каја калас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaja-kalas/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 20:37:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каја калас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaja-kalas/ 32 32 Естонката Калас може да стане нов шеф на дипломатијата на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonkata-kalas-mozhe-da-stane-nov-shef-na-diplomatijata-na-eu/ Mon, 17 Jun 2024 20:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=788539

Естонската премиерка Каја Калас би можела да стане нова шефица на дипломатијата на Европската унија, но некои се прашуваат дали таа, како жесток критичар на Русија, може да ги претставува сите земји-членки, пишува Reuters.

Неформалните разговори на европските челници во понеделникот, први по изборите за Европскиот парламент, се фокусираа на назначувањето на највисоките функционери на ЕУ. Се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да добие втор мандат, а европските дипломати велат дека Калас е во трка за шефица на дипломатијата.

Калас, која во вторник ќе наполни 47 години, се издвојува по нејзините жестоки критики на Русија обвинувајќи ја за наводни експанзионистички цели откако стана премиерка на почетокот на 2021 година.

Се залага за безусловна поддршка на Киев и „зауздување“ на Москва, а Естонија е меѓу најголемите донатори на воена помош за Украина по глава на жител. По Калас е издаден налог за приведување во Русија во февруари поради нејзината улога во отстранувањето на советските споменици во Естонија. Москва, исто така, забележува и за рестриктивниот однос кон 29 процентното руско малцинство во оваа земја.

Калас претрпе удар во свјота Естонија кога локалните медиуми минатата година открија дека нејзиниот сопруг има деловни врски со Русија, иако таа јавно го критикуваше секој што има бизнис со Русија. Нејзината влада, исто така, ги зголеми даноците по изборите во 2023 година и ги легализираше истополовите бракови, на кои речиси половина земја се противи.

Таткото на Калас беше гувернер на Естонската централна банка, ја основаше либералната Реформистичка партија во 1994 година, која ја водеше десет години, а беше премиер и подоцна и потпретседател на Европската комисија под водство на Хозе Мануел Бароса. Во својата биографија Калас тврди дека нејзината мајка била депортирана со семејството во Сибир како новороденче, како и 20.000 други Естонци. Затоа често предупредува дека Русија не се променила.

Во 2011 година, Калас ја напушти својата кариера како адвокат и успешно се кандидираше за естонскиот и Европскиот парламент како кандидат на Реформската партија. Таа го презеде раководството на партијата во 2018 година, а во 2021 година стана првата естонска премиерка.

The post Естонката Калас може да стане нов шеф на дипломатијата на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Естонската премиерка Каја Калас би можела да стане нова шефица на дипломатијата на Европската унија, но некои се прашуваат дали таа, како жесток критичар на Русија, може да ги претставува сите земји-членки, пишува Reuters. Неформалните разговори на европските челници во понеделникот, први по изборите за Европскиот парламент, се фокусираа на назначувањето на највисоките функционери на ЕУ. Се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да добие втор мандат, а европските дипломати велат дека Калас е во трка за шефица на дипломатијата. Калас, која во вторник ќе наполни 47 години, се издвојува по нејзините жестоки критики на Русија обвинувајќи ја за наводни експанзионистички цели откако стана премиерка на почетокот на 2021 година. Се залага за безусловна поддршка на Киев и „зауздување“ на Москва, а Естонија е меѓу најголемите донатори на воена помош за Украина по глава на жител. По Калас е издаден налог за приведување во Русија во февруари поради нејзината улога во отстранувањето на советските споменици во Естонија. Москва, исто така, забележува и за рестриктивниот однос кон 29 процентното руско малцинство во оваа земја. Калас претрпе удар во свјота Естонија кога локалните медиуми минатата година открија дека нејзиниот сопруг има деловни врски со Русија, иако таа јавно го критикуваше секој што има бизнис со Русија. Нејзината влада, исто така, ги зголеми даноците по изборите во 2023 година и ги легализираше истополовите бракови, на кои речиси половина земја се противи. Таткото на Калас беше гувернер на Естонската централна банка, ја основаше либералната Реформистичка партија во 1994 година, која ја водеше десет години, а беше премиер и подоцна и потпретседател на Европската комисија под водство на Хозе Мануел Бароса. Во својата биографија Калас тврди дека нејзината мајка била депортирана со семејството во Сибир како новороденче, како и 20.000 други Естонци. Затоа често предупредува дека Русија не се променила. Во 2011 година, Калас ја напушти својата кариера како адвокат и успешно се кандидираше за естонскиот и Европскиот парламент како кандидат на Реформската партија. Таа го презеде раководството на партијата во 2018 година, а во 2021 година стана првата естонска премиерка.

