Јулијан Нагелсман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/julijan-nagelsman/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 13:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јулијан Нагелсман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/julijan-nagelsman/ 32 32 Германија главен фаворит на Светското првенство по две години https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-glaven-favorit-na-svetskoto-prvenstvo-po-dve-godini/ Wed, 11 Sep 2024 20:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=815401

Амбициите на Германија да биде меѓу фаворитите на Светското првенство по две години се засилени по извонредниот настап против Холандија, кој доби одобрение од селекторот Јулијан Нагелсман.

Стручњакот изјави дека е задоволен од „следниот чекор во развојот“ на неговата екипа, која синоќа ремизираше 2:2 со „лалињата“ во Лигата на нации.

Откако го освоија Светското првенство во Бразил пред 10 години, Германците изгубија дел од сјајот и доживеаја неуспех на последните две Светски првенства. Тие беа во криза и минатата година, кога Ханзи Флик беше отпуштен и Нагелсман ја презеде функцијата. И покрај тоа што покажаа подобрување, Германците испаднаа во четвртфиналето на Европското првенство на кое беа домаќини на средината на годината.

Светското првенство во Северна Америка во 2026 година е многу далеку, но Нагелсман гледа на секој натпревар како чекор во вистинската насока.

-Постои разбирање меѓу играчите дека секој натпревар е важен. Сега играме во Лигата на нациите, квалификациите се следната година, а потоа се надеваме и на Светското првенство. Дотогаш ни остануваат уште 18 натпревари - ако се биде добро. Тимот верува во себе и тоа е главната работа. Тоа е она што сите сакаме да го видиме. Вечерва бевме тим кој сакаше да победи, изјави тој за медиумите по мечот на „Јохан Кројф Арена“.

Тренерот беше особено задоволен од тоа како Германците се вратија во мечот откако заостануваа на стартот.

-Начинот на кој се вративме беше многу добар. Ни требаа пет или шест минути, но потоа изгледавме добро на теренот. И двете одбрани беа премногу ранливи, но во нападот бевме посилни, се обидовме да создадеме повеќе шанси и презедовме малку повеќе ризици. Во раната фаза од второто полувреме се обидовме да притиснеме повеќе и можеби бевме премногу агресивни, коментираше Нагелсман.

Германија ја започна новата кампања во Лигата на нации со победата од 5-0 над Унгарија во Дизелдорф во саботата.

Нивното следно гостување е против Босна и Херцеговина на 11 октомври пред реваншот со Холандија од групата А3 во Лигата на нации во Минхен на 14 октомври.

The post Германија главен фаворит на Светското првенство по две години appeared first on Република.

]]>

Амбициите на Германија да биде меѓу фаворитите на Светското првенство по две години се засилени по извонредниот настап против Холандија, кој доби одобрение од селекторот Јулијан Нагелсман. Стручњакот изјави дека е задоволен од „следниот чекор во развојот“ на неговата екипа, која синоќа ремизираше 2:2 со „лалињата“ во Лигата на нации. Откако го освоија Светското првенство во Бразил пред 10 години, Германците изгубија дел од сјајот и доживеаја неуспех на последните две Светски првенства. Тие беа во криза и минатата година, кога Ханзи Флик беше отпуштен и Нагелсман ја презеде функцијата. И покрај тоа што покажаа подобрување, Германците испаднаа во четвртфиналето на Европското првенство на кое беа домаќини на средината на годината. Светското првенство во Северна Америка во 2026 година е многу далеку, но Нагелсман гледа на секој натпревар како чекор во вистинската насока.
-Постои разбирање меѓу играчите дека секој натпревар е важен. Сега играме во Лигата на нациите, квалификациите се следната година, а потоа се надеваме и на Светското првенство. Дотогаш ни остануваат уште 18 натпревари - ако се биде добро. Тимот верува во себе и тоа е главната работа. Тоа е она што сите сакаме да го видиме. Вечерва бевме тим кој сакаше да победи, изјави тој за медиумите по мечот на „Јохан Кројф Арена“.
Тренерот беше особено задоволен од тоа како Германците се вратија во мечот откако заостануваа на стартот.
-Начинот на кој се вративме беше многу добар. Ни требаа пет или шест минути, но потоа изгледавме добро на теренот. И двете одбрани беа премногу ранливи, но во нападот бевме посилни, се обидовме да создадеме повеќе шанси и презедовме малку повеќе ризици. Во раната фаза од второто полувреме се обидовме да притиснеме повеќе и можеби бевме премногу агресивни, коментираше Нагелсман.
Германија ја започна новата кампања во Лигата на нации со победата од 5-0 над Унгарија во Дизелдорф во саботата. Нивното следно гостување е против Босна и Херцеговина на 11 октомври пред реваншот со Холандија од групата А3 во Лигата на нации во Минхен на 14 октомври.

The post Германија главен фаворит на Светското првенство по две години appeared first on Република.

]]>
Нагелсман тврди дека не му е лут на Баерн што го отпуштиле https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nagelsman-tvrdi-deka-ne-mu-e-lut-na-baern-shto-go-otpushtile/ Thu, 25 Apr 2024 16:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=771062

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман е категоричен дека неговата одлука да остане на чело на националниот тим наместо да се врати во Баерн Минхен нема никаква врска со неговото отпуштање од Баварците пред една година.

