календар на мпц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalendar-na-mpts/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 06:37:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png календар на мпц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalendar-na-mpts/ 32 32 Православната црква го празнува Свети апостол Тома https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnata-tsrkva-go-praznuva-sveti-apostol-toma/ Sat, 19 Oct 2024 06:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=828669

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 октомври. Денеска е Свети апостол Тома.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите.

Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот.

Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

The post Православната црква го празнува Свети апостол Тома appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 октомври. Денеска е Свети апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

The post Православната црква го празнува Свети апостол Тома appeared first on Република.

]]>
Православната црква слави Собор на сите македонски Светители https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnata-tsrkva-slavi-sobor-na-site-makedonski-svetiteli/ Sun, 06 Oct 2024 06:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=823315

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети маченик Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Струмички, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета.

Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав.

Тропар

Ти, која порано неплодна беше, сега развесели се, зашто го зачна светилото кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави целата Вселена, која од слепост боледуваше. Ликувај, Захарие, смело повикувајќи: Оној што треба да се роди е пророк на Севишниот.

Светата маченичка Ираида

Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по с ? изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ? ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век.

Тропар

Прилепувајќи се кон Женикот на душата твоја, Ираидо света, на испит се постави срцето твое, и ти повторно се откажа од демонските мечтаења, бирајќи Го Христа и вечната вистина. Затоа смерно од Бога венец маченички доби, а ние чест и поклонение ти воздаваме, надевајќи се на твоите молитви, света девственичке.

Светиот новомаченик Никола Пантопол

Како момче пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, во 1627 година. Таму се беше преселил татко му од Тесалија. Името Пантопол значи оној којшто продава с ? и сешто, а Никола го стекна бидејќи неговиот татко држеше ваква продавница. После многу принудувања да се потурчи и мачења затоа што не сакаше да се потурчи, го убија со меч. Моштите му почиваат во манастирот Ксиропотаму на Света Гора.

Тропар

Силниот оган на љубовта Христова пламтеше во срцето твое, Никола свети мачениче, и тебе ништо не те одвои од Господа, по Кого иташе како кошула по воден извор. Отфрлајќи ја агарјанската заблуда, Бога Го исповеда, лагата ја исмеа и венец маченички Господ ти дарува, со кој и нас закрили н? во славата ти дадена, во Небесното Царство Христово.

Светиот новомаченик Јован

Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“

Тропар

Благодатта Господова како ново вино во нов сад беше положена, во срцето твое, о Јоване свети мачениче, и ти озарен од љубовта Божја се приклони кон вистината, оставајќи ја измамата на телото. Затоа смртта повторно вкуси од адот, тебе венец непропадлив ти донесе во Царството на вечноста, од каде за нас моли се, ти кого Господ го приведе кон Себе.

The post Православната црква слави Собор на сите македонски Светители appeared first on Република.

]]>

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети маченик Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Струмички, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав. Тропар Ти, која порано неплодна беше, сега развесели се, зашто го зачна светилото кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави целата Вселена, која од слепост боледуваше. Ликувај, Захарие, смело повикувајќи: Оној што треба да се роди е пророк на Севишниот.

Светата маченичка Ираида

Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по с ? изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ? ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век. Тропар Прилепувајќи се кон Женикот на душата твоја, Ираидо света, на испит се постави срцето твое, и ти повторно се откажа од демонските мечтаења, бирајќи Го Христа и вечната вистина. Затоа смерно од Бога венец маченички доби, а ние чест и поклонение ти воздаваме, надевајќи се на твоите молитви, света девственичке.

Светиот новомаченик Никола Пантопол

Како момче пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, во 1627 година. Таму се беше преселил татко му од Тесалија. Името Пантопол значи оној којшто продава с ? и сешто, а Никола го стекна бидејќи неговиот татко држеше ваква продавница. После многу принудувања да се потурчи и мачења затоа што не сакаше да се потурчи, го убија со меч. Моштите му почиваат во манастирот Ксиропотаму на Света Гора. Тропар Силниот оган на љубовта Христова пламтеше во срцето твое, Никола свети мачениче, и тебе ништо не те одвои од Господа, по Кого иташе како кошула по воден извор. Отфрлајќи ја агарјанската заблуда, Бога Го исповеда, лагата ја исмеа и венец маченички Господ ти дарува, со кој и нас закрили н? во славата ти дадена, во Небесното Царство Христово.

