кафеани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kafeani/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 11:24:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кафеани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kafeani/ 32 32 Од лани цените во кафеаните поскапеле за 12.3 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-lani-tsenite-vo-kafeanite-poskapele-za-12-3-protsenti/ Fri, 05 May 2023 11:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=637278

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %.

Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот
период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %

The post Од лани цените во кафеаните поскапеле за 12.3 проценти appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %. Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %

The post Од лани цените во кафеаните поскапеле за 12.3 проценти appeared first on Република.

]]>
Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pak-kje-ima-muzika-vo-kafulinjata-i-restoranite-vo-grcija/ Mon, 31 Jan 2022 08:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=451788

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина.

Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“.

На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица.

За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали.

Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95.

За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна.

Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари.

Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.

Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.

Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

The post Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција appeared first on Република.

]]>

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“. На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица. За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали. Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95. За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна. Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари. Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.
Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.
Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

The post Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција appeared first on Република.

]]>
Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradskite-vlasti-na-shilegov-se-goshtevale-po-kafani-so-pari-na-skopjani-plakjani-enormni-smetki/ Fri, 28 Jan 2022 08:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=450530

Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Сметка од околу 30 илјади денари за еден ден направил командирот на противпожарната единици поставен од Шилегов, а како причина навел прослава за купување на противпожарната скала, тоа е истата онаа скала која град Скопје ја купи 1.7 милиони евра, односно двојно поскапо од град Загреб.

Сметки скапи во сред кампања по кафани правела и Љубица Јанчева, која на 22 октомври во елитен ресторан на Кејот на Вардар потрошила 39.700 денари.

Функционерите на СДСМ трошеле на телешки бифтеци, морски плодови и разни други скапи специјалитети.

Со парите на народот се плаќа луксузот на функционерите од СДСМ. Сега веќе не можат на грбот на скопјани да се гоштеваат по кафеани и затоа е паниката и нервозата во нивните редови кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

The post Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки appeared first on Република.

]]>

Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Сметка од околу 30 илјади денари за еден ден направил командирот на противпожарната единици поставен од Шилегов, а како причина навел прослава за купување на противпожарната скала, тоа е истата онаа скала која град Скопје ја купи 1.7 милиони евра, односно двојно поскапо од град Загреб. Сметки скапи во сред кампања по кафани правела и Љубица Јанчева, која на 22 октомври во елитен ресторан на Кејот на Вардар потрошила 39.700 денари. Функционерите на СДСМ трошеле на телешки бифтеци, морски плодови и разни други скапи специјалитети. Со парите на народот се плаќа луксузот на функционерите од СДСМ. Сега веќе не можат на грбот на скопјани да се гоштеваат по кафеани и затоа е паниката и нервозата во нивните редови кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

The post Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки appeared first on Република.

]]>