За време на негово интервју, Нагелсман беше запрашан да го коментира тврдењето на директорот на Баерн, Макс Еберле дека тренерот не ја прифатил понудата од Минхен затоа што се уште чувствува болка поради неговото отпуштање.

-Не, кога станав ментор ми беше јасно дека во одреден момент ќе бидам ослободен. Ова треба да се има на ум. Нормално е кога некој е отпуштен да сака да тргне по друг пат. Нема болка, едноставно мојата одлука беше во корист на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ). Не чувствувам никакво „боцкање“ по телото. Руди Фелер е мој голем бранител. Се бореше за мене и често ми се јавуваше. Секако дека е и човек со огромно искуство кој е како татковска фигура за целиот стручен штаб, одговори селекторот.

Тој, исто така, призна дека имало интерес и од други клубови.

-Моите опции не беа само Баерн и ДФБ, имаше и неколку други заинтересирани клубови. Сепак, секогаш имав добро чувство за репрезентацијата и секогаш ми беше меѓу приоритетните опции. Сепак, моја должност е да расчистам некои работи, да се сретнам и да размислам што е правилно за мене и за моето семејство во следните две години. На сите им е јасно дека во одреден клуб може да се земе поголема плата, но тоа не е поттик за мене. Да ми беше приоритет платата, порано ќе одев во некој клуб, сподели Нагелсман

The post Нагелсман тврди дека не му е лут на Баерн што го отпуштиле appeared first on Република.

]]>

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман е категоричен дека неговата одлука да остане на чело на националниот тим наместо да се врати во Баерн Минхен нема никаква врска со неговото отпуштање од Баварците пред една година. За време на негово интервју, Нагелсман беше запрашан да го коментира тврдењето на директорот на Баерн, Макс Еберле дека тренерот не ја прифатил понудата од Минхен затоа што се уште чувствува болка поради неговото отпуштање.
-Не, кога станав ментор ми беше јасно дека во одреден момент ќе бидам ослободен. Ова треба да се има на ум. Нормално е кога некој е отпуштен да сака да тргне по друг пат. Нема болка, едноставно мојата одлука беше во корист на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ). Не чувствувам никакво „боцкање“ по телото. Руди Фелер е мој голем бранител. Се бореше за мене и често ми се јавуваше. Секако дека е и човек со огромно искуство кој е како татковска фигура за целиот стручен штаб, одговори селекторот.
Тој, исто така, призна дека имало интерес и од други клубови.
-Моите опции не беа само Баерн и ДФБ, имаше и неколку други заинтересирани клубови. Сепак, секогаш имав добро чувство за репрезентацијата и секогаш ми беше меѓу приоритетните опции. Сепак, моја должност е да расчистам некои работи, да се сретнам и да размислам што е правилно за мене и за моето семејство во следните две години. На сите им е јасно дека во одреден клуб може да се земе поголема плата, но тоа не е поттик за мене. Да ми беше приоритет платата, порано ќе одев во некој клуб, сподели Нагелсман

The post Нагелсман тврди дека не му е лут на Баерн што го отпуштиле appeared first on Република.

]]>
Баерн сака да го врати Нагелсман, тој се мисли https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/baern-saka-da-go-vrati-nagelsman-toj-se-misli/ Fri, 19 Apr 2024 07:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=767844

Џулијан Нагелсман во следните неколку дена ќе одлучи дали ќе остане на чело на репрезентацијата на Германија или ќе се врати во Баерн Минхен.

Телевизијата „Скај“ го цитира агентот на фудбалерот Волкер Шрут, кој, сепак, наведува дека се водат преговори не само со Баерн, а наскоро ќе биде донесена одлука.

-Тоа ќе биде решено наскоро. Во следните пет, шест, седум дена. Би било целосно бесмислено да се каже дека нема интерес од странски земји. Можам да кажам дека интересот не е само од Баерн Минхен. Би било травестија да се каже дека не преговараме. Се разбира, водиме дискусии, вели Шрут.

Триесет и шест годишниот Нагелсман го водеше Баерн пред да стане селектор на репрезентацијата со договор до крајот на Европското првенство. Германската фудбалска федерација сака да го задржи по импресивните победи над Франција и Холандија минатиот месец.

На Баерн ова лето му треба нов тренер, бидејќи наследникот на Нагелсман, Томас Тухел ќе си замине на крајот од договорот. Јирген Клоп и Чаби Алонсо нема да дојдат во клубот, а Нагелсман е главен фаворит за камбек.

Нагелсман веќе изјави дека сака да ја „среди“ својата иднина пред почетокот на Европското првенство.

The post Баерн сака да го врати Нагелсман, тој се мисли appeared first on Република.

