Каја Шукова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaja-shukova/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 17:38:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Каја Шукова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaja-shukova/ 32 32 Шукова: Нема информација од грчката компанија зошто се откажала од проектот за „Чебрен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shukova-nema-informatsija-od-grchkata-kompanija-zoshto-se-otkazhala-od-proektot-za-chebren/ Tue, 09 Jan 2024 17:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=731260

Во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во подготовка е информацијата со која ќе ја известат Владата дека се поништува постапката за тендерот за изградба на Чебрен, на кој единствен понудувач беше компанијата ППЦ-Архиродон, потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа кажа дека до утринава нема добиено информација од грчката компанија зошто се откажале од проектот.

До денеска утрово додека бев на работа се уште немаше ништо од грчката компанија, а подготвуваме веќе информација на Влада и подготвуваме одлука заедно со правниците и консултантите на наредната седница на Влада оваа информација ќе оди за поништување и за затворање на процесот за Чебрен – изјави Шукова на новинарско прашање по денешната панел- дискусија во Скопје во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Шукова на прес-конференција на 3 јануари, годинава, информира дека тендерот за изградба на Чебрен е пропаднат бидејќи заклучно со 31 декември не пристигнало продолжување на банкарската гаранција од страна на избраниот понудувач на тендерот и со самото тоа веќе не е активна понудата на ППЦ-Архиродон.

Ги разгледавме сите документи согласно тендерското досие и тендерската документација, постојните закони во државата. МЖСПП како надлежна во овој процес ќе подготви информација и ќе ја информира Владата дека ќе достави одлука за поништување на постапката – информираше тогаш Шукова.

Таа појасни дека согласно тендерската документација додека е активна банкарската гаранција понудувачот требало да пристапи кон договор за заедничко вложување со ЕСМ, а тоа не го направила и не продолжила банкарската гаранција после 31 декември.

ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот. Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 15 јануари 2024 година заради жалбената постапка која беше во тек, но банкарската гаранција им важеше до 31 декември 2023 година.

Владата на 14 септември на 185-тата седница донесе одлука со која се овозможи реализација на хидроцентралата Чебрен, со проценетата вредност на инвестицијата од околу една милијарда евра. Со одлуката беше предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено беше Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река беше предвидено создавање на ново вештачко езеро. По завршување на проектирањето и обезбедувањето на потребните документи се очекуваше да се почне со градба која беше предвидено да трае седум години.

 

The post Шукова: Нема информација од грчката компанија зошто се откажала од проектот за „Чебрен“ appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во подготовка е информацијата со која ќе ја известат Владата дека се поништува постапката за тендерот за изградба на Чебрен, на кој единствен понудувач беше компанијата ППЦ-Архиродон, потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа кажа дека до утринава нема добиено информација од грчката компанија зошто се откажале од проектот.
До денеска утрово додека бев на работа се уште немаше ништо од грчката компанија, а подготвуваме веќе информација на Влада и подготвуваме одлука заедно со правниците и консултантите на наредната седница на Влада оваа информација ќе оди за поништување и за затворање на процесот за Чебрен – изјави Шукова на новинарско прашање по денешната панел- дискусија во Скопје во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“.
Шукова на прес-конференција на 3 јануари, годинава, информира дека тендерот за изградба на Чебрен е пропаднат бидејќи заклучно со 31 декември не пристигнало продолжување на банкарската гаранција од страна на избраниот понудувач на тендерот и со самото тоа веќе не е активна понудата на ППЦ-Архиродон.
Ги разгледавме сите документи согласно тендерското досие и тендерската документација, постојните закони во државата. МЖСПП како надлежна во овој процес ќе подготви информација и ќе ја информира Владата дека ќе достави одлука за поништување на постапката – информираше тогаш Шукова.
Таа појасни дека согласно тендерската документација додека е активна банкарската гаранција понудувачот требало да пристапи кон договор за заедничко вложување со ЕСМ, а тоа не го направила и не продолжила банкарската гаранција после 31 декември. ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот. Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 15 јануари 2024 година заради жалбената постапка која беше во тек, но банкарската гаранција им важеше до 31 декември 2023 година. Владата на 14 септември на 185-тата седница донесе одлука со која се овозможи реализација на хидроцентралата Чебрен, со проценетата вредност на инвестицијата од околу една милијарда евра. Со одлуката беше предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено беше Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река беше предвидено создавање на ново вештачко езеро. По завршување на проектирањето и обезбедувањето на потребните документи се очекуваше да се почне со градба која беше предвидено да трае седум години.  

The post Шукова: Нема информација од грчката компанија зошто се откажала од проектот за „Чебрен“ appeared first on Република.

]]>
Шукова: МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shukova-mzhspp-ke-ja-izvesti-vladata-deka-tenderot-za-hets-chebren-propadna/ Wed, 03 Jan 2024 10:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=729277

Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за Чебрен. МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна, информира ресорниот министер Каја Шукова.

Според неа, компанијата во овие услови не обезбеди средства од банките за да можат да го градат. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од Архиродон нема да се активира.

ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот.

Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 31 декември 2023 година заради жалбената постапка која беше во тек.

Владата на 14 септември на 185-тата седница донесе одлука со која се овозможи реализација на хидроцентралата Чебрен, со проценетата вредност на инвестицијата од околу една милијарда евра. Со одлуката е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено е Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река е предвидено создавање на ново вештачко езеро. По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае седум години.

Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години од минатиот век. Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години, а последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година.

The post Шукова: МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна appeared first on Република.