The post Естонката Калас може да стане нов шеф на дипломатијата на ЕУ appeared first on Република.

]]>
За малку ќе беше Бујар, кој рече му нуделе, но тој скромно одбил: Каја Калас е нов генерален секретар на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-malku-ke-beshe-bujar-koj-reche-mu-nudele-no-toj-skromno-odbil-kaja-kalas-e-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 02 Apr 2024 17:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=761418

Каја Калас, актуелната премиерка на Естонија, ја доби поддршката од Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Обединетото Кралство за да стане следниот генерален секретар на НАТО, со што стана првата жена и првата од источна и централна Европа што ќе ja предводи Алијансата.

До неодамна, фаворит за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО беше холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, но се чини дека Калас ги освои Германците и Американците, кои го променија мислењето.

Бујар Османи тврдеше дека му е предложено по мандатот како министер за надворешни работи да се кандидира за генерален секретар на НАТО, пренесоа повеќе медиуми на албански јазик. Веста ја објави и ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори. И самиот Османи потврди дека има препораки од меѓународни организации, но без конкретно да посочи кои.

А за ова дека неодамна беше објавемо дека на Бујар Османи му е предложено, Османи изјави:

Точно е дека имам некои препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во земјата.

The post За малку ќе беше Бујар, кој рече му нуделе, но тој скромно одбил: Каја Калас е нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Каја Калас, актуелната премиерка на Естонија, ја доби поддршката од Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Обединетото Кралство за да стане следниот генерален секретар на НАТО, со што стана првата жена и првата од источна и централна Европа што ќе ja предводи Алијансата. До неодамна, фаворит за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО беше холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, но се чини дека Калас ги освои Германците и Американците, кои го променија мислењето. Бујар Османи тврдеше дека му е предложено по мандатот како министер за надворешни работи да се кандидира за генерален секретар на НАТО, пренесоа повеќе медиуми на албански јазик. Веста ја објави и ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори. И самиот Османи потврди дека има препораки од меѓународни организации, но без конкретно да посочи кои. А за ова дека неодамна беше објавемо дека на Бујар Османи му е предложено, Османи изјави:
Точно е дека имам некои препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во земјата.

The post За малку ќе беше Бујар, кој рече му нуделе, но тој скромно одбил: Каја Калас е нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Премиерката на Естонија бара да се запленат замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierkata-na-estonija-bara-da-se-zaplenat-zamrznatite-sredstva-na-rusija-pred-pretsedatelskite-izbori-vo-sad/ Mon, 19 Feb 2024 09:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=745590

Каја Калас, премиерката на Естонија, изјави дека Западот треба да ги заплени замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Доналд Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина.

Изборите се секогаш турбулентни времиња, изјави Калас за Фајненшл Тајмс на маргините на Минхенската безбедносна конференција. - Секогаш е подобро да направиме се што можеме пред важни избори, додаде таа.

Изгледите Доналд Трамп да стане кандидат на Републиканската партија за овогодинешните претседателски избори во САД исплаши многумина во Европа, особено откако тој рече дека ќе и каже на Русија да направи „што по ѓаволите сака“ со земјите од НАТО кои не потрошиле доволно за одбрана, наведува весникот.

Вашингтон досега ги притискаше своите сојузници да најдат начини да се запленат 260 милијарди евра од средствата на руската централна банка, кои беа замрзнати како одговор на руската инвазија на Украина пред речиси две години. Околу 191 милијарда евра од имотот на Москва се чуваат во Euroclear, депозитар за хартии од вредност со седиште во Брисел.