]]>

Џулијан Нагелсман во следните неколку дена ќе одлучи дали ќе остане на чело на репрезентацијата на Германија или ќе се врати во Баерн Минхен. Телевизијата „Скај“ го цитира агентот на фудбалерот Волкер Шрут, кој, сепак, наведува дека се водат преговори не само со Баерн, а наскоро ќе биде донесена одлука. -Тоа ќе биде решено наскоро. Во следните пет, шест, седум дена. Би било целосно бесмислено да се каже дека нема интерес од странски земји. Можам да кажам дека интересот не е само од Баерн Минхен. Би било травестија да се каже дека не преговараме. Се разбира, водиме дискусии, вели Шрут. Триесет и шест годишниот Нагелсман го водеше Баерн пред да стане селектор на репрезентацијата со договор до крајот на Европското првенство. Германската фудбалска федерација сака да го задржи по импресивните победи над Франција и Холандија минатиот месец. На Баерн ова лето му треба нов тренер, бидејќи наследникот на Нагелсман, Томас Тухел ќе си замине на крајот од договорот. Јирген Клоп и Чаби Алонсо нема да дојдат во клубот, а Нагелсман е главен фаворит за камбек. Нагелсман веќе изјави дека сака да ја „среди“ својата иднина пред почетокот на Европското првенство.

The post Баерн сака да го врати Нагелсман, тој се мисли appeared first on Република.

]]>
Aко Анчелоти биде отпуштен ќе го замени Нанелсман? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ako-ancheloti-bide-otpushten-ke-go-zameni-nangelsman/ Tue, 18 Apr 2023 11:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=631708

еал Мадрид може да го покани Јулијан Нагелсман на тренерската функција за следната сезона.

Според „Скај спорт“, мадридскиот клуб е заинтересиран за услугите на поранешниот тренер на Баерн. Германецот е на потесниот круг на стручњаци чие назначување Реал може да го разгледа во скоро време.

Забележано е дека Карло Анчелоти ќе си го задржи тренерското место во Реал Мадрид само доколку тимот ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

За ангажман на Нагелсман се заинтересирани и премиерлигашите Челзи и Тотенхем.

The post Aко Анчелоти биде отпуштен ќе го замени Нанелсман? appeared first on Република.

Го бара Тотенхем: Нангелсман нема долго да остане без работа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/go-bara-totenhem-nangelsman-nema-dolgo-da-ostane-bez-rabota/ Wed, 29 Mar 2023 08:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=624896

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем го контактирале германскиот стратег Јулијан Нагелсман за негов ангажман на тренерското место кое остана празно по заминувањето на Италијанецот Антонио Конте.

Телевизијата „Скај Германија“ објави дека преговорите со Нагелсман се во почетна фаза и оти постои мала веројатност тој експресно да седне на клупата на Тотенхем.

Според истиот извор, 35-годишниот стратег сака добро да размисли околу својата иднина по оставката која му беше врачена во Баерн Минхен.

Дел од медиумите наведуваат дека за Нагелсман интерес пројавува и Реал Мадрид

The post Го бара Тотенхем: Нангелсман нема долго да остане без работа appeared first on Република.

Отпуштениот тренер се јави: Во Баерн глумат елита а всушност се тешки „шупаци“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/otpushteniot-trener-se-javi-vo-baern-glumat-elita-a-vsushnost-se-teshki-shupatsi/ Fri, 24 Mar 2023 12:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=623203

Јулијан Нагелсман е отпуштен од функцијата тренер на Баерн Минхен, објави вечерва „Bild“.

Според германскиот медиум, управата на клубот веќе донела одлука, а тоа ќе биде официјално соопштено во блиска иднина. Томас Тухел е новиот тренер на Баерн. Договорот со него е веќе договорен, а наскоро страните ќе ги потпишат сите потребни документи.

Јулијан Нагелсман го презеде Баерн во јули 2021 година. Под водство на 35-годишниот фудбалски стручњак, тимот од Минхен стана германски шампион во сезоната 2021/22 и два пати го освои германскиот Суперкуп.

Тој за веста дознал на скијање и веднаш искоментирал.

Во Баерн глумат елита а всушност се тешки шупаци.

Последниот клуб на 49-годишниот Томас Тухел беше Челзи. Тој беше отпуштен од „Сините“ од Лондон во септември 2022 година и оттогаш е без ангажман

The post Отпуштениот тренер се јави: Во Баерн глумат елита а всушност се тешки „шупаци“ appeared first on Република.

Нангелсман не знае што го чека откако Баерн испадна од ЛШ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nangelsman-ne-znae-shto-go-cheka-otkako-baern-ispadna-od-lsh/ Wed, 13 Apr 2022 09:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=487759

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман смета дека не му е сигурна позицијата во стручниот штаб по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Испаднавме од Купот на Германија. Полуфиналето во Лигата на шампионите секогаш е минималната цел за Баерн. Не знам што ме чека. Сигурно е дека ќе играме со Арминија во Бундеслигата. Не се плашам, има и полоши работи, изјави тренерот на Баерн за „Amazon Prime“.

Баварците синоќа на домашен терен одиграа 1:1 со Виљареал и по поразот (0:1) во Шпанија, доживеаја елиминација во четвртфиналната фаза од елитното фудбалско натпреварување.

The post Нангелсман не знае што го чека откако Баерн испадна од ЛШ appeared first on Република.