календар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalendar/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Apr 2023 19:42:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png календар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalendar/ 32 32 Формила 1 бара начин да го оптимизира календарот за да има помлаку патување меѓу трките https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/formila-1-bara-nachin-da-go-optimizira-kalendarot-za-da-ima-pomlaku-patuvane-megu-trkite/ Sat, 22 Apr 2023 19:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=633087

Раководството на Формула 1 работи на оптимизирање на тркачкиот календар за сезоната 2024 година. Се разгледуваат опциите домаќините на трките да добијат променети термини.

На пример, Ф1 размислува за одржување трки во Австралија, Кина и Јапонија. За да го направи тоа, раководството на Ф1 ќе треба да ги убеди организаторите на Јапонското ГП да го сменат датумот и да ја префрлат трката во пролетниот дел од шампионатот.

Се разгледува и прашањето за трансфер на стартот на сезоната 2024 во Саудиска Арабија. Големата награда на Бахреин во овој случај ќе биде презакажана за да не се трка за време на Рамазан.

Веќе е разгледана и опцијата за одржување последователни трки во Канада и Мајами, за да нема враќање во Европа меѓу двете етапи.

Организаторите на Канадското ГП не се против оваа опција, но наводно не сакаат да го поместат датумот на трката од јуни во друг месец.

The post Формила 1 бара начин да го оптимизира календарот за да има помлаку патување меѓу трките appeared first on Република.

]]>

Раководството на Формула 1 работи на оптимизирање на тркачкиот календар за сезоната 2024 година. Се разгледуваат опциите домаќините на трките да добијат променети термини. На пример, Ф1 размислува за одржување трки во Австралија, Кина и Јапонија. За да го направи тоа, раководството на Ф1 ќе треба да ги убеди организаторите на Јапонското ГП да го сменат датумот и да ја префрлат трката во пролетниот дел од шампионатот. Се разгледува и прашањето за трансфер на стартот на сезоната 2024 во Саудиска Арабија. Големата награда на Бахреин во овој случај ќе биде презакажана за да не се трка за време на Рамазан. Веќе е разгледана и опцијата за одржување последователни трки во Канада и Мајами, за да нема враќање во Европа меѓу двете етапи. Организаторите на Канадското ГП не се против оваа опција, но наводно не сакаат да го поместат датумот на трката од јуни во друг месец.

The post Формила 1 бара начин да го оптимизира календарот за да има помлаку патување меѓу трките appeared first on Република.

]]>
Австралиските пожарникари снимија нов секси-календар https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/avstraliskite-pozarnikari-snimija-nov-seksi-kalendar/ Tue, 25 Oct 2022 09:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=565339

Австралиските пожарникари традиционално секоја година објавуваат календар во кој позираат во секси пози, најчесто голи до појас.

Тие направија шест варијанти на календарот, класична, само во фармерки, со животни… Сите приходи од продажбата, како и секоја година, одат во хуманитарни цели.

Мускулестите момци досега им помогнале на многу хуманитарни организации, особено на оние што се грижат за болни деца или за заштита на животни, и очигледно немаат намера да ја прекинат таа традиција.

Календарите ги порачуваат луѓе од целиот свет, а цената е 14.77 евра. За купени три календари следува попуст од 10 проценти.

Календарите се испорачуваат и во Европа, па сега е вистинско време за порачка – да пристигнат навреме за празничната сезона.

https://youtu.be/xYu_a8EjLUA

The post Австралиските пожарникари снимија нов секси-календар appeared first on Република.

]]>

Австралиските пожарникари традиционално секоја година објавуваат календар во кој позираат во секси пози, најчесто голи до појас. Тие направија шест варијанти на календарот, класична, само во фармерки, со животни… Сите приходи од продажбата, како и секоја година, одат во хуманитарни цели. Мускулестите момци досега им помогнале на многу хуманитарни организации, особено на оние што се грижат за болни деца или за заштита на животни, и очигледно немаат намера да ја прекинат таа традиција. Календарите ги порачуваат луѓе од целиот свет, а цената е 14.77 евра. За купени три календари следува попуст од 10 проценти. Календарите се испорачуваат и во Европа, па сега е вистинско време за порачка – да пристигнат навреме за празничната сезона. https://youtu.be/xYu_a8EjLUA

The post Австралиските пожарникари снимија нов секси-календар appeared first on Република.

]]>
Откриен најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrien-najraniot-primerok-od-svetiot-kalendar-na-maite/ Tue, 19 Apr 2022 08:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=490381

Археолози во Гватемала го откриле најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите меѓу фрагменти од древен мурал.

На еден мал фрагмент од муралот кој некогаш го украсувал ѕидот на храмот, под црната точка и полната линија, може да се видат траги од глава на животно, симболи кои претставуваат „7 елен“ (еден од 260-те дена во календарот).

Историски записи за овој „свет“ календар биле пронајдени и порано во Централна Америка, но било многу тешко да се датираат со сигурност. Ова ново откритие е многу редок пример за јасен хиероглифски ден во годината, кој настанал некаде помеѓу 200 и 300 п.н.е., повеќе од илјада години порано од другите календарски хиероглифи пронајдени во Гватемала.