Естонија долго време се залага за конфискација на имот. Но, Париз и Берлин се претпазливи поради загриженоста за законитоста, финансиската стабилност и можната одмазда.

Калас истакна дека запленувањето на руските средства ќе биде дополнителна алатка која може, заедно со воената помош за Украина и чекорите за политичка изолација на Русија, да помогне да се стави крај на војната.

Ова е економскиот притисок што можеме да го извршиме врз руската економија за да се забрза пресвртната точка на оваа војна, изјави Калас.

Минатата година, ЕУ во Ден Хаг воспостави Регистар за штети заради евиденција на докази и барања за штети, загуби или повреди предизвикани на поединци, компании и на украинската држава од руската инвазија. Калас рече дека замрзнатите средства може да се искористат за покривање на тие загуби: „Ако остане нешто, можеме да и го вратиме на Русија“, додаде таа.

Калас разговараше со ФТ пет дена откако Русија издаде потерница по неа, што е првпат Кремљ да поднесе кривична пријава против западен лидер откако  ја започна инвазијата на Украина.

Овој потег очигледно беше поврзан со напорите на естонската влада да ги отстрани спомениците од советската ера. - Путин сака да испрати порака дека Естонија е всушност руска територија и дека тој има јурисдикција над нас, изјави таа за ФТ. „Тоа е империјалистички начин на размислување“.

Таа го поврза потегот на Русија против неа, кој предизвика „многу честитки и поздрави“, со смртта во руски затвор на Алексеј Навални, руски опозициски лидер, .

Целта е да нè преплашат мене и западните земји да се воздржиме од одлуките што инаку би ги донеле, посочи таа.

 

The post Премиерката на Естонија бара да се запленат замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД appeared first on Република.

]]>

Каја Калас, премиерката на Естонија, изјави дека Западот треба да ги заплени замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Доналд Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина.
Изборите се секогаш турбулентни времиња, изјави Калас за Фајненшл Тајмс на маргините на Минхенската безбедносна конференција. - Секогаш е подобро да направиме се што можеме пред важни избори, додаде таа.
Изгледите Доналд Трамп да стане кандидат на Републиканската партија за овогодинешните претседателски избори во САД исплаши многумина во Европа, особено откако тој рече дека ќе и каже на Русија да направи „што по ѓаволите сака“ со земјите од НАТО кои не потрошиле доволно за одбрана, наведува весникот. Вашингтон досега ги притискаше своите сојузници да најдат начини да се запленат 260 милијарди евра од средствата на руската централна банка, кои беа замрзнати како одговор на руската инвазија на Украина пред речиси две години. Околу 191 милијарда евра од имотот на Москва се чуваат во Euroclear, депозитар за хартии од вредност со седиште во Брисел. Естонија долго време се залага за конфискација на имот. Но, Париз и Берлин се претпазливи поради загриженоста за законитоста, финансиската стабилност и можната одмазда. Калас истакна дека запленувањето на руските средства ќе биде дополнителна алатка која може, заедно со воената помош за Украина и чекорите за политичка изолација на Русија, да помогне да се стави крај на војната.
Ова е економскиот притисок што можеме да го извршиме врз руската економија за да се забрза пресвртната точка на оваа војна, изјави Калас.
Минатата година, ЕУ во Ден Хаг воспостави Регистар за штети заради евиденција на докази и барања за штети, загуби или повреди предизвикани на поединци, компании и на украинската држава од руската инвазија. Калас рече дека замрзнатите средства може да се искористат за покривање на тие загуби: „Ако остане нешто, можеме да и го вратиме на Русија“, додаде таа. Калас разговараше со ФТ пет дена откако Русија издаде потерница по неа, што е првпат Кремљ да поднесе кривична пријава против западен лидер откако  ја започна инвазијата на Украина.
Овој потег очигледно беше поврзан со напорите на естонската влада да ги отстрани спомениците од советската ера. - Путин сака да испрати порака дека Естонија е всушност руска територија и дека тој има јурисдикција над нас, изјави таа за ФТ. „Тоа е империјалистички начин на размислување“.
Таа го поврза потегот на Русија против неа, кој предизвика „многу честитки и поздрави“, со смртта во руски затвор на Алексеј Навални, руски опозициски лидер, .
Целта е да нè преплашат мене и западните земји да се воздржиме од одлуките што инаку би ги донеле, посочи таа.
 

