каде се Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kade-se/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Apr 2023 07:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каде се Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kade-se/ 32 32 Нема да ви се верува која холивудска ѕвезда е на овие фотографии https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nema-da-vi-se-veruva-koja-holivudska-zvezda-e-na-ovie-fotografii/ Thu, 20 Apr 2023 07:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=632318

Јавноста е запрепастена откако деновиве беа објавени фотографии од некогашната холивудска ѕвезда и актерка од многу филмски хитови во осумдесетите и деведесетите. Папараците ја уловија во понеделникот, кога со синот пристигнала на аеродромот во Лос Анџелес.

Ретко кој би ја препознал, но станува збор за Бриџит Фонда, денес 59-годишна жена, која реши да се повлече од актерството во 2002 година.

На прашањето дали сака да се врати во Холивуд, Фонда едноставно одговори: „Не“. Откако фотографот ја прашал дали има шанси да се врати, таа повторно одговорила негативно и додала дека „поубаво е да си обичен човек, кој не е познат“.

Фонда во 2003 година доживеа тешка сообраќајна несреќа откако излета од насип додека врнеше силен дожд. Како што пренесува Би-Би-Си, се здобила со „лесна скршеница на два торакални пршлени“, но целосно закрепнала.

Потоа решила да ја прекине својата актерска кариера за да основа семејство со нејзиниот сопруг Дени, кој има две ќерки од претходниот брак со Гери Ајзенменгер, а со Фонда го добија синот Оливер во 2005 година.

Таа доаѓа од холивудската династија Фонда. Нејзиниот дедо е филмската легенда Хенри Фонда, нејзиниот татко е актерот Питер Фонда, а нејзината тетка е Џејн Фонда.

The post Нема да ви се верува која холивудска ѕвезда е на овие фотографии appeared first on Република.

]]>

Јавноста е запрепастена откако деновиве беа објавени фотографии од некогашната холивудска ѕвезда и актерка од многу филмски хитови во осумдесетите и деведесетите. Папараците ја уловија во понеделникот, кога со синот пристигнала на аеродромот во Лос Анџелес. Ретко кој би ја препознал, но станува збор за Бриџит Фонда, денес 59-годишна жена, која реши да се повлече од актерството во 2002 година. На прашањето дали сака да се врати во Холивуд, Фонда едноставно одговори: „Не“. Откако фотографот ја прашал дали има шанси да се врати, таа повторно одговорила негативно и додала дека „поубаво е да си обичен човек, кој не е познат“. Фонда во 2003 година доживеа тешка сообраќајна несреќа откако излета од насип додека врнеше силен дожд. Како што пренесува Би-Би-Си, се здобила со „лесна скршеница на два торакални пршлени“, но целосно закрепнала. Потоа решила да ја прекине својата актерска кариера за да основа семејство со нејзиниот сопруг Дени, кој има две ќерки од претходниот брак со Гери Ајзенменгер, а со Фонда го добија синот Оливер во 2005 година. Таа доаѓа од холивудската династија Фонда. Нејзиниот дедо е филмската легенда Хенри Фонда, нејзиниот татко е актерот Питер Фонда, а нејзината тетка е Џејн Фонда.

The post Нема да ви се верува која холивудска ѕвезда е на овие фотографии appeared first on Република.

]]>
Последната Мис на Југославија се омажи за Арап: Евев како изгледа денеска https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poslednata-mis-na-jugoslavija-se-omazi-za-arap-evev-kako-izgleda-deneska/ Thu, 10 Feb 2022 07:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=456518

Последна мис на СР Југославија беше Ана Шаргиќ, која со својата убавина и шарм се истакна на натпреварот за најубава жена на светот пред 20 години, кога влезе во топ 15. Изборот тогаш се одржа во Обединетото Кралство, а ѝ отвори многу врати во манекенството.

На 19 години станав последната Мис на Југославија, 2002 година и ja претставував земјата на изборот за Мис на светот во Лондон. Во изборот имаше преку 110 убавици од целиот свет, а јас успеав да се пробијам во топ 20 и да се изборам за неверојатното 11 место. По успешниот пласман во светскиот избор, ми се отвори големата врата на модниот свет. Тогаш почнав сè поактивно да патувам и да се посветувам на манекенството. Секако, учев во исто време, изјавила Ана во една прилика.

Ана денеска живее во Обединетите Арапски Емирати. Од 2010 година е во брак со Реза Калантаријан, со кого има две ќерки и еден син. На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека води многу активен социјален живот, додека одвреме-навреме доаѓа во Белград на што секогаш многу се радува, пишува „Србија данас“.

Морам да признаам дека е многу тешко. Поминаа повеќе од две години откако се откажав од спиење повеќе од четири часа. Имам близнаци и се подразбира дека сум многу посветена на нив. Од друга страна, многу си ја сакам работата и единствен начин да бидам среќна и задоволна е да балансирам и да најдам средина, изјавила таа пред да го роди синот.

Ана работи во арапска компании, но деталите за новото работно место никогаш не ги објавила во јавноста. Забележливо е дека здравата исхрана и редовната физичка активност влијаеле на нејзината фигура, па таа и денес изгледа одлично.

The post Последната Мис на Југославија се омажи за Арап: Евев како изгледа денеска appeared first on Република.