Како ја дефинираш ароганцијата?“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kako-ja-definirash-arogancijata/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Mar 2022 09:31:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Како ја дефинираш ароганцијата?“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kako-ja-definirash-arogancijata/ 32 32 Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-makedonskiot-dokumentaren-film-kako-ja-definirash-arogancijata/ Thu, 31 Mar 2022 09:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=481306

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре ќе се одржи премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“, по сценарио и режија на Небојша Илијевски.

Документарецот е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек”, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни… Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината наместо на формата.

Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси, изјави авторот Илијевски.

Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични контексти и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“.

Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок, се наведува во една реплика од филмот.

Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, а анимациите на Ратомир Цениќ. Колаж артот е на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски.

По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи.

Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

The post Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре ќе се одржи премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“, по сценарио и режија на Небојша Илијевски. Документарецот е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек”, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни… Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината наместо на формата.
Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси, изјави авторот Илијевски.
Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични контексти и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“.
Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок, се наведува во една реплика од филмот.
Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, а анимациите на Ратомир Цениќ. Колаж артот е на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски. По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи. Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

The post Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ appeared first on Република.

]]>