Археолозите веруваат дека календарот бил во употреба многу пред да биде запишан овој датум, пишува „Science Alert“.

Овие докази покажуваат дека повеќе не можеме да издвоиме еден регион на Мезоамерика, како што е Оаксака, како почетна точка за пишување или бележење календари - велат авторите на студијата.

Откриен во темелите на древна пирамида

Археолозите го пронашле овој фрагмент со датум „7 елен“ во темелите на пирамидата Лас Пинтурас, која се наоѓа во Сан Бартол во Гватемала. Пирамидата има неколку историски слоеви на цивилизацијата на Маите, наредени еден врз друг, а најстариот датира од 800 година п.н.е.

Пирамидата е последната градба изградена на тоа место и е позната по насликаните мурали кои ја прикажуваат митологијата на Маите. Под пирамидата се наоѓаат уште неколку постари градби. Во 2005 година, за време на ископувањата на петтиот слој на структурата, археолозите открија остатоци од ѕидови со најраните докази за хиероглифско писмо во регионот на Маите.

При последователните ископувања на истиот слој, веројатно е откриена најраната копија од хиероглифскиот календар на таа древна цивилизација. Фрагменти од обоен малтер веројатно некогаш биле дел од ѕиден мурал, кој во некои делови бил обоен со боја, а на други имало црни линии. Денот „7 елен“, на пример, е напишан со црно.

„7 елен“

Познато е дека Маите имале 260-дневен „свет“ календар кој сè уште го користат некои домородни заедници. Календарот има 20 дена кои се повторуваат 13 пати годишно. По денот „7 елен“ следуваат „8 зајак“, „9 вода“ и „10 куче“.

Горенаведениот фрагмент е хиероглиф на кој јасно се гледа глава на елен. Над оваа глава, која е врамена со едноставна позадина, е бројот 7 со цртичка и точка. Долниот фрагмент, кој се наоѓа веднаш под календарот, вклучува уште еден хиероглиф со непознато значење. Позицијата на датумот сугерира дека тој служи како еден вид натпис за она што е прикажано подолу.

Можно е еленот исто така да претставува име, бидејќи Маите понекогаш биле именувани по календарски настани. Археолозите, сепак, веруваат дека е поверојатно дека тоа е датум.

The post Откриен најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите appeared first on Република.

]]>

Археолози во Гватемала го откриле најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите меѓу фрагменти од древен мурал. На еден мал фрагмент од муралот кој некогаш го украсувал ѕидот на храмот, под црната точка и полната линија, може да се видат траги од глава на животно, симболи кои претставуваат „7 елен“ (еден од 260-те дена во календарот). Историски записи за овој „свет“ календар биле пронајдени и порано во Централна Америка, но било многу тешко да се датираат со сигурност. Ова ново откритие е многу редок пример за јасен хиероглифски ден во годината, кој настанал некаде помеѓу 200 и 300 п.н.е., повеќе од илјада години порано од другите календарски хиероглифи пронајдени во Гватемала. Археолозите веруваат дека календарот бил во употреба многу пред да биде запишан овој датум, пишува „Science Alert“.
Овие докази покажуваат дека повеќе не можеме да издвоиме еден регион на Мезоамерика, како што е Оаксака, како почетна точка за пишување или бележење календари - велат авторите на студијата.

Откриен во темелите на древна пирамида

Археолозите го пронашле овој фрагмент со датум „7 елен“ во темелите на пирамидата Лас Пинтурас, која се наоѓа во Сан Бартол во Гватемала. Пирамидата има неколку историски слоеви на цивилизацијата на Маите, наредени еден врз друг, а најстариот датира од 800 година п.н.е. Пирамидата е последната градба изградена на тоа место и е позната по насликаните мурали кои ја прикажуваат митологијата на Маите. Под пирамидата се наоѓаат уште неколку постари градби. Во 2005 година, за време на ископувањата на петтиот слој на структурата, археолозите открија остатоци од ѕидови со најраните докази за хиероглифско писмо во регионот на Маите. При последователните ископувања на истиот слој, веројатно е откриена најраната копија од хиероглифскиот календар на таа древна цивилизација. Фрагменти од обоен малтер веројатно некогаш биле дел од ѕиден мурал, кој во некои делови бил обоен со боја, а на други имало црни линии. Денот „7 елен“, на пример, е напишан со црно.

„7 елен“

Познато е дека Маите имале 260-дневен „свет“ календар кој сè уште го користат некои домородни заедници. Календарот има 20 дена кои се повторуваат 13 пати годишно. По денот „7 елен“ следуваат „8 зајак“, „9 вода“ и „10 куче“. Горенаведениот фрагмент е хиероглиф на кој јасно се гледа глава на елен. Над оваа глава, која е врамена со едноставна позадина, е бројот 7 со цртичка и точка. Долниот фрагмент, кој се наоѓа веднаш под календарот, вклучува уште еден хиероглиф со непознато значење. Позицијата на датумот сугерира дека тој служи како еден вид натпис за она што е прикажано подолу. Можно е еленот исто така да претставува име, бидејќи Маите понекогаш биле именувани по календарски настани. Археолозите, сепак, веруваат дека е поверојатно дека тоа е датум.

The post Откриен најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите appeared first on Република.

]]>