јули Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/juli/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 11:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јули Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/juli/ 32 32 Минималната синдикална кошница во август е поскапа за 629 денари во однос на јули и сега изнесува 61.199 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-vo-avgust-e-poskapa-za-629-denari-vo-odnos-na-juli-i-sega-iznesuva-61-199-denari/ Tue, 20 Aug 2024 10:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=808259

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.

Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.

The post Минималната синдикална кошница во август е поскапа за 629 денари во однос на јули и сега изнесува 61.199 денари appeared first on Република.

]]>

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.
Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.  

The post Минималната синдикална кошница во август е поскапа за 629 денари во однос на јули и сега изнесува 61.199 денари appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-vkupno-250-sluchai-na-kovid-19-vo-juli-vo-makedonija/ Mon, 12 Aug 2024 20:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=805871

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево.

Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.

Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево. Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.
Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.
Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.
 
The post ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија appeared first on Република.

]]>
Јули годинава најтопол во Грција во изминатите 64 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/juli-godinava-najtopol-vo-grtsija-vo-izminatite-64-godini/ Tue, 06 Aug 2024 09:37:56 +0000 https://republika.mk/?p=803816

Јули годинава бил рекордно најтоплиот месец во Грција во периодот од 1960 до 2024 година, согласно прелиминарните метеоролошки податоци анализирани од научниот тим на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците, минатиот месец во Грција се карактеризираше со долги периоди со високи температури што траеа многу денови, надминувајќи ги нормалните температури за конкретниот период од годината во целата земја.

Просечната температура во јули била за 2,9 степени Целзиусови повисока од просечната вредност во периодот 1991-2020 година и за 0,3 степени повисока од претходниот најтопол јули од 2012 година.

The post Јули годинава најтопол во Грција во изминатите 64 години appeared first on Република.

]]>

Јули годинава бил рекордно најтоплиот месец во Грција во периодот од 1960 до 2024 година, согласно прелиминарните метеоролошки податоци анализирани од научниот тим на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците, минатиот месец во Грција се карактеризираше со долги периоди со високи температури што траеа многу денови, надминувајќи ги нормалните температури за конкретниот период од годината во целата земја. Просечната температура во јули била за 2,9 степени Целзиусови повисока од просечната вредност во периодот 1991-2020 година и за 0,3 степени повисока од претходниот најтопол јули од 2012 година.

The post Јули годинава најтопол во Грција во изминатите 64 години appeared first on Република.

]]>
Втората половина на јули носи убав пресврт за овие хороскопски знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/vtorata-polovina-na-juli-nosi-ubav-presvrt-za-ovie-horoskopski-znatsi/ Tue, 16 Jul 2024 08:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=797172

Венера влезе во знакот Лав, што го означи почетокот на големи и смели животни промени кај сите нас. Овој транзит на Венера ќе нè направи посамоуверени и поспремни за трансформација. Овие промени особено ќе бидат воочливи за претставниците на овие четири хороскопски знаци:

Овен

Универзумот ќе биде ваша страна. Вашиот семеен живот ќе биде среќен и просперитетен. Личните односи одлично ќе ви се развиваат, што ќе ви донесе хармонија и радост. Овните кои се сингл можат да сметаат на многу нови симпатии кои можат да прераснат во нешто повеќе. Важно е да останете смирени и опуштени и да уживате во позитивните промени.

Лав

Овој период ќе зрачите со засилена привлечност. Сè во вашиот живот ќе биде совршено, а време е и за сериозен пристап кон градењето односи. Немојте да се плашите да преземете дополнителна одговорност, бидејќи тоа само ќе ја зацврсти вашата позиција и ќе ви ја зголеми самодовербата.

Јарец

Јарците ќе доживеат голема хармонија во личните односи. Среќата и благосостојбата ќе пристигнат во нивниот дом, но важно е да одржуваат рамнотежа во сè. Овој период е поволен за преиспитување на начинот на којшто ги користите вашите средства, што ќе ви помогне да постигнете стабилност и благосостојба.

Водолија

Водолиите ги очекува период на неверојатни случувања во сферата на личните односи. Ако сте уморни од минливи романси, сега ќе можете да изградите долги и сериозни врски. Постои мала веројатност дека ќе бидете несериозни, но важно е да внесете разновидност во вашето слободно време, за да уживате во животот максимално.

The post Втората половина на јули носи убав пресврт за овие хороскопски знаци appeared first on Република.

