кафуле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kafule/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Aug 2023 07:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кафуле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kafule/ 32 32 17 повредени во пукање во познат клуб во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/17-povredeni-vo-pukane-vo-poznat-klub-vo-prishtina/ Sat, 05 Aug 2023 07:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=668876

Седумнаесет лица се повредени во престрелката што се случила околу полноќ во познат локал во центарот на Приштина. Според изворите од местото на настанот на порталот „Репортери.нет“, тепачката меѓу двете групи започнала надвор од локалот, која потоа продолжила во внатрешноста на локалот, каде што се пукало.

Од кососката полиција соопштија дека околу 23:30 часот во кафеана на улицата „Реџеп Луци“ во Приштина биле пријавени истрели од огнено оружје.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и од првите информации се сомнева дека има повредени од огнено оружје, па дури и од фрагменти од стакло. Додека повредените се испратени на неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со работа, односно увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија, соопшти полицијата.

Додаваат дека во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени.

Директорот на Ургентниот центар Насер Сиља потврди дека еден од повредените е во животна опасност.

Имаме вкупно 17 повредени лица, од кои седум со огнено оружје, а 10 со други повреди од скршено стакло или од инвентарот. Сите се во стабилна состојба, додека еден е во операциона сала и е во животна опасност. Останатите се стабилни. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години, изјави Сиља.

The post 17 повредени во пукање во познат клуб во Приштина appeared first on Република.

]]>

Седумнаесет лица се повредени во престрелката што се случила околу полноќ во познат локал во центарот на Приштина. Според изворите од местото на настанот на порталот „Репортери.нет“, тепачката меѓу двете групи започнала надвор од локалот, која потоа продолжила во внатрешноста на локалот, каде што се пукало. Од кососката полиција соопштија дека околу 23:30 часот во кафеана на улицата „Реџеп Луци“ во Приштина биле пријавени истрели од огнено оружје.
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и од првите информации се сомнева дека има повредени од огнено оружје, па дури и од фрагменти од стакло. Додека повредените се испратени на неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со работа, односно увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија, соопшти полицијата.
Додаваат дека во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени. Директорот на Ургентниот центар Насер Сиља потврди дека еден од повредените е во животна опасност.
Имаме вкупно 17 повредени лица, од кои седум со огнено оружје, а 10 со други повреди од скршено стакло или од инвентарот. Сите се во стабилна состојба, додека еден е во операциона сала и е во животна опасност. Останатите се стабилни. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години, изјави Сиља.

The post 17 повредени во пукање во познат клуб во Приштина appeared first on Република.

]]>
Фрлена шок бомба пред кафуле во Косовска Митровица, во кое седеле српски опозициски пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/frlena-shok-bomba-pred-kafule-vo-kosovska-mitrovitsa-vo-koe-sedele-srpski-opozitsiski-pratenitsi/ Tue, 20 Jun 2023 18:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=653483

Шок бомба е фрлена пред кафуле во северниот дел на Косовска Митровица каде седеле членови на српските опозициски партии, јави вечерва телевизијата Н1.

Припадниците на опозицијата Мирослав Алексиќ, Александар Јовановиќ Ќута и Данијела Несторовиќ седеле во кафулето на хотелот ББ кога, според Н1, се случил инцидентот.

Во текот на денот опозициски пратеници го посетија и Звечан со цел да им „дадат поддршка“ на Србите од Косово.

The post Фрлена шок бомба пред кафуле во Косовска Митровица, во кое седеле српски опозициски пратеници appeared first on Република.

]]>

Шок бомба е фрлена пред кафуле во северниот дел на Косовска Митровица каде седеле членови на српските опозициски партии, јави вечерва телевизијата Н1. Припадниците на опозицијата Мирослав Алексиќ, Александар Јовановиќ Ќута и Данијела Несторовиќ седеле во кафулето на хотелот ББ кога, според Н1, се случил инцидентот. Во текот на денот опозициски пратеници го посетија и Звечан со цел да им „дадат поддршка“ на Србите од Косово.

The post Фрлена шок бомба пред кафуле во Косовска Митровица, во кое седеле српски опозициски пратеници appeared first on Република.

]]>
Членови на Левица руинираат кафуле, а потоа се жалат дека се жртви, сопственикот објави снимки од случувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/chlenovi-na-levica-ruiniraat-kafule-a-potoa-se-zalat-deka-se-zrtvi-sopstvenikot-objavi-snimki-od-sluchuvanjeto/ Thu, 01 Dec 2022 19:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=580615

Сопственикот на „Хелиум Кафе“ во Ново Лисиче, Бобан Несторовски, реагира до јавноста за немили случки од пред неколку денови, во кои биле инволвирани членови на политичката партија „Левица“.

Несторовски, во својата реакција ја образложувам целата ситуација во која се нашол, а доставува и видео материјали како доказ за случувањата.

Неговата реакција ја пренесуваме во целост.

