Кадри Симсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadri-simson/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Nov 2022 16:39:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кадри Симсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadri-simson/ 32 32 Еврокомесарката за енергетика во Киев заради зголемување на помошта за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evrokomesarkata-za-energetika-vo-kiev-zaradi-zgolemuvanje-na-pomoshta-za-ukraina/ Tue, 01 Nov 2022 17:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=568414

Комесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон, пристигна во посета на Киев за да обезбеди поддршка за енергетскиот сектор на Украина.

Денеска сум во Киев за да помогнам да се зголеми поддршката за енергетскиот сектор на Украина. Украинската енергетска инфраструктура е под целен напад од Русија, сурова и нехумана тактика да предизвика човечко страдање со приближувањето зимата. ЕУ стои покрај Украина, напиша Симсон на Твитер.

https://twitter.com/KadriSimson/status/1587463374492819457?cxt=HHwWgoCzqejh5ocsAAAA

Симсон пристигна во Киев еден ден откако руските ракетни напади оставија многу области во Украина без струја и вода, а еврокомесарката изјави дека работи на зголемување на финансиската, техничката и практична помош за Украина бидејќи лично го видела обемот на воената штета.

Ова мора да дојде од институциите на ЕУ, земјите-членки, нашите меѓународни партнери и приватни донатори. Немаме време за губење!, порача Симсон.

Украинската енергетска инфраструктура е цел на руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари, а тие напади се интензивираа откако експлозија го оштети стратешки важниот Кречки мост на Крим.

На 20 октомври, украинската влада ги објави плановите за намалување на потрошувачката на енергија низ целата земја за 20 отсто поради помалото производство од оштетените енергетски капацитети.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, 30 отсто од електраните во Украина се уништени во нападите од 10 до 18 октомври.

The post Еврокомесарката за енергетика во Киев заради зголемување на помошта за Украина appeared first on Република.

]]>

Комесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон, пристигна во посета на Киев за да обезбеди поддршка за енергетскиот сектор на Украина.
Денеска сум во Киев за да помогнам да се зголеми поддршката за енергетскиот сектор на Украина. Украинската енергетска инфраструктура е под целен напад од Русија, сурова и нехумана тактика да предизвика човечко страдање со приближувањето зимата. ЕУ стои покрај Украина, напиша Симсон на Твитер.
https://twitter.com/KadriSimson/status/1587463374492819457?cxt=HHwWgoCzqejh5ocsAAAA Симсон пристигна во Киев еден ден откако руските ракетни напади оставија многу области во Украина без струја и вода, а еврокомесарката изјави дека работи на зголемување на финансиската, техничката и практична помош за Украина бидејќи лично го видела обемот на воената штета.
Ова мора да дојде од институциите на ЕУ, земјите-членки, нашите меѓународни партнери и приватни донатори. Немаме време за губење!, порача Симсон.
Украинската енергетска инфраструктура е цел на руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари, а тие напади се интензивираа откако експлозија го оштети стратешки важниот Кречки мост на Крим. На 20 октомври, украинската влада ги објави плановите за намалување на потрошувачката на енергија низ целата земја за 20 отсто поради помалото производство од оштетените енергетски капацитети. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, 30 отсто од електраните во Украина се уништени во нападите од 10 до 18 октомври.

The post Еврокомесарката за енергетика во Киев заради зголемување на помошта за Украина appeared first on Република.

]]>