кабли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kabli/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кабли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kabli/ 32 32 Шведска и Данска не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетувањата на каблите во Балтичкото Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-danska-ne-ja-iskluchuvaat-mozhnosta-sabotazha-da-e-prichinata-za-oshtetuvanata-na-kablite-vo-baltichkoto-more/ Thu, 21 Nov 2024 07:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=840061

Премиерите на Шведска и Данска соопштија дека не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетените два кабли во Балтичкото Море, посочувајќи на зголемениот ризик од хибридни напади.

Откриено е дека кабел што ги поврзува Финска и Германија бил пресечен во шведски територијални води, јужно од островот Еланд, на околу 700 километри од Хелсинки. Дополнително, телекомуникациски кабел кој го поврзува шведскиот остров Готланд со Литванија е оштетен пред четири дена.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера изјави дека дефинитивно се работи за саботажа.

Ги следиме внимателно информациите од надлежните органи и нема да се изненадам ако саботажата е извршена од надворешен фактор, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

Воедно, таа посочи дека поради зголемените тензии околу Балтичкото Море, постои „ризик од хибридни напади, кибер-напади и напади врз критичната инфраструктура“.

Сведоци сме на сè повеќе проблеми на повеќе фронтови, додаде таа.

Нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон, исто така, рече дека постои можност прекинатите кабли „да се резултат на намерна саботажа“.

Ова сè уште не е потврдено, не сакам да шпекулирам. Живееме во време кога сите ризици мора да се сфаќаат многу сериозно. Веќе сме виделе акти на саботажа, изјави Кристерсон.

Откако беа оштетени два кабли во Балтичкото Море, а Шведска и Финска објавија дека почнуваат истрага за можна саботажа, данските одбранбени сили денеска соопштија дека го следат кинескиот брод Ји Пен 3.

Ние сме во област во близина на кинескиот брод, соопшти данското Министерство за одбрана.

Товарниот брод кој е во сопственост на кинеска компанија поминал вчера вечерта во теснецот Категат, кој се наоѓа помеѓу Данска и западниот брег на Шведска, објави специјализираната веб-страница „Marinetraffic“.

Бродот се наоѓал во близина на областа каде што кабелот што ја поврзува Финска со Германија бил оштетен пред два дена, иако немало докази кои директно го инкриминираат, според веб-страницата „Marinetraffic“. Пред четири дена беше оштетен и уште еден телекомуникациски кабел што ја поврзува Шведска со Литванија.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус веќе изјави дека причината за штетата секако била саботажа. „Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно“, рече тој.

Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин вчера изјави дека вооружените сили и крајбрежната стража на земјата откриле движења на бродови што одговараат на прекин на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

The post Шведска и Данска не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетувањата на каблите во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>

Премиерите на Шведска и Данска соопштија дека не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетените два кабли во Балтичкото Море, посочувајќи на зголемениот ризик од хибридни напади. Откриено е дека кабел што ги поврзува Финска и Германија бил пресечен во шведски територијални води, јужно од островот Еланд, на околу 700 километри од Хелсинки. Дополнително, телекомуникациски кабел кој го поврзува шведскиот остров Готланд со Литванија е оштетен пред четири дена. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера изјави дека дефинитивно се работи за саботажа.
Ги следиме внимателно информациите од надлежните органи и нема да се изненадам ако саботажата е извршена од надворешен фактор, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.
Воедно, таа посочи дека поради зголемените тензии околу Балтичкото Море, постои „ризик од хибридни напади, кибер-напади и напади врз критичната инфраструктура“.
Сведоци сме на сè повеќе проблеми на повеќе фронтови, додаде таа.
Нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон, исто така, рече дека постои можност прекинатите кабли „да се резултат на намерна саботажа“.
Ова сè уште не е потврдено, не сакам да шпекулирам. Живееме во време кога сите ризици мора да се сфаќаат многу сериозно. Веќе сме виделе акти на саботажа, изјави Кристерсон.
Откако беа оштетени два кабли во Балтичкото Море, а Шведска и Финска објавија дека почнуваат истрага за можна саботажа, данските одбранбени сили денеска соопштија дека го следат кинескиот брод Ји Пен 3.
Ние сме во област во близина на кинескиот брод, соопшти данското Министерство за одбрана.
Товарниот брод кој е во сопственост на кинеска компанија поминал вчера вечерта во теснецот Категат, кој се наоѓа помеѓу Данска и западниот брег на Шведска, објави специјализираната веб-страница „Marinetraffic“. Бродот се наоѓал во близина на областа каде што кабелот што ја поврзува Финска со Германија бил оштетен пред два дена, иако немало докази кои директно го инкриминираат, според веб-страницата „Marinetraffic“. Пред четири дена беше оштетен и уште еден телекомуникациски кабел што ја поврзува Шведска со Литванија. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус веќе изјави дека причината за штетата секако била саботажа. „Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно“, рече тој. Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин вчера изјави дека вооружените сили и крајбрежната стража на земјата откриле движења на бродови што одговараат на прекин на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

The post Шведска и Данска не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетувањата на каблите во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>
Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли и без интернет ги оставило дел „Филип Втори“ и цел „Букурешт“ – мајсторите не можеле безбедно да интервенираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kuche-vo-shahta-gi-izgrizalo-optichkite-kabli-i-bez-internet-gi-ostavilo-del-filip-vtori-i-tsel-bukuresht-majstorite-ne-mozhele-bezbedno-da-interveniraat/ Fri, 03 May 2024 18:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=773920

Куче паднато во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ поради што без интернет останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, околу осум часот, специфичната невообичаена ситуација дополнително се усложнила поради тоа што вработените од „Телеком“ не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата.

Вработените од „Телеком“, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата каде што било и кучето и околу 15 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, по што, и покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корсо“ со вработените од „Телеком“ за понатамошна заедничка постапка.

Кога успешно и безбедно завршило вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот.

Не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите.

The post Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли и без интернет ги оставило дел „Филип Втори“ и цел „Букурешт“ – мајсторите не можеле безбедно да интервенираат appeared first on Република.

]]>

Куче паднато во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ поради што без интернет останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, околу осум часот, специфичната невообичаена ситуација дополнително се усложнила поради тоа што вработените од „Телеком“ не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата. Вработените од „Телеком“, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата каде што било и кучето и околу 15 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, по што, и покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корсо“ со вработените од „Телеком“ за понатамошна заедничка постапка. Кога успешно и безбедно завршило вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот. Не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите.

The post Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли и без интернет ги оставило дел „Филип Втори“ и цел „Букурешт“ – мајсторите не можеле безбедно да интервенираат appeared first on Република.

]]>
Ветерот во струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veterot-vo-strumichko-urna-pokriv-otkorna-drvja-i-iskina-elektrichni-kabli/ Sat, 18 Nov 2023 15:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=702937

Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.

Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави за МИА Гудев.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите.

Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.

The post Ветерот во струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли appeared first on Република.

]]>

Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли. Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.
Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави за МИА Гудев.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите. Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.

The post Ветерот во струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли appeared first on Република.

]]>