каиро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kairo/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 21:06:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каиро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kairo/ 32 32 Делегација на Хамас утре во Каиро за договорот за прекин на огнот и заложниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/delegatsija-na-hamas-utre-vo-kairo-za-dogovorot-za-prekin-na-ognot-i-zalozhnitsite/ Fri, 29 Nov 2024 21:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=843275

Делегација на Хамас утре ќе пристигне во Каиро на разговори со египетските власти за прекин на огнот, изјави високиот функционер на групата Басем Наим.

Соединетите Американски Држави пред неколку дена соопштија дека ќе почнат нови разговори со Катар, Египет и Турција, со цел да ги обноват преговорите за ослободување на заложниците во Газа и договор за прекин на огнот, по примирјето меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека Хамас покажува „зголемена флексибилност во преговорите“ за долго закочениот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа.

The post Делегација на Хамас утре во Каиро за договорот за прекин на огнот и заложниците appeared first on Република.

]]>

Делегација на Хамас утре ќе пристигне во Каиро на разговори со египетските власти за прекин на огнот, изјави високиот функционер на групата Басем Наим. Соединетите Американски Држави пред неколку дена соопштија дека ќе почнат нови разговори со Катар, Египет и Турција, со цел да ги обноват преговорите за ослободување на заложниците во Газа и договор за прекин на огнот, по примирјето меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах. „Њујорк тајмс“ вчера објави дека Хамас покажува „зголемена флексибилност во преговорите“ за долго закочениот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа.

The post Делегација на Хамас утре во Каиро за договорот за прекин на огнот и заложниците appeared first on Република.

]]>
Вучиќ од Каиро: Нападот врз Трамп е чист чин на омраза https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-od-kairo-napadot-vrz-tramp-e-chist-chin-na-omraza/ Sun, 14 Jul 2024 10:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=796604

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста од Каиро.

Вучиќ истакна дека имал убав разговор со поглаварот на Коптската православна црква.

„Да научиме нешто повеќе и да стекнеме нови пријатели“.

Претседателот на Србија се осврна на атентатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој изјави дека нападот врз Трамп е чист чин на омраза.

The post Вучиќ од Каиро: Нападот врз Трамп е чист чин на омраза appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста од Каиро. Вучиќ истакна дека имал убав разговор со поглаварот на Коптската православна црква. „Да научиме нешто повеќе и да стекнеме нови пријатели“. Претседателот на Србија се осврна на атентатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој изјави дека нападот врз Трамп е чист чин на омраза.

The post Вучиќ од Каиро: Нападот врз Трамп е чист чин на омраза appeared first on Република.

]]>
Голем интерес за „Преекспонирано“ во Каиро: Режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на прашања од публиката и по завршувањето на официјалниот дел https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golem-interes-za-preeksponirano-vo-kairo-reziserkata-akterite-i-producentot-na-filmot-odgovaraa-na-prashanja-od-publikata-i-po-zavrshuvanjeto-na-oficijalniot-del/ Mon, 21 Nov 2022 09:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=576366

Одлична премиера на Преекспонирано на Интернационалниот фестивал во Каиро проследена со прашања од публиката. Заради големиот интерес, режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.

The post Голем интерес за „Преекспонирано“ во Каиро: Режисерката, актерите и продуцентот на филмот одговараа на прашања од публиката и по завршувањето на официјалниот дел appeared first on Република.

Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-preeksponirano-na-eleonora-veninova-na-megjunarodniot-filmski-festival-vo-kairo/ Tue, 18 Oct 2022 12:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=562539

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржува од 13 до 22 ноември.

Мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија. По неколку измени дојдовме до конечната верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката, рече Елеонора Венинова, режисерка на филмот.

Венинова потенцираше дека станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

За актерката Сара Климовска ова е прва соработка со Венинова и вели дека процесот одел без проблеми.

Првите две недели снимавме со маски, две недели бевме во комплетна изолација, ги почитувавме сите протоколи и се помина во најдобар ред, рече Климовска.

За Благој Веселинов особен впечаток оставила работата во време на пандемијата и смета дека филмот има нешто поразлично што досега не го видел во друг македонски филм, има внатрешна емотивна борба со која се соочуваат актерите.

Овој филм ми е многу драг бидејќи дотогаш никој не снимаше, беше пандемија и сите се прашувавме што ќе се случува понатаму, како ќе работиме. Елеонора и Крале ги зедоа работите во свои раце и среќен сум што успеав да го одвојам Благој Веселинов од ликот кој што го играм во филмот. Тоа за мене е голема среќа, а понатаму публиката ќе го каже своето мислење, рече Веселинов.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.

