кадифе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadife/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 06:51:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кадифе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadife/ 32 32 „Кадифе“ со оркестарот на Филхармонија и Шерон Кам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kadife-so-orkestarot-na-filharmonija-i-sheron-kam/ Thu, 30 Mar 2023 06:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=625283

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор Арон Копланд.

На програмата се неговата Трета симфонија и Концертот за кларинет и оркестар, а како солистка ќе настапи една од најдобрите кларинетистки на светската музичка сцена во моментов – Шерон Кам. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Арон Копланд (1900-1990) е исклучителен композитор, кој создаде богат музички опус кој рефлектира типичен „американски звук“. Го нарекуваат „деканот на американските композитори“, „татко на американската класика“. Неговата музика ја одразува шареноликоста на американската култура во фузија со влијанијата од наследството културно наследство.

Шерон Кам е една од водечите кларинетистки на светската музичка сцена која во последниве 20 години настапува како солистка со најпознатите оркестри во САД, Европа и Јапонија.

Моцартовите ремек-дела се главен фокус во нејзиниот репертоар од почетокот на нејзината кариера. На 16 години го извела Моцартовиот Концерт за кларинет и оркестар, со кој дебитирала како солистика со Израелската филхармонија водена од славниот диригент Зубин Мехта. Кратко потоа, го изведува Квинетот за кларинети од Моцарт заедно со гудачкиот кварттет „Гуарнери“ во Карнеги Хол во Њујорк.

Како дел од прославата на 250-годишнината од раѓањето на Моцарт, во Националниот театар во Прага, таа го свири Моцартовиот концерт за клариент и оркестар, а изведбата се пренесува во живо во 33 земји и е издадена на ди-ви-ди. Истата година таа го реализира својот долгогодишен сон, го снима истиот концерт на заеднички албум со повеќе музичари.

Шерон Кам редовно настапува со уметници како Ларс Вогт, Кристијан Тецлаф, Даниел Милер -Шот, Каролин Видман и квартетот „Ерусалим“. Два пати ја добила наградата „Музичар на годината“ – за изведбата на Вебер со оркестарот на Лајпциг воден од маестро Курт Мазур и за нејзиниот албум кој го сними со Радио оркестарот на Лајпциг со дела од Шпор, Вебер, Росини и Менделсон.

Конрад ван Алфен е етаблиран холандски/ јужноафрикански диригент кој се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Тој е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам.

 

The post „Кадифе“ со оркестарот на Филхармонија и Шерон Кам appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор Арон Копланд. На програмата се неговата Трета симфонија и Концертот за кларинет и оркестар, а како солистка ќе настапи една од најдобрите кларинетистки на светската музичка сцена во моментов – Шерон Кам. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Арон Копланд (1900-1990) е исклучителен композитор, кој создаде богат музички опус кој рефлектира типичен „американски звук“. Го нарекуваат „деканот на американските композитори“, „татко на американската класика“. Неговата музика ја одразува шареноликоста на американската култура во фузија со влијанијата од наследството културно наследство. Шерон Кам е една од водечите кларинетистки на светската музичка сцена која во последниве 20 години настапува како солистка со најпознатите оркестри во САД, Европа и Јапонија. Моцартовите ремек-дела се главен фокус во нејзиниот репертоар од почетокот на нејзината кариера. На 16 години го извела Моцартовиот Концерт за кларинет и оркестар, со кој дебитирала како солистика со Израелската филхармонија водена од славниот диригент Зубин Мехта. Кратко потоа, го изведува Квинетот за кларинети од Моцарт заедно со гудачкиот кварттет „Гуарнери“ во Карнеги Хол во Њујорк. Како дел од прославата на 250-годишнината од раѓањето на Моцарт, во Националниот театар во Прага, таа го свири Моцартовиот концерт за клариент и оркестар, а изведбата се пренесува во живо во 33 земји и е издадена на ди-ви-ди. Истата година таа го реализира својот долгогодишен сон, го снима истиот концерт на заеднички албум со повеќе музичари. Шерон Кам редовно настапува со уметници како Ларс Вогт, Кристијан Тецлаф, Даниел Милер -Шот, Каролин Видман и квартетот „Ерусалим“. Два пати ја добила наградата „Музичар на годината“ – за изведбата на Вебер со оркестарот на Лајпциг воден од маестро Курт Мазур и за нејзиниот албум кој го сними со Радио оркестарот на Лајпциг со дела од Шпор, Вебер, Росини и Менделсон. Конрад ван Алфен е етаблиран холандски/ јужноафрикански диригент кој се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Тој е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам.  

The post „Кадифе“ со оркестарот на Филхармонија и Шерон Кам appeared first on Република.

]]>