Кајмај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kajmaj/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Aug 2023 12:04:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кајмај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kajmaj/ 32 32 Награда на филмската критика за „Кајмак“ на Милчо Манчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagrada-na-filmskata-kritika-za-kajmak-na-milcho-manchevski/ Tue, 29 Aug 2023 13:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=676949

Филмот „Кајмак” на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски, освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот). Наградата беше доделена на вчерашната свеченост при затворањето на меѓународниот Фестивал Херцег Нови Монтенегро. На свеченоста, покрај режисерот Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска.

Филмови не се прават за награди, ама вакво признание е потврда за вложениот труд и талент на целата екипа, изјави режисерот Манчевски.

Деновие се појави нова рецензија за „Кајмак” во американските медиуми. „Муви гурме” вели за овој македонски филм: „Манчевски вградува повеќе значење во Кајмак отколку што би имало во една обична секси лудорија, истражувајќи ги и императивот да се биде родител и еластичните граници на моногамијата... Сите улоги во Кајмак се одлични... Ликовите имаат многу секс - ем радосно откачен, ем грешен до наежување... Филмот е многу смешен, а Манчевски дури и слатко им намигнува на шпагети вестерните на Серџо Леоне“.

Паралелно, „Кајмак“ ја имаше и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија. Синеквест е еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина.

Во почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина.

Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска... Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

Филмот ја освои и Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post Награда на филмската критика за „Кајмак“ на Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>

Филмот „Кајмак” на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски, освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот). Наградата беше доделена на вчерашната свеченост при затворањето на меѓународниот Фестивал Херцег Нови Монтенегро. На свеченоста, покрај режисерот Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска.
Филмови не се прават за награди, ама вакво признание е потврда за вложениот труд и талент на целата екипа, изјави режисерот Манчевски.
Деновие се појави нова рецензија за „Кајмак” во американските медиуми. „Муви гурме” вели за овој македонски филм: „Манчевски вградува повеќе значење во Кајмак отколку што би имало во една обична секси лудорија, истражувајќи ги и императивот да се биде родител и еластичните граници на моногамијата... Сите улоги во Кајмак се одлични... Ликовите имаат многу секс - ем радосно откачен, ем грешен до наежување... Филмот е многу смешен, а Манчевски дури и слатко им намигнува на шпагети вестерните на Серџо Леоне“. Паралелно, „Кајмак“ ја имаше и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија. Синеквест е еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Во почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска... Понатамошниот процес на пласман е во тек. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот ја освои и Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post Награда на филмската критика за „Кајмак“ на Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>