Светиот новомаченик Јован

Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“ Тропар Благодатта Господова како ново вино во нов сад беше положена, во срцето твое, о Јоване свети мачениче, и ти озарен од љубовта Божја се приклони кон вистината, оставајќи ја измамата на телото. Затоа смртта повторно вкуси од адот, тебе венец непропадлив ти донесе во Царството на вечноста, од каде за нас моли се, ти кого Господ го приведе кон Себе.

The post Православната црква слави Собор на сите македонски Светители appeared first on Република.

]]>
Православната црква денеска го празнува свети маченик Калиник https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnata-tsrkva-deneska-go-praznuva-sveti-machenik-kalinik/ Sun, 11 Aug 2024 07:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=805339

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јули. Денеска е Свети маченик Калиник.

Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки.

Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А, во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина.

А, откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело.

The post Православната црква денеска го празнува свети маченик Калиник appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јули. Денеска е Свети маченик Калиник. Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки. Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А, во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина. А, откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело.

The post Православната црква денеска го празнува свети маченик Калиник appeared first on Република.

]]>
МПЦ денеска го празнува денот на Свети праведен Јов https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mpts-deneska-go-praznuva-denot-na-sveti-praveden-jov/ Sun, 19 May 2024 06:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=779684

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 мај. Денеска е Свети праведен Јов.

Свети Јов живееше околу 2000 години пред Христа, во Арабија. Во Библијата постои една цела книга Книга на Јов, која зборува за животот на овој чудесен пример на трпение и тврда вера во Бога меѓу луѓето. Неговите страдања се сметаат за праслика на Христовите страдања. Јов бил чесен и побожен човек, освен тоа и многу богат. Но, се случило така што во својата старост тој во еден ден го загубил целото свое семејство и сиот свој имот. И не само тоа, туку го нападнала и тешка болест.

Наоѓајќи се среде сите тие страдања Јов сепак ни во еден миг не похули на Бога. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде поголемо богатство од претходното, а му се родија и други синови и ќерки. Свети Јов проживеа долг живот, постојано славејќи го и благодарејќи му на Бога за се и се упокои во длабока старост.

The post МПЦ денеска го празнува денот на Свети праведен Јов appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 мај. Денеска е Свети праведен Јов. Свети Јов живееше околу 2000 години пред Христа, во Арабија. Во Библијата постои една цела книга Книга на Јов, која зборува за животот на овој чудесен пример на трпение и тврда вера во Бога меѓу луѓето. Неговите страдања се сметаат за праслика на Христовите страдања. Јов бил чесен и побожен човек, освен тоа и многу богат. Но, се случило така што во својата старост тој во еден ден го загубил целото свое семејство и сиот свој имот. И не само тоа, туку го нападнала и тешка болест. Наоѓајќи се среде сите тие страдања Јов сепак ни во еден миг не похули на Бога. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде поголемо богатство од претходното, а му се родија и други синови и ќерки. Свети Јов проживеа долг живот, постојано славејќи го и благодарејќи му на Бога за се и се упокои во длабока старост.

The post МПЦ денеска го празнува денот на Свети праведен Јов appeared first on Република.

]]>
Православните христијани го слават денот на Светата великомаченичка Ирина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnite-hristijani-go-slavat-denot-na-svetata-velikomachenichka-irina/ Sat, 18 May 2024 06:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=779358

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај. Денот е посветен на Светата великомаченичка Ирина.

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Ро¬дителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле.

Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа.

Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

 

The post Православните христијани го слават денот на Светата великомаченичка Ирина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај. Денот е посветен на Светата великомаченичка Ирина. Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Ро¬дителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле. Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа. Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.  