„Јас сум сопственик на кафулето „Хелиум“ во населбата Ново Лисиче, во кое веќе неколку години луѓе од сите генерации уживаат, се забавуваат и едноставно имаат „свое катче за уживање“ во Аеродром. Вложив многу труд, љубов и енергија да го претворам во катче кое ќе биде пристојно место за дружење. Се потрудив да го уредам современо, а многу енергија потрошив во изнаоѓањето тим од млади луѓе што посветено и со љубов ќе си ја работат својата работа, секогаш со насмевка на лицето, затоа што задоволните гости се нашиот врвен приоритет.

За жал и покрај мојата посветеност, моите лични инвестиции во локалот, но и во целата околина, во нови садници и хортикултурно уредување за поубав изглед на Ново Лисиче, пред неколку дена бев мета на обиди за изнуда и напади од страна на личности кои се политички активни. Велам за жал, затоа што ниту сум член на која било политичка партија, не сакам да бидат инволиран во било каква политичка игра, а поседувам легален и чесен бизнис, кој уредно и навремено ги подмирува сите давачки кон надлежните институции и вработените.

Настанот се случи пред неколку дена кога со недолично и безобразно однесување, во локалот влегоа две лица. Од информациите кои стигнаа до мене, едниот од нив е советник во Советот на Општина Аеродром, кој заедно со брат му кој исто така е активист на политичка партија што е претставена во Советот на градот, почнаа вербално да се закануваат и да се обраќаат кон мене, персоналот и гостите. Некултурниот и дрзок однос, директните напади и физичкиот напад кон мене и мојот локал, подоцна прерасна и во навреда кон полициските службеници кои беа приморани да интервенираат против овие двајца насилници.

Дополнително на тоа, згрозен сум и од целата хајка што се води против мене на социјалните мрежи од лица блиски до двајцата насилници, кои продолжија преку сопствените медиуми и социјалните мрежи да шират невистини за мене и мојот локал, како и закани со бомби, палење на локалот и зборови кои никому не би посакал да се остварат.

Револтот кај мене е уште поголем затоа што тие се преставници на органите на локалната самоуправа и директно се избрани од граѓаните на избори. Со ваквиот начин на комуникација и однос прават директен аттак и врз граѓаните на Скопје и Аеродром кои на избори гласаат за советници, а не за насилници и деликвенти. Овие мои тврдења се докажани и од видеата од безбедносните камери, кои покажуваат дека советници и активисти од политичката партија Левица посегнуваат по уништување на приватниот имот кој го имам изградено со многу труд и мака, а истовремено не се срамат ниту на социјалните мрежи да објавуваат заканувачки содржини кон мене, мојот живот и мојот локал.

Ваквиот начин на однесување и инцидентот кој тие го направија предизвик сериозен стрес и нарушување на моето здравје. Јас сум човек кој има дијабетес тип 1 и ова беше причина за сериозен стрес кај мене и кај моето семејство. Нападот од страна на општинските советници и недоличното однесување и директен удар за еден мал и локален бизнис, кој работи согласно со законот, редовно плаќа даноци и останати давачки, а самоиницијативно има вложено огромни средства во уредување и на околината. Дополнително, во време на здравствената и економска криза со Ковид-19 нашиот локал ги задржа сите вработени и ги исполни сите давачки кон државата.

Апелирам до вас како претставници на медиумите да ја пренесете мојата изјава во целост, како и согласно со вашите надлежности и законските рамки да го прикажете и целиот материјал кој ги покажува самите чинови на деликвенција и руинирање на локалот, но и заканите по мојот живот, безбедноста на локалот и на сите околни граѓани.

Напоменувам, дека овој допис денеска го доставив до архивите на Град Скопје, до градоначалничката и Советот, како и до Општина Аеродром“.

