кабинет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kabinet/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 17:33:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кабинет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kabinet/ 32 32 Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorgi-bozhinov-imenuvan-za-generalen-sekretar-na-kabinetot-na-pretsedatelkata-siljanovska-davkova-momirovski-e-negov-zamenik/ Sat, 18 May 2024 12:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=779530

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.

Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела блиска до Сиљановска.

The post Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски. Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски. Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие. Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година. Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела блиска до Сиљановска.

The post Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик appeared first on Република.

]]>
Радев в петок ќе разговара со службениот премиер Главчев за предложените промени во кабинетот, само една недела по изборот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-v-petok-ke-razgovara-so-sluzhbeniot-premier-glavchev-za-predlozhenite-promeni-vo-kabinetot-samo-edna-nedela-po-izborot/ Wed, 17 Apr 2024 18:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=767240

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека во петок ќе повика вршителот на должноста премиер Димитар Главчев на разговор за неговите предлози за промени во владиниот кабинет.

-Сакам да ги слушнам вистинските мотиви што го натераа господинот Главчев толку тврдоглаво, без да има работено со овие луѓе, без да ги познава, наеднаш да се премисли и да побара смена, истакна бугарскиот претседател.

Службениот премиер даде два предлога за кадровски промени во владата што ја предводи. Првиот, од функцијата да се ослободи привремениот шеф на дипломатијата, Стефан Димитров, на чие место предлага да дојде Даниел Митов, а Георги Тахов да го замени Кирил Ватев на функцијата министер за земјоделство и храна.

Двајца министри се ослободени само една недела по заклетвата на официјалниот кабинет, што е уште еден доказ за неуспехот на уставните реформи. Во својот обид да наметнат целосен монопол на власта, партиите кои гласаа за измените на Уставот всушност го направија статусот на официјалниот кабинет бесмислен и го направија ранлив на партиско мешање, смета Радев.

Радев потсети дека веќе кажа дека нема да се меша во одлуките на премиерот во однос на составот на официјалниот кабинет, но истакна дека ќе инсистира да се одржи ветувањето што го има дадено - да предложи кабинет подеднакво оддалечен од сите партии.

-Мојата заложба останува да се спречи административна и уставна криза и покрај несоодветните измени на Уставот, нагласи шефот на државата.

„Имам одговорност да ја зачувам политичката пристојност во овој кабинет, додаде тој и нагласи дека во неговиот службен кабинет не бил назначен заменик претседател на политичка партија“.

-Имаме десетици прекрасни дипломати, сите со квалитети да бидат министри, така што секогаш може да се најде достоен министер за надворешни работи кој ќе го брани надворешнополитичкиот курс на Бугарија и нашиот стремеж за целосна европска интеграција, рече претседателот.

Според него, невозможно е во правна смисла да се изгласа недоверба на официјалната влада.

The post Радев в петок ќе разговара со службениот премиер Главчев за предложените промени во кабинетот, само една недела по изборот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека во петок ќе повика вршителот на должноста премиер Димитар Главчев на разговор за неговите предлози за промени во владиниот кабинет. -Сакам да ги слушнам вистинските мотиви што го натераа господинот Главчев толку тврдоглаво, без да има работено со овие луѓе, без да ги познава, наеднаш да се премисли и да побара смена, истакна бугарскиот претседател. Службениот премиер даде два предлога за кадровски промени во владата што ја предводи. Првиот, од функцијата да се ослободи привремениот шеф на дипломатијата, Стефан Димитров, на чие место предлага да дојде Даниел Митов, а Георги Тахов да го замени Кирил Ватев на функцијата министер за земјоделство и храна. Двајца министри се ослободени само една недела по заклетвата на официјалниот кабинет, што е уште еден доказ за неуспехот на уставните реформи. Во својот обид да наметнат целосен монопол на власта, партиите кои гласаа за измените на Уставот всушност го направија статусот на официјалниот кабинет бесмислен и го направија ранлив на партиско мешање, смета Радев. Радев потсети дека веќе кажа дека нема да се меша во одлуките на премиерот во однос на составот на официјалниот кабинет, но истакна дека ќе инсистира да се одржи ветувањето што го има дадено - да предложи кабинет подеднакво оддалечен од сите партии. -Мојата заложба останува да се спречи административна и уставна криза и покрај несоодветните измени на Уставот, нагласи шефот на државата. „Имам одговорност да ја зачувам политичката пристојност во овој кабинет, додаде тој и нагласи дека во неговиот службен кабинет не бил назначен заменик претседател на политичка партија“. -Имаме десетици прекрасни дипломати, сите со квалитети да бидат министри, така што секогаш може да се најде достоен министер за надворешни работи кој ќе го брани надворешнополитичкиот курс на Бугарија и нашиот стремеж за целосна европска интеграција, рече претседателот. Според него, невозможно е во правна смисла да се изгласа недоверба на официјалната влада.