The post Премиерката на Естонија бара да се запленат замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД appeared first on Република.

]]>
НАТО има најмалку три години да се подготви за војна со Русија, вели естонската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-ima-najmalku-tri-godini-da-se-podgotvi-za-vojna-so-rusija-veli-estonskata-premierka/ Tue, 16 Jan 2024 17:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=733745

НАТО има три до пет години да се подготви за можна директна конфронтација со Русија, изјави за Тајмс премиерката на Естонија, Каја Калас.

Минатата недела германските медиуми тврдеа дека Берлин се подготвува за непријателства со Русија, кои според нив може да да се случат уште во летото 2025 година. Москва ги отфрли ваквите шпекулации.

Премиерката Калас рече дека естонската разузнавачка служба VLA предвидела временска рамка од три до пет години, истакнувајќи: „Mногу зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и како ќе го задржиме нашиот став во однос на Украина“.

„Она што Русија го сака е пауза, а оваа пауза е за да ги собере своите ресурси и сила. Слабоста ги провоцира агресорите, па слабоста ја провоцира и Русија“, изјави таа за британскиот весник.

Овој месец, Естонија, која ја дели границата со Русија, вети 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари) помош за Украина до 2027 година. Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленкси ја посети Естонија, како и Латвија и Литванија.

Украинската влада со години тврди дека нејзината борба со Русија била во одбрана на Европа, тврдејќи дека таа ги споделува демократските вредности на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден тврдеше дека Москва може да нападне земји на НАТО, ако ја победи Украина, а во такво сценарио Американците ќе мора да ги бранат Европејците.

На украинската влада и беше потешко да обезбеди помош од Западот, бидејќи нејзините обиди да спроведе контраофанзива против руските сили минатата година не успеаја да донесат значителни територијални придобивки. Дополнително, ЕУ не успеа да одвои средства за Киев поради приговорите на Унгарија.

Москва ги негираше тврдењата на Западот дека нејзиниот конфликт со Киев е империјалистички по природа и има за цел територијално освојување. Според руското раководство, САД и нивните сојузници ги ескалирале тензиите со проширување на НАТО во Европа, кршејќи ги нивните вербални ветувања и покрај руските приговори.

Ветувањето на блокот на крајот да ја прифати Украина и практичните чекори во таа насока по вооружениот пуч во Киев во 2014 година, претставува неприфатлива закана за руската национална безбедност, изјавија властите во Москва.

Извештајот за германските подготовки објавен од таблоидот Билд во неделата се заснова на наводен доверлив документ на Министерството за одбрана, во кој е детално опишано како може да се одвива можна директна конфронтација на НАТО со Русија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот го исмеа предвидувањето, споредувајќи го со хороскопска прогноза.

The post НАТО има најмалку три години да се подготви за војна со Русија, вели естонската премиерка appeared first on Република.