Ова се најлошите датуми во јули https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ova-se-najloshite-datumi-vo-juli/ Fri, 05 Jul 2024 18:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=793216

Одредени датуми во јули 2024 година носат предизвикувачки планетарни аспекти кои можат да донесат стрес, конфликти и неочекувани тешкотии.

Првиот беше на 5 јули, поради напнат аспект помеѓу Марс, планетата на акцијата и агресијата и Плутон, планетата на трансформацијата и моќта.

13 јули 2024 година – затемнување на Месечината во Јарец

Сабота, 13 јули 2024 година, носи затемнување на Месечината во знакот Јарец. Затемнувањата се секогаш предизвикувачки бидејќи носат завршетоци, промени и неочекувани настани. Затемнувањето на Месечината во Јарец може да ги нагласи прашањата поврзани со кариерата, авторитетот и одговорноста. Многумина ќе се соочат со потребата да ги преиспитаат своите професионални цели и стратегии.

Ова е време на интроспекција и прилагодување. Наместо да се спротивставувате на промените, обидете се да ја прифатите како можност за раст. Медитацијата и пишувањето дневник може да ви помогнат подобро да ги разберете вашите внатрешни процеси.

19 јули 2024 година – Ретрограден Меркур влегува во Ракот

Петок, 19 јули 2024 година, носи враќање на ретроградниот Меркур во знакот Рак. Ретроградниот Меркур е познат по тоа што предизвикува недоразбирања во комуникацијата, технички дефекти и задоцнувања. Кога е во Рак, ги нагласува семејните односи и емотивните врски, што може да донесе конфликти и недоразбирања во семејството.

Важно е да бидете особено внимателни кога комуницирате со најблиските и да избегнувате да донесувате важни одлуки или да потпишувате договори. Обидете се да се фокусирате на решавање на старите недоразбирања и одржување на емоционална рамнотежа.

24 јули 2024 година – Сатурн во опозиција на Сонцето

Среда, 24 јули 2024 година, носи спротивставеност помеѓу Сатурн, планетата на дисциплината и воздржаноста, и Сонцето, изворот на нашата виталност и идентитет. Ова противење може да донесе чувство на тежина, ограничување и фрустрација. Може да се чувствувате обземени од обврските или да се соочите со авторитетни личности кои ве спречуваат во вашите напори.

Овој ден бара трпение и истрајност. Обидете се да не се обесхрабрувате од предизвиците, фокусирајте се на долгорочни цели. Практикувањето на трпение и дисциплина може да ви помогне да ги надминете овие пречки.

29 јули 2024 година – Нептун во квадрат со Венера

Понеделник, 29 јули 2024 година, носи квадрат помеѓу Нептун, планетата на илузиите и измамите и Венера, планетата на љубовта и вредноста. Овој аспект може да донесе конфузија и недоразбирања во љубовните и финансиските работи. Можни се измами или нереални очекувања, што може да доведе до разочарување.

Совет за овој ден е да бидете внимателни во љубовните и финансиските одлуки. Обидете се да избегнувате идеализирање луѓе и ситуации и потпирајте се на фактите и реалноста. Одржувањето јасна перспектива ќе ви помогне да избегнете потенцијални стапици.

The post Ова се најлошите датуми во јули appeared first on Република.

]]>

Одредени датуми во јули 2024 година носат предизвикувачки планетарни аспекти кои можат да донесат стрес, конфликти и неочекувани тешкотии. Првиот беше на 5 јули, поради напнат аспект помеѓу Марс, планетата на акцијата и агресијата и Плутон, планетата на трансформацијата и моќта.

13 јули 2024 година – затемнување на Месечината во Јарец

Сабота, 13 јули 2024 година, носи затемнување на Месечината во знакот Јарец. Затемнувањата се секогаш предизвикувачки бидејќи носат завршетоци, промени и неочекувани настани. Затемнувањето на Месечината во Јарец може да ги нагласи прашањата поврзани со кариерата, авторитетот и одговорноста. Многумина ќе се соочат со потребата да ги преиспитаат своите професионални цели и стратегии. Ова е време на интроспекција и прилагодување. Наместо да се спротивставувате на промените, обидете се да ја прифатите како можност за раст. Медитацијата и пишувањето дневник може да ви помогнат подобро да ги разберете вашите внатрешни процеси.