The post Радев в петок ќе разговара со службениот премиер Главчев за предложените промени во кабинетот, само една недела по изборот appeared first on Република.

]]>
Ахмети повторно го користи Министерството на Груби за партиски средби и повици за независно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-povtorno-go-koristi-ministerstvoto-na-grubi-za-partiski-sredbi-i-povitsi-za-nezavisno-kosovo/ Thu, 16 Nov 2023 09:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=702073

Претседателот на ДУИ Али Ахмети повторно го користи кабинетот на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи неговиот пулен, вицепремиерот Артан Груби, за партиски средби.

Синоќа ја угости амбасадорката на Шведска во Македонија Ами Ларсон Јаин, а како што пренесува во соопштението на неговиот фејсбук-профил само на албански јазик, разговарале за „европската перспектива на нашата земја и регионот, виталните предизвици и процеси кои се пред нас, пристапоткој ја одредува брзината на нашиот чекор на патот на интеграцијата и целата стабилност и безбедност“.

Изразив став дека Демократската унија за интеграција е подготвена за избори во секое време и во која било форма, посебно или заедно, и дека црвените линии од кои не се движиме се: Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и признавањето Независност на Косово, порачува Ахмети.

Ова не е првпат Ахмети да ги користи државните простории за партиска агенда, но според премиерот Димитар Ковачевски, не станувало збор злоупотреба бидејќи бил „присутен и домаќинот“.

Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски неодамна, повторно одговарајќи за оваа злоупотреба.

Вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска тогаш порача дека е недозволиво престапување на кодексот и дека партиските и државните активности мора да бидат разделени, но и дека како член на Влада, во овој случај „нема механизам за постапување“.

The post Ахмети повторно го користи Министерството на Груби за партиски средби и повици за независно Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети повторно го користи кабинетот на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи неговиот пулен, вицепремиерот Артан Груби, за партиски средби. Синоќа ја угости амбасадорката на Шведска во Македонија Ами Ларсон Јаин, а како што пренесува во соопштението на неговиот фејсбук-профил само на албански јазик, разговарале за „европската перспектива на нашата земја и регионот, виталните предизвици и процеси кои се пред нас, пристапоткој ја одредува брзината на нашиот чекор на патот на интеграцијата и целата стабилност и безбедност“.
Изразив став дека Демократската унија за интеграција е подготвена за избори во секое време и во која било форма, посебно или заедно, и дека црвените линии од кои не се движиме се: Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и признавањето Независност на Косово, порачува Ахмети.
Ова не е првпат Ахмети да ги користи државните простории за партиска агенда, но според премиерот Димитар Ковачевски, не станувало збор злоупотреба бидејќи бил „присутен и домаќинот“.
Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски неодамна, повторно одговарајќи за оваа злоупотреба.
Вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска тогаш порача дека е недозволиво престапување на кодексот и дека партиските и државните активности мора да бидат разделени, но и дека како член на Влада, во овој случај „нема механизам за постапување“.  

