Јужна Африка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/juzna-afrika/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 18:37:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јужна Африка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/juzna-afrika/ 32 32 Јаделе храна со пестицид за убивање стаорци: Шест деца во Јужна Африка починаа од труење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jadele-hrana-so-pestitsid-za-ubivane-staortsi-shest-detsa-vo-juzhna-afrika-pochinaa-od-truene/ Mon, 28 Oct 2024 18:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=831808

Јужноафриканскиот министер за здравство, Арон Мокоаледи, соопшти дека токсиколошките анализи покажале оти шест деца кои починаа во Јужна Африка претходно овој месец, проголтале пестицид.

Според Мокоаледи, врз основа на досегашните сознанија, децата јаделе храна од локална неформална продавница каде се користел пестицид за убивање стаорци, кој им се продавал и на жителите за истатата намена.

Локалните медиуми објавија дека децата починале откако јаделе грицки купени во неформална продавница, т.н. спаза шоп, во градот Совето во близина на Јоханесбург.

The post Јаделе храна со пестицид за убивање стаорци: Шест деца во Јужна Африка починаа од труење appeared first on Република.

]]>

Јужноафриканскиот министер за здравство, Арон Мокоаледи, соопшти дека токсиколошките анализи покажале оти шест деца кои починаа во Јужна Африка претходно овој месец, проголтале пестицид. Според Мокоаледи, врз основа на досегашните сознанија, децата јаделе храна од локална неформална продавница каде се користел пестицид за убивање стаорци, кој им се продавал и на жителите за истатата намена. Локалните медиуми објавија дека децата починале откако јаделе грицки купени во неформална продавница, т.н. спаза шоп, во градот Совето во близина на Јоханесбург.

The post Јаделе храна со пестицид за убивање стаорци: Шест деца во Јужна Африка починаа од труење appeared first on Република.

]]>
Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devet-litsa-zaginaa-vo-soobrakajna-nesreka-vo-juzhna-afrika-se-vrakale-od-partiski-miting/ Sun, 25 Feb 2024 15:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=748176

Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка додека се враќале од митинг на владејачката партија Африкански национален конгрес.

Поддржувачите на партијата на претседателот Кирил Рамафоса се враќале дома со автобус по митингот во градот Дурбан.

Автобусот излетал од патот и се превртел, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи објавија дека уште 17 лица се повредени во несреќата кај градот Паулпитерсбург, на околу 360 километри северно од Дурбан.

Африканскиот национален конгрес соопшти дека некои од повредените се во критична состојба.

Партијата официјално ја започна својата изборна кампања на стадионот Мозес Мабхид во Дурбан пред десетици илјади поддржувачи, а изборите се закажани за 29 мај. паг/

 

The post Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг appeared first on Република.

]]>

Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка додека се враќале од митинг на владејачката партија Африкански национален конгрес. Поддржувачите на партијата на претседателот Кирил Рамафоса се враќале дома со автобус по митингот во градот Дурбан. Автобусот излетал од патот и се превртел, соопшти полицијата. Службите за итни случаи објавија дека уште 17 лица се повредени во несреќата кај градот Паулпитерсбург, на околу 360 километри северно од Дурбан. Африканскиот национален конгрес соопшти дека некои од повредените се во критична состојба. Партијата официјално ја започна својата изборна кампања на стадионот Мозес Мабхид во Дурбан пред десетици илјади поддржувачи, а изборите се закажани за 29 мај. паг/  

The post Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг appeared first on Република.

]]>
Убиецот на Аркан 24 години ужива во Јужна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubietsot-na-arkan-24-godini-uzhiva-vo-juzhna-afrika/ Tue, 23 Jan 2024 18:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=735908

Добросав Гавриќ, непосредниот убиец на Жељко Ражнатовиќ Аркан, денес слободно живее во Јужна Африка 24 години по ликвидацијата. Тој е поранешен полицаец од Лозница.

На крајот на 2011 година Гавриќ беше уапсен во Јужноафриканската Република, но не по потерница на Србија.

Гавриќ продолжил да се занимава со криминал во Африка, а бил уапсен како возач на африканскиот крал на подземјето Сирил Бико, кој беше убиен во март 2011 година. Сепак, идентитетот на Гавриќ не беше веднаш откриен (тој и се претставил на полицијата како Саша Ковачевиќ) и прво бил пуштен од притвор.

Набрзо повторно бил уапсен поради поседување кокаин, а потоа било утврдено дека тој е убиецот на Аркан.