]]>

НАТО има три до пет години да се подготви за можна директна конфронтација со Русија, изјави за Тајмс премиерката на Естонија, Каја Калас. Минатата недела германските медиуми тврдеа дека Берлин се подготвува за непријателства со Русија, кои според нив може да да се случат уште во летото 2025 година. Москва ги отфрли ваквите шпекулации. Премиерката Калас рече дека естонската разузнавачка служба VLA предвидела временска рамка од три до пет години, истакнувајќи: „Mногу зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и како ќе го задржиме нашиот став во однос на Украина“. „Она што Русија го сака е пауза, а оваа пауза е за да ги собере своите ресурси и сила. Слабоста ги провоцира агресорите, па слабоста ја провоцира и Русија“, изјави таа за британскиот весник. Овој месец, Естонија, која ја дели границата со Русија, вети 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари) помош за Украина до 2027 година. Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленкси ја посети Естонија, како и Латвија и Литванија. Украинската влада со години тврди дека нејзината борба со Русија била во одбрана на Европа, тврдејќи дека таа ги споделува демократските вредности на Украина. Американскиот претседател Џо Бајден тврдеше дека Москва може да нападне земји на НАТО, ако ја победи Украина, а во такво сценарио Американците ќе мора да ги бранат Европејците. На украинската влада и беше потешко да обезбеди помош од Западот, бидејќи нејзините обиди да спроведе контраофанзива против руските сили минатата година не успеаја да донесат значителни територијални придобивки. Дополнително, ЕУ не успеа да одвои средства за Киев поради приговорите на Унгарија. Москва ги негираше тврдењата на Западот дека нејзиниот конфликт со Киев е империјалистички по природа и има за цел територијално освојување. Според руското раководство, САД и нивните сојузници ги ескалирале тензиите со проширување на НАТО во Европа, кршејќи ги нивните вербални ветувања и покрај руските приговори. Ветувањето на блокот на крајот да ја прифати Украина и практичните чекори во таа насока по вооружениот пуч во Киев во 2014 година, претставува неприфатлива закана за руската национална безбедност, изјавија властите во Москва. Извештајот за германските подготовки објавен од таблоидот Билд во неделата се заснова на наводен доверлив документ на Министерството за одбрана, во кој е детално опишано како може да се одвива можна директна конфронтација на НАТО со Русија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот го исмеа предвидувањето, споредувајќи го со хороскопска прогноза.

The post НАТО има најмалку три години да се подготви за војна со Русија, вели естонската премиерка appeared first on Република.

]]>
Калас: По НАТО, би сакале да ѝ посакаме добредојде на Македонија и во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kalas-po-nato-bi-sakale-da-posakame-dobredojde-na-makedonija-i-vo-eu/ Tue, 05 Sep 2023 14:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=679049

Премиерката на Естонија, Каја Калас по денешната билатерална средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, изразила цврста поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава.

Задоволство ми е да му посакам добредојде на премиерот Ковачевски во Естонија на неговата прва посета тука. Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици партнери во НАТО, и ние би сакале да и посакаме добредојде и во Европската Унија. Ние сме силни поддржувачи на Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија, изјавила премиерката на Естонија, Калас, соопштија од владината прес-служба.

Калас се заблагодарила и за, како што се наведува во соопштението, големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна.

Ви благодарам повторно и се гледаме во блиска иднина, изјавила премиерката на Естонија, Каја Калас.

 

The post Калас: По НАТО, би сакале да ѝ посакаме добредојде на Македонија и во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Премиерката на Естонија, Каја Калас по денешната билатерална средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, изразила цврста поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава.
Задоволство ми е да му посакам добредојде на премиерот Ковачевски во Естонија на неговата прва посета тука. Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици партнери во НАТО, и ние би сакале да и посакаме добредојде и во Европската Унија. Ние сме силни поддржувачи на Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија, изјавила премиерката на Естонија, Калас, соопштија од владината прес-служба.
Калас се заблагодарила и за, како што се наведува во соопштението, големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна.
Ви благодарам повторно и се гледаме во блиска иднина, изјавила премиерката на Естонија, Каја Калас.
 

The post Калас: По НАТО, би сакале да ѝ посакаме добредојде на Македонија и во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Премиерката на Естонија: Путин не смее да победи во оваа војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierkata-na-estonija-putin-ne-smee-da-pobedi-vo-ovaa-vojna/ Sun, 20 Mar 2022 20:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=475852

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.

– Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен.

Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“.

Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката.

– Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа.

На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа.

Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.

The post Премиерката на Естонија: Путин не смее да победи во оваа војна appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.
– Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен. Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“. Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката.
– Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа.
На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа. Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.

The post Премиерката на Естонија: Путин не смее да победи во оваа војна appeared first on Република.

]]>