The post Ахмети повторно го користи Министерството на Груби за партиски средби и повици за независно Косово appeared first on Република.

]]>
Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovacheski-koristeneto-na-kabinetot-na-grubi-za-sostanok-na-ahmeti-ne-e-zloupotreba/ Thu, 02 Nov 2023 14:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=697512

Користењето на кабиетото на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за средби на лидерот на ДУИ Али Ахмети со Ричард Гренел, за премиерот Димитар Ковачевски не е злоупотреба бидејќи бил присутен и домаќинот.

Според него, на средбата на која бил присутен и вицепремиерот Груби, и тој одлучувал кој ќе повика на состанокот.

Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфратструктура.

Пред неколку дена вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска рече дека е недозволиво престапување на кодексот, и дека како член на Влада, во овој случај нема механизам за постапување. Според неа, партиските и државните активности мора да бидат разделени.

Во петокот, Ахмети на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата со Ричард Гренел, која се одржала во Кабинетот на Груби. Гренел е поранешен специјален пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, како и некогашен шеф на американската Национална разузнавачка служба.

The post Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба appeared first on Република.

]]>

Користењето на кабиетото на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за средби на лидерот на ДУИ Али Ахмети со Ричард Гренел, за премиерот Димитар Ковачевски не е злоупотреба бидејќи бил присутен и домаќинот. Според него, на средбата на која бил присутен и вицепремиерот Груби, и тој одлучувал кој ќе повика на состанокот.
Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфратструктура.
Пред неколку дена вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска рече дека е недозволиво престапување на кодексот, и дека како член на Влада, во овој случај нема механизам за постапување. Според неа, партиските и државните активности мора да бидат разделени. Во петокот, Ахмети на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата со Ричард Гренел, која се одржала во Кабинетот на Груби. Гренел е поранешен специјален пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, како и некогашен шеф на американската Национална разузнавачка служба.

The post Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба appeared first on Република.

]]>
Јануарската плата во Кабинетот на Пендаровски ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/januarskata-plata-vo-kabinetot-na-pendarovski-ke-bide-isplatena-vo-narednite-denovi-vo-soglasnost-so-kolektivniot-dogovor-i-utvrdenoto-pokachuvane-od-5/ Wed, 15 Feb 2023 13:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=609306

Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година, соопштуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% за административните службеници во Кабинетот.

Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот.

Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати, стои во соопштението.

The post Јануарската плата во Кабинетот на Пендаровски ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% appeared first on Република.

Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто https://arhiva3.republika.mk/vesti/kabinet-na-zaev-dokolku-dimitrov-e-protiv-shto-bilo-od-poziciite-koi-sme-gi-izgradile-zaedno-chesno-e-da-go-kaze-toa-i-da-objasni-zoshto/ Wed, 12 Jan 2022 13:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=443724

Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР.
Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија, наведува Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев на денеска изнесените ставови на досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.

Во реакцијата се посочува дека македонските позиции кои се целосно на линија на португалскиот предлог кој бил усвоен и на словенечкото претседателство и кои се целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Димитров имал активна и суштинска улога.

Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел од напред да се става товар на недоверба во владата, се нагласува во реакцијата.

Димитров денеска на прес-конференција изјави дека не се повлекол сам од функцијата, туку дека неговите позиции за спорот со Софија се причина што нема да биде дел од новата влада.

The post Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто appeared first on Република.

]]>

Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија, наведува Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев на денеска изнесените ставови на досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров. Во реакцијата се посочува дека македонските позиции кои се целосно на линија на португалскиот предлог кој бил усвоен и на словенечкото претседателство и кои се целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Димитров имал активна и суштинска улога. Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел од напред да се става товар на недоверба во владата, се нагласува во реакцијата. Димитров денеска на прес-конференција изјави дека не се повлекол сам од функцијата, туку дека неговите позиции за спорот со Софија се причина што нема да биде дел од новата влада.

The post Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто appeared first on Република.

]]>