19 јули 2024 година – Ретрограден Меркур влегува во Ракот

Петок, 19 јули 2024 година, носи враќање на ретроградниот Меркур во знакот Рак. Ретроградниот Меркур е познат по тоа што предизвикува недоразбирања во комуникацијата, технички дефекти и задоцнувања. Кога е во Рак, ги нагласува семејните односи и емотивните врски, што може да донесе конфликти и недоразбирања во семејството. Важно е да бидете особено внимателни кога комуницирате со најблиските и да избегнувате да донесувате важни одлуки или да потпишувате договори. Обидете се да се фокусирате на решавање на старите недоразбирања и одржување на емоционална рамнотежа.

24 јули 2024 година – Сатурн во опозиција на Сонцето

Среда, 24 јули 2024 година, носи спротивставеност помеѓу Сатурн, планетата на дисциплината и воздржаноста, и Сонцето, изворот на нашата виталност и идентитет. Ова противење може да донесе чувство на тежина, ограничување и фрустрација. Може да се чувствувате обземени од обврските или да се соочите со авторитетни личности кои ве спречуваат во вашите напори. Овој ден бара трпение и истрајност. Обидете се да не се обесхрабрувате од предизвиците, фокусирајте се на долгорочни цели. Практикувањето на трпение и дисциплина може да ви помогне да ги надминете овие пречки.

29 јули 2024 година – Нептун во квадрат со Венера

Понеделник, 29 јули 2024 година, носи квадрат помеѓу Нептун, планетата на илузиите и измамите и Венера, планетата на љубовта и вредноста. Овој аспект може да донесе конфузија и недоразбирања во љубовните и финансиските работи. Можни се измами или нереални очекувања, што може да доведе до разочарување. Совет за овој ден е да бидете внимателни во љубовните и финансиските одлуки. Обидете се да избегнувате идеализирање луѓе и ситуации и потпирајте се на фактите и реалноста. Одржувањето јасна перспектива ќе ви помогне да избегнете потенцијални стапици.

The post Ова се најлошите датуми во јули appeared first on Република.

]]>
Јули ќе биде среќен за овие три хороскопски знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/juli-ke-bide-sreken-za-ovie-tri-horoskopski-znatsi/ Fri, 28 Jun 2024 18:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=791684

Астролозите именуваа три знаци од Зодијакот кои ќе имаат многу среќа во претстојниот месец јули. Среќата ќе биде на нивна страна цел месец, па тие треба да „удрат“ додека е жешко железото.

Лав

Следниот месец лавовите ќе доживеат необична романтична возбуда. Ќе сакаат да си го направат животот вистинска бајка, па ќе се опкружат со вистински луѓе. Интересно е што може да има мали интриги, но ако не „паднете“ на нив, туку го дадете срцето на романтична и добра личност, тогаш од среќа ќе бидете на седмо небо! Приближете се до оние кои се достојни за вашата кралска природа.

Девица

Вашата работа ќе ви донесе добри резултати. Надредените високо ќе ја ценат вашата желба да се развивате и да го направите бизнисот попрофитабилен. Затоа, можете да добиете многу интересна понуда. Се разбира, новите предизвици не можат да се избегнат, но во исто време ќе станете навистина докажан професионалец во својата област. Може да се подобри и вашата финансиска состојба – и тоа значително!

Стрелец

За Стрелците јули ќе биде месец на авантури и нови искуства. А нели вие тоа најмногу го сакате?! Одложете сè за подоцна и правете го само она што ви носи вистинско задоволство. Можете да патувате со пријателите или со вашиот партнер/ка. Ќе ви се случуваат неверојатни работи, чуда и бројни задоволства…

The post Јули ќе биде среќен за овие три хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>

Астролозите именуваа три знаци од Зодијакот кои ќе имаат многу среќа во претстојниот месец јули. Среќата ќе биде на нивна страна цел месец, па тие треба да „удрат“ додека е жешко железото. Лав Следниот месец лавовите ќе доживеат необична романтична возбуда. Ќе сакаат да си го направат животот вистинска бајка, па ќе се опкружат со вистински луѓе. Интересно е што може да има мали интриги, но ако не „паднете“ на нив, туку го дадете срцето на романтична и добра личност, тогаш од среќа ќе бидете на седмо небо! Приближете се до оние кои се достојни за вашата кралска природа. Девица Вашата работа ќе ви донесе добри резултати. Надредените високо ќе ја ценат вашата желба да се развивате и да го направите бизнисот попрофитабилен. Затоа, можете да добиете многу интересна понуда. Се разбира, новите предизвици не можат да се избегнат, но во исто време ќе станете навистина докажан професионалец во својата област. Може да се подобри и вашата финансиска состојба – и тоа значително! Стрелец За Стрелците јули ќе биде месец на авантури и нови искуства. А нели вие тоа најмногу го сакате?! Одложете сè за подоцна и правете го само она што ви носи вистинско задоволство. Можете да патувате со пријателите или со вашиот партнер/ка. Ќе ви се случуваат неверојатни работи, чуда и бројни задоволства…  

