Калиа Димитрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalia-dimitrova/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 16:45:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калиа Димитрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalia-dimitrova/ 32 32 Македонските писателки Лидија Димковска и Калиа Димитрова го добија книжевното признание „Штефица Цвек“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskite-pisatelki-lidija-dimkovska-i-kalia-dimitrova-go-dobija-knizhevnoto-priznanie-shtefitsa-tsvek/ Mon, 16 Sep 2024 16:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=816881

Овогодинешното трето по ред книжевно признание „Штефица Цвек“ го добија седум книги од регионот, од вкупно 153 номинирани наслови. Прогласувањето на книжевниот избор се одржа во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина во рамки на Фестивалот за женска уметност и активизам „Пичвајз“, a признанијата на добитничките ќе им бидат врачени во рамки на програмата на Културтрегер/Букса „Ревија на мали книжевности“ во Загреб, во октомври.

Низ неколку кругови на жирирање изборот на крајот се сведе на 7 добитнички изданија! Наместо да избере само еден победник, ‘Штефица Цвек’ го слави колективното влијание на овие дела кои ги предизвикуваат конвенциите, поттикнуваат критичка мисла и нудат нов поглед на горливите прашања на нашето време“, истакнуваат организаторите.

За конечниот книжевен избор, именуван според хероината на феминистичкиот класик на Дубравка Угрешиќ, одлучуваше жири-комисијата составена од членките Маја Абаџија од Босна и Херцеговина, Дара Шљукиќ од Србија и Мања Величковска од Македонија. Додека, првиот круг на жирито го сочинуваа Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ.

Така, со признанието „Штефица Цвек“ награден е романот „Стрвинари старог свијета“ на Теа Тулиќ (Oceanmore, 2023).

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска (ТРИ, 2023) ја добива заслугата за, како што велат оттаму, маестрално спојување на геополитичките тензии со сложените семејни динамики.

Дебитантскиот роман на авторката Ева Симчиќ „Четири лакта унутра“ (V.B.Z., 2023) плени со автентичноста на нејзината емигрантска приказна, забележува жири-комисијата.

„Куќа се није мрднула“ на Јелена Анѓеловска (Партизанска книга, 2023) е поетско-драмска и прозна стихозбирка, во која песните „се случуваат“ на покриви од згради, во куќи и во бегалски станови. Збирката ја обработува темата на куќата низ бегалското искуство, губењето на домот, потстанарскиот живот, наследувањето имот и во сигурната куќа на една лезбејска организација.

„Во хаосот радост“ на Калиа Димитрова (самиздата, 2023) е книга која се истакнува поради храбрата духовитост, непретенциозната циничност и умешноста во пронаоѓањето радост во тесногледата култура на доцнокапиталистичкиот и хетеропатријархален хаос.

„Марија Андријашевиќ во книгата ‘Темељене куќе’ (Фрактура, 2023) постигнува прецизен баланс меѓу експерименталноста и комуникативноста. Во секој од прозно-поетските ‘блокови’ што ја сочинуваат оваа книга доминира самосвесен женски глас кој промислува тема која недоволно се дискутира во локалната книжевност- родовиот аспект на наследувањето имот.

Овогодинешното признание е доделено и на изданието на групата автор(к)и на книгата „Жене БиХ за дијецу – илустровано путовање с изузетим женама из прошлости“ (Сарајевски отворени центар, 2023) чија вредност, посочува жирито, лежи токму во тоа што, потпирајќи се на богатата традиција на жанрот и учејќи од неа ја покажува неговата широчина и слоевитост.

 

The post Македонските писателки Лидија Димковска и Калиа Димитрова го добија книжевното признание „Штефица Цвек“ appeared first on Република.

]]>

Овогодинешното трето по ред книжевно признание „Штефица Цвек“ го добија седум книги од регионот, од вкупно 153 номинирани наслови. Прогласувањето на книжевниот избор се одржа во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина во рамки на Фестивалот за женска уметност и активизам „Пичвајз“, a признанијата на добитничките ќе им бидат врачени во рамки на програмата на Културтрегер/Букса „Ревија на мали книжевности“ во Загреб, во октомври.
Низ неколку кругови на жирирање изборот на крајот се сведе на 7 добитнички изданија! Наместо да избере само еден победник, ‘Штефица Цвек’ го слави колективното влијание на овие дела кои ги предизвикуваат конвенциите, поттикнуваат критичка мисла и нудат нов поглед на горливите прашања на нашето време“, истакнуваат организаторите.
За конечниот книжевен избор, именуван според хероината на феминистичкиот класик на Дубравка Угрешиќ, одлучуваше жири-комисијата составена од членките Маја Абаџија од Босна и Херцеговина, Дара Шљукиќ од Србија и Мања Величковска од Македонија. Додека, првиот круг на жирито го сочинуваа Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ. Така, со признанието „Штефица Цвек“ награден е романот „Стрвинари старог свијета“ на Теа Тулиќ (Oceanmore, 2023). „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска (ТРИ, 2023) ја добива заслугата за, како што велат оттаму, маестрално спојување на геополитичките тензии со сложените семејни динамики. Дебитантскиот роман на авторката Ева Симчиќ „Четири лакта унутра“ (V.B.Z., 2023) плени со автентичноста на нејзината емигрантска приказна, забележува жири-комисијата. „Куќа се није мрднула“ на Јелена Анѓеловска (Партизанска книга, 2023) е поетско-драмска и прозна стихозбирка, во која песните „се случуваат“ на покриви од згради, во куќи и во бегалски станови. Збирката ја обработува темата на куќата низ бегалското искуство, губењето на домот, потстанарскиот живот, наследувањето имот и во сигурната куќа на една лезбејска организација. „Во хаосот радост“ на Калиа Димитрова (самиздата, 2023) е книга која се истакнува поради храбрата духовитост, непретенциозната циничност и умешноста во пронаоѓањето радост во тесногледата култура на доцнокапиталистичкиот и хетеропатријархален хаос. „Марија Андријашевиќ во книгата ‘Темељене куќе’ (Фрактура, 2023) постигнува прецизен баланс меѓу експерименталноста и комуникативноста. Во секој од прозно-поетските ‘блокови’ што ја сочинуваат оваа книга доминира самосвесен женски глас кој промислува тема која недоволно се дискутира во локалната книжевност- родовиот аспект на наследувањето имот. Овогодинешното признание е доделено и на изданието на групата автор(к)и на книгата „Жене БиХ за дијецу – илустровано путовање с изузетим женама из прошлости“ (Сарајевски отворени центар, 2023) чија вредност, посочува жирито, лежи токму во тоа што, потпирајќи се на богатата традиција на жанрот и учејќи од неа ја покажува неговата широчина и слоевитост.  

The post Македонските писателки Лидија Димковска и Калиа Димитрова го добија книжевното признание „Штефица Цвек“ appeared first on Република.

]]>