Калајџиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalajdziev/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 07:02:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калајџиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kalajdziev/ 32 32 Калајџиев: Комисијата за помилување доби 100 предлози од екс министерот Лога, 10 прифати, а ниту еден немаше од осудените за 27 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kalajdhiev-komisijata-za-pomiluvane-dobi-100-predlozi-od-eks-ministerot-loga-10-prifati-a-nitu-eden-nemashe-od-osudenite-za-27-april/ Sat, 26 Oct 2024 06:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=831132

Комисијата за помилување добила над 100 предлози од претходниот министер за правда Кренар Лога за помилување, и од нив одбрале 10 врз основа на критериумите што ги имале, вели членот на Комисијата, професорот Гордан Кајалџиев.

Тој во гостување во поткастот „На кавга со Иван“ што ќе биде објавен на Јутјуб и на Канал 5, посочува дека меѓу предлозите немало ниту еден осуден за случувањата од 27 април, иако вели знае поголем дел од нив.

-Си имаме критериуми, тие се неформални, некои од нив дури ги имаме и на хартија. Иако законот го укина Уставен суд да не може за убиство, педофолија, обид за убиство итн, овој што е најспорниот, никој не го знаеше дека е Барон или што било. Еден од тие другите имаше многу повеќе оружје. Ние гледаме да е добар во затвор. По правило се гледа добро поведение, и во главно посебни причини се гледаат кај помилувањето секогаш, не е само добро поведение, старост. Староста јас ја форисирам, другите не, јас сметам дека луѓе преку 70 години во вакви затвори не смеат да одат во затвор. Услови во семејство како болест кај дете, а тој самохран родител, болни родители, а нема кој да ги издржува, мајки на деца што се самохрани, особено болест на деца. Тоа беше причина за помилувањето на Ефремов, изјави Калајџиев.

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи денеска на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, изјави дека институтот помилување е многу битна работа во државата и не смее да биде предмет на дневно – политички препукувања.

-Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави Филков по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга.

Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа.

Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување.

По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ вчера попладне свика состанок на Комисијата за помилување. Оттаму до денес нема официјална информација.

Претседател на Комисијата за помилување е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

The post Калајџиев: Комисијата за помилување доби 100 предлози од екс министерот Лога, 10 прифати, а ниту еден немаше од осудените за 27 април appeared first on Република.

]]>

Комисијата за помилување добила над 100 предлози од претходниот министер за правда Кренар Лога за помилување, и од нив одбрале 10 врз основа на критериумите што ги имале, вели членот на Комисијата, професорот Гордан Кајалџиев. Тој во гостување во поткастот „На кавга со Иван“ што ќе биде објавен на Јутјуб и на Канал 5, посочува дека меѓу предлозите немало ниту еден осуден за случувањата од 27 април, иако вели знае поголем дел од нив. -Си имаме критериуми, тие се неформални, некои од нив дури ги имаме и на хартија. Иако законот го укина Уставен суд да не може за убиство, педофолија, обид за убиство итн, овој што е најспорниот, никој не го знаеше дека е Барон или што било. Еден од тие другите имаше многу повеќе оружје. Ние гледаме да е добар во затвор. По правило се гледа добро поведение, и во главно посебни причини се гледаат кај помилувањето секогаш, не е само добро поведение, старост. Староста јас ја форисирам, другите не, јас сметам дека луѓе преку 70 години во вакви затвори не смеат да одат во затвор. Услови во семејство како болест кај дете, а тој самохран родител, болни родители, а нема кој да ги издржува, мајки на деца што се самохрани, особено болест на деца. Тоа беше причина за помилувањето на Ефремов, изјави Калајџиев. Министерот за правда Игор Филков одговарајќи денеска на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, изјави дека институтот помилување е многу битна работа во државата и не смее да биде предмет на дневно – политички препукувања. -Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави Филков по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга. Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа. Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување. По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ вчера попладне свика состанок на Комисијата за помилување. Оттаму до денес нема официјална информација. Претседател на Комисијата за помилување е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

The post Калајџиев: Комисијата за помилување доби 100 предлози од екс министерот Лога, 10 прифати, а ниту еден немаше од осудените за 27 април appeared first on Република.

]]>
Професор Калајџиев: Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesor-kalajdhiev-vaterlo-za-obvinitelstvoto-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev/ Tue, 02 Apr 2024 17:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=761416

„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Главниот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната“, пишува во статус професорот по кривично право Гордан Калајџиев давајќи осврт на вчерашното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев.

Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со “измамникот” д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење ЈО ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни’ ветувал туку го објаснувал на ТВ. Клучниот “доказ” на Јо сега е квазивештачењето на комисијата на Мин. за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што ЗКП изречно го забранува. Се ла ви“, заклучува професорот. На вчерашното рочиште доктор Љупчо Стојковски – искусен нефролог и единствен лекар кој во приватната болница Аџибадем Систина применувал хемофилтрација сведочеше „Ние користевме хемофилтрација за лечење на пациенти во време на КОВИД кризата. Хемофилтрацијата е одамна познат метод, што се користи во медицината, кој што од нефрологијата се пренесе на сите водечки одделенија за интензивно лекување во земјата. „Главен параметар за што порано вклучување на хемофилтрацијата е клиничката слика на пациентот. Се реагира во рана фаза да не се влоши сликата”, објасни докторот. Во приватната болница каде работел ја користел методата на 32 пациенти каде се извршени 48 хемофилтрации. Кај дел од пациентите помогна и истите се спасија, а кај дел за жал не помогна. На прашањето дали е запознаен со сите објави на неговата болница, каде што даваа изјави поврзани со хемофилтрацијата, тој рече дека ги знае сите објави кои се објавени од страна на другата приватна болница во која што работел и дека се сложува и со изјавата на д-р. Каламарас дека хемофилтрацијата е врвна метода за лечење на КОВИД пациенти.