The post Јули ќе биде среќен за овие три хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>
И пари и љубов: Oва е најсреќниот хороскопски знак во јули 2024 https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/i-pari-i-lubov-ova-e-najsrekniot-horoskopski-znak-vo-juli-2024/ Tue, 25 Jun 2024 13:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=790686

Месечниот хороскоп за јули 2024 година носи големи промени кај сите хороскопски знаци. Но, Овен е знакот кој може да очекува најмногу среќа! Во овој месец владетелот на знакот Овен ќе се движи низ Бикот, па доколку сте родени во знакот Овен, значи дека сферата на финансиите ќе биде особено активна во вашиот живот.

Обично Марс (планетата на Овенот) во Бик станува побавен, но и потврдоглав. Веројатно ќе посветите повеќе внимание на заработката, исхраната, па дури и на сопствената самодоверба, па што и да правите, сè ќе испадне точно како што сакавте.

Од 1 јули 2024 година, Црната Месечина ќе се движи низ вашиот партнерски сектор, што значи дека можете да влезете во светла, но малку забранета романса. Младата месечина на 5 јули 2024 година ќе биде во знакот Рак, кој во вашиот случај е одговорен за вашето место на живеење. Може да добиете одлични вести поврзани со домувањето, на пример, ќе се појави купувач на станот или ќе размислувате сами да го продадете имотот. Често, младата Месечина носи нов циклус.

Во исто време, Венера ќе биде во вашиот сектор за недвижнини. Со други зборови, вашиот партнер може да се пресели кај вас или можеби размислувате за некои заеднички планови да купите или продадете куќа. За многу Овни, најактивниот период во романтиката започнува на 12 јули, кога Венера преминува во знакот Лав, правејќи тригон кон вашето Сонце. Може да се заљубите или да се занимавате со ново хоби или спорт.

Почекајте бран од радост буквално да ве облее. Ова е особено точно за слободните Овни, бидејќи од 20 јули 2024 година, тригонот јазолот на иднината до Венера ќе ви донесе задоволство во сè што правите! Сепак, ретроградниот Сатурн во јули ќе ве врати во минатото и ќе излезе на површина што ви беше недостапно во текот на пролетта.

The post И пари и љубов: Oва е најсреќниот хороскопски знак во јули 2024 appeared first on Република.

]]>

Месечниот хороскоп за јули 2024 година носи големи промени кај сите хороскопски знаци. Но, Овен е знакот кој може да очекува најмногу среќа! Во овој месец владетелот на знакот Овен ќе се движи низ Бикот, па доколку сте родени во знакот Овен, значи дека сферата на финансиите ќе биде особено активна во вашиот живот. Обично Марс (планетата на Овенот) во Бик станува побавен, но и потврдоглав. Веројатно ќе посветите повеќе внимание на заработката, исхраната, па дури и на сопствената самодоверба, па што и да правите, сè ќе испадне точно како што сакавте. Од 1 јули 2024 година, Црната Месечина ќе се движи низ вашиот партнерски сектор, што значи дека можете да влезете во светла, но малку забранета романса. Младата месечина на 5 јули 2024 година ќе биде во знакот Рак, кој во вашиот случај е одговорен за вашето место на живеење. Може да добиете одлични вести поврзани со домувањето, на пример, ќе се појави купувач на станот или ќе размислувате сами да го продадете имотот. Често, младата Месечина носи нов циклус. Во исто време, Венера ќе биде во вашиот сектор за недвижнини. Со други зборови, вашиот партнер може да се пресели кај вас или можеби размислувате за некои заеднички планови да купите или продадете куќа. За многу Овни, најактивниот период во романтиката започнува на 12 јули, кога Венера преминува во знакот Лав, правејќи тригон кон вашето Сонце. Може да се заљубите или да се занимавате со ново хоби или спорт. Почекајте бран од радост буквално да ве облее. Ова е особено точно за слободните Овни, бидејќи од 20 јули 2024 година, тригонот јазолот на иднината до Венера ќе ви донесе задоволство во сè што правите! Сепак, ретроградниот Сатурн во јули ќе ве врати во минатото и ќе излезе на површина што ви беше недостапно во текот на пролетта.