Но, иако српските власти тоа го побараа, Гавриќ се уште не е екстрадиран во Србија. Полицаецот од Лозница, пак, прво се борел против екстрадиција по легален пат, а потоа поднел барање за политички азил во Јужноафриканската Република.

Во таа молба убедувал дека не го убил Аркан и дека „само Слободан Милошевиќ има моќ да направи такво нешто“. Неговото барање за политички азил било одбиено, но екстрадицијата до денес не се случила, па Гавриќ живее во Јужна Африка како слободен човек.

The post Убиецот на Аркан 24 години ужива во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>

Добросав Гавриќ, непосредниот убиец на Жељко Ражнатовиќ Аркан, денес слободно живее во Јужна Африка 24 години по ликвидацијата. Тој е поранешен полицаец од Лозница. На крајот на 2011 година Гавриќ беше уапсен во Јужноафриканската Република, но не по потерница на Србија. Гавриќ продолжил да се занимава со криминал во Африка, а бил уапсен како возач на африканскиот крал на подземјето Сирил Бико, кој беше убиен во март 2011 година. Сепак, идентитетот на Гавриќ не беше веднаш откриен (тој и се претставил на полицијата како Саша Ковачевиќ) и прво бил пуштен од притвор. Набрзо повторно бил уапсен поради поседување кокаин, а потоа било утврдено дека тој е убиецот на Аркан. Но, иако српските власти тоа го побараа, Гавриќ се уште не е екстрадиран во Србија. Полицаецот од Лозница, пак, прво се борел против екстрадиција по легален пат, а потоа поднел барање за политички азил во Јужноафриканската Република. Во таа молба убедувал дека не го убил Аркан и дека „само Слободан Милошевиќ има моќ да направи такво нешто“. Неговото барање за политички азил било одбиено, но екстрадицијата до денес не се случила, па Гавриќ живее во Јужна Африка како слободен човек.

The post Убиецот на Аркан 24 години ужива во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 50 земји ја поддржуваат тужбата на Јужна Африка против Израел за вршење геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-50-zemji-ja-poddrzhuvaat-tuzhbata-na-juzhna-afrika-protiv-izrael-za-vrshene-genotsid/ Sun, 14 Jan 2024 20:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=733056

Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји ја изразиле својата поддршка за нејзиниот случај пред највисокиот суд на ОН, во кој оваа земја го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во војната во Газа.

Други земји, вклучително и САД, го отфрлија обвинувањето на Јужна Африка дека Израел ја прекршува Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид, а многумина не кажаа ништо, пренесува МИА.

Реакцијата на светот на сослушувањата во четврток и петок во Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ја покажува очекуваната поделеност околу 75-годишниот израелско-палестински конфликт.

Повеќето земји кои ја поддржуваат Јужна Африка се од арапскиот свет и Африка. Во Европа само Турција јавно ја изрази својата поддршка.

Ниту една западна земја не ги поддржа обвинувањата на Јужна Африка против Израел. САД, близок сојузник на Израел, ги отфрли како неосновани, Велика Британија како неправедни, а Германија целосно ги отфрла.

Кина и Русија малку кажаа за еден од најзначајните случаи пред меѓународниот суд, а Европската унија исто така не коментираше.

Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и вели дека го брани сопствениот народ.

The post Повеќе од 50 земји ја поддржуваат тужбата на Јужна Африка против Израел за вршење геноцид appeared first on Република.

]]>

Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји ја изразиле својата поддршка за нејзиниот случај пред највисокиот суд на ОН, во кој оваа земја го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во војната во Газа. Други земји, вклучително и САД, го отфрлија обвинувањето на Јужна Африка дека Израел ја прекршува Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид, а многумина не кажаа ништо, пренесува МИА. Реакцијата на светот на сослушувањата во четврток и петок во Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ја покажува очекуваната поделеност околу 75-годишниот израелско-палестински конфликт. Повеќето земји кои ја поддржуваат Јужна Африка се од арапскиот свет и Африка. Во Европа само Турција јавно ја изрази својата поддршка. Ниту една западна земја не ги поддржа обвинувањата на Јужна Африка против Израел. САД, близок сојузник на Израел, ги отфрли како неосновани, Велика Британија како неправедни, а Германија целосно ги отфрла. Кина и Русија малку кажаа за еден од најзначајните случаи пред меѓународниот суд, а Европската унија исто така не коментираше. Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и вели дека го брани сопствениот народ.

The post Повеќе од 50 земји ја поддржуваат тужбата на Јужна Африка против Израел за вршење геноцид appeared first on Република.

