаните во секој момент ќе знаат во која група на потрошувачи припаѓаат. „Во светло на најновото поскапување на електричната енергија, корисно е да имаме калкулатор за прелиминарна пресметка на следната сметка за ел. енергија. Од линкот подолу секој може да ја преземе Ексел табелата (по отворањето > File > Download), со чија помош можеме да ги пресметаме потрошените количества и цени во сите 4 групи од високата тарифа, како и од ниската тарифа во даден ден. Бидејќи праговите на потрошувачката во групите важат за бројот на денови од последната фактура до денешниот ден, не мораме да чекаме да поминат 35 дена, за да видиме дали сме пречекориле во некоја од поскапите групи. Во табелата не мораме ништо да менуваме во розовите полиња сé до следното поскапување на електричната енергија. Во жолтите полиња ќе менуваме само откако инкасантот ја отчитал состојбата, односно сме ја добиле фактурата за изминатиот период, а во зелените полиња можеме да менуваме секој ден, според состојбата на броилото. Во белите полиња не смееме да менуваме ништо, за да не ги нарушиме формулите. Состојбите за висока и ниска тарифа од последната фактура ќе ги препишеме од колоната „Нова состојба“ на фактурата. Состојбите за висока и ниска тарифа за денешниот ден ќе ги отчитуваме од нашето двотарифно броило. За да ја отчитаме состојбата од високата тарифа ќе почекаме да се појави шифрата 1.8.1, а за ниската тарифа – 1.8.2. Во нашата табела ќе видиме и колку процентуално сме искористиле од секоја од групите и дали ни се заканува опасност да навлеземе во најскапата група ВТ4. Би требало по секоја цена да избегнуваме да навлеземе во таа група, бидејќи цената на еден киловатчас, со вклучено 5% ДДВ изнесува неверојатни 18,35 денари!! Ова е за 139% поскапо од поранешната цена според високата тарифа. Со рационално трошење ќе можеме и понатаму да добиваме разумни сметки за електрична енергија. Нека е со среќа! Коментар. Иако праговите на групите РКЕ ги дава на ниво од 30 дена (210, 630, 1050 киловатчасови), тоа не значи дека при отчитување на 35 дена автоматски ќе пречекориме во најскапата група ВТ4, како што коментираа од Демократската партија на Албанците. РКЕ ова го појаснува, односно ако отчитувањето се извршило на подолг период, да речеме 365 дена, праговите ќе бидат пресметани пропорционално, според дневните вредности на праговите (7, 21 и 35 киловатчасови дневно).“ Табелата можете да ја отворите ТУКА, а потоа да ги внесете вашите параметри. НАПОМЕНА: За да можете да внесувате податоци во табелата, потребно е да ја даунлодирате (симнете) на вашиот комјутер, а потоа преку едит опцијата, или со едноставно кликање на полињата, да ги внесувате вашите параметри (бројки).

The post Битолскиот професор Трајковски направи и објави калкулатор, за секој да си пресметува колку струја потрошил во секој момент appeared first on Република.

]]>
Граѓаните не го разбираат новиот тарифник на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-ne-go-razbiraat-noviot-tarifnik-na-strujata/ Thu, 30 Jun 2022 15:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=521681

Дел од граѓаните, особено оние повозрасните со низа нејаснотии за новите цени  на струјата кој вчера ги објавија РКЕ и за начинот на пресметките, објави Телма.

И дел од експертите се согласни дека голем дел од луѓето не разбрираат што значи новиот тарифник и дека лграѓаните ги интересира колку треба да платат и зошто се нивните сметки повосоки.

Вчера РКЕ соопшти дека цената  на струјата од први јули  во просек ќе се зголеми за 7, 4 проценти. Поскапување на киловатите ќе има кај сите домаќинства и оние кои се во првиот и оние од последниот блок. Најмало поскпување од 5, 5 проценти ќе добијат оние кои ќе трошат до 210 киловат часови, а најголемо зголемување на цената за дури 140 отсто ќе имаат оние од последниот блок со потрошувачка над 1050 киловати. Минимално поскапува и евтината тарифа. На страната на РКЕ е поставен калкулатор со кој граѓаните можат да пресметтаат врз основа на потршените киловати во висока тарифа колку ќе треба да платата. Новата цена на струјата и тарифникот за пресемтка важат од први јули.

The post Граѓаните не го разбираат новиот тарифник на струјата appeared first on Република.

]]>

Дел од граѓаните, особено оние повозрасните со низа нејаснотии за новите цени  на струјата кој вчера ги објавија РКЕ и за начинот на пресметките, објави Телма. И дел од експертите се согласни дека голем дел од луѓето не разбрираат што значи новиот тарифник и дека лграѓаните ги интересира колку треба да платат и зошто се нивните сметки повосоки. Вчера РКЕ соопшти дека цената  на струјата од први јули  во просек ќе се зголеми за 7, 4 проценти. Поскапување на киловатите ќе има кај сите домаќинства и оние кои се во првиот и оние од последниот блок. Најмало поскпување од 5, 5 проценти ќе добијат оние кои ќе трошат до 210 киловат часови, а најголемо зголемување на цената за дури 140 отсто ќе имаат оние од последниот блок со потрошувачка над 1050 киловати. Минимално поскапува и евтината тарифа. На страната на РКЕ е поставен калкулатор со кој граѓаните можат да пресметтаат врз основа на потршените киловати во висока тарифа колку ќе треба да платата. Новата цена на струјата и тарифникот за пресемтка важат од први јули.

The post Граѓаните не го разбираат новиот тарифник на струјата appeared first on Република.

]]>
Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izmenite-na-tarifniot-sistem-od-slednata-nedela-vo-megjuvreme-presmetuvajte-kolku-kje-plakjate-za-struja/ Mon, 13 Jun 2022 12:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=514567

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Остануваме отворени за сите забелешки и сугестии кои може единствено да одат само во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување. Во текот на наредната недела ќе се одржи уште една јавна дебата по што ќе се донесе одлуката за промена на тарифниот систем, а потоа и одлуката за новата цена на електричната енергија што ќе важи од 1 јули,  рече Бислимоски на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.

Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/

Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно.

Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.

-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

The post Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
-Остануваме отворени за сите забелешки и сугестии кои може единствено да одат само во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување. Во текот на наредната недела ќе се одржи уште една јавна дебата по што ќе се донесе одлуката за промена на тарифниот систем, а потоа и одлуката за новата цена на електричната енергија што ќе важи од 1 јули,  рече Бислимоски на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.
Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.
-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/ Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно. Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.
-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

The post Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја appeared first on Република.

]]>
Објавен калкуларот за струја: Пресметајте колку ќе плаќате со новите тарифи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/ Mon, 13 Jun 2022 10:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=514458

Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните сами можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки се прави онлајн. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна, даде и објаснување.

Евтината струја нема да влегува во блоковите. Во наредниот период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, тие единствено можат да одат во насока за зголемување на опсегот на блоковите. Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми, рече Бислимовски

Професорот Рубин Талевски го презентираше калкулаторот.

За да пресметате тука: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (erc.org.mk)

The post Објавен калкуларот за струја: Пресметајте колку ќе плаќате со новите тарифи appeared first on Република.