]]>

Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за Чебрен. МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна, информира ресорниот министер Каја Шукова. Според неа, компанијата во овие услови не обезбеди средства од банките за да можат да го градат. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од Архиродон нема да се активира. ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот. Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 31 декември 2023 година заради жалбената постапка која беше во тек. Владата на 14 септември на 185-тата седница донесе одлука со која се овозможи реализација на хидроцентралата Чебрен, со проценетата вредност на инвестицијата од околу една милијарда евра. Со одлуката е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено е Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река е предвидено создавање на ново вештачко езеро. По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае седум години. Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години од минатиот век. Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години, а последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година.

The post Шукова: МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна appeared first on Република.

]]>
Шукова: Сигурно по пожарот во тетовско Фалише ќе има загадување на воздухот, но во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shukova-sigurno-po-pozharot-vo-tetovsko-falishe-ke-ima-zagaduvane-na-vozduhot-no-vo-zemjava-nema-akreditirana-metoda-za-merene-na-organski-ispralivi-materii/ Thu, 23 Nov 2023 11:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=715494

Автоматскиот мониторинг систем на државата мери неогрански испарливи материјали и не мери органски испарливи материи, истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која денеска даде одговор зошто по пожарот на магацин со бои и лакови во тетовското село Фалише не се изврши мерење на загаденоста на воздухот.

Во моментов се чекаат резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје за водите и почвите во овој реон. Посочи дека во земјава во моментов и нема акредитирана метода, што може да мери испарување на органски загадувачи во воздухот.

Во текот на вчерашниот ден се консултирани сите лабартории, меѓу кои и приватните.

Меѓутоа на терен излегоа Центарот за управување со кризи, Институтот за јавно здравје и Државниот инспекторат за животна средина, иако во рамките на надлежностите на животна средина, овој случај не е во наша надлежност, ниту во надлежност на инспекторатот, меѓутоа секако заради здравјето на граѓаните излегоа да направат увид и да видат, дали некако можат поконкретно да помогнат, вели Шукова.

Таа додаде дека ваквите компании, во кои вчера гореа бои и лакови не потпаѓаат во системот на А и Б интегрирани дозволи, но потпаѓаат на контрола врз основа на доставен елаборат, за којшто треба да даде согласност општината.

Сега треба општината да провери дали овој склад работел со предвидени мерки, а особено противпожарни мерки и дали има елаборат за заштита на животната средина. Ние не сме истражен орган, нема тоа да го проверуваме, меѓутоа мислам дека општината треба да провери. Затоа и постојано посочуваме кога се отвараат било какви вакви, дали се тоа магацини, дали се тоа помали објекти каде што се работи со вакви материи мора да се почитува законската регулатива, во делот на животната средина, рече Шукова.

Забележа дека по пожарот на магацинот со бои и лакови во тетовско Фалише евидентно е дека ќе има загадување на воздухот, но како што вели, за жал не може да се измери, бидејќи станува збор за органска материја.

Во текот на вчерашниот ден институциите во земјава токму заради ова дадоа и препораки граѓаните да не излегуваат од своите домови, вратите и прозорците од нивните објекти да бидат затворени, бидејќи влијанието нема да биде само во близина на складот, туку и на неколку стотици метри од него.

Препорака до граѓаните е да внимаваат овие неколку дена, а надлежните институции она што можат да го направат и да го евидентираат, секако ќе информираат јавноста, вели Шукова.

Прашана зошто во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи, Шукова со одговор дека со директивите е предвидено да се мерат 2,5, потоа 10, 5 ПМ честитчки потоа CO, CO2, а воедно и во светот не се мерат.

Министерката Шукова истакна дека она што го видела по видео материјалите од пожарот ќе има загадување на воздухот, како и на водите и почвата, бидејќи, вели, тие честички секако ќе се спушатат на површината.

Треба граѓаните да внимаваат, ако таму има земјоделски култури, тоа секако не треба да биде употребливо, вели Шукова.

Таа најави дека ќе се направат анализи на почвата и водата, со цел да се види со што ќе бидат загадени, но какошто вели за неколку дена ќе се спуштат.

The post Шукова: Сигурно по пожарот во тетовско Фалише ќе има загадување на воздухот, но во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи appeared first on Република.

]]>

Автоматскиот мониторинг систем на државата мери неогрански испарливи материјали и не мери органски испарливи материи, истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која денеска даде одговор зошто по пожарот на магацин со бои и лакови во тетовското село Фалише не се изврши мерење на загаденоста на воздухот. Во моментов се чекаат резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје за водите и почвите во овој реон. Посочи дека во земјава во моментов и нема акредитирана метода, што може да мери испарување на органски загадувачи во воздухот. Во текот на вчерашниот ден се консултирани сите лабартории, меѓу кои и приватните.
Меѓутоа на терен излегоа Центарот за управување со кризи, Институтот за јавно здравје и Државниот инспекторат за животна средина, иако во рамките на надлежностите на животна средина, овој случај не е во наша надлежност, ниту во надлежност на инспекторатот, меѓутоа секако заради здравјето на граѓаните излегоа да направат увид и да видат, дали некако можат поконкретно да помогнат, вели Шукова.
Таа додаде дека ваквите компании, во кои вчера гореа бои и лакови не потпаѓаат во системот на А и Б интегрирани дозволи, но потпаѓаат на контрола врз основа на доставен елаборат, за којшто треба да даде согласност општината.
Сега треба општината да провери дали овој склад работел со предвидени мерки, а особено противпожарни мерки и дали има елаборат за заштита на животната средина. Ние не сме истражен орган, нема тоа да го проверуваме, меѓутоа мислам дека општината треба да провери. Затоа и постојано посочуваме кога се отвараат било какви вакви, дали се тоа магацини, дали се тоа помали објекти каде што се работи со вакви материи мора да се почитува законската регулатива, во делот на животната средина, рече Шукова.
Забележа дека по пожарот на магацинот со бои и лакови во тетовско Фалише евидентно е дека ќе има загадување на воздухот, но како што вели, за жал не може да се измери, бидејќи станува збор за органска материја. Во текот на вчерашниот ден институциите во земјава токму заради ова дадоа и препораки граѓаните да не излегуваат од своите домови, вратите и прозорците од нивните објекти да бидат затворени, бидејќи влијанието нема да биде само во близина на складот, туку и на неколку стотици метри од него.
Препорака до граѓаните е да внимаваат овие неколку дена, а надлежните институции она што можат да го направат и да го евидентираат, секако ќе информираат јавноста, вели Шукова.
Прашана зошто во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи, Шукова со одговор дека со директивите е предвидено да се мерат 2,5, потоа 10, 5 ПМ честитчки потоа CO, CO2, а воедно и во светот не се мерат. Министерката Шукова истакна дека она што го видела по видео материјалите од пожарот ќе има загадување на воздухот, како и на водите и почвата, бидејќи, вели, тие честички секако ќе се спушатат на површината.
Треба граѓаните да внимаваат, ако таму има земјоделски култури, тоа секако не треба да биде употребливо, вели Шукова.
Таа најави дека ќе се направат анализи на почвата и водата, со цел да се види со што ќе бидат загадени, но какошто вели за неколку дена ќе се спуштат.

