Јулијана Мирчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/julijana-mirchevska/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 08:05:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јулијана Мирчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/julijana-mirchevska/ 32 32 Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста ни е да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/idninata-im-pripaga-na-detsata-a-nam-dolzhnosta-ni-e-da-im-ovozmozhime-teatar-veli-julijana-mirchevska-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-detskite-teatari/ Wed, 20 Mar 2024 08:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=756537

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска, претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ. Таа е авторка на пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март.

Членот 13 од конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата вели:

Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето.

Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов. Театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која како никогаш до сега ни е потребна.

Должни сме да им дадеме слобода на изразување и простор каде имагинацијата е реалност а каде емоцијата не е слабост. Да видат, да слушнат, да почуствуваат се околу себе и во себе.

Одведете го детето на театар, или театарот однесете го до секое дете

На ова би додала: Вклучете го секое дете во создавањето театар.

Гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот туку да се осознаат и себе си. Детството, најубавиот период од животот кога се формираат идните „големи луѓе“ е период во кој треба да ги насочиме децата, да им овозможиме возбудливи доживувања, одговори на многу животни прашања, но и да создадеме индивидуалци со вистински вредности. Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата. Театар за секое дете од градските и руралните средини.

Децата се нашата иднина, а за да имаме убава иднина треба да се вложиме денес. Театарот е убавина која им ја должиме на децата, се вели во пораката.

 

The post Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста ни е да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театари appeared first on Република.

]]>

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска, претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ. Таа е авторка на пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март. Членот 13 од конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата вели: Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето.
Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов. Театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која како никогаш до сега ни е потребна. Должни сме да им дадеме слобода на изразување и простор каде имагинацијата е реалност а каде емоцијата не е слабост. Да видат, да слушнат, да почуствуваат се околу себе и во себе. Одведете го детето на театар, или театарот однесете го до секое дете На ова би додала: Вклучете го секое дете во создавањето театар. Гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот туку да се осознаат и себе си. Детството, најубавиот период од животот кога се формираат идните „големи луѓе“ е период во кој треба да ги насочиме децата, да им овозможиме возбудливи доживувања, одговори на многу животни прашања, но и да создадеме индивидуалци со вистински вредности. Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата. Театар за секое дете од градските и руралните средини. Децата се нашата иднина, а за да имаме убава иднина треба да се вложиме денес. Театарот е убавина која им ја должиме на децата, се вели во пораката.
 

The post Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста ни е да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театари appeared first on Република.

]]>
Не постои друго место како театарот каде во живо ќе ги сретнете омилените јунаци и ќе ги чуете најубавите приказни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-postoi-drugo-mesto-kako-teatarot-kade-vo-zhivo-ke-gi-sretnete-omilenite-junatsi-i-ke-gi-chuete-najubavite-prikazni/ Mon, 20 Mar 2023 08:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=621394

Порака по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март од претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, М-р Јулијана Мирчевска.

Сега кога ќе погледнам од дистанца на пандемиските денови, можам слободно да кажам дека ние театарските дејци, поминавме низ едно искуство кое реши неколку дилеми и стравови за театарот. Страв дека ќе живеме на дистанца, и ќе заборавиме на големи собирања. Собирања за заедно да изгледаме и доживееме претстава.

Страв дека ќе ни бидат доволни компјутерските и телевизиските екрани пред нас.
Страв дека можеби театарот полека ќе исчезне со напредокот на технологијата и другите медиуми.
Но токму тие пандемиски денови ни потврдија дека сé минува, освен човековата потреба за близина со други луѓе. Потребата за споделување на своите мисли, чувства, желби, искуства, идеи и потребата да се слушне другиот.
Не постои друго место како театарот. Место за учење на најкреативен начин, место за дружба, место во живо да ги сретнете омилените јунаци, да ги чуете најубавите приказни, да се смеете и да плачете. Место од каде може светот да го промените на подобро.