]]>
Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/juzhna-afrika-go-tuzhi-izrael-pred-megunarodniot-sud-na-pravdata-za-genotsid-vo-gaza/ Fri, 29 Dec 2023 22:09:15 +0000 https://republika.mk/?p=728067

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да им нареди на Израелците да престанат со нападите.

Поднесокот на Јужна Африка тврди дека израелските „дејства и неактивности... имаат геноциден карактер“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.

Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа.

Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.

The post Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да им нареди на Израелците да престанат со нападите. Поднесокот на Јужна Африка тврди дека израелските „дејства и неактивности... имаат геноциден карактер“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“. Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа. Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.

The post Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>
Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-juzhna-afrika-11-litsa-zaginaa-vo-nesreka-vo-rudnik-za-platina/ Tue, 28 Nov 2023 09:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=717046

Единаесет лица загинаа во рудник за платина во Јужна Африка кога лифт кој превезувал работници се урна на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.

Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници, изјави неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени, пренесе Бета.

Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.

Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.

 

The post Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица загинаа во рудник за платина во Јужна Африка кога лифт кој превезувал работници се урна на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.
Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници, изјави неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени, пренесе Бета.
Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.
Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.
 

The post Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина appeared first on Република.

]]>
Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-i-nov-zeland-vo-finaleto-na-sp-vo-ragbi/ Sun, 22 Oct 2023 09:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=693839

Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд.

Рагбистите на Јужна Африка во второто полуфинале ја совладаа Англија со 16-15 и го забележаа четвртиот триумф во нивниот четврти меѓусебен дуел во нокаут фазата на мундијалските турнири.

Јужна Африка четврти пат во историјата ќе игра во мундијалско финале и ќе се обиде да го продолжи максималниот ефект, откако ја освојуваше светската титула во 1995, 2003 и 2019 година.

Во првото полуфинале во петокот, Нов Зеланд убедливо ја совлада Аргентина со 44-6 и идниот викенд ќе се бори за својата четврта светска титула, триумфирајќи претходно во финалињата во 1987, 2011 и 2015 година.

The post Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби appeared first on Република.

]]>

Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд. Рагбистите на Јужна Африка во второто полуфинале ја совладаа Англија со 16-15 и го забележаа четвртиот триумф во нивниот четврти меѓусебен дуел во нокаут фазата на мундијалските турнири. Јужна Африка четврти пат во историјата ќе игра во мундијалско финале и ќе се обиде да го продолжи максималниот ефект, откако ја освојуваше светската титула во 1995, 2003 и 2019 година. Во првото полуфинале во петокот, Нов Зеланд убедливо ја совлада Аргентина со 44-6 и идниот викенд ќе се бори за својата четврта светска титула, триумфирајќи претходно во финалињата во 1987, 2011 и 2015 година.

The post Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби appeared first on Република.

]]>
Мажи во Јужна Африка им продавале на деца мафини со дрога, 90 завршија во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mazhi-vo-juzhna-afrika-im-prodavale-na-detsa-mafini-so-droga-90-zavrshija-vo-bolnitsa/ Sat, 23 Sep 2023 09:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=684314

Двајца мажи се соочуваат со повеќе обвиненија за обид за убиство во Јужна Африка, откако околу 90 деца завршиле во болница по конзумирање на мафини со дрога. Официјалните лица рекоа дека децата ги купиле мафините од уличен продавач на пат кон основното училиште Пуламадибого, северозападно од Преторија.

Голем број од нив се пренесени во болница поради гадење, болки во стомакот и повраќање, а три девојчиња се уште се во болница. Двајца осомничени на возраст од 21 и 19 години се обвинети за убиство во обид.

Одделот за образование во провинцијата Гаутенг соопшти дека наставниците се јавиле на 911 кога забележале дека децата почнале да „се однесуваат чудно“ на часовите.

Во соопштението се наведува дека инцидентот предизвикал голема загриженост кај родителите за безбедноста на нивните деца.

Полицијата, која прави токсиколошки извештај за да потврди дали е користен канабис, вели дека на повеќе од 90 ученици им биле дадени мафините и имале „сериозни болки“.

Сите се препратени во околните здравствени установи, 87 се пуштени, а само три ученички се уште се во болница каде што ја добиваат потребната лекарска помош, соопшти Министерството за образование.

Полицијата ги именувала осомничените Офентсе Малулека (21) и Амукелани Ниулунга (19).

Тие вчера се појавија пред судот во Сошангуве и одреден им е притвор.