The post Членови на Левица руинираат кафуле, а потоа се жалат дека се жртви, сопственикот објави снимки од случувањето appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на „Хелиум Кафе“ во Ново Лисиче, Бобан Несторовски, реагира до јавноста за немили случки од пред неколку денови, во кои биле инволвирани членови на политичката партија „Левица“. Несторовски, во својата реакција ја образложувам целата ситуација во која се нашол, а доставува и видео материјали како доказ за случувањата. Неговата реакција ја пренесуваме во целост. „Јас сум сопственик на кафулето „Хелиум“ во населбата Ново Лисиче, во кое веќе неколку години луѓе од сите генерации уживаат, се забавуваат и едноставно имаат „свое катче за уживање“ во Аеродром. Вложив многу труд, љубов и енергија да го претворам во катче кое ќе биде пристојно место за дружење. Се потрудив да го уредам современо, а многу енергија потрошив во изнаоѓањето тим од млади луѓе што посветено и со љубов ќе си ја работат својата работа, секогаш со насмевка на лицето, затоа што задоволните гости се нашиот врвен приоритет. За жал и покрај мојата посветеност, моите лични инвестиции во локалот, но и во целата околина, во нови садници и хортикултурно уредување за поубав изглед на Ново Лисиче, пред неколку дена бев мета на обиди за изнуда и напади од страна на личности кои се политички активни. Велам за жал, затоа што ниту сум член на која било политичка партија, не сакам да бидат инволиран во било каква политичка игра, а поседувам легален и чесен бизнис, кој уредно и навремено ги подмирува сите давачки кон надлежните институции и вработените. Настанот се случи пред неколку дена кога со недолично и безобразно однесување, во локалот влегоа две лица. Од информациите кои стигнаа до мене, едниот од нив е советник во Советот на Општина Аеродром, кој заедно со брат му кој исто така е активист на политичка партија што е претставена во Советот на градот, почнаа вербално да се закануваат и да се обраќаат кон мене, персоналот и гостите. Некултурниот и дрзок однос, директните напади и физичкиот напад кон мене и мојот локал, подоцна прерасна и во навреда кон полициските службеници кои беа приморани да интервенираат против овие двајца насилници. Дополнително на тоа, згрозен сум и од целата хајка што се води против мене на социјалните мрежи од лица блиски до двајцата насилници, кои продолжија преку сопствените медиуми и социјалните мрежи да шират невистини за мене и мојот локал, како и закани со бомби, палење на локалот и зборови кои никому не би посакал да се остварат. Револтот кај мене е уште поголем затоа што тие се преставници на органите на локалната самоуправа и директно се избрани од граѓаните на избори. Со ваквиот начин на комуникација и однос прават директен аттак и врз граѓаните на Скопје и Аеродром кои на избори гласаат за советници, а не за насилници и деликвенти. Овие мои тврдења се докажани и од видеата од безбедносните камери, кои покажуваат дека советници и активисти од политичката партија Левица посегнуваат по уништување на приватниот имот кој го имам изградено со многу труд и мака, а истовремено не се срамат ниту на социјалните мрежи да објавуваат заканувачки содржини кон мене, мојот живот и мојот локал. Ваквиот начин на однесување и инцидентот кој тие го направија предизвик сериозен стрес и нарушување на моето здравје. Јас сум човек кој има дијабетес тип 1 и ова беше причина за сериозен стрес кај мене и кај моето семејство. Нападот од страна на општинските советници и недоличното однесување и директен удар за еден мал и локален бизнис, кој работи согласно со законот, редовно плаќа даноци и останати давачки, а самоиницијативно има вложено огромни средства во уредување и на околината. Дополнително, во време на здравствената и економска криза со Ковид-19 нашиот локал ги задржа сите вработени и ги исполни сите давачки кон државата. Апелирам до вас како претставници на медиумите да ја пренесете мојата изјава во целост, како и согласно со вашите надлежности и законските рамки да го прикажете и целиот материјал кој ги покажува самите чинови на деликвенција и руинирање на локалот, но и заканите по мојот живот, безбедноста на локалот и на сите околни граѓани. Напоменувам, дека овој допис денеска го доставив до архивите на Град Скопје, до градоначалничката и Советот, како и до Општина Аеродром“.

The post Членови на Левица руинираат кафуле, а потоа се жалат дека се жртви, сопственикот објави снимки од случувањето appeared first on Република.

]]>
Кафуле наплаќа екстра ако седите надвор и користите греалка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kafule-naplakja-ekstra-ako-sedite-nadvor-i-koristite-grealka/ Tue, 25 Oct 2022 12:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=565434

Зголемувањето на цените на енергенсите натера едно кафуле од Загреб, Хрватска да почне да им наплаќа на гостите за седење под греалки.

Кафето со греалка чини 14 куни, а ако не сакате греење, тогаш ќе платите 12 куни, кажа газдата на кафулето во Загреб.

Сличен потег направи и кафеана во Виена, која бара дополнителни пет или 10 евра од гостите кои седат на тераса и користат греалка, објави „Вечерњи лист“.

 

The post Кафуле наплаќа екстра ако седите надвор и користите греалка appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на цените на енергенсите натера едно кафуле од Загреб, Хрватска да почне да им наплаќа на гостите за седење под греалки. Кафето со греалка чини 14 куни, а ако не сакате греење, тогаш ќе платите 12 куни, кажа газдата на кафулето во Загреб. Сличен потег направи и кафеана во Виена, која бара дополнителни пет или 10 евра од гостите кои седат на тераса и користат греалка, објави „Вечерњи лист“.  

The post Кафуле наплаќа екстра ако седите надвор и користите греалка appeared first on Република.

]]>
Женска тепачка во кафуле во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zenska-tepachka-vo-kafule-vo-centar/ Sat, 01 Jan 2022 16:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=439364

Денеска во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека после полноќ во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П.(18) и нејзината 17-годишна другарка, двете од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице, кое употребило и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Женска тепачка во кафуле во Центар appeared first on Република.

]]>

Денеска во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека после полноќ во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П.(18) и нејзината 17-годишна другарка, двете од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Женска тепачка во кафуле во Центар appeared first on Република.

]]>