кафез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kafez/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 11:22:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кафез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kafez/ 32 32 Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-operativniot-tim-kafez-i-regionalniot-tsentar-za-granichni-raboti-sever/ Thu, 16 May 2024 11:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=778783

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на дешените работни активности министерот оствари работни средби со Оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Оперативниот тим „Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови.

Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици кои работат во делот на потрагите и формирање на една централизирана единица за потраги заради поефикасно постапување.

Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север функционираат полициските станици за граничен надзор и гранични проверки на северната граница кон Србија и Косово, аеродромот во Скопје и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Од страна на раководството бев запознаен со нивната работа и проблемите со кои се соочени и во тој контекст беше посочено дека има недостаток на кадар и возила, особено во делот на прекуграничниот криминал и странци. Во иднина треба да се изврши анализа на постоењето и ефикасноста на определени организациски единици во делот на граничниот надзор и да се предвиди нов и поефикасен начин на работа кој ќе се темели на користење на највисоките технолошки достигнувања, рече министерот Тошковски.

The post Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на дешените работни активности министерот оствари работни средби со Оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север. Оперативниот тим „Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови. Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици кои работат во делот на потрагите и формирање на една централизирана единица за потраги заради поефикасно постапување.