The post Мажи во Јужна Африка им продавале на деца мафини со дрога, 90 завршија во болница appeared first on Република.

]]>

Двајца мажи се соочуваат со повеќе обвиненија за обид за убиство во Јужна Африка, откако околу 90 деца завршиле во болница по конзумирање на мафини со дрога. Официјалните лица рекоа дека децата ги купиле мафините од уличен продавач на пат кон основното училиште Пуламадибого, северозападно од Преторија. Голем број од нив се пренесени во болница поради гадење, болки во стомакот и повраќање, а три девојчиња се уште се во болница. Двајца осомничени на возраст од 21 и 19 години се обвинети за убиство во обид. Одделот за образование во провинцијата Гаутенг соопшти дека наставниците се јавиле на 911 кога забележале дека децата почнале да „се однесуваат чудно“ на часовите. Во соопштението се наведува дека инцидентот предизвикал голема загриженост кај родителите за безбедноста на нивните деца. Полицијата, која прави токсиколошки извештај за да потврди дали е користен канабис, вели дека на повеќе од 90 ученици им биле дадени мафините и имале „сериозни болки“. Сите се препратени во околните здравствени установи, 87 се пуштени, а само три ученички се уште се во болница каде што ја добиваат потребната лекарска помош, соопшти Министерството за образование. Полицијата ги именувала осомничените Офентсе Малулека (21) и Амукелани Ниулунга (19). Тие вчера се појавија пред судот во Сошангуве и одреден им е притвор.

The post Мажи во Јужна Африка им продавале на деца мафини со дрога, 90 завршија во болница appeared first on Република.

]]>
Во Јужна Африка падна снег https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-juzhna-afrika-padna-sneg/ Tue, 11 Jul 2023 12:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=660075

Во Јужна Африка падна снег првпат од 2012 година, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжи екстремно студеното време.

Снег од вчера паѓа во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт.

Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.

Овие екстремно студени временски услови ќе ги имаме до крајот на неделата, изјави метеорологот Пуселецо Мофокенг.

The post Во Јужна Африка падна снег appeared first on Република.

]]>

Во Јужна Африка падна снег првпат од 2012 година, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжи екстремно студеното време. Снег од вчера паѓа во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт. Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.
Овие екстремно студени временски услови ќе ги имаме до крајот на неделата, изјави метеорологот Пуселецо Мофокенг.

The post Во Јужна Африка падна снег appeared first on Република.

]]>
Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-kina-i-juzhna-afrika-pochnuvaat-voeni-vezhbi-vo-indiskiot-okean/ Wed, 22 Feb 2023 21:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=612109

Во Јужна Африка се одржа церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари.

На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Јевменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиџе и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските позадински сили, адмирал Бубеле Мхлана.

Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и порача дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка.

The post Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>

Во Јужна Африка се одржа церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари. На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Јевменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиџе и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските позадински сили, адмирал Бубеле Мхлана. Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и порача дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка.

The post Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>
Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/koja-beshe-ohridskata-influenserka-zivot-na-visoka-noga-so-privatni-avioni-i-kamioni/ Mon, 05 Dec 2022 14:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=582246

Главна тема во муабетите на социјалните мрежи е смртта на Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид,

Таа пред неколку дена беше во Македонија а повеќе од  две децении  живееше во Танзанија и Јужна Африка.

Која е Јанеска

Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.

 

 

 

Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици.

За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.

 

Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.

Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници.

Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.

 

 

Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.

Зошто беше во Македонија

Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.

На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

The post Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони appeared first on Република.

]]>

Главна тема во муабетите на социјалните мрежи е смртта на Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид, Таа пред неколку дена беше во Македонија а повеќе од  две децении  живееше во Танзанија и Јужна Африка. Која е Јанеска Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.       Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици. За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.   Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан. Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници. Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.     Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки. Зошто беше во Македонија Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите. На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

The post Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони appeared first on Република.

]]>
За да освои 12 евра испил шише ликер со 35 отсто алкохол, колабирал и починал https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-da-osvoi-12-evra-ispil-shishe-liker-so-35-otsto-alkohol-kolabiral-i-pochinal/ Tue, 19 Jul 2022 13:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=531084

Натпревар за пиење што се одржал во Јужноафриканската Република заврши трагично за 30-годишен човек. Тој починал откако се натпреварувал за награда од 200 ранди (околу 12 евра) за кои требало на екс да испие литар.

Еден од учесниците „веднаш колабирал“ и бил пренесен во болница. Мажот таму бил прогласен за мртов - објавија британски медиуми.