The post Шукова: Сигурно по пожарот во тетовско Фалише ќе има загадување на воздухот, но во земјава нема акредитирана метода за мерење на органски испраливи материи appeared first on Република.

]]>
Министерката за животна средина: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-za-zhivotna-sredina-treba-da-bideme-mnogu-vnimatelni-koga-davame-kontsesii-vo-zemjodelskite-delovi-od-drzhavata/ Sun, 24 Sep 2023 10:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=684644

Мојот став во врска со експлоатирањето руди и минерални суровини е познат, меѓутоа мислам дека и нашите закони се такви, а и јавната свест е подигната и кај граѓаните и кај министерството, дека треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии, вели министерката за животна средина, Каја Шукова, во врска со стратегијата за минерални суровини на Министерството за економија, за која граѓански организации и експерти оценуваат дека се планира масовно давање концесии за користење минерални суровини и експортирање на минералните суровини во земјите на ЕУ.

Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, Шукова посочува дека МЖСПП ќе биде вклучено во процесот на креирање на стратегијата, со оглед дека има допирна точка со животната средина, ќе ја добие нацрт-верзијата кога ќе биде готова и дека, согласно закон, на стратегијата мора да се направи стратешка оценка на влијание.

Случајот со Иловица од скоро ви е познат, познат е мојот став, а и ставот на граѓаните. Јас сум за тоа дека треба да одлучиме како држава, во регионите и деловите од државата каде што е развиено земјоделското производство и каде што сакаме да развиваме дополнително, бидејќи сме една од земјите лидери на користење на ИПАРД-средствата, таму треба да размислуваме сериозно дали треба да имаме нови концесии за минерални суровини или на руда. А во деловите на државата каде што немаме развиено земјоделско производство, таму зошто да не. Тоа е секако економска гранка којашто носи бенефит и од економски и од социјален аспект на државата. Меѓутоа, животната средина мора да ни биде приоритет, не треба да познава политика и треба сите сериозно да се занимаваме со неа, вели Шукова.

Во врска со случајот што го отвори Енергетската заедница која утврди дека државава ја прекршува Директивата за ОВЖС (Оценка за влијанието врз животна средина) со нејзино несоодветно спроведување, односно дека не прави доволна проценка за ризиците од проектите со потенцијално голема штети, како ископи на песок, хидроелектрани, автопати, рудници, експлоатација на минерални суровини, Шукова посочува дека е подигнато нивото во Правилникот во кој јасно е дефинирано за која големина на проект треба да се работи елеборат, а за која се работи студија.

За покапиталните проекти, вели таа, исклучително мора да се прави студија, за која се вклучуваат многу експерти и многу инволвирани страни, а за прекугранично влијание, се консултираат и соседните земји.

Меѓутоа се одобруваат стотици концесии врз база на елаборати, а не врз основа на студии за Оценка за влијание врз животната средина, а тие имаат енормна штета врз животната средина. На пример, одобрени се над 90 елаборати за мали хидроцентрали, од кои минимум 30 се во заштитени подрачја, со огромна штета врз биодиверзитетот. Тоа е политика која што се спроведуваше пред 10-15 години. Ставот на оваа Влада јас после неколкуте мали хидро коишто беа во заштитени подрачја, особено кога се прогласуваше Шар Планина, секако и во Националниот парк Маврово, се повеќе се размислува и мислам дека ќе биде политика на оваа Влада, особено на партијата која јас ја застапувам, СДСМ, дека веќе нема да ги поддржуваме малите хидроелектрани и мислам дека веќе е време да се стави крај на тоа, особено на оние каде што има проблем со водниот биланс, додава Шукова во интервјуто.

Во однос на подготвениот Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и реакцијата на граѓанските организации дека тој се носи врз основа на набрзина подготвена студија за валоризација и без доволно вклучени експерти, министерката одговара дека изработката на студијата за валоризација е согласно законот и биле вклучени сите инволвирани страни, и во изработката на студијата, и во изработката на законот.

Вклучително сега, и во јавната расправа што ја имаме за самиот закон, пред да го пуштиме на Влада и пред да оди на Собраните. Сите коментари коишто ги имаат невладините организации се добредојдени, ќе ги прибереме и ќе дискутираме заедно со нив, меѓутоа прво интерно, во Министерството, да видиме во кој опсег се коментарите што ги имаат. Меѓутоа не се согласуваме дека не е направена студијата за валоризација согласно закон и дека е декларативно направена, наведува министерката за животна средина во интервјуто за Радио Слободна Европа.

The post Министерката за животна средина: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата appeared first on Република.

