јун сук јеол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jun-suk-jeol/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Sep 2023 08:58:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јун сук јеол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jun-suk-jeol/ 32 32 Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-nujork-ostvari-sredba-so-pretsedatelot-na-republika-koreja-jun-suk-jeol/ Fri, 22 Sep 2023 08:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=684029

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во Њујорк остварил билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол.

-На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за продлабочување на билатералната соработка и зближување на двете земји, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Двајцата претседатели потенцирале дека постојат можности за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа, интензивирање на економската соработка, како и соработката во мултилатералните организации.

Претседателот Пендаровски изразил интерес за зголемување и унапредување на економската соработка, при што посочи дека размената на деловни делегации која станува се поинтензивна овозможува да се искористи потенцијалот за продлабочување на оваа соработка.

The post Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во Њујорк остварил билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. -На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за продлабочување на билатералната соработка и зближување на двете земји, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, соопшти Кабинетот на Пендаровски. Двајцата претседатели потенцирале дека постојат можности за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа, интензивирање на економската соработка, како и соработката во мултилатералните организации. Претседателот Пендаровски изразил интерес за зголемување и унапредување на економската соработка, при што посочи дека размената на деловни делегации која станува се поинтензивна овозможува да се искористи потенцијалот за продлабочување на оваа соработка.

The post Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средбата со Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-juzna-koreja-snimen-kako-pcue-po-sredbata-so-bajden/ Sat, 24 Sep 2022 18:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=553881

Јун Сук Јеол бил снимен како пцуе по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк во средата.

Во видеото кое го објави јужнокорејската телевизија Ем-би-си на својот канал на Јутјуб може да се види Јун како оди по бината по разговорот со Бајден пред да се сврти кон своите помошници и да каже: „Би било срамота за Бајден ако тие скотови во собранието не го одобрат овој закон“.

Глобалниот фонд е организација која се обидува да ги победи ХИВ, туберкулозата и маларијата во земјите во развој и забелешката на Јун најверојатно се однесува на ветувањето на Бајден дека ќе придонесе со 6 милијарди долари, што би барало одобрување од Конгресот.

Многу корисници на социјалните мрежи го исмеваат Јун, додека пцовката која ја употребил стана популарен збор за пребарување на јужнокорејскиот портал Навер.

Критичарите велат дека ова е најновата во низата дипломатски утки на Јун, кој неделава стигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Додека беше во Лондон, неговите противници го обвинија за непочитување бидејќи пропушти да го види ковчегот на кралицата, за што тој се правдаше со густиот сообраќај.

На краткиот брифинг со новинарите, претставник на кабинетот на јужнокорејскиот кабинет кажа дека забелешката е „приватен коментар“ и дека е „непримерно да се поврзува приватен коментар со дипломатскиот исход“.

The post Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средбата со Бајден appeared first on Република.

]]>

Јун Сук Јеол бил снимен како пцуе по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк во средата. Во видеото кое го објави јужнокорејската телевизија Ем-би-си на својот канал на Јутјуб може да се види Јун како оди по бината по разговорот со Бајден пред да се сврти кон своите помошници и да каже: „Би било срамота за Бајден ако тие скотови во собранието не го одобрат овој закон“. Глобалниот фонд е организација која се обидува да ги победи ХИВ, туберкулозата и маларијата во земјите во развој и забелешката на Јун најверојатно се однесува на ветувањето на Бајден дека ќе придонесе со 6 милијарди долари, што би барало одобрување од Конгресот. Многу корисници на социјалните мрежи го исмеваат Јун, додека пцовката која ја употребил стана популарен збор за пребарување на јужнокорејскиот портал Навер. Критичарите велат дека ова е најновата во низата дипломатски утки на Јун, кој неделава стигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон. Додека беше во Лондон, неговите противници го обвинија за непочитување бидејќи пропушти да го види ковчегот на кралицата, за што тој се правдаше со густиот сообраќај. На краткиот брифинг со новинарите, претставник на кабинетот на јужнокорејскиот кабинет кажа дека забелешката е „приватен коментар“ и дека е „непримерно да се поврзува приватен коментар со дипломатскиот исход“.

The post Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средбата со Бајден appeared first on Република.

]]>