The post Православните христијани го слават денот на Светата великомаченичка Ирина appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Денеска е Свети Софрониј Ерусалимски https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-na-mpts-deneska-e-sveti-sofronij-erusalimski/ Sun, 24 Mar 2024 07:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=757976

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 март. Денеска се слави Свети Софрониј Ерусалимски.

Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во Палестина и Египет. Потоа се замонашил и самиот, во Александрија, каде тогаш патријарх бил свети Јован Милостивиот.

По смртта на Јован Мосх, тој се населил во Палестина, а во 634 бил избран за патријарх на Ерусалим. Во негово време, Ерусалим бил освоен од Арапите, со кои патријархот успеал да склучи мир и да ги сочува христијаните од угнетување. Се упокоил набрзо по освојувањето на Ерусалим, околу 638 година.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети Софрониј Ерусалимски appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 март. Денеска се слави Свети Софрониј Ерусалимски. Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во Палестина и Египет. Потоа се замонашил и самиот, во Александрија, каде тогаш патријарх бил свети Јован Милостивиот. По смртта на Јован Мосх, тој се населил во Палестина, а во 634 бил избран за патријарх на Ерусалим. Во негово време, Ерусалим бил освоен од Арапите, со кои патријархот успеал да склучи мир и да ги сочува христијаните од угнетување. Се упокоил набрзо по освојувањето на Ерусалим, околу 638 година.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети Софрониј Ерусалимски appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Денеска е Свети Порфириј, епископ на Газа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-na-mpts-deneska-e-sveti-porfirij-episkop-na-gaza/ Sun, 10 Mar 2024 07:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=753183

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 февруари. Денеска е Свети Порфириј, епископ на Газа.

Порфириј се родил во Солун. Живеел во четвртиот век. Откако го засакал подвижничкиот живот, на 20-годишна возраст отишол во Египет и се замонашил. Подоцна подвигот го продолжил во Палестина. На чудесен начин бил избран за епископ на Газа, во време додека се наоѓал на служба како свештеник во црквата на гробот Господов.

Во Газа управувал со Црквата 25 години во многу тешки услови. Се упокоил во 401 година.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети Порфириј, епископ на Газа appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 февруари. Денеска е Свети Порфириј, епископ на Газа. Порфириј се родил во Солун. Живеел во четвртиот век. Откако го засакал подвижничкиот живот, на 20-годишна возраст отишол во Египет и се замонашил. Подоцна подвигот го продолжил во Палестина. На чудесен начин бил избран за епископ на Газа, во време додека се наоѓал на служба како свештеник во црквата на гробот Господов. Во Газа управувал со Црквата 25 години во многу тешки услови. Се упокоил во 401 година.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети Порфириј, епископ на Газа appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Денеска е Свети Тарасиј Цариградски https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/kalendar-na-mpts-deneska-e-sveti-tarasij-tsarigradski/ Sat, 09 Mar 2024 08:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=752867

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари. Денеска се празнува Свети Тарасиј Цариградски.

Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патријархот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден манастир.

Свети Тарасиј беше претседател на Седмиот вселенски собор во 787 година, на кој му беше зададен решавачкиот удар на иконоборството. Ова големо светило на православната црква се упокои во 806 година.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети Тарасиј Цариградски appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари. Денеска се празнува Свети Тарасиј Цариградски. Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патријархот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден манастир. Свети Тарасиј беше претседател на Седмиот вселенски собор во 787 година, на кој му беше зададен решавачкиот удар на иконоборството. Ова големо светило на православната црква се упокои во 806 година.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети Тарасиј Цариградски appeared first on Република.

]]>
МПЦ слави неколку светители https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mpts-slavi-nekolku-svetiteli/ Sat, 02 Dec 2023 07:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=718534

Македонската православна црква денеска празнува неколку светители.

Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во с ? како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.

Тропар

Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре.

И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот.

Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа с ѐ на с ѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора.

По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја.

Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог.

Тропар

Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат.

Кондак

На Евија рожба, на вселената веселба, на богословието тајник и на Христа искрен пријател, Порфириј го чествуваме, верни, со благодат од младост исполнет. Измачувани се тешат, болни се лечат, верно повикувајќи: слава на Тој што те укрепи, слава на Тој што те освети, слава на Тој што преку тебе ни дарува чудеса.

