Јутуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jutub/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 10:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јутуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jutub/ 32 32 Роналдо руши рекорди со својот Јутуб канал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ronaldo-rushi-rekordi-so-svojot-jutub-kanal/ Wed, 28 Aug 2024 20:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=810818

Кристијано Роналдо постави рекорд за најбрз број на претплатници. Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија е вклучен во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу претплатници на YouTube за 24 часа - 19.729.827.

Шест дена по лансирањето на каналот на Роналдо, повеќе од 48 милиони луѓе се претплатија на него.

Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Неговата популарност не се намалува и на 39-годишна возраст.

Неодамна Португалецот изјави дека кариерата најверојатно ќе ја заврши во неговиот сегашен клуб, саудиска Ал-Наср.

The post Роналдо руши рекорди со својот Јутуб канал appeared first on Република.

]]>

Кристијано Роналдо постави рекорд за најбрз број на претплатници. Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија е вклучен во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу претплатници на YouTube за 24 часа - 19.729.827. Шест дена по лансирањето на каналот на Роналдо, повеќе од 48 милиони луѓе се претплатија на него. Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Неговата популарност не се намалува и на 39-годишна возраст. Неодамна Португалецот изјави дека кариерата најверојатно ќе ја заврши во неговиот сегашен клуб, саудиска Ал-Наср.

The post Роналдо руши рекорди со својот Јутуб канал appeared first on Република.

]]>
ЕУ бара „Јутуб“ да забрани руски видеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-bara-jutub-da-zabrani-ruski-videa/ Mon, 28 Feb 2022 07:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=464940

Alphabet Inc. и YouTube треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT и другите ТВ канали да примаат пари за реклами на нивните веб-страници, апликации и видеа на ЈуТјуб, слично на потегот на Фејсбук по инвазијата на Украина.

Во видео повик со извршниот директор на Алфабет, Сундар Пичаи, и извршната директорка на ЈуТјуб, Сузан Војчицки, еврокомесарот Бретон каж дека двете компании треба да одат понатаму.

-Слободата на изразување не ја покрива воената пропаганда. Предолго, содржините од Раша Тудеј и другите руски државни медиуми се засилуваат со алгоритми и се предлагаат како „препорачана содржина“ на луѓето кои никогаш не ја побарале, рече Бретон во изјавата.

„Воената пропаганда никогаш не треба да биде препорачана содржина. Згора на тоа, таа воопшто не треба да има место на онлајн платформите. Сметам дека технолошката индустрија ќе преземе итни и ефективни мерки за борба против дезинформациите“, додаде тој.

Во видео повикот учествуваше и потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова.

Гугл соопшти дека веќе презел чекори без преседан за да ги спречи дезинформациите за Украина.

-Како што им кажавме на еврокомесарите, нашите тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата 24 часа на ден и се подготвени да преземат натамошни активности, изјави  портпаролот на Гугл.

The post ЕУ бара „Јутуб“ да забрани руски видеа appeared first on Република.

]]>

Alphabet Inc. и YouTube треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT и другите ТВ канали да примаат пари за реклами на нивните веб-страници, апликации и видеа на ЈуТјуб, слично на потегот на Фејсбук по инвазијата на Украина. Во видео повик со извршниот директор на Алфабет, Сундар Пичаи, и извршната директорка на ЈуТјуб, Сузан Војчицки, еврокомесарот Бретон каж дека двете компании треба да одат понатаму. -Слободата на изразување не ја покрива воената пропаганда. Предолго, содржините од Раша Тудеј и другите руски државни медиуми се засилуваат со алгоритми и се предлагаат како „препорачана содржина“ на луѓето кои никогаш не ја побарале, рече Бретон во изјавата. „Воената пропаганда никогаш не треба да биде препорачана содржина. Згора на тоа, таа воопшто не треба да има место на онлајн платформите. Сметам дека технолошката индустрија ќе преземе итни и ефективни мерки за борба против дезинформациите“, додаде тој. Во видео повикот учествуваше и потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова. Гугл соопшти дека веќе презел чекори без преседан за да ги спречи дезинформациите за Украина. -Како што им кажавме на еврокомесарите, нашите тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата 24 часа на ден и се подготвени да преземат натамошни активности, изјави  портпаролот на Гугл.

The post ЕУ бара „Јутуб“ да забрани руски видеа appeared first on Република.

]]>