Затоа оваа година ја започнавме со голема промена, голем чекор - создавање на Македонски национален центар АСИТЕЖ. Ги повикуваме сите детски театри, организации, здруженија и театарски дејци кои творат за деца или работат со деца да се вклучат во нашата мисија - со театар да расте секое дете. Да се вклучат во националниот центар зашто сме должни да го промениме светот, за најмладите.

Оние на кои пандемијата им го скрати дружењето, образованието, детството. Должни сме да излеземе на сцена и да создадеме магија. Да заиграме на сцената, да ги оживеме приказните, да допреме до детските срца и да всадиме љубов, почит, емпатија... Да ја поттикнеме нивната креативност. Да ги вклучиме во театарските процеси, па и ние некогаш да украдеме од нивната фантазија. Да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности.

Должни сме заедно да го отвориме патот на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ до полноправно членство во Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ интернационал.
Како прв претседател на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ во наредните четири години заедно со моите соработници ќе се стремиме кон што поголемо обединување, соработка, заеднички проекти и нивна презентација во светски рамки.

Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите. Да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село. Да им овозможиме на децата квалитетен културен живот, и заедно да создаваме убави спомени од детството на секое дете.
Нека ни е честит 20-ти Март Светскиот ден на детските театри!

The post Не постои друго место како театарот каде во живо ќе ги сретнете омилените јунаци и ќе ги чуете најубавите приказни appeared first on Република.

]]>

Порака по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март од претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, М-р Јулијана Мирчевска. Сега кога ќе погледнам од дистанца на пандемиските денови, можам слободно да кажам дека ние театарските дејци, поминавме низ едно искуство кое реши неколку дилеми и стравови за театарот. Страв дека ќе живеме на дистанца, и ќе заборавиме на големи собирања. Собирања за заедно да изгледаме и доживееме претстава. Страв дека ќе ни бидат доволни компјутерските и телевизиските екрани пред нас. Страв дека можеби театарот полека ќе исчезне со напредокот на технологијата и другите медиуми. Но токму тие пандемиски денови ни потврдија дека сé минува, освен човековата потреба за близина со други луѓе. Потребата за споделување на своите мисли, чувства, желби, искуства, идеи и потребата да се слушне другиот. Не постои друго место како театарот. Место за учење на најкреативен начин, место за дружба, место во живо да ги сретнете омилените јунаци, да ги чуете најубавите приказни, да се смеете и да плачете. Место од каде може светот да го промените на подобро. Затоа оваа година ја започнавме со голема промена, голем чекор - создавање на Македонски национален центар АСИТЕЖ. Ги повикуваме сите детски театри, организации, здруженија и театарски дејци кои творат за деца или работат со деца да се вклучат во нашата мисија - со театар да расте секое дете. Да се вклучат во националниот центар зашто сме должни да го промениме светот, за најмладите. Оние на кои пандемијата им го скрати дружењето, образованието, детството. Должни сме да излеземе на сцена и да создадеме магија. Да заиграме на сцената, да ги оживеме приказните, да допреме до детските срца и да всадиме љубов, почит, емпатија... Да ја поттикнеме нивната креативност. Да ги вклучиме во театарските процеси, па и ние некогаш да украдеме од нивната фантазија. Да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности. Должни сме заедно да го отвориме патот на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ до полноправно членство во Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ интернационал. Како прв претседател на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ во наредните четири години заедно со моите соработници ќе се стремиме кон што поголемо обединување, соработка, заеднички проекти и нивна презентација во светски рамки. Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите. Да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село. Да им овозможиме на децата квалитетен културен живот, и заедно да создаваме убави спомени од детството на секое дете. Нека ни е честит 20-ти Март Светскиот ден на детските театри!

The post Не постои друго место како театарот каде во живо ќе ги сретнете омилените јунаци и ќе ги чуете најубавите приказни appeared first on Република.

]]>