Драги филмаџии може да се гордеете со нашите филмови, нашата култура, со македонскиот јазик затоа што ако погледнеме наназад во изминативе месеци каде се беше присутен македонскиот филм и македонскиот јазик, ќе забележиме дека беше во Северна Америка, Европа, за две недели одиме во Токио, сега добиваме убава информација дека се селиме и на Африканскиот континент. Кај мене, како директор на Агенцијата за филм чувството е прекрасно бидејќи македонскиот филм стана најголем амбасадор на македонската култура, рече Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, честитајќи им на успехот на тимот.

Лазаревски увери дека ќе продолжат да финансираат успешни млади автори од Македонија и дека тие и понатаму ќе не претставуваат низ светот.

Моја најголема желба е не само да продолжи поддршката на млади автори, туку и да се зголемува затоа што ова што тие го прават не прават горди нас, како Агенција за филм, но и целата јавност, потенцираше Лазаревски.

Продуцентот Гоце Кралевски информираше дека покрај светската премиера на филмот, очекуваат набргу и европска премиера, исто така на голем меѓународен фестивал од А категорија, а на пролет филмот ќе може да го погледне и македонската публика.

Да не беше оваа добра екипа немаше да направиме вака добар филм, бидејќи сметам дека филмот е онолку добар колку што е добра екипата која стои зад него, рече Кралевски.

The post Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржува од 13 до 22 ноември.
Мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија. По неколку измени дојдовме до конечната верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката, рече Елеонора Венинова, режисерка на филмот.
Венинова потенцираше дека станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот. Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). За актерката Сара Климовска ова е прва соработка со Венинова и вели дека процесот одел без проблеми.
Првите две недели снимавме со маски, две недели бевме во комплетна изолација, ги почитувавме сите протоколи и се помина во најдобар ред, рече Климовска.
За Благој Веселинов особен впечаток оставила работата во време на пандемијата и смета дека филмот има нешто поразлично што досега не го видел во друг македонски филм, има внатрешна емотивна борба со која се соочуваат актерите.
Овој филм ми е многу драг бидејќи дотогаш никој не снимаше, беше пандемија и сите се прашувавме што ќе се случува понатаму, како ќе работиме. Елеонора и Крале ги зедоа работите во свои раце и среќен сум што успеав да го одвојам Благој Веселинов од ликот кој што го играм во филмот. Тоа за мене е голема среќа, а понатаму публиката ќе го каже своето мислење, рече Веселинов.
Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.
Драги филмаџии може да се гордеете со нашите филмови, нашата култура, со македонскиот јазик затоа што ако погледнеме наназад во изминативе месеци каде се беше присутен македонскиот филм и македонскиот јазик, ќе забележиме дека беше во Северна Америка, Европа, за две недели одиме во Токио, сега добиваме убава информација дека се селиме и на Африканскиот континент. Кај мене, како директор на Агенцијата за филм чувството е прекрасно бидејќи македонскиот филм стана најголем амбасадор на македонската култура, рече Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, честитајќи им на успехот на тимот.
Лазаревски увери дека ќе продолжат да финансираат успешни млади автори од Македонија и дека тие и понатаму ќе не претставуваат низ светот.
Моја најголема желба е не само да продолжи поддршката на млади автори, туку и да се зголемува затоа што ова што тие го прават не прават горди нас, како Агенција за филм, но и целата јавност, потенцираше Лазаревски.
Продуцентот Гоце Кралевски информираше дека покрај светската премиера на филмот, очекуваат набргу и европска премиера, исто така на голем меѓународен фестивал од А категорија, а на пролет филмот ќе може да го погледне и македонската публика.
Да не беше оваа добра екипа немаше да направиме вака добар филм, бидејќи сметам дека филмот е онолку добар колку што е добра екипата која стои зад него, рече Кралевски.

The post Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро appeared first on Република.

]]>
Зошто денеска Скопје мириса на Каиро? https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zoshto-deneska-skopje-mirisa-na-kairo/ Wed, 16 Mar 2022 08:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=473524

Кирил Арсовски Пржо, еколог и професор по биологија објаснува зошто денеска Скопје мириса на Каиро.

Утрово се разбудивме со жолти и окер облаци и една жолта дифузна светлина над Македонија, како резултат на огромното количество на Сахарски песок и прашина што деновиве се најде над Европското небо. Секоја пролет, поради температурни промени, силниот Сахарски ветар, Сироко носи минерални депозити преку Медитеранот до Европа и преку Атлантикот до Америка. Еве кој не патувал во Египет, денес Скопје мириса на Каиро, пишува Арсовски на Фејсбук.

The post Зошто денеска Скопје мириса на Каиро? appeared first on Република.