]]>

Мојот став во врска со експлоатирањето руди и минерални суровини е познат, меѓутоа мислам дека и нашите закони се такви, а и јавната свест е подигната и кај граѓаните и кај министерството, дека треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии, вели министерката за животна средина, Каја Шукова, во врска со стратегијата за минерални суровини на Министерството за економија, за која граѓански организации и експерти оценуваат дека се планира масовно давање концесии за користење минерални суровини и експортирање на минералните суровини во земјите на ЕУ.
Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, Шукова посочува дека МЖСПП ќе биде вклучено во процесот на креирање на стратегијата, со оглед дека има допирна точка со животната средина, ќе ја добие нацрт-верзијата кога ќе биде готова и дека, согласно закон, на стратегијата мора да се направи стратешка оценка на влијание.
Случајот со Иловица од скоро ви е познат, познат е мојот став, а и ставот на граѓаните. Јас сум за тоа дека треба да одлучиме како држава, во регионите и деловите од државата каде што е развиено земјоделското производство и каде што сакаме да развиваме дополнително, бидејќи сме една од земјите лидери на користење на ИПАРД-средствата, таму треба да размислуваме сериозно дали треба да имаме нови концесии за минерални суровини или на руда. А во деловите на државата каде што немаме развиено земјоделско производство, таму зошто да не. Тоа е секако економска гранка којашто носи бенефит и од економски и од социјален аспект на државата. Меѓутоа, животната средина мора да ни биде приоритет, не треба да познава политика и треба сите сериозно да се занимаваме со неа, вели Шукова.
Во врска со случајот што го отвори Енергетската заедница која утврди дека државава ја прекршува Директивата за ОВЖС (Оценка за влијанието врз животна средина) со нејзино несоодветно спроведување, односно дека не прави доволна проценка за ризиците од проектите со потенцијално голема штети, како ископи на песок, хидроелектрани, автопати, рудници, експлоатација на минерални суровини, Шукова посочува дека е подигнато нивото во Правилникот во кој јасно е дефинирано за која големина на проект треба да се работи елеборат, а за која се работи студија. За покапиталните проекти, вели таа, исклучително мора да се прави студија, за која се вклучуваат многу експерти и многу инволвирани страни, а за прекугранично влијание, се консултираат и соседните земји.
Меѓутоа се одобруваат стотици концесии врз база на елаборати, а не врз основа на студии за Оценка за влијание врз животната средина, а тие имаат енормна штета врз животната средина. На пример, одобрени се над 90 елаборати за мали хидроцентрали, од кои минимум 30 се во заштитени подрачја, со огромна штета врз биодиверзитетот. Тоа е политика која што се спроведуваше пред 10-15 години. Ставот на оваа Влада јас после неколкуте мали хидро коишто беа во заштитени подрачја, особено кога се прогласуваше Шар Планина, секако и во Националниот парк Маврово, се повеќе се размислува и мислам дека ќе биде политика на оваа Влада, особено на партијата која јас ја застапувам, СДСМ, дека веќе нема да ги поддржуваме малите хидроелектрани и мислам дека веќе е време да се стави крај на тоа, особено на оние каде што има проблем со водниот биланс, додава Шукова во интервјуто.
Во однос на подготвениот Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и реакцијата на граѓанските организации дека тој се носи врз основа на набрзина подготвена студија за валоризација и без доволно вклучени експерти, министерката одговара дека изработката на студијата за валоризација е согласно законот и биле вклучени сите инволвирани страни, и во изработката на студијата, и во изработката на законот.
Вклучително сега, и во јавната расправа што ја имаме за самиот закон, пред да го пуштиме на Влада и пред да оди на Собраните. Сите коментари коишто ги имаат невладините организации се добредојдени, ќе ги прибереме и ќе дискутираме заедно со нив, меѓутоа прво интерно, во Министерството, да видиме во кој опсег се коментарите што ги имаат. Меѓутоа не се согласуваме дека не е направена студијата за валоризација согласно закон и дека е декларативно направена, наведува министерката за животна средина во интервјуто за Радио Слободна Европа.

The post Министерката за животна средина: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата appeared first on Република.

]]>
Реакција на изјавата на Министерот за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/reaktsija-na-izjavata-na-ministerot-za-zhivotna-sredina-i-prostorno-planirane-kaja-shukova/ Fri, 14 Jul 2023 12:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=661348

Изразуваме загриженост што процесот на реализација на најголемата инвестиција од независноста на државата повторно се внесува во контекстот на дневно политичката агенда. Освен што изминатите денови се зголеми интензитетот на пласман на манипулативни и лажни вести, се создава впечаток дека противниците на рудникот не се свесни за евентуалните правно-финансиски последици од непостапувањето согласно позитивните законски прописи.

Апелираме до носителите на државни функции да се воздржуваат од изнесување на лични ставови. Облигациониот однос меѓу Еуромакс Ресоурсис и Владата е државна работа која произлегува од правно валидни акти потврдени со одлуки на Суд, а не приватен и личен однос меѓу случајни познаници. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова има обврска да биде свесна на евентуалните правни последици од денешната нејзина изјава со која изрази личен став дека генерално е против рудници. Тоа прејудицира дека истата може да одлучува субјективно и пристрасно кога Еуромакс Ресоурсис ќе го достави дополнувањето на Елаборатот за влијание врз животната средина до МЖСПП, студија која всушност ќе ги демантира сите манипулации за наводната штетност на рудникот по здравјето и животната средина. Истовремено, најавата за повторно преиспитување на веќе донесената одлука на Владата, патем чиј министер е и таа, за спојување на концесиите чиј носител е Еуромакс Ресоурсис, е доказ за креирање на амбиент на правна несигурност.

