Кадри Весели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadri-veseli/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 08:07:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кадри Весели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadri-veseli/ 32 32 Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prodolzhuva-sudeneto-na-poraneshnite-lideri-na-ovk/ Mon, 23 Sep 2024 08:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=818869

Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува судењето на поранешните лидери ОВК/УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

На 30 септември 2022 година, Специјалното обвинителство поднесе потврдено дополнето обвинение против Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими во 10 точки, во кое ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори на ОВК во Косово и Албанија.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.

The post Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК appeared first on Република.

]]>

Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува судењето на поранешните лидери ОВК/УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. На 30 септември 2022 година, Специјалното обвинителство поднесе потврдено дополнето обвинение против Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими во 10 точки, во кое ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори на ОВК во Косово и Албанија. Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.

The post Продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК appeared first on Република.

]]>
Во Косово се повикува на протести поради продолжувањето на притворот на Тачи и Весели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-se-povikuva-na-protesti-poradi-prodolzhuvaneto-na-pritvorot-na-tachi-i-veseli/ Sat, 17 Aug 2024 17:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=807543

Пратеничката на најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу, откако Специјализираните комори за Косово во Хаг вчера ја продолжија мерката притвор на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели, повика на протести на Албанците низ Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на нејината страница на Фејсбук, Муслиу ги нарече Специјализираните комори „Политизирани комори на Косово во Хаг“, додека одлуката против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) ја оцени како „тежок и неприфатлив чекор“.

-Дојде време косовските Албанци повторно да ги полнат плоштадите во Европа за да бараат правда и да ја бранат ослободителната војна, напиша Муслиу, која во војната беше припадничка на ОВК.

Во вчерашното образложение на Специјалното обвинителство во Хаг, се наведува дека судскиот совет констатирал оти и натаму нема информации кои ги оправдуваат наводите дека Тачи и Весели можат да побегнат доколку бидат ослободени, но дека постои ризик дека тие ќе ги попречуваат процедурите на специјализираните комори и можат да извршат други кривични дела против оние кои се сметаат за противници на ОВК и сведоците.

Поранешните челници на ОВК се веќе четири години во притвор во Хаг, каде што им се суди за командна одговорност за наводни злосторства врз цивили од разни националности во војната од 1998-99 година во Косово

The post Во Косово се повикува на протести поради продолжувањето на притворот на Тачи и Весели appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу, откако Специјализираните комори за Косово во Хаг вчера ја продолжија мерката притвор на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели, повика на протести на Албанците низ Европа, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на нејината страница на Фејсбук, Муслиу ги нарече Специјализираните комори „Политизирани комори на Косово во Хаг“, додека одлуката против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) ја оцени како „тежок и неприфатлив чекор“.
-Дојде време косовските Албанци повторно да ги полнат плоштадите во Европа за да бараат правда и да ја бранат ослободителната војна, напиша Муслиу, која во војната беше припадничка на ОВК.
Во вчерашното образложение на Специјалното обвинителство во Хаг, се наведува дека судскиот совет констатирал оти и натаму нема информации кои ги оправдуваат наводите дека Тачи и Весели можат да побегнат доколку бидат ослободени, но дека постои ризик дека тие ќе ги попречуваат процедурите на специјализираните комори и можат да извршат други кривични дела против оние кои се сметаат за противници на ОВК и сведоците. Поранешните челници на ОВК се веќе четири години во притвор во Хаг, каде што им се суди за командна одговорност за наводни злосторства врз цивили од разни националности во војната од 1998-99 година во Косово

The post Во Косово се повикува на протести поради продолжувањето на притворот на Тачи и Весели appeared first on Република.

]]>