јужна Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/juzna-srbija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 10:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јужна Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/juzna-srbija/ 32 32 Бугарска провокација и во Србија: Маршираа по југот за да ги прослават злосторства врз српското население за време на окупацијата во 1917 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarska-provokacija-i-vo-srbija-maarshiraa-po-jugot-za-da-gi-proslavat-zlostorstva-vrz-srpskoto-naselenie-za-vreme-na-okupacijata-vo-1917-godina/ Fri, 01 Jul 2022 10:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=522071

„На патот на 41. пешадиски полк - март 1917 година - расчистување на Јастребац од бандити“ е името на експедицијата организирана од бугарската невладина организација „Воено историски комитет“ кое се одржа на 29 и 30 јуни на југот на Србија.

Историчарите од Ниш тоа го гледаат како провокација, екстремистички изблик и промовирање масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и востанието во Топлич во 1917 година. Тие сметаат дека државата Србија требало да го санкционира.

На плакатот со кој бугарската организација ја најавуваше оваа акција, меѓу другото се споменува и месната заедница „Зора“ од Ќустендил, како и клубот „Полковник Христо Стојанов“. Тие ги посетиле посетуваат Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље и планината Јастребац.

Бугарските власти есента 1915 година сакале да создадат „моравска Бугарија“ на територијата на југоисточна Србија и затоа малтретирале, мачеле и силувале жени, како и масовно ограбувале и убивале цивили.

Кога сакале да регрутираат српски младинци за бугарската војска, востание се кренале од областите на Топлица, Јабланица, Јастребац, Јужна Морава, Кукавица и Копаоник. Ги ослободиле Либане, Бојник, Медвеѓа, Куршумлија и Прокупље.

Дејан Антиќ од Историскиот отсек на Филозофскиот факултет во Ниш е убеден дека целта на таа кампања е да се промовира и велича бугарската војска која во периодот од 1915 до 1918 година извршила масовни злосторства врз српските цивили во областите на Топлица. Јабланица, Пуста Река, Врање и Сурдулице, пренесува „Јужне вести“.

Востанието било задушено на крајот на март 1917 година поради супериорноста на окупаторските сили, а во задушувањето учествувал 41-от бугарски пешадиски полк, чии патишта денес има намера да ги следи „Воено-историскиот комитет“ од Ќустендил, објаснува Антиќ.

 

The post Бугарска провокација и во Србија: Маршираа по југот за да ги прослават злосторства врз српското население за време на окупацијата во 1917 година appeared first on Република.

]]>

„На патот на 41. пешадиски полк - март 1917 година - расчистување на Јастребац од бандити“ е името на експедицијата организирана од бугарската невладина организација „Воено историски комитет“ кое се одржа на 29 и 30 јуни на југот на Србија. Историчарите од Ниш тоа го гледаат како провокација, екстремистички изблик и промовирање масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и востанието во Топлич во 1917 година. Тие сметаат дека државата Србија требало да го санкционира. На плакатот со кој бугарската организација ја најавуваше оваа акција, меѓу другото се споменува и месната заедница „Зора“ од Ќустендил, како и клубот „Полковник Христо Стојанов“. Тие ги посетиле посетуваат Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље и планината Јастребац. Бугарските власти есента 1915 година сакале да создадат „моравска Бугарија“ на територијата на југоисточна Србија и затоа малтретирале, мачеле и силувале жени, како и масовно ограбувале и убивале цивили. Кога сакале да регрутираат српски младинци за бугарската војска, востание се кренале од областите на Топлица, Јабланица, Јастребац, Јужна Морава, Кукавица и Копаоник. Ги ослободиле Либане, Бојник, Медвеѓа, Куршумлија и Прокупље. Дејан Антиќ од Историскиот отсек на Филозофскиот факултет во Ниш е убеден дека целта на таа кампања е да се промовира и велича бугарската војска која во периодот од 1915 до 1918 година извршила масовни злосторства врз српските цивили во областите на Топлица. Јабланица, Пуста Река, Врање и Сурдулице, пренесува „Јужне вести“.
Востанието било задушено на крајот на март 1917 година поради супериорноста на окупаторските сили, а во задушувањето учествувал 41-от бугарски пешадиски полк, чии патишта денес има намера да ги следи „Воено-историскиот комитет“ од Ќустендил, објаснува Антиќ.
 

The post Бугарска провокација и во Србија: Маршираа по југот за да ги прослават злосторства врз српското население за време на окупацијата во 1917 година appeared first on Република.

]]>