Жалиме што ваквите политички ставови потсетуваат на предизборниот период во 2020 кога и некои други министри изјавуваа дека нема да ги почитуваат тогашните одлуки на Управниот и Вишиот Управен Суд кои правосилно го поништија Решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка кое се однесуваше на барањето за дозвола за експлоатација. Мора да напоменеме дека вака срочените изјави и ставови се потенцијален доказ против државата во евентуална постапка пред Меѓународна Арбитража. Директно го загрозуваат меѓународниот имиџ на државата, која како полноправна членка на НАТО и држава која претендира да стане полноправен член на ЕУ, меѓу другото има и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведувањето на законите за домашните, но и за странските инвеститори.

Цврсто сме убедени дека планираната инвестиција е во најдобар интерес на државата, нејзиниот долгорочен економски развој, и на локалните заедници. Реализацијата на овој проект е сигурно вин-вин сценарио: и економски развој, повеќе работни места, приход за граѓаните и безбедна, здрава, животна средина. Противниците на инвестицијата манипулираат со стари технолошки податоци, недостаток на факти и застарени информации. Потенцијално штетните материи се целосно исклучени од процесот на експлоатација, ризикот од излевање е комплетно елиминиран, водата го заобиколува јаловиштето и ќе биде целосно оставена на располагање на земјоделците. Создадовме целосно нов технолошки проект, за да обезбедиме стопроцентно отстранување на сите грижи на населението и целосно безбедна и здрава околина.

Комерцијален текст

The post Реакција на изјавата на Министерот за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова appeared first on Република.

]]>

Изразуваме загриженост што процесот на реализација на најголемата инвестиција од независноста на државата повторно се внесува во контекстот на дневно политичката агенда. Освен што изминатите денови се зголеми интензитетот на пласман на манипулативни и лажни вести, се создава впечаток дека противниците на рудникот не се свесни за евентуалните правно-финансиски последици од непостапувањето согласно позитивните законски прописи. Апелираме до носителите на државни функции да се воздржуваат од изнесување на лични ставови. Облигациониот однос меѓу Еуромакс Ресоурсис и Владата е државна работа која произлегува од правно валидни акти потврдени со одлуки на Суд, а не приватен и личен однос меѓу случајни познаници. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова има обврска да биде свесна на евентуалните правни последици од денешната нејзина изјава со која изрази личен став дека генерално е против рудници. Тоа прејудицира дека истата може да одлучува субјективно и пристрасно кога Еуромакс Ресоурсис ќе го достави дополнувањето на Елаборатот за влијание врз животната средина до МЖСПП, студија која всушност ќе ги демантира сите манипулации за наводната штетност на рудникот по здравјето и животната средина. Истовремено, најавата за повторно преиспитување на веќе донесената одлука на Владата, патем чиј министер е и таа, за спојување на концесиите чиј носител е Еуромакс Ресоурсис, е доказ за креирање на амбиент на правна несигурност. Жалиме што ваквите политички ставови потсетуваат на предизборниот период во 2020 кога и некои други министри изјавуваа дека нема да ги почитуваат тогашните одлуки на Управниот и Вишиот Управен Суд кои правосилно го поништија Решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка кое се однесуваше на барањето за дозвола за експлоатација. Мора да напоменеме дека вака срочените изјави и ставови се потенцијален доказ против државата во евентуална постапка пред Меѓународна Арбитража. Директно го загрозуваат меѓународниот имиџ на државата, која како полноправна членка на НАТО и држава која претендира да стане полноправен член на ЕУ, меѓу другото има и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведувањето на законите за домашните, но и за странските инвеститори. Цврсто сме убедени дека планираната инвестиција е во најдобар интерес на државата, нејзиниот долгорочен економски развој, и на локалните заедници. Реализацијата на овој проект е сигурно вин-вин сценарио: и економски развој, повеќе работни места, приход за граѓаните и безбедна, здрава, животна средина. Противниците на инвестицијата манипулираат со стари технолошки податоци, недостаток на факти и застарени информации. Потенцијално штетните материи се целосно исклучени од процесот на експлоатација, ризикот од излевање е комплетно елиминиран, водата го заобиколува јаловиштето и ќе биде целосно оставена на располагање на земјоделците. Создадовме целосно нов технолошки проект, за да обезбедиме стопроцентно отстранување на сите грижи на населението и целосно безбедна и здрава околина. Комерцијален текст

The post Реакција на изјавата на Министерот за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова appeared first on Република.

]]>
„Сакам – не сакам депонија во мојата општина“ ќе заврши со одземање на ингеренциите на Свети Николе, рече министерката Шукова https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sakam-ne-sakam-deponija-vo-mojata-opshtina-ke-zavrshi-so-odzemane-na-ingerentsiite-na-sveti-nikole-reche-ministerkata-shukova/ Tue, 14 Mar 2023 07:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=619361

Новиот Закон за управување со отпад предвидува нова методологија за пресметка на услугата за отпад. Наместо да се наплаќа по основ на површина, односно по метар квадратен како досега, сега цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад, информира вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Таа појасни дека само тоа што ќе треба да се депонира на депонијата ќе биде финално што ќе се наплаќа, а се друго ќе може да се преработува, односно да се рециклира. Цената, како што додаде, ќе ја утврдува Регулаторната комисија.

Ќе одиме со претселекција, а не со класично собирање и депонирање на отпадот, тоа ќе се прави или на нивото на општините во зависност од тоа колку им се јаки комуналните претпријатија или ќе се прави во претоварните станици. Во рамки на секој регион ќе имаме неколку претоварни станици. Начелно ќе се обидеме да го намалиме количеството отпад кое ќе го депонираме во централните депонии, рече Шукова во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Според Шукова, користењето отпад за енергија е табу тема во државава, а, како што соопшти, имало неколку иницијативи за инсталации за третман на отпад преку согорување.

