кабел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kabel/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 15:18:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кабел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kabel/ 32 32 Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН и предизвикале пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gradezhni-rabotnitsi-pri-rabota-na-plats-vo-selo-rashtak-isekle-kabel-na-evn-i-predizvikale-pozhar/ Wed, 07 Aug 2024 18:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=804321

Пожар предизвикале работници на градежна фирма при работа на плац во селото Раштак кога исекле кабел на ЕВН. Искрите при сечењето предизвикале пожар, која за среќа пожарот бил изгаснат.

„Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, пишува во полицискиот билтен.

The post Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН и предизвикале пожар appeared first on Република.

]]>

Пожар предизвикале работници на градежна фирма при работа на плац во селото Раштак кога исекле кабел на ЕВН. Искрите при сечењето предизвикале пожар, која за среќа пожарот бил изгаснат. „Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, пишува во полицискиот билтен.

The post Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН и предизвикале пожар appeared first on Република.

]]>
Возот од Амстердам морал да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozot-od-amsterdam-moral-da-zastane-poradi-skinat-kabel-evakuirani-500-patnitsi/ Tue, 30 Jul 2024 09:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=801596

Ноќниот воз од Амстердам до Париз мораше да застане поради скинат кабел а евакуирани се 500 патници, соопшти денеска железничката компанија „ПроРејл“.

 

Во текот на ноќта возот застанал на делот меѓу Арнхајм и Најмеген, пишува „NL Times“. Евакуацијата на патниците поминала без проблеми, а сите патници добиле ваучери за хотелите во кои ноќевале.

Компанијата „ProRail“ наведува дека хотелите во областа на градот Утрехт биле преполни, па 60 патници не можеле да најдат сместување.

The post Возот од Амстердам морал да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници appeared first on Република.

]]>

Ноќниот воз од Амстердам до Париз мораше да застане поради скинат кабел а евакуирани се 500 патници, соопшти денеска железничката компанија „ПроРејл“.   Во текот на ноќта возот застанал на делот меѓу Арнхајм и Најмеген, пишува „NL Times“. Евакуацијата на патниците поминала без проблеми, а сите патници добиле ваучери за хотелите во кои ноќевале. Компанијата „ProRail“ наведува дека хотелите во областа на градот Утрехт биле преполни, па 60 патници не можеле да најдат сместување.

The post Возот од Амстердам морал да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници appeared first on Република.

]]>
Аеродромот во Скопје без електрична енергија поради скинат кабел при градежни активности https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/aerodromot-vo-skopje-bez-elektrichna-energija-poradi-skinat-kabel-pri-gradezhni-aktivnosti/ Tue, 27 Feb 2024 14:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=748987

Аеродромот во Скопје попладнево е без струја, откако на патот кон село Бунарџик е скинат кабел на ЕВН при вршење градежни работи по што и меѓународниот аеродром останал без снабдување на електрична енергија, дознава 24инфо.мк.

Од ЕВН испраќаат екипи на терен за санирање на дефектот

The post Аеродромот во Скопје без електрична енергија поради скинат кабел при градежни активности appeared first on Република.

]]>

Аеродромот во Скопје попладнево е без струја, откако на патот кон село Бунарџик е скинат кабел на ЕВН при вршење градежни работи по што и меѓународниот аеродром останал без снабдување на електрична енергија, дознава 24инфо.мк. Од ЕВН испраќаат екипи на терен за санирање на дефектот

The post Аеродромот во Скопје без електрична енергија поради скинат кабел при градежни активности appeared first on Република.

]]>
По „пајакот“ и „кабелот“, сега виновен е „синдикалецот“ Taсевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-pajakot-i-kabelot-sega-vinoven-e-sindikaletsot-tasevski/ Thu, 11 Jan 2024 08:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=731808

По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика.Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени.

Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post По „пајакот“ и „кабелот“, сега виновен е „синдикалецот“ Taсевски appeared first on Република.

