Јуриј Борисов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jurij-borisov/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Jul 2022 14:12:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јуриј Борисов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jurij-borisov/ 32 32 Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/rusija-kje-ja-napushti-megjunarodnata-vselenska-stanica-po-2024-godina/ Tue, 26 Jul 2022 14:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=533418

Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов, изјави дека Русија ќе престане да ја користи Меѓународната вселенска станица по 2024 година.

Без сомнение ќе ги исполниме сите наши обврски кон нашите партнери во Меѓународната вселенска станица. Сепак, донесена е одлука да се напушти таа станица по 2024 година - изјави Борисов на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде оти дека мисли дека дотогаш ќе почне формирањето на руската орбитална станица, која ќе биде „главен приоритет“ на руската национална вселенска програма.

Иднината на руските летови со екипаж треба пред сè да се заснова на систематска и избалансирана научна програма, со цел секој лет да нè збогатува со знаење во вселенската сфера - порача тој.

Борисов беше назначен за шеф на „Роскосмос“ во средината на јули, на местото на Дмитриј Рогозин. До тогаш 65-годишниот Борисов беше вицепремиер задолжен за рускиот воено-индустриски комплекс, кој го вклучува и секторот што се занимава со вселената.

Вселенскиот сектор е во тешка ситуација и мислам дека мојата главна задача не е да го спуштам нивото, туку да го подигнам повисоко, пред сè обезбедувајќи ги потребните вселенски услуги за руската економија - изјави Борисов пред Путин, наведувајќи ги навигацијата, комуникациите и преносот на податоци.

The post Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година appeared first on Република.

]]>