кактуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaktusi/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 11:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кактуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaktusi/ 32 32 Глобалното затоплување е закана дури и за кактусите: До 90% се во опасност од исчезнување https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/globalnoto-zatopluvanje-e-zakana-duri-i-za-kaktusite-do-90-se-vo-opasnost-od-ischeznuvanje/ Tue, 03 May 2022 20:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=496796

Шеесет проценти од видовите кактуси ќе се најдат во помалку гостопримливи клими во наредните децении, бидејќи глобалното затоплување ќе се интензивира, покажува новото истражување кое го доведува во прашање општото верување дека овие пустински растенија ќе напредуваат кога ќе бидат потопло.

До 2070 година, до 90 отсто од видовите кактуси би можеле да бидат загрозени со исчезнување поради климатските промени, губењето на живеалиштата и други причини за стрес, три пати повеќе отколку сега, истакнуваат научниците во написот објавен во списанието „Nature Plants“.

Речиси 1.500 видови кактуси кои се раширени низ американскиот континент живеат во различни климатски услови, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми.

Песимистичка иднина

Жешките точки за биолошка разновидност со многу видови кактуси со многу примероци го вклучуваат централно Мексико и Бразилската Атлантска Шума.

За да тестираат дали кактусите ќе имаат корист за потопол свет со повеќе суши, научниците предводени од Мајкл Пилет од Универзитетот во Аризона проучувале податоци за повеќе од 400 видови и тестирале модели кои покажуваат како би можеле да бидат во средината на векот и подоцна во различни сценарија, кога станува збор за ефектот на стаклена градина.

Наодите од истражувањето укажуваат на „попесимистичка иднина“.

Главната закана за кактусите во моментов е проширувањето на земјоделството, што предизвикува уништување на почвата, губење на биодиверзитетот и нивно собирање за различни намени.

Дури и без климатските промени, кактусите се „една од најзагрозените групи организми на планетата“, истакнуваат научниците, предупредувајќи дека повеќе од 30 отсто од видовите кактуси се во опасност од исчезнување.

Тешка фотосинтеза

Според умерено сценарио, кога станува збор за ефектот на стаклена градина во согласност со сегашните политики, и глобалното затоплување наскоро ќе биде значајна закана.

Нашите резултати сугерираат дека климатските промени ќе станат главен двигател на ризикот од исчезнување кога се во прашање кактусите, а 60 до 90 отсто од видовите опфатени со истражувањето негативно ќе бидат погодени од глобалното затоплување - посочуваат научниците.

За четири до пет децении, речиси 25 проценти од видовите кактуси може да се најдат во клима на која не се навикнати.

Претходните истражувања покажаа дека фотосинтезата е потешка ако глобалната температура се зголеми за само 2 степени Целзиусови.

Просечната температура на површината на Земјата, вклучувајќи ги и океаните, веќе е за 1,1 Целзиусов степен повисока отколку во индустриската ера, а само на копно е повисока за околу 1,7 степени.

The post Глобалното затоплување е закана дури и за кактусите: До 90% се во опасност од исчезнување appeared first on Република.

]]>

Шеесет проценти од видовите кактуси ќе се најдат во помалку гостопримливи клими во наредните децении, бидејќи глобалното затоплување ќе се интензивира, покажува новото истражување кое го доведува во прашање општото верување дека овие пустински растенија ќе напредуваат кога ќе бидат потопло. До 2070 година, до 90 отсто од видовите кактуси би можеле да бидат загрозени со исчезнување поради климатските промени, губењето на живеалиштата и други причини за стрес, три пати повеќе отколку сега, истакнуваат научниците во написот објавен во списанието „Nature Plants“. Речиси 1.500 видови кактуси кои се раширени низ американскиот континент живеат во различни климатски услови, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми.

Песимистичка иднина

Жешките точки за биолошка разновидност со многу видови кактуси со многу примероци го вклучуваат централно Мексико и Бразилската Атлантска Шума. За да тестираат дали кактусите ќе имаат корист за потопол свет со повеќе суши, научниците предводени од Мајкл Пилет од Универзитетот во Аризона проучувале податоци за повеќе од 400 видови и тестирале модели кои покажуваат како би можеле да бидат во средината на векот и подоцна во различни сценарија, кога станува збор за ефектот на стаклена градина. Наодите од истражувањето укажуваат на „попесимистичка иднина“. Главната закана за кактусите во моментов е проширувањето на земјоделството, што предизвикува уништување на почвата, губење на биодиверзитетот и нивно собирање за различни намени. Дури и без климатските промени, кактусите се „една од најзагрозените групи организми на планетата“, истакнуваат научниците, предупредувајќи дека повеќе од 30 отсто од видовите кактуси се во опасност од исчезнување.

Тешка фотосинтеза

Според умерено сценарио, кога станува збор за ефектот на стаклена градина во согласност со сегашните политики, и глобалното затоплување наскоро ќе биде значајна закана.
Нашите резултати сугерираат дека климатските промени ќе станат главен двигател на ризикот од исчезнување кога се во прашање кактусите, а 60 до 90 отсто од видовите опфатени со истражувањето негативно ќе бидат погодени од глобалното затоплување - посочуваат научниците.
За четири до пет децении, речиси 25 проценти од видовите кактуси може да се најдат во клима на која не се навикнати. Претходните истражувања покажаа дека фотосинтезата е потешка ако глобалната температура се зголеми за само 2 степени Целзиусови. Просечната температура на површината на Земјата, вклучувајќи ги и океаните, веќе е за 1,1 Целзиусов степен повисока отколку во индустриската ера, а само на копно е повисока за околу 1,7 степени.

The post Глобалното затоплување е закана дури и за кактусите: До 90% се во опасност од исчезнување appeared first on Република.

]]>