The post И пари и љубов: Oва е најсреќниот хороскопски знак во јули 2024 appeared first on Република.

]]>
Јули е вистинско време за нова љубов за овие знаци, отворајте очи на овие датуми https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/juli-e-vistinsko-vreme-za-nova-lubov-za-ovie-znatsi-otvorajte-ochi-na-ovie-datumi/ Sun, 23 Jun 2024 09:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=789894

Од 1 до 6 јули на небото ќе се случи еден од најромантичните транзити во годината - секстил меѓу Венера во Рак и Марс во Бик, кој традиционално носи усогласување на врските и флертувањето кај паровите. За многу луѓе ова може да стане судбоносен период, бидејќи на 4 јули ќе има нежна млада месечина во Ракот, која симболизира емоционална удобност и желба буквално да се нурне во врска.

Овен

Венера го започнува својот транзит низ вашиот љубовен сектор на 13 јули - подгответе се да запознаете личност која ќе ги разбуди сите можни чувства во вас. Интересно е тоа што на 14 јули Месечината ќе го следи јазолот на минатото во Вага - може да сретнете личност која ве потсетува на некој од минатото или ќе се разгори страста за некоја од вашите поранешни љубови. За Овните кои не планираат да размислуваат за минати партнери, поради спојот на Марс и Уран на 15-16-ти јули, постои шанса за датум што ќе ви го преврти светот. Можете да го сметате ова за случајно или пријателско познанство, но тоа може да доведе до необични последици.

Бик

Вашиот владетел Венера ќе биде во секторот за состаноци, но Марс ќе биде во вашиот знак и веројатно ќе имате жесток обожавател. Но, ако сте маж, тогаш и самите може да разбудите поголема потреба за акција и ќе сакате да покажете поголема иницијатива. Ако сте подготвени да се препуштите на нежноста, тогаш јули е буквално создаден за ова. Најверојатно, може да најдете личност која многу ќе ве интересира токму затоа што покрај него ќе имате незаборавни емоции.

Рак

Младата месечина се јавува во вашиот знак, што значи дека можете да запознаете нова љубов и, најверојатно, таа личност може да биде од странство. Таа личност би можела да дојде кај вас на стажирање, или можеби заедно ќе направите некој проект. Навистина, за некои Ракови ситуацијата можеби е поврзана со краткотрајна романса, но овој јули ваквите средби имаат шанса за вистинско продолжение.

Лав

Венера ќе се движи низ вашиот сектор на тајни, каде што на 4 јули се случува младата месечина - во вашиот живот најверојатно ќе се појави нов обожавател, но засега врската ќе биде тајна или нејзиниот развој ќе се одвива во онлајн кореспонденција. Најверојатно нешто ќе се промени до 13 јули, бидејќи на овој ден Венера во Лав во опозиција со Плутон во Водолија може да донесе многу наполнета средба, а таква сексуална желба одамна не сте доживеале.

Јарец

Новата месечина на 4 јули и транзитот на Венера се случуваат во вашиот љубовен сектор, па затоа е многу лесно да запознаете некој нов за вас. Интересно е што во вашиот случај иницијативата може да потекнува од таа друга личност. За оние Јарци кои се во сериозна врска, јули може да донесе можност за создавање или обновување на стара заедница или врска.

The post Јули е вистинско време за нова љубов за овие знаци, отворајте очи на овие датуми appeared first on Република.

Минималната кошница за јули е 48.620 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-koshnitsa-za-juli-e-48-620-denari/ Tue, 08 Aug 2023 19:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=670138

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари.

-Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, а најголемо зголемување има во домување односно комунални трошоци за 2,4 отсто и кај исхрана и пијалаци за еден отсто, велат од ССМ.

The post Минималната кошница за јули е 48.620 денари appeared first on Република.

]]>

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари. -Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, а најголемо зголемување има во домување односно комунални трошоци за 2,4 отсто и кај исхрана и пијалаци за еден отсто, велат од ССМ.  

The post Минималната кошница за јули е 48.620 денари appeared first on Република.

