Калина Малеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalina-maleska/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 06:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калина Малеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalina-maleska/ 32 32 Вечерва во „Буква“ промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-bukva-promotsija-na-romanot-svetot-shto-go-izbrav-od-kalina-maleska/ Tue, 02 Apr 2024 06:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=761111

Во кафе книжарницата „Буква“ вечер ќе биде промовиран новиот роман од Калина Малеска „Светот што го избрав“. Романот е објавен како 227 книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“.

Промоцијата ќе се одвива низ разговор на Малеска со Илина Јакимовска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија.

„Светот што го избрав“ е приказна за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот. На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив. Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): различни генерации, класи, родови тензии, попречености, одлично пренесен детски поглед – Вера е еден од најдобро направените ликови. Се забележува веродостојност, ангажираност, прецизна ситуираност, неореализам (сцената со децата на кои таткото им забранува да си играат кај Леона). Се чувствува љубов и емпатија кон луѓето, но и критичност“. На хетерогеноста се осврнува и Оливера Ќорвезироска, според која „убав е миксот на интересите и ликовите, на надворешното (комисијата) и внатрешното (женската потреба од љубов изразена на многу впечатлив, невообичаен и автентичен начин)“, а комплексноста на романот се огледа и во присуството на „филозофските наслаги, етичките размисли, есеизираноста во една необична форма“.

Калина Малеска е авторка на три збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга 1998), Именување на инсектот (Слово 2008), Мојот непријател Итар Пејо (Или-Или 2016) и Скопје во високата зона (Или-Или 2021), романите Бруно и боите (Слово 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово 2014), драмата Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија (Слово 2010), книгите за деца Арно ама (Или-Или 2018) и Вонземјанинот Лу-Ру-Су (Или-Или 2021), книжевните студии Облици на моќ во современата книжевност (Или-Или 2020) и Визија, трансформација: Утопии, дистопии и други замислени светови (Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2023), како и уредник и коавтор на студијата Кон-текстот: дигитални осврти (самостојно издание 2023).

Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се: Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс, Волшебникот од Оз од Л. Френк Баум, Мали нешта како овие од Клер Киган.

 

The post Вечерва во „Буква“ промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска appeared first on Република.

]]>

Во кафе книжарницата „Буква“ вечер ќе биде промовиран новиот роман од Калина Малеска „Светот што го избрав“. Романот е објавен како 227 книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“. Промоцијата ќе се одвива низ разговор на Малеска со Илина Јакимовска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија. „Светот што го избрав“ е приказна за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот. На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив. Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): различни генерации, класи, родови тензии, попречености, одлично пренесен детски поглед – Вера е еден од најдобро направените ликови. Се забележува веродостојност, ангажираност, прецизна ситуираност, неореализам (сцената со децата на кои таткото им забранува да си играат кај Леона). Се чувствува љубов и емпатија кон луѓето, но и критичност“. На хетерогеноста се осврнува и Оливера Ќорвезироска, според која „убав е миксот на интересите и ликовите, на надворешното (комисијата) и внатрешното (женската потреба од љубов изразена на многу впечатлив, невообичаен и автентичен начин)“, а комплексноста на романот се огледа и во присуството на „филозофските наслаги, етичките размисли, есеизираноста во една необична форма“. Калина Малеска е авторка на три збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга 1998), Именување на инсектот (Слово 2008), Мојот непријател Итар Пејо (Или-Или 2016) и Скопје во високата зона (Или-Или 2021), романите Бруно и боите (Слово 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово 2014), драмата Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија (Слово 2010), книгите за деца Арно ама (Или-Или 2018) и Вонземјанинот Лу-Ру-Су (Или-Или 2021), книжевните студии Облици на моќ во современата книжевност (Или-Или 2020) и Визија, трансформација: Утопии, дистопии и други замислени светови (Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2023), како и уредник и коавтор на студијата Кон-текстот: дигитални осврти (самостојно издание 2023). Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се: Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс, Волшебникот од Оз од Л. Френк Баум, Мали нешта како овие од Клер Киган.  

The post Вечерва во „Буква“ промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Светот што го избрав“ од Калина Малеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-svetot-shto-go-izbrav-od-kalina-maleska/ Mon, 01 Apr 2024 07:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=760758

Промоција на новиот роман „Светот што го избрав“ од Калина Малеска ќе се одржи утревечер, на 2 април во 19.30 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата е замислена како разговор кој со авторката ќе го води Илина Јакимовска.

Романот „Светот што го избрав“ е приказна за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот. На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив.

Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): различни генерации, класи, родови тензии, попречености, одлично пренесен детски поглед – Вера е еден од најдобро направените ликови. Се забележува веродостојност, ангажираност, прецизна ситуираност, неореализам (сцената со децата на кои таткото им забранува да си играат кај Леона). Се чувствува љубов и емпатија кон луѓето, но и критичност“.

На хетерогеноста се осврнува и Оливера Ќорвезироска, според која „убав е миксот на интересите и ликовите, на надворешното (комисијата) и внатрешното (женската потреба од љубов изразена на многу впечатлив, невообичаен и автентичен начин)“, а комплексноста на романот се огледа и во присуството на „филозофските наслаги, етичките размисли, есеизираноста во една необична форма“.

Калина Малеска е авторка на три збирки раскази: „Недоразбирања“ (Македонска книга 1998), „Именување на инсектот“ (Слово 2008), „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или 2016) и „Скопје во високата зона“ (Или-Или 2021), романите „Бруно и боите“ (Слово 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово 2010), книгите за деца „Арно ама“ (Или-Или 2018) и Вонземјанинот „Лу-Ру-Су“ (Или-Или 2021), книжевните студии Облици на моќ во современата книжевност (Или-Или 2020) и Визија, трансформација: Утопии, дистопии и други замислени светови (Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2023), како и уредник и коавтор на студијата Кон-текстот: дигитални осврти (самостојно издание 2023).

Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се: Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс, Волшебникот од Оз од Л. Френк Баум, Мали нешта како овие од Клер Киган.

Илина Јакимовска е редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија, авторка на бројни стручни студии како и на неколку книжевни дела. Го води блогот за култура Bookbox на порталот off.net.mk и аудио подкастот „Обични луѓе“.

The post Промоција на „Светот што го избрав“ од Калина Малеска appeared first on Република.

]]>

Промоција на новиот роман „Светот што го избрав“ од Калина Малеска ќе се одржи утревечер, на 2 април во 19.30 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата е замислена како разговор кој со авторката ќе го води Илина Јакимовска. Романот „Светот што го избрав“ е приказна за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот. На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив. Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): различни генерации, класи, родови тензии, попречености, одлично пренесен детски поглед – Вера е еден од најдобро направените ликови. Се забележува веродостојност, ангажираност, прецизна ситуираност, неореализам (сцената со децата на кои таткото им забранува да си играат кај Леона). Се чувствува љубов и емпатија кон луѓето, но и критичност“. На хетерогеноста се осврнува и Оливера Ќорвезироска, според која „убав е миксот на интересите и ликовите, на надворешното (комисијата) и внатрешното (женската потреба од љубов изразена на многу впечатлив, невообичаен и автентичен начин)“, а комплексноста на романот се огледа и во присуството на „филозофските наслаги, етичките размисли, есеизираноста во една необична форма“. Калина Малеска е авторка на три збирки раскази: „Недоразбирања“ (Македонска книга 1998), „Именување на инсектот“ (Слово 2008), „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или 2016) и „Скопје во високата зона“ (Или-Или 2021), романите „Бруно и боите“ (Слово 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово 2010), книгите за деца „Арно ама“ (Или-Или 2018) и Вонземјанинот „Лу-Ру-Су“ (Или-Или 2021), книжевните студии Облици на моќ во современата книжевност (Или-Или 2020) и Визија, трансформација: Утопии, дистопии и други замислени светови (Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2023), како и уредник и коавтор на студијата Кон-текстот: дигитални осврти (самостојно издание 2023). Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се: Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс, Волшебникот од Оз од Л. Френк Баум, Мали нешта како овие од Клер Киган. Илина Јакимовска е редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија, авторка на бројни стручни студии како и на неколку книжевни дела. Го води блогот за култура Bookbox на порталот off.net.mk и аудио подкастот „Обични луѓе“.

The post Промоција на „Светот што го избрав“ од Калина Малеска appeared first on Република.

]]>
Промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-zbirkata-raskazi-skopje-vo-visokata-zona-od-kalina-maleska-vo-bukva/ Wed, 13 Apr 2022 07:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=487637

Збирката раскази „Скопје во високата зона“ од авторката Калина Малеска ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Буква“ на 13 април, среда.

Промоторка на збирката издадена од „Или-или“ е Лидија Капушевска Дракулевска, а промоцијата ќе започне во 20 часот.

Капушевска-Дракулевска објаснува дека збирката се состои од раскази разнородни по структурата и наративните методи, а содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфични моменти од животот.

„Расказите низ четири циклуси, се сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи“, се вели во освртот.

Владимир Мартиновски се надоврзува дека авторката создала еден вид на скопски „времеплов“,  во кој низ фикционална призма читателите можат да ги следат не само трансформациите на урбаниот простор, ами и промените на навиките, сфаќањата, меѓучовечките односи, менталитетите, вредносните системи и светогледите на скопјани низ вековите.

Калина Малеска е авторка на три збирки раскази –  „Недоразбирања“ (Македонска книга, 1998), „Именување на инсектот“ (Слово, 2008) и „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или, 2016), романите „Бруно и боите“ (Слово, 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово, 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово, 2010), книгата за деца „Арно ама“ (Или-Или, 2018) и книжевната студија „Облици на моќ во современата книжевност“ (Или-Или, 2020).

Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се „Тристрам Шенди“ од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс и „Волшебникот од Оз“ од Л. Френк Баум.

The post Промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Збирката раскази „Скопје во високата зона“ од авторката Калина Малеска ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Буква“ на 13 април, среда. Промоторка на збирката издадена од „Или-или“ е Лидија Капушевска Дракулевска, а промоцијата ќе започне во 20 часот. Капушевска-Дракулевска објаснува дека збирката се состои од раскази разнородни по структурата и наративните методи, а содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфични моменти од животот. „Расказите низ четири циклуси, се сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи“, се вели во освртот. Владимир Мартиновски се надоврзува дека авторката создала еден вид на скопски „времеплов“,  во кој низ фикционална призма читателите можат да ги следат не само трансформациите на урбаниот простор, ами и промените на навиките, сфаќањата, меѓучовечките односи, менталитетите, вредносните системи и светогледите на скопјани низ вековите. Калина Малеска е авторка на три збирки раскази –  „Недоразбирања“ (Македонска книга, 1998), „Именување на инсектот“ (Слово, 2008) и „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или, 2016), романите „Бруно и боите“ (Слово, 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово, 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово, 2010), книгата за деца „Арно ама“ (Или-Или, 2018) и книжевната студија „Облици на моќ во современата книжевност“ (Или-Или, 2020). Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се „Тристрам Шенди“ од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс и „Волшебникот од Оз“ од Л. Френк Баум.

The post Промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>