кадетска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadetska-reprezentacija/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Aug 2023 20:34:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кадетска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kadetska-reprezentacija/ 32 32 Европскиот шампион Литванија, пресилна за македонските кошаркарски кадети https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/evropskiot-shampion-litvanija-presilna-za-makedonskite-kosharkarski-kadeti/ Mon, 07 Aug 2023 21:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=669784

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Литванија со 95-52 во рамки на завршното трето коло во групата Б на Европското првенство за играчи до 16 години во А дивизијата кое се одржува во Скопје.

Актуелниот европски првак беше пресилен за избраниците на селекторот Александар Јованчев, кои, сепак, со триумфот во воведното коло над Белгија ја остварија првата зацртана цел и обезбедија пласман во нокаут фазата.

Најефикасен во македонските редови беше Никола Јаничиќ со 15 поени.

Втората задача пред македонските кошаркари на ЕП е да обезбедат опстанок во А дивизијата, а битката за таа цел ќе ја почнат во осминафиналето против Словенија.

Поразениот од овој дуел ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место, а во пониската Б дивизија ќе се преселат репрезентациите кои ќе се пласираат на последните три позиции.

The post Европскиот шампион Литванија, пресилна за македонските кошаркарски кадети appeared first on Република.

]]>

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Литванија со 95-52 во рамки на завршното трето коло во групата Б на Европското првенство за играчи до 16 години во А дивизијата кое се одржува во Скопје. Актуелниот европски првак беше пресилен за избраниците на селекторот Александар Јованчев, кои, сепак, со триумфот во воведното коло над Белгија ја остварија првата зацртана цел и обезбедија пласман во нокаут фазата. Најефикасен во македонските редови беше Никола Јаничиќ со 15 поени. Втората задача пред македонските кошаркари на ЕП е да обезбедат опстанок во А дивизијата, а битката за таа цел ќе ја почнат во осминафиналето против Словенија. Поразениот од овој дуел ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место, а во пониската Б дивизија ќе се преселат репрезентациите кои ќе се пласираат на последните три позиции.

The post Европскиот шампион Литванија, пресилна за македонските кошаркарски кадети appeared first on Република.

]]>
Македонија се подготвува за мини кадетски Евробаскет во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonija-se-podgotvuva-za-mini-kadetski-evrobasket-vo-skopje/ Fri, 28 Jul 2023 17:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=666403

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од денеска до 31 јули ќе им биде домаќин на селекциите на Шпанија, Грција и Израел во рамки на завршниот дел од подготовките за Европското првенство во А дивизијата кое од 5 до 13 идниот месец ќе се одржи во Скопје.

Ова ќе биде и последната, но и најквалитетна проверка за избраниот тим на селекторот Александар Јованчев во пресрет на оној официјален турнир во кој на едно место ќе биде собрана европската кадетска кошаркарска елита, соопшти попладнево македонската кошаркарска Федерација.

Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, а македонските кошаркари ќе го отворат вечерва со дуел против селекцијата на Израел.

The post Македонија се подготвува за мини кадетски Евробаскет во Скопје appeared first on Република.

]]>

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од денеска до 31 јули ќе им биде домаќин на селекциите на Шпанија, Грција и Израел во рамки на завршниот дел од подготовките за Европското првенство во А дивизијата кое од 5 до 13 идниот месец ќе се одржи во Скопје.
Ова ќе биде и последната, но и најквалитетна проверка за избраниот тим на селекторот Александар Јованчев во пресрет на оној официјален турнир во кој на едно место ќе биде собрана европската кадетска кошаркарска елита, соопшти попладнево македонската кошаркарска Федерација.
Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, а македонските кошаркари ќе го отворат вечерва со дуел против селекцијата на Израел.

The post Македонија се подготвува за мини кадетски Евробаскет во Скопје appeared first on Република.

]]>
Трет пораз на македонските кошаркари на Европското кадетско првенство во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/tret-poraz-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskoto-kadetsko-prvenstvo-vo-skopje/ Tue, 16 Aug 2022 19:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=541100

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години загуби вечерва од Турција со 82-74 во осминафиналето на Европското кадетско првенство А дивизија, чиј домаќин е Скопје.

По двата високи порази во групната фаза од Грција и Шпанија, македонските кошаркари одлично влегоа во вечерашната пресметка и поведоа со 7-0 и 9-2, но Турција веќе до крајот на првата четвртина го сврте резултатот во своја корист (19-12), а на полувреме обезбеди уште повисока предност од 15 поени (43-28).

Македонските кошаркари имаа слаба реализација на шутот од поле и дури 25 загубени топки што на крајот се покажа пресудно за победата на Турција.

Најистакнат во македонските редови беше Марко Луканоски со дабл – дабл ефект од 13 поени и 20 скокови.

Со вечерашниот пораз Македонија во продолжението на Европското првенство ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место и ќе се обиде да ги избегне последните три места кои водат во Б дивизијата.

Извор: МИА

The post Трет пораз на македонските кошаркари на Европското кадетско првенство во Скопје appeared first on Република.

]]>

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години загуби вечерва од Турција со 82-74 во осминафиналето на Европското кадетско првенство А дивизија, чиј домаќин е Скопје. По двата високи порази во групната фаза од Грција и Шпанија, македонските кошаркари одлично влегоа во вечерашната пресметка и поведоа со 7-0 и 9-2, но Турција веќе до крајот на првата четвртина го сврте резултатот во своја корист (19-12), а на полувреме обезбеди уште повисока предност од 15 поени (43-28). Македонските кошаркари имаа слаба реализација на шутот од поле и дури 25 загубени топки што на крајот се покажа пресудно за победата на Турција. Најистакнат во македонските редови беше Марко Луканоски со дабл – дабл ефект од 13 поени и 20 скокови. Со вечерашниот пораз Македонија во продолжението на Европското првенство ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место и ќе се обиде да ги избегне последните три места кои водат во Б дивизијата.
Извор: МИА

The post Трет пораз на македонските кошаркари на Европското кадетско првенство во Скопје appeared first on Република.

]]>