Реакцијата на граѓаните е лоша и имаат недоверба кон ова прашање заради тоа што мислат дека ќе се увезува отпад од надвор и ќе се гори во Македонија. Не е точно, бидејќи новиот Закон за управување со отпад кој е усогласен со директивите на ЕУ, забранува увоз на отпад за производство на енергија. Не може да увезете и да произведете енергија. Нашата земја не произведува големи количини на отпад, можеби заради тоа што сме по малку сите несовесни па е расфрлан отпадот и мислиме дека имаме големи количини, но за да имате економска оправданост за да горите ѓубре за производство на енергија требаат посериозни количини отпад, рече Шукова.

Државата, како што појасни, има добиено заеми за изградба на депонии во пет региони – Полог, Југозападен дел, Пелагонија, Југоисток и Вардарски регион. Министерството за животна средина веќе има подготвено документација според ЕУ стандарди за Полошкиот регион, каде централна депонија ќе биде Русино, но само за следните пет години, затоа што, како што истакна, оваа депонија нема капацитет да собира повеќе отпад над пет години.

Додаде дека со истиот тој заем ќе се работи паралелно и на депонии во Пелагонија и Југозападниот дел, каде централна ќе биде во општина Новаци, додека за југоисточниот и вардарскиот регион се уште немаат подготвена соодветна документација и на тоа се работи.

Она што најпрво ќе се обезбеди е основна инфраструктура, односно трансфер станици, централна депонија и опрема за општштините.

Проблемот со регионалните депонии, вели, е „сакам-не сакам во мојата општина“, конкретно за Источниот и Североисточниот регион.

Имаме негодување од Општина Свети Николе, и тој проблем мора да го решиме, последниот правен лек е одземање на надлежноста на општината. Ако општината не сака да учествува во процесот, државата ќе и ги одземе надлежностите, процесот мора да продолжи, зборуваме за проекти од јавен интерес и локацијата е избрана врз основа на студија која правела истражување на повеќе локации, рече Шукова.

The post „Сакам – не сакам депонија во мојата општина“ ќе заврши со одземање на ингеренциите на Свети Николе, рече министерката Шукова appeared first on Република.

]]>

Новиот Закон за управување со отпад предвидува нова методологија за пресметка на услугата за отпад. Наместо да се наплаќа по основ на површина, односно по метар квадратен како досега, сега цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад, информира вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа појасни дека само тоа што ќе треба да се депонира на депонијата ќе биде финално што ќе се наплаќа, а се друго ќе може да се преработува, односно да се рециклира. Цената, како што додаде, ќе ја утврдува Регулаторната комисија.
Ќе одиме со претселекција, а не со класично собирање и депонирање на отпадот, тоа ќе се прави или на нивото на општините во зависност од тоа колку им се јаки комуналните претпријатија или ќе се прави во претоварните станици. Во рамки на секој регион ќе имаме неколку претоварни станици. Начелно ќе се обидеме да го намалиме количеството отпад кое ќе го депонираме во централните депонии, рече Шукова во „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Според Шукова, користењето отпад за енергија е табу тема во државава, а, како што соопшти, имало неколку иницијативи за инсталации за третман на отпад преку согорување.
Реакцијата на граѓаните е лоша и имаат недоверба кон ова прашање заради тоа што мислат дека ќе се увезува отпад од надвор и ќе се гори во Македонија. Не е точно, бидејќи новиот Закон за управување со отпад кој е усогласен со директивите на ЕУ, забранува увоз на отпад за производство на енергија. Не може да увезете и да произведете енергија. Нашата земја не произведува големи количини на отпад, можеби заради тоа што сме по малку сите несовесни па е расфрлан отпадот и мислиме дека имаме големи количини, но за да имате економска оправданост за да горите ѓубре за производство на енергија требаат посериозни количини отпад, рече Шукова.
Државата, како што појасни, има добиено заеми за изградба на депонии во пет региони – Полог, Југозападен дел, Пелагонија, Југоисток и Вардарски регион. Министерството за животна средина веќе има подготвено документација според ЕУ стандарди за Полошкиот регион, каде централна депонија ќе биде Русино, но само за следните пет години, затоа што, како што истакна, оваа депонија нема капацитет да собира повеќе отпад над пет години. Додаде дека со истиот тој заем ќе се работи паралелно и на депонии во Пелагонија и Југозападниот дел, каде централна ќе биде во општина Новаци, додека за југоисточниот и вардарскиот регион се уште немаат подготвена соодветна документација и на тоа се работи. Она што најпрво ќе се обезбеди е основна инфраструктура, односно трансфер станици, централна депонија и опрема за општштините. Проблемот со регионалните депонии, вели, е „сакам-не сакам во мојата општина“, конкретно за Источниот и Североисточниот регион.
Имаме негодување од Општина Свети Николе, и тој проблем мора да го решиме, последниот правен лек е одземање на надлежноста на општината. Ако општината не сака да учествува во процесот, државата ќе и ги одземе надлежностите, процесот мора да продолжи, зборуваме за проекти од јавен интерес и локацијата е избрана врз основа на студија која правела истражување на повеќе локации, рече Шукова.

The post „Сакам – не сакам депонија во мојата општина“ ќе заврши со одземање на ингеренциите на Свети Николе, рече министерката Шукова appeared first on Република.

]]>
Шукова ќе ги продолжи проектите кои се почнати во Министерството за животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shukova-ke-gi-prodolzhi-proektite-koi-se-pochnati-vo-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina/ Fri, 03 Mar 2023 13:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=615587

Новата министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска на одбележувањето на Светскот ден на дивиот свет истакна дека ќе ги продолжи проектите кои во Министерството се започнати за време на мандатот на нејзиниот претходник Насер Нуредини, како и дека во текот на оваа година ќе бидат отворени и многу нови процеси.