Според информациите, на несреќниот натпреварувач му биле потребни две минути за да испие шише „Јагермајстер“.

https://twitter.com/homulani/status/1546737918227660801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546737918227660801%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsiol.net%2Fnovice%2Fsvet%2Fneverjetna-pijana-tragedija-v-smrt-za-piclih-12-evrov-video-583816

На видеата објавена на интернет се гледаат луѓе што го следат натпреварот и кои навиваат човекот додека тој го пие ликерот со 35 проценти алкохол.

Полицијата покренала истрага за овој натпревар.

The post За да освои 12 евра испил шише ликер со 35 отсто алкохол, колабирал и починал appeared first on Република.

]]>

Натпревар за пиење што се одржал во Јужноафриканската Република заврши трагично за 30-годишен човек. Тој починал откако се натпреварувал за награда од 200 ранди (околу 12 евра) за кои требало на екс да испие литар.
Еден од учесниците „веднаш колабирал“ и бил пренесен во болница. Мажот таму бил прогласен за мртов - објавија британски медиуми.
Според информациите, на несреќниот натпреварувач му биле потребни две минути за да испие шише „Јагермајстер“. https://twitter.com/homulani/status/1546737918227660801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546737918227660801%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsiol.net%2Fnovice%2Fsvet%2Fneverjetna-pijana-tragedija-v-smrt-za-piclih-12-evrov-video-583816 На видеата објавена на интернет се гледаат луѓе што го следат натпреварот и кои навиваат човекот додека тој го пие ликерот со 35 проценти алкохол. Полицијата покренала истрага за овој натпревар.

The post За да освои 12 евра испил шише ликер со 35 отсто алкохол, колабирал и починал appeared first on Република.

]]>
Хорор во ноќен клуб во Јужна Африка: Пронајдени 17 мртви тела на возраст од 18 до 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/horor-vo-nokjen-klub-vo-juzna-afrika-pronajdeni-17-mrtvi-tela-na-vozrast-od-18-do-20-godini/ Sun, 26 Jun 2022 15:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=519918

Во ноќен клуб во Јужна Африка биле пронајдени безживотните тела на најмалку 17 млади луѓе.

Јужноафриканските власти соопштија дека во неделата во раните утрински часови по локално време полицијата била предупредена за хорор сликите во таверната Енџобени во Источен Лондон, град на Индискиот Океан, околу 1.000 километри јужно од Јоханзбург.

Полицискиот бригадир, Тембинкоси Кинана, изјавил дека жртвите биле на возраст од 18 до 20 години и дека се истражуваат околностите под кои загинале луѓето во клубот, додавајќи дека е рано да се утврди причината за смртта.

 

The post Хорор во ноќен клуб во Јужна Африка: Пронајдени 17 мртви тела на возраст од 18 до 20 години appeared first on Република.

]]>

Во ноќен клуб во Јужна Африка биле пронајдени безживотните тела на најмалку 17 млади луѓе. Јужноафриканските власти соопштија дека во неделата во раните утрински часови по локално време полицијата била предупредена за хорор сликите во таверната Енџобени во Источен Лондон, град на Индискиот Океан, околу 1.000 километри јужно од Јоханзбург. Полицискиот бригадир, Тембинкоси Кинана, изјавил дека жртвите биле на возраст од 18 до 20 години и дека се истражуваат околностите под кои загинале луѓето во клубот, додавајќи дека е рано да се утврди причината за смртта.  

The post Хорор во ноќен клуб во Јужна Африка: Пронајдени 17 мртви тела на возраст од 18 до 20 години appeared first on Република.

]]>
Јужна Африка во план да биде домаќин на Ф1 трка веќе во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/juzna-afrika-vo-plan-da-bide-domakjin-na-f1-trka-vekje-vo-2023-godina/ Mon, 13 Jun 2022 17:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=514666

Африканските промотери активно комуницираат со шефовите на шампионатот во Формула 1 за да се одржи Големата награда на Јужна Африка во 2023 година, објави „Моторспорт“.

Првично се веруваше дека најраниот датум за новата етапа може да биде 2024 година, но сега стана познато дека тоа би можело да се случи веќе следната сезона.

Веќе има 22 етапи во тековниот календар на Ф1, додека Катар и Лас Вегас дефинитивно ќе се вратат во 2023 година, плус речиси сигурно Кина. Во исто време, договорот предвидува лимит од 24 трки по сезона.

Тоа значи дека за да се организира африканската етапа ќе треба да бидат откажани некои од актуелните трки.