The post МПЦ слави неколку светители appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква денеска празнува неколку светители.

Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во с ? како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно. Тропар Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа с ѐ на с ѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора. По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја. Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог. Тропар Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат. Кондак На Евија рожба, на вселената веселба, на богословието тајник и на Христа искрен пријател, Порфириј го чествуваме, верни, со благодат од младост исполнет. Измачувани се тешат, болни се лечат, верно повикувајќи: слава на Тој што те укрепи, слава на Тој што те освети, слава на Тој што преку тебе ни дарува чудеса.

The post МПЦ слави неколку светители appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Денеска се празнува Светиот апостол Јаков https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-na-mpts-deneska-se-praznuva-svetiot-apostol-jakov/ Sun, 22 Oct 2023 06:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=693766

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос.

Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

Тропар

Славата Божја која небесата ја вознесуваат, ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове, проповедајќи ја науката за бесмртноста и слободата, ја посведочи љубовта која како благодат се излива на родот човечки, а на тие кои ќе поверуваат им носи спасение. Моли се, свети апостоле, да го запазиме печатот на крштението неповреден.

The post Календар на МПЦ: Денеска се празнува Светиот апостол Јаков appeared first on Република.

]]>

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно. Тропар Славата Божја која небесата ја вознесуваат, ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове, проповедајќи ја науката за бесмртноста и слободата, ја посведочи љубовта која како благодат се излива на родот човечки, а на тие кои ќе поверуваат им носи спасение. Моли се, свети апостоле, да го запазиме печатот на крштението неповреден.

The post Календар на МПЦ: Денеска се празнува Светиот апостол Јаков appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Празнуваме Света првомаченичка, рамноапостолна Текла https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-na-mpts-praznuvame-sveta-prvomachenichka-ramnoapostolna-tekla/ Sat, 07 Oct 2023 06:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=688785

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 септември.

Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла.

Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во опрвиот век по Христа. Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има. Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело.

Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна. Но, нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.

 

The post Календар на МПЦ: Празнуваме Света првомаченичка, рамноапостолна Текла appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 септември. Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла. Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во опрвиот век по Христа. Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има. Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело. Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна. Но, нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.  

The post Календар на МПЦ: Празнуваме Света првомаченичка, рамноапостолна Текла appeared first on Република.

]]>
МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/mpts-ja-slavi-sveti-velikomachenitsa-marina/ Sun, 30 Jul 2023 06:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=666783

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.

Денеска е Св. великомаченица Марина.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка.

Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули. Денеска е Св. великомаченица Марина. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>
Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-sveti-sveshtenomachenik-atinogen-i-negovite-10-uchenitsi/ Sat, 29 Jul 2023 06:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=666494

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули.

Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици.

Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

The post Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули. Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици. Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

The post Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Денеска е Свети маченици Теренциј, Африкан, Максим и Помпиј https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-na-mpts-deneska-e-sveti-machenitsi-terentsij-afrikan-maksim-i-pompij/ Sun, 23 Apr 2023 07:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=633140

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 aприл.

Денеска е Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други.

Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој владееше само две години, од 249 до 251 година. Во овој краток период настрадаа илјадници христијани, што не сакаа да принесат жртви пред идолите и на тој начин јавно да се откажат од Христа.

Меѓу нив и денешниве 40 африкански маченици кои пострадаа од раката на тогашниот управник на Африка-Фортунијан.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети маченици Теренциј, Африкан, Максим и Помпиј appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 aприл. Денеска е Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други. Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој владееше само две години, од 249 до 251 година. Во овој краток период настрадаа илјадници христијани, што не сакаа да принесат жртви пред идолите и на тој начин јавно да се откажат од Христа. Меѓу нив и денешниве 40 африкански маченици кои пострадаа од раката на тогашниот управник на Африка-Фортунијан.

The post Календар на МПЦ: Денеска е Свети маченици Теренциј, Африкан, Максим и Помпиј appeared first on Република.

]]>