Таа потенцираше дека процесите во животната средина и долги и скапи.

Секако мора да има продолжување на она што е веќе започнато. Ќе отвориме многу нови процеси оваа година, веќе се неколку најавувани. Конечно ќе го стартуваме заемот за управување со отпад во државата. Тоа е еден процес за кој сериозно работевме две години, оваа година активно ќе започнеме, паралелно на овој заем имаме уште еден заем за „Водовод и канализација“, каде што ќе бидат вклучени сите општини во државата, значи ќе помогнеме и во тој дел, наведе Шукова.

Министерката се осврна и на пречистителната станица што треба да се изгради во Скопје, истакнувајќи дека пред неколку денови е потпишано мислењето „Водовод и канализација“ и од Градот Скопје, со што процесот полека сериозно влегува во своја фаза на имплементација.

Шукова, зборувајќи за еден од најгорливите проблеми во земјава - загадувањето на воздухот, рече дека тоа е долг процес и оти не можеме да очекуваме да се реши за две, три или пет години.

Се прават максимални напори, она што државата можела да го направи е досега направено. Напревен е целосен мониторинг. Она што државата можеше да го направи во делот на јавните институции, во делот на енергетска ефикасност, замена за системите за греење, го правеше и јас правам напор тоа да продолжи. Морате да земете во предвид дека живееме во котлина и дека тука секако имаат влијание и климатските фактори. Секогаш ќе има проблем. Да направиме сите по малку за да можеме да го исчистиме воздухот во Скопје. Бидејќи не е само проблемот на индустријата, не е само проблемот на малите и следните претпријатија, секако е проблемот и на секое домакинство и на секој граѓанин. Мораме малку повеќе да влијаеме на јавната свест, иако мислам дека доволно сме зборувале, но нема да простанеме. Секој во својот сегмент, државата секако ги носи политиките, треба да се спроведуваат, меѓутоа дајте сите да направиме еден исчекор плус за да можеме да го подобриме квалитетот на воздухот во Скопје, истакна Шукова.

Министерката рече дека ќе направат напори за повторно да почне да функционира програмата за намалување на аерозагадувањето.

По повод Светскиот ден на живиот свет, одговарајќи на новинарско прашање за казните за оние лица кои извршуваат нелегална трговија со диви животни, рече дека се работи на правна рамка со цел да можат да се гонат лицата кои ги прават тие криминални дејствија.

The post Шукова ќе ги продолжи проектите кои се почнати во Министерството за животна средина appeared first on Република.

]]>

Новата министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска на одбележувањето на Светскот ден на дивиот свет истакна дека ќе ги продолжи проектите кои во Министерството се започнати за време на мандатот на нејзиниот претходник Насер Нуредини, како и дека во текот на оваа година ќе бидат отворени и многу нови процеси. Таа потенцираше дека процесите во животната средина и долги и скапи.
Секако мора да има продолжување на она што е веќе започнато. Ќе отвориме многу нови процеси оваа година, веќе се неколку најавувани. Конечно ќе го стартуваме заемот за управување со отпад во државата. Тоа е еден процес за кој сериозно работевме две години, оваа година активно ќе започнеме, паралелно на овој заем имаме уште еден заем за „Водовод и канализација“, каде што ќе бидат вклучени сите општини во државата, значи ќе помогнеме и во тој дел, наведе Шукова.
Министерката се осврна и на пречистителната станица што треба да се изгради во Скопје, истакнувајќи дека пред неколку денови е потпишано мислењето „Водовод и канализација“ и од Градот Скопје, со што процесот полека сериозно влегува во своја фаза на имплементација. Шукова, зборувајќи за еден од најгорливите проблеми во земјава - загадувањето на воздухот, рече дека тоа е долг процес и оти не можеме да очекуваме да се реши за две, три или пет години.
Се прават максимални напори, она што државата можела да го направи е досега направено. Напревен е целосен мониторинг. Она што државата можеше да го направи во делот на јавните институции, во делот на енергетска ефикасност, замена за системите за греење, го правеше и јас правам напор тоа да продолжи. Морате да земете во предвид дека живееме во котлина и дека тука секако имаат влијание и климатските фактори. Секогаш ќе има проблем. Да направиме сите по малку за да можеме да го исчистиме воздухот во Скопје. Бидејќи не е само проблемот на индустријата, не е само проблемот на малите и следните претпријатија, секако е проблемот и на секое домакинство и на секој граѓанин. Мораме малку повеќе да влијаеме на јавната свест, иако мислам дека доволно сме зборувале, но нема да простанеме. Секој во својот сегмент, државата секако ги носи политиките, треба да се спроведуваат, меѓутоа дајте сите да направиме еден исчекор плус за да можеме да го подобриме квалитетот на воздухот во Скопје, истакна Шукова.
Министерката рече дека ќе направат напори за повторно да почне да функционира програмата за намалување на аерозагадувањето. По повод Светскиот ден на живиот свет, одговарајќи на новинарско прашање за казните за оние лица кои извршуваат нелегална трговија со диви животни, рече дека се работи на правна рамка со цел да можат да се гонат лицата кои ги прават тие криминални дејствија.

The post Шукова ќе ги продолжи проектите кои се почнати во Министерството за животна средина appeared first on Република.

]]>
Адвокатката за увоз на опасен отпад станува министерка за животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatkata-za-uvoz-na-opasen-otpad-stanuva-ministerka-za-zhivotna-sredina/ Wed, 15 Feb 2023 15:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=609394

На местото на досегашниот залутан министер од ДУИ, Насер Нуредини, за нова министерка за животна средина е предложена Каја Шукова, поранешна претседателка на Комисијата за животна средина во СДС, велат од Левица, потенцирајќи дека Шукова, иако долгогодишно вработена во Министерството за животна средина, единствено јавноста ја знае по скандалозниот предлог-Закон за справување со отпад, кој предвидуваше отпадот од европските земји да заврши во Македонија.