The post Јужна Африка во план да биде домаќин на Ф1 трка веќе во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Африканските промотери активно комуницираат со шефовите на шампионатот во Формула 1 за да се одржи Големата награда на Јужна Африка во 2023 година, објави „Моторспорт“. Првично се веруваше дека најраниот датум за новата етапа може да биде 2024 година, но сега стана познато дека тоа би можело да се случи веќе следната сезона. Веќе има 22 етапи во тековниот календар на Ф1, додека Катар и Лас Вегас дефинитивно ќе се вратат во 2023 година, плус речиси сигурно Кина. Во исто време, договорот предвидува лимит од 24 трки по сезона. Тоа значи дека за да се организира африканската етапа ќе треба да бидат откажани некои од актуелните трки.

The post Јужна Африка во план да биде домаќин на Ф1 трка веќе во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Овој камен чини 17 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ovoj-kamen-chini-17-milioni-evra/ Thu, 12 May 2022 10:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=501411

Каменот“ (The Rock), најголемиот бел дијамант понуден на наддавања, продаден е за 17,8 милиони евра – помалку од очекуваното и далеку под рекордот во својата категорија.

– Скапоцениот камен од 228,31 карати, поголем од голф-топче, е навистина посебен дијамант во облик на круша, изјави Макс Фосет, раководител на одделот за накит во аукциската куќа „Кристи“ во Женева, Швајцарија.

Тој беше ставен на продажба од неименуван сопственик од Северна Америка и се очекуваше да биде продаден за 19 до 28 милиони евра. Рекордот на „Кристи“ за сличен бел дијамант е 32,3 милиони евра – за скапоцен камен од 163,41 карати, во 2017 година.

„Каменот“ е изваден од рудник во Јужна Африка на почетокот на ова илјадалетие, а периодов беше прикажан во Дубаи, Тајпеј и Њујорк пред да се изложи во Женева.

На аукцијата имаше и светло жолт дијамант пронајден 1901 година, што се поврзува со Црвениот крст, којшто и ќе добие дел од приходот од продажбата. Продаден е за 13,77 милиони евра.

Тој скапоцен камен првпат бил ставен на продажба на 10 април 1918 година во аукциската куќа на „Кристи“ во Лондон

The post Овој камен чини 17 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Каменот“ (The Rock), најголемиот бел дијамант понуден на наддавања, продаден е за 17,8 милиони евра – помалку од очекуваното и далеку под рекордот во својата категорија.
– Скапоцениот камен од 228,31 карати, поголем од голф-топче, е навистина посебен дијамант во облик на круша, изјави Макс Фосет, раководител на одделот за накит во аукциската куќа „Кристи“ во Женева, Швајцарија. Тој беше ставен на продажба од неименуван сопственик од Северна Америка и се очекуваше да биде продаден за 19 до 28 милиони евра. Рекордот на „Кристи“ за сличен бел дијамант е 32,3 милиони евра – за скапоцен камен од 163,41 карати, во 2017 година. „Каменот“ е изваден од рудник во Јужна Африка на почетокот на ова илјадалетие, а периодов беше прикажан во Дубаи, Тајпеј и Њујорк пред да се изложи во Женева. На аукцијата имаше и светло жолт дијамант пронајден 1901 година, што се поврзува со Црвениот крст, којшто и ќе добие дел од приходот од продажбата. Продаден е за 13,77 милиони евра. Тој скапоцен камен првпат бил ставен на продажба на 10 април 1918 година во аукциската куќа на „Кристи“ во Лондон

The post Овој камен чини 17 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Во стравично невреме во Јужна Африка загинале над 400 луѓе, прогласена национална катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-stravichno-nevreme-vo-juzna-afrika-zaginale-nad-400-lugje-proglasena-nacionalna-katastrofa/ Tue, 19 Apr 2022 10:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=490454

Најмалку 443 луѓе загинале во невреме во Јужна Африка, а десетици се уште се водат како исчезнати.

Претседателот, Сирил Рамафоса, прогласувајќи национална состојба на катастрофа, соопшти дека околу 48 лица се уште се водат како исчезнати.

Околу 200 до 400 милиметри дожд наврнале во провинцијата КваЗулу-Натал во рок од 24 часа.

Дождот предизвика големи штети на улиците, мостовите и куќите и го наруши снабдувањето со храна и гориво. Се проценува дека околу 40.000 луѓе се раселени поради поплавите.

Ова е хуманитарна катастрофа која бара големи и итни напори за да се пружи помош. Животот, здравјето и благосостојбата на илјадници луѓе остануваат загрозени - порача Рамафоса.