]]>
Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/juli-natprosechno-topol-najvisokata-maksimalna-temperatura-42-1-stepen/ Fri, 04 Aug 2023 14:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=668756

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јули 2023 година беше многу топол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, со исклучок на Маврово и Струмица.

Според УХМР, средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура беше натпросечна за 1,6 степени на ниво на држава.

Средната максимална температура варираше од 25,7степени во Лазарополе до 35,9 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 22 јули во Гевгелија и изнесуваше 42,1 степен. Карактеристична појава е пролонгираниот период, од 12-ти до 26 јули, со максимални температури над 90 перцентилниот распоред 1961/90, односно продорот на интензивни топлотни бранови.

Средната минимална температура варираше од 11 степени во Лазарополе до 20,1 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 28 јули и изнесуваше 4,3 степени.

Во јули 2023 година месечната сума на врнежи во државата варираше од 20 милиметри во Охрид до 114,7 во Маврово. Врнежите беа од дожд и град. Максималното дневно количество на врнежи од 63,5 милиметри беше регистрирано во Струмица на 6-ти во месецот. Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше седум милиметри над просечната на ниво на држава.

The post Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степен appeared first on Република.

]]>

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јули 2023 година беше многу топол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, со исклучок на Маврово и Струмица. Според УХМР, средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура беше натпросечна за 1,6 степени на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 25,7степени во Лазарополе до 35,9 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 22 јули во Гевгелија и изнесуваше 42,1 степен. Карактеристична појава е пролонгираниот период, од 12-ти до 26 јули, со максимални температури над 90 перцентилниот распоред 1961/90, односно продорот на интензивни топлотни бранови. Средната минимална температура варираше од 11 степени во Лазарополе до 20,1 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 28 јули и изнесуваше 4,3 степени. Во јули 2023 година месечната сума на врнежи во државата варираше од 20 милиметри во Охрид до 114,7 во Маврово. Врнежите беа од дожд и град. Максималното дневно количество на врнежи од 63,5 милиметри беше регистрирано во Струмица на 6-ти во месецот. Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше седум милиметри над просечната на ниво на држава.

The post Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степен appeared first on Република.

]]>
Јули ќе биде најтопол во последните стотина, ако не и илјадници години, но 2024 ќе биде уште потопла https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/juli-ke-bide-najtopol-vo-poslednite-stotina-ako-ne-i-iljadnitsi-godini-no-2024-ke-bide-ushte-potopla/ Fri, 21 Jul 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=663778

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“, изјавија врвните научници на НАСА на тркалезната маса со новинарите, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува.

Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уриваат температурни рекорди… Не е изненадување – рече Гевин Шмит, директорот на Годард – Институтот за вселенски студии на НАСА.

Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина.

Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува затоплувањето што го гледаме на нашата планета – рече Кејт Калвин, главен научник и виш советник за климата во НАСА.

Има 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, но таа ќе биде надмината од 2024 година

Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа.

Има децениско зголемување на температурите во последните четири децении – рече Шмит.

Американската вселенска агенција последен пат забележа таков пораст на температурите во јули и август 2016 година поради супер Ел Нињо во текот на зимата 2015 и 2016 година. Но, овој пат тоа не е уште еден настан сличен на Ел Нињо. Топлотните бранови кои моментално се гледаат се резултат на целокупното затоплување ширум светот, особено во океаните.

Видовме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели, многу месеци по ред. Ќе предвидиме дека тоа ќе продолжи, а причината зошто мислиме дека ќе продолжи е затоа што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата – рече Шмит.

Постои 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега. Други научници на НАСА веруваат дека има 80 проценти шанси 2023 година да биде најтоплата година, додаде Шмит.

The post Јули ќе биде најтопол во последните стотина, ако не и илјадници години, но 2024 ќе биде уште потопла appeared first on Република.

