како по книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kako-po-kniga/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Nov 2022 10:20:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png како по книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kako-po-kniga/ 32 32 Лажните дојави во училиштата се правени „како по книга“, вели деканот на Факултетот за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/laznite-dojavi-vo-uchilishtata-se-praveni-kako-po-kniga-veli-dekanot-na-fakultetot-za-bezbednost/ Thu, 10 Nov 2022 08:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=572141

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга” како се прави хибридна закана.

Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин. Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја дојава за поставена бомба или каква било закана. Тоа се прави и ќе се прави во наредниот период. Министерството за внатрешни ги гради капацитетите да може да одговори на ваквите закани, да ги пресретне ваквите пораки, да ги анализира и да ги спречи едноставно, изјави професорот Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија.

[caption id="attachment_572145" align="alignnone" width="835"] Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно, вели проф. д-р Никола Дујовски[/caption]

Намерите на луѓето кои ги праќаат овие пораки, истакнува деканот на Факултетот за безбедност, да предизвикуваат страв и паника кај населението се повеќе од евидентни.

Веројатно не е можно да се случи некаква поголема штета освен напишаната порака, но ние секако мора да бидеме претпазливи затоа што едноставно светот, а особено овој регион е многу чуствителен на таквите хибридни закани и на се друго што може да предизвика вознемиреност. Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана, вели Дујовски.

Според него, добро е што разменуваме информации во мрежата на НАТО бидејќи овие прашања не се само за Македонија, ниту пак сме ние единствена земја изложена на вакви притисоци и добро е да ги градиме нашите капацитети и натаму.

Се надевам дека овој тренд ќе се смири и се надевам дека институциите ќе се посветат на ниво на задачата, впрочем како и досега, рече деканот на Факултетот за безбедност.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави дека најголем дел од заканите за поставени бомби во средните училишта се лоцирани од каде доаѓаат и оти Министерството работи на заштита.

Вчера во Скопје во девет средни училишта имаше лажни дојави за поставени бомби.

The post Лажните дојави во училиштата се правени „како по книга“, вели деканот на Факултетот за безбедност appeared first on Република.

]]>

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга” како се прави хибридна закана.
Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин. Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја дојава за поставена бомба или каква било закана. Тоа се прави и ќе се прави во наредниот период. Министерството за внатрешни ги гради капацитетите да може да одговори на ваквите закани, да ги пресретне ваквите пораки, да ги анализира и да ги спречи едноставно, изјави професорот Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија.
[caption id="attachment_572145" align="alignnone" width="835"] Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно, вели проф. д-р Никола Дујовски[/caption] Намерите на луѓето кои ги праќаат овие пораки, истакнува деканот на Факултетот за безбедност, да предизвикуваат страв и паника кај населението се повеќе од евидентни.
Веројатно не е можно да се случи некаква поголема штета освен напишаната порака, но ние секако мора да бидеме претпазливи затоа што едноставно светот, а особено овој регион е многу чуствителен на таквите хибридни закани и на се друго што може да предизвика вознемиреност. Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана, вели Дујовски.
Според него, добро е што разменуваме информации во мрежата на НАТО бидејќи овие прашања не се само за Македонија, ниту пак сме ние единствена земја изложена на вакви притисоци и добро е да ги градиме нашите капацитети и натаму.
Се надевам дека овој тренд ќе се смири и се надевам дека институциите ќе се посветат на ниво на задачата, впрочем како и досега, рече деканот на Факултетот за безбедност.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави дека најголем дел од заканите за поставени бомби во средните училишта се лоцирани од каде доаѓаат и оти Министерството работи на заштита. Вчера во Скопје во девет средни училишта имаше лажни дојави за поставени бомби.  