Едно од најголемите карго пристаништа во Африка, Дурбан, беше затворено, а во некои области немаше струја или вода.

Допрва треба да се направи сеопфатна проценка на економските трошоци од овие поплави, но јасно е дека таа ќе достигне милијарди ранди за обнова на инфраструктурата и губење на производството. Ќе треба огромен напор, помош на ресурси и способност на целата нација да се опорави од оваа катастрофа - изјави Рамафоса.

The post Во стравично невреме во Јужна Африка загинале над 400 луѓе, прогласена национална катастрофа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 443 луѓе загинале во невреме во Јужна Африка, а десетици се уште се водат како исчезнати. Претседателот, Сирил Рамафоса, прогласувајќи национална состојба на катастрофа, соопшти дека околу 48 лица се уште се водат како исчезнати. Околу 200 до 400 милиметри дожд наврнале во провинцијата КваЗулу-Натал во рок од 24 часа. Дождот предизвика големи штети на улиците, мостовите и куќите и го наруши снабдувањето со храна и гориво. Се проценува дека околу 40.000 луѓе се раселени поради поплавите.
Ова е хуманитарна катастрофа која бара големи и итни напори за да се пружи помош. Животот, здравјето и благосостојбата на илјадници луѓе остануваат загрозени - порача Рамафоса.
Едно од најголемите карго пристаништа во Африка, Дурбан, беше затворено, а во некои области немаше струја или вода.
Допрва треба да се направи сеопфатна проценка на економските трошоци од овие поплави, но јасно е дека таа ќе достигне милијарди ранди за обнова на инфраструктурата и губење на производството. Ќе треба огромен напор, помош на ресурси и способност на целата нација да се опорави од оваа катастрофа - изјави Рамафоса.

The post Во стравично невреме во Јужна Африка загинале над 400 луѓе, прогласена национална катастрофа appeared first on Република.

]]>
Уапсен осомничен за пожарот во кој изгоре Парламентот на Јужна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-osomnichen-za-pozarot-vo-koj-izgore-parlamentot-na-juzna-afrika/ Sun, 02 Jan 2022 18:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=439697

Еден човек е уапсен во врска со пожарот што целосно ја уништи салата на Националното собрание во Кејптаун во Јужба Африка, каде што заседаваат пратениците.

Од полицијата соопштија дека осомничениот ќе се појави на суд во вторник, соопшти полицијата.

Еден маж е уапсен во зградата на Парламентот и тој се уште е на распит. Покренавме кривична постапка против него. Тој е уапсен и ќе се појави на суд во вторник - изјави портпаролката на полицијата Танди Мбамбо.

Пожарот првично избил во најстарото крило на собранискиот комплекс, изградено во 1884 година, каде се наоѓаат простории со дрвени предмети, а потоа се проширил во поновите делови од комплексот, кои моментно се користат. Историската зграда содржи колекција од ретки книги и оригиналната копија на поранешната национална химна на земјата, користена за време на ерата на апартхејдот, „Die Stem van Suid-Afrika“ („Гласот на Јужна Африка“), која веќе е оштетена.

https://republika.mk/vesti/svet/gori-zgradata-na-juznoafrikanskiot-parlament-vo-kejptaun/

Пожарникарите се бореле со огнот неколку часа пред да бидат принудени да се повлечат и да повикаат засилување. Подоцна се испратени околу 70 пожарникари, некои користеле кран за да прскаат вода врз пламенот. Внатре во просториите од поткровјето до подот, кој веќе е покриен со отпадоци, паѓаа дожд од сив пепел.

Службите за итна помош соопштија дека стравуваат пожарот да не се прошири брзо кон старите простории украсени со дрво, дебели килими и завеси. Претходно била прикажана снимка како огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом.

Областа околу пожарот во елитниот кварт брзо била блокирана.

Од Парламентот на Јужноафриканската република е соопштено дека нема повредени во огнената стихија. Собранието во моментов не заседава поради празниците.

The post Уапсен осомничен за пожарот во кој изгоре Парламентот на Јужна Африка appeared first on Република.