]]>

По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика.Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени.
Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post По „пајакот“ и „кабелот“, сега виновен е „синдикалецот“ Taсевски appeared first on Република.

]]>
Ахмети за кабелот: Сè е проверено од ЕВН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-za-kabelot-se-e-provereno-od-evn/ Sun, 17 Sep 2023 15:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=682631

Фотографијата од спроведувањето на пописот во домот на Али Ахмети, каде во позадина се гледа продолжен кабел, ги разгори коментарите дека и лидерот на ДУИ не плаќа струја.

Но, според него, сè е регуларно и по прописи.

Сè е проверено и контролирано од ЕВН, тврди Ахмети во интервјуто направено во неговиот дом, а кое ќе се прикажува вечерва на ТВ21.

The post Ахмети за кабелот: Сè е проверено од ЕВН appeared first on Република.

]]>

Фотографијата од спроведувањето на пописот во домот на Али Ахмети, каде во позадина се гледа продолжен кабел, ги разгори коментарите дека и лидерот на ДУИ не плаќа струја. Но, според него, сè е регуларно и по прописи.
Сè е проверено и контролирано од ЕВН, тврди Ахмети во интервјуто направено во неговиот дом, а кое ќе се прикажува вечерва на ТВ21.

The post Ахмети за кабелот: Сè е проверено од ЕВН appeared first on Република.

]]>
Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација на потегот Маџари-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-kabel-za-regulirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj-i-kabel-za-signalizatsija-na-potegot-madhari-skopje/ Wed, 11 Jan 2023 10:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=595740

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје.

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.

Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

The post Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација на потегот Маџари-Скопје appeared first on Република.

]]>

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје. Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај. Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

The post Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација на потегот Маџари-Скопје appeared first on Република.

]]>
Скинат кабел го затвори патот Велес – Штип https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/skinat-kabel-go-zatvori-patot-veles-shtip/ Wed, 31 Aug 2022 13:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=546128

Од 14:55 часот сообраќајот на регионалниот пат Велес – Штип е во прекин, соопшти АМСМ.

Сообраќајот е во прекин поради скинат кабел за електрична енергија под напон од далновод.

Известени се ЕВН и се преземаат мерки, информира АМСМ.

The post Скинат кабел го затвори патот Велес – Штип appeared first on Република.

]]>

Од 14:55 часот сообраќајот на регионалниот пат Велес – Штип е во прекин, соопшти АМСМ. Сообраќајот е во прекин поради скинат кабел за електрична енергија под напон од далновод.
Известени се ЕВН и се преземаат мерки, информира АМСМ.

The post Скинат кабел го затвори патот Велес – Штип appeared first on Република.

]]>
Кабел предизвика пожар во центарот на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kabel-predizvika-pozar-vo-centarot-na-skopje/ Fri, 10 Jun 2022 07:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=513425

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор излезе со соопштение по синоќешниот пожар кој зафати една од бараките на ова претпријатие кое гради социјални згради и менаџира со градскиот стадион и неколку катни гаражи.

Од таму велат дека пожарот во еден од објектите кои се наоѓаат во самиот центар на главниот град предизвикал незначителна штета од електричен кабел, но поголеми последици биле спречени благодарение на брзата реакција на службите.

„Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН!“, се вели во соопштението од акционерското друштво.

 

The post Кабел предизвика пожар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор излезе со соопштение по синоќешниот пожар кој зафати една од бараките на ова претпријатие кое гради социјални згради и менаџира со градскиот стадион и неколку катни гаражи. Од таму велат дека пожарот во еден од објектите кои се наоѓаат во самиот центар на главниот град предизвикал незначителна штета од електричен кабел, но поголеми последици биле спречени благодарение на брзата реакција на службите. „Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН!“, се вели во соопштението од акционерското друштво.  

The post Кабел предизвика пожар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>