]]>

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“, изјавија врвните научници на НАСА на тркалезната маса со новинарите, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува.
Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уриваат температурни рекорди… Не е изненадување – рече Гевин Шмит, директорот на Годард – Институтот за вселенски студии на НАСА.
Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина.
Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува затоплувањето што го гледаме на нашата планета – рече Кејт Калвин, главен научник и виш советник за климата во НАСА.
Има 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, но таа ќе биде надмината од 2024 година Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа.
Има децениско зголемување на температурите во последните четири децении – рече Шмит.
Американската вселенска агенција последен пат забележа таков пораст на температурите во јули и август 2016 година поради супер Ел Нињо во текот на зимата 2015 и 2016 година. Но, овој пат тоа не е уште еден настан сличен на Ел Нињо. Топлотните бранови кои моментално се гледаат се резултат на целокупното затоплување ширум светот, особено во океаните.
Видовме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели, многу месеци по ред. Ќе предвидиме дека тоа ќе продолжи, а причината зошто мислиме дека ќе продолжи е затоа што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата – рече Шмит.
Постои 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега. Други научници на НАСА веруваат дека има 80 проценти шанси 2023 година да биде најтоплата година, додаде Шмит.

The post Јули ќе биде најтопол во последните стотина, ако не и илјадници години, но 2024 ќе биде уште потопла appeared first on Република.

]]>
Климатска опсерваторија на ЕУ: Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/klimatska-opservatorija-na-eu-svetot-se-soochuva-so-najtopliot-juli-od-pochetokot-na-merenata/ Wed, 19 Jul 2023 17:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=663249

Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата, соопшти климатската опсерваторија на Европската Унија, во момент кога на три континенти се регистрирани екстремно високи температури на воздухот.

Првите 15 дена од јули беа најтоплите 15 дена досега... Овој месец е на пат да биде најтоплиот јули досега“, изјави за француски медиуми Карло Буонтемпо, директор на Службата за следење климатски промени Коперникус.

The post Климатска опсерваторија на ЕУ: Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата appeared first on Република.

Изминатата недела беше најжешка во историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izminatata-nedela-beshe-najzheshka-vo-istorijata/ Tue, 11 Jul 2023 10:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=659998

Во рекордно топлиот јуни се забележани невидени температури на површината на морската вода и рекордно мала количина мраз на Антарктикот.

Рекордните температури на копното и во океанот би можеле да имаат разорно влијание врз екосистемите и животната средина, велат од Светска метеоролошка организација.

До високите температури во јуни и почетокот на јули дојде на почетокот на развојот на Ел Нињо, за кој се очекува дополнително да ги зголеми температурите и на копното и во океаните и ќе доведе до поекстремни температури и морски топлотни бранови - изјави Кристофер Хјуит, директор на климатскиот сервис во Светска метеоролошка организација.

Тој додаде дека може да се очекува дека ќе бидат соборени повеќе рекорди како што се развива Ел Нињо и дека тоа влијание ќе се почувствува до 2024 година.

Ова е загрижувачка вест за планетата - рече тој.

Омар Бадур од Светска метеоролошка организација вели дека, според податоците на партнерите на организацијата во различни делови на светот, првата недела од јули поставила нов рекорд во однос на дневните температури.

Извештајот на европската служба за климатски промени Коперникус покажа дека јуни оваа година е нешто повеќе од 0,5 степени над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во јуни 2019 година.

Рекордни јунски температури се забележани низ северозападна Европа, делови од Канада, САД, Мексико, Азија и источна Австралија.

Јуни беше постуден од вообичаено на неколку места, вклучително и западна Австралија, западниот дел на САД и западна Русија.

Според податоците на Коперникус, температурите на површинските води во северниот дел на Атлантикот се „неверојатни“, како и температурите на целите океани.

Температурите во северниот дел на Атлантикот се без преседан и предизвикуваат голема загриженост. Тие се многу повисоки од тоа што беше предвидено - рече Мајкл Спероу од Светска метеоролошка организација, истакнувајќи дека тоа ќе влијае на екосистемите и рибарството.

The post Изминатата недела беше најжешка во историјата appeared first on Република.