]]>

Еден човек е уапсен во врска со пожарот што целосно ја уништи салата на Националното собрание во Кејптаун во Јужба Африка, каде што заседаваат пратениците. Од полицијата соопштија дека осомничениот ќе се појави на суд во вторник, соопшти полицијата.
Еден маж е уапсен во зградата на Парламентот и тој се уште е на распит. Покренавме кривична постапка против него. Тој е уапсен и ќе се појави на суд во вторник - изјави портпаролката на полицијата Танди Мбамбо.
Пожарот првично избил во најстарото крило на собранискиот комплекс, изградено во 1884 година, каде се наоѓаат простории со дрвени предмети, а потоа се проширил во поновите делови од комплексот, кои моментно се користат. Историската зграда содржи колекција од ретки книги и оригиналната копија на поранешната национална химна на земјата, користена за време на ерата на апартхејдот, „Die Stem van Suid-Afrika“ („Гласот на Јужна Африка“), која веќе е оштетена. https://republika.mk/vesti/svet/gori-zgradata-na-juznoafrikanskiot-parlament-vo-kejptaun/ Пожарникарите се бореле со огнот неколку часа пред да бидат принудени да се повлечат и да повикаат засилување. Подоцна се испратени околу 70 пожарникари, некои користеле кран за да прскаат вода врз пламенот. Внатре во просториите од поткровјето до подот, кој веќе е покриен со отпадоци, паѓаа дожд од сив пепел. Службите за итна помош соопштија дека стравуваат пожарот да не се прошири брзо кон старите простории украсени со дрво, дебели килими и завеси. Претходно била прикажана снимка како огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом. Областа околу пожарот во елитниот кварт брзо била блокирана. Од Парламентот на Јужноафриканската република е соопштено дека нема повредени во огнената стихија. Собранието во моментов не заседава поради празниците.

The post Уапсен осомничен за пожарот во кој изгоре Парламентот на Јужна Африка appeared first on Република.

]]>
Гори зградата на јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gori-zgradata-na-juznoafrikanskiot-parlament-vo-kejptaun/ Sun, 02 Jan 2022 15:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=439619

Голем пожар ја зафати зградата на Парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото.

Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на Парламентот.

Покривот е запален, а гори и зградата на Народното собрание, соопштија градските власти.

Првичните информации покажуваат дека пожарот избувнал во канцелариски простор и се проширил кон салата за фитнес - соопшти Жан-Пјер Смит, член на кабинетот на градоначалникот на Кејптаун, одговорен за безбедност.

Министерката за јавни работи и инфраструктура Патриша де Лил истакна дека пожарот во Покраинскиот совет (горниот дом на парламентот) е локализиран, но зградата на Националното собрание сè уште гори.

Ова е многу тажен ден за нашата демократија, бидејќи Парламентот е дом на нашата демократија. Парламентот е исто така стратешка клучна точка. Сите прашања ќе бидат истражени. Полицијата веќе почна истрага, форензиката е тука. Засега не можеме да кажеме од каде избувнал пожарот - нагласи Патриша де Лил.

Собранието во моментов не заседава поради празниците.

Зградата во Кејптаун се состои од три дела, најстариот датира од 1884 година. Во поновите делови, изградени во 20-те и 80-те години од минатиот век, се наоѓа Националното собрание.

Минатата година пожар опустоши дел од библиотеката на Универзитетот во Кејптаун, каде што се наоѓаше уникатна колекција на африкански архиви.

The post Гори зградата на јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун appeared first on Република.

]]>

Голем пожар ја зафати зградата на Парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото. Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на Парламентот. Покривот е запален, а гори и зградата на Народното собрание, соопштија градските власти.
Првичните информации покажуваат дека пожарот избувнал во канцелариски простор и се проширил кон салата за фитнес - соопшти Жан-Пјер Смит, член на кабинетот на градоначалникот на Кејптаун, одговорен за безбедност.
Министерката за јавни работи и инфраструктура Патриша де Лил истакна дека пожарот во Покраинскиот совет (горниот дом на парламентот) е локализиран, но зградата на Националното собрание сè уште гори.
Ова е многу тажен ден за нашата демократија, бидејќи Парламентот е дом на нашата демократија. Парламентот е исто така стратешка клучна точка. Сите прашања ќе бидат истражени. Полицијата веќе почна истрага, форензиката е тука. Засега не можеме да кажеме од каде избувнал пожарот - нагласи Патриша де Лил.
Собранието во моментов не заседава поради празниците. Зградата во Кејптаун се состои од три дела, најстариот датира од 1884 година. Во поновите делови, изградени во 20-те и 80-те години од минатиот век, се наоѓа Националното собрание. Минатата година пожар опустоши дел од библиотеката на Универзитетот во Кејптаун, каде што се наоѓаше уникатна колекција на африкански архиви.

The post Гори зградата на јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун appeared first on Република.

]]>