The post Професор Калајџиев: Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! appeared first on Република.

Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kalajdhiev-poradi-retorikata-vo-javnosta-palevski-mozhe-da-tvrdi-deka-ne-mozhe-da-dobie-fer-sudene/ Thu, 07 Dec 2023 13:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=720777

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, изјави дека првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може лесно да тврди дека тука не може да добие фер судење поради реториката што се шири против него во јавноста, пропратена со термини како „монструм“, „психопат“, „свирепо убиство“.

Во изјава за медиуми пред панел-дискусија за корупција во високото образование, Калајџиев кажа дека нашата историја во однос на резултати за гаранција на фер судења, како што рече „не е најдобра“, а во однос на прашањето дали Палевски како лидер на политичка партија има право да побара политички азил, професорот одговори дека смета дека тој не е таков политички фактор.

- Во политичкиот дел може се да се употреби или злоупотреби. Имаме искуство со Груевски во Унгарија. На Груевски тогаш многу му помогна таа одлука на Даштевски дека тој не добил кривично судење од Антидискриминаторската комисија.Таа му беше кец на десетка, дека тој тука нема да добие фер судење. Објективно, Љупчо Палевски – Палчо не е таков политички фактор, ниту е постапката против него политички монтирана, барем тоа не се гледа на прво. Меѓутоа, тој тоа може да го тврди бидејќи тука го прогласуваат без да биде сослушан за сторител. И тој може да рече процесот е монтиран. И сега има некакви елементи и за тоа, појасни професорот.

Тој посочи дека е многу значајно професионално да се известува во јавноста, а, како што рече, „особено внимателни да бидат органите на прогон“.

- Они сега не може да флертуваат со јавноста па да плукаат по сторителите – монструми, вакви, такви, најстрого ќе ве казниме. Тие допрва ги чека судење. Ние живееме во 21 век. Секој има право прво да биде сослушан, никој не го сослушал него, вели професорот.

Во однос на постапката за екстрадација, професорот смета дека таа ќе потрае повеќе.

- На почеток мора да ги достави сите документи што се бараат од најважните за наредбата за истрага и соодветни докази, не мора сега тоа да биде којзнае како, таму нема да се докажува, да се процени само сериозноста за кој тип на дела се работи со оглед на тоа дека нема изречување за политички дела и слично, да се прикаже дека е практично обично свирепо кривично дело. Постапката, за жал, наспроти очекување на нашата јавност, најверојатно ќе потрае повеќе, смета професорот.

Барањето за екстрадација кое министерот го потпиша вчера доаѓа по апсењето на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кој беше уапсен во Турција. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.

Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење appeared first on Република.

]]>

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, изјави дека првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може лесно да тврди дека тука не може да добие фер судење поради реториката што се шири против него во јавноста, пропратена со термини како „монструм“, „психопат“, „свирепо убиство“. Во изјава за медиуми пред панел-дискусија за корупција во високото образование, Калајџиев кажа дека нашата историја во однос на резултати за гаранција на фер судења, како што рече „не е најдобра“, а во однос на прашањето дали Палевски како лидер на политичка партија има право да побара политички азил, професорот одговори дека смета дека тој не е таков политички фактор.
- Во политичкиот дел може се да се употреби или злоупотреби. Имаме искуство со Груевски во Унгарија. На Груевски тогаш многу му помогна таа одлука на Даштевски дека тој не добил кривично судење од Антидискриминаторската комисија.Таа му беше кец на десетка, дека тој тука нема да добие фер судење. Објективно, Љупчо Палевски – Палчо не е таков политички фактор, ниту е постапката против него политички монтирана, барем тоа не се гледа на прво. Меѓутоа, тој тоа може да го тврди бидејќи тука го прогласуваат без да биде сослушан за сторител. И тој може да рече процесот е монтиран. И сега има некакви елементи и за тоа, појасни професорот.
Тој посочи дека е многу значајно професионално да се известува во јавноста, а, како што рече, „особено внимателни да бидат органите на прогон“.
- Они сега не може да флертуваат со јавноста па да плукаат по сторителите – монструми, вакви, такви, најстрого ќе ве казниме. Тие допрва ги чека судење. Ние живееме во 21 век. Секој има право прво да биде сослушан, никој не го сослушал него, вели професорот.
Во однос на постапката за екстрадација, професорот смета дека таа ќе потрае повеќе.
- На почеток мора да ги достави сите документи што се бараат од најважните за наредбата за истрага и соодветни докази, не мора сега тоа да биде којзнае како, таму нема да се докажува, да се процени само сериозноста за кој тип на дела се работи со оглед на тоа дека нема изречување за политички дела и слично, да се прикаже дека е практично обично свирепо кривично дело. Постапката, за жал, наспроти очекување на нашата јавност, најверојатно ќе потрае повеќе, смета професорот.
Барањето за екстрадација кое министерот го потпиша вчера доаѓа по апсењето на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кој беше уапсен во Турција. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење appeared first on Република.

]]>