Објаснуваат дека со европско знаме, Шукова беше предлагач на овој контроверзен закон, кој предвидуваше да се тргне забраната за увоз на отпад за производство на РДФ гориво.

Левица уште тогаш алармираше дека Шукова лобира за странските инвеститори да основаат компании за преработка на увезен отпад, кој е забранет во земјите на ЕУ, претворајќи ја Македонија во најголемата европска депонија!

Дополнително, како Секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Шукова е позната како ревносен бранител на контроверзната фирма за депонирање отпад во Гевгелија, „Go Waste Solution”. Таа е единствен (и досега незапамтен случај) на службеничка вработена во МЖСПП која тужеше еко-активисти, со цел да ја заштити гевгелиската фирма за депонирање отпад.

Ако Каја Шукова, од позиција на секретар стоеше во одбрана на фирмите што Македонија ќе ја претворат во депонија на европскиот отпад, можеме да претпоставиме што ќе се случи кога таа ќе биде избрана за министер за животна средина.

Многу е извесно дека таканаречените Зелени агенди за време на идното министерување на Шукова ќе поминуваат во согласност со бизнис-интересите на поединци блиски до власта, a на Македонија ѝ се заканува реалната опасност да стане депонија за европски отпад, се вели во соопштението од партијата.

 

The post Адвокатката за увоз на опасен отпад станува министерка за животна средина appeared first on Република.

]]>

На местото на досегашниот залутан министер од ДУИ, Насер Нуредини, за нова министерка за животна средина е предложена Каја Шукова, поранешна претседателка на Комисијата за животна средина во СДС, велат од Левица, потенцирајќи дека Шукова, иако долгогодишно вработена во Министерството за животна средина, единствено јавноста ја знае по скандалозниот предлог-Закон за справување со отпад, кој предвидуваше отпадот од европските земји да заврши во Македонија. Објаснуваат дека со европско знаме, Шукова беше предлагач на овој контроверзен закон, кој предвидуваше да се тргне забраната за увоз на отпад за производство на РДФ гориво. Левица уште тогаш алармираше дека Шукова лобира за странските инвеститори да основаат компании за преработка на увезен отпад, кој е забранет во земјите на ЕУ, претворајќи ја Македонија во најголемата европска депонија! Дополнително, како Секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Шукова е позната како ревносен бранител на контроверзната фирма за депонирање отпад во Гевгелија, „Go Waste Solution”. Таа е единствен (и досега незапамтен случај) на службеничка вработена во МЖСПП која тужеше еко-активисти, со цел да ја заштити гевгелиската фирма за депонирање отпад. Ако Каја Шукова, од позиција на секретар стоеше во одбрана на фирмите што Македонија ќе ја претворат во депонија на европскиот отпад, можеме да претпоставиме што ќе се случи кога таа ќе биде избрана за министер за животна средина. Многу е извесно дека таканаречените Зелени агенди за време на идното министерување на Шукова ќе поминуваат во согласност со бизнис-интересите на поединци блиски до власта, a на Македонија ѝ се заканува реалната опасност да стане депонија за европски отпад, се вели во соопштението од партијата.  

The post Адвокатката за увоз на опасен отпад станува министерка за животна средина appeared first on Република.

]]>
Каја Шукова од СДСМ на местото на Насед Нуредини од ДУМ во Министерството за животна средина? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaja-shukova-od-sdsm-na-mestoto-na-nased-nuredini-od-dum-vo-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina/ Fri, 10 Feb 2023 10:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=607309

Насер Нуредини, кадар на ДУИ си заминува од министерското место во животна средина и просторно планирање, а на негово место доаѓа Каја Шукова од СДСМ, актуелна државна секретарка во Министерството за животна средина, објави „360 степени“.

Шукова би станала министерка за животна средина поради реконструкцијата на Владата и ротацијата на ресори поради влезот на Алијанса за Албанците, па Министерството за животна средина и просторно планирање ќе му припадне на СДСМ.

Шукова во ресорот е од 1998 година во тогашното Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, во 1999 година работи во одделението за екоменаџмент, во 2000 г. е дел од Секторот за меѓународна соработка, истата година доаѓа во Секторот за одржлив развој, а во 2001 година е и негов раководител и на таа позиција останува до 2020 г. Потоа е назначена за државна секретарка. Таа е дипломиран инженер технолог на Технолошко–металуршкиот факултет Скопје.

 

The post Каја Шукова од СДСМ на местото на Насед Нуредини од ДУМ во Министерството за животна средина? appeared first on Република.

]]>

Насер Нуредини, кадар на ДУИ си заминува од министерското место во животна средина и просторно планирање, а на негово место доаѓа Каја Шукова од СДСМ, актуелна државна секретарка во Министерството за животна средина, објави „360 степени“. Шукова би станала министерка за животна средина поради реконструкцијата на Владата и ротацијата на ресори поради влезот на Алијанса за Албанците, па Министерството за животна средина и просторно планирање ќе му припадне на СДСМ. Шукова во ресорот е од 1998 година во тогашното Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, во 1999 година работи во одделението за екоменаџмент, во 2000 г. е дел од Секторот за меѓународна соработка, истата година доаѓа во Секторот за одржлив развој, а во 2001 година е и негов раководител и на таа позиција останува до 2020 г. Потоа е назначена за државна секретарка. Таа е дипломиран инженер технолог на Технолошко–металуршкиот факултет Скопје.  

The post Каја Шукова од СДСМ на местото на Насед Нуредини од ДУМ во Министерството за животна средина? appeared first on Република.

]]>