]]>

Во рекордно топлиот јуни се забележани невидени температури на површината на морската вода и рекордно мала количина мраз на Антарктикот. Рекордните температури на копното и во океанот би можеле да имаат разорно влијание врз екосистемите и животната средина, велат од Светска метеоролошка организација.
До високите температури во јуни и почетокот на јули дојде на почетокот на развојот на Ел Нињо, за кој се очекува дополнително да ги зголеми температурите и на копното и во океаните и ќе доведе до поекстремни температури и морски топлотни бранови - изјави Кристофер Хјуит, директор на климатскиот сервис во Светска метеоролошка организација.
Тој додаде дека може да се очекува дека ќе бидат соборени повеќе рекорди како што се развива Ел Нињо и дека тоа влијание ќе се почувствува до 2024 година.
Ова е загрижувачка вест за планетата - рече тој.
Омар Бадур од Светска метеоролошка организација вели дека, според податоците на партнерите на организацијата во различни делови на светот, првата недела од јули поставила нов рекорд во однос на дневните температури. Извештајот на европската служба за климатски промени Коперникус покажа дека јуни оваа година е нешто повеќе од 0,5 степени над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во јуни 2019 година. Рекордни јунски температури се забележани низ северозападна Европа, делови од Канада, САД, Мексико, Азија и источна Австралија. Јуни беше постуден од вообичаено на неколку места, вклучително и западна Австралија, западниот дел на САД и западна Русија. Според податоците на Коперникус, температурите на површинските води во северниот дел на Атлантикот се „неверојатни“, како и температурите на целите океани.
Температурите во северниот дел на Атлантикот се без преседан и предизвикуваат голема загриженост. Тие се многу повисоки од тоа што беше предвидено - рече Мајкл Спероу од Светска метеоролошка организација, истакнувајќи дека тоа ќе влијае на екосистемите и рибарството.

The post Изминатата недела беше најжешка во историјата appeared first on Република.

]]>
Овој понеделник и вторник и уште три други денови ќе се најсреќни во јули https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ovoj-ponedelnik-i-vtornik-i-ushte-tri-drugi-denovi-ke-se-najsrekni-vo-juli/ Sat, 08 Jul 2023 08:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=658873

Јули веќе се покажува како динамичен месец, кој како што предвидоа ѕвездиите - ни носи многу предизвици. Астролозите откриваат кои датуми ќе се најуспешни овој јули.

10 јули – Опозиција Меркур/Плутон

10 јули ќе биде ден на комуникација, флерт, романса, но и успешна креативна и деловна соработка. Луѓето ќе бидат многу продуктивни на овој ден и подготвени да започнат дијалог. Ова ќе биде совршен момент да склучите мир со луѓето со кои сте имале некакво недоразбирање.

11 јули – Меркур транзитира низ Лав

Транзитот на Меркур низ знакот Лав е многу поволен период за оние кои сакаат да потрошат дел од своите пари и време на забава и уживање. Покрај тоа, многумина од нас ќе имаат голема среќа на љубовен план, а ќе имаат и можност успешно да ги вложат своите пари – во недвижен имот, на пример.

20 јули – Опозиција Марс/Сатурн

На овој ден Марс и Сатурн ќе бидат во стабилен и поволен аспект. Тие ќе бидат на спротивните страни на Земјата, што ќе предизвика силен бран на позитивна енергија. Тоа ќе биде ден полн со мотивација, инспирација и позитивна енергија. Животот на повеќето луѓе ќе се промени на подобро, бидејќи нивната психичка состојба значително ќе се подобри.

22 јули – Опозиција Сонце/Плутон

Ова е многу интересен настан од гледна точка на астрологијата. Астролозите напоменуваат дека овој ден ќе помине во знак на позитивна енергија и добро расположение. Сонцето и Плутон ќе им помогнат на луѓето да се ослободат од незадоволството, депресивните мисли и сомнежите. Овој аспект поволно ќе влијае и врз самодовербата.

28 јули – Транзит на Меркур низ Девица

Транзитот на Меркур низ Девица ќе се одвива сè до 4 октомври. Ова ќе биде период исполнет со креативност и подлабока комуникација. Што се однесува до 28 јули, тоа ќе биде ден на нови можности. На овој ден ќе треба да вложите повеќе труд доколку сакате да стекнете нови знаења.

The post Овој понеделник и вторник и уште три други денови ќе се најсреќни во јули appeared first on Република.

Ова е месец за Рибите и Овните, нека внимаваат Девиците: Голем љубовен хороскоп за јули 2023 https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ova-e-mesets-za-ribite-i-ovnite-neka-vnimavaat-devitsite-golem-luboven-horoskop-za-juli-2023/ Mon, 03 Jul 2023 15:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=657803

Овен

Во јули ве очекуваат многу љубовни авантури! Доколку не сте во врска, ќе имате можност да се забавувате, но и да започнете сериозна врска. Ќе има многу флерт и внимание од спротивниот пол. Сè во ваши раце! Романтични одмори, заеднички патувања – сето тоа ќе придонесе за возбудлив љубовен живот.

Бик

Колку повеќе се грижите за себе, толку посреќни ќе бидете во вашиот личен живот. Доколку сте слободни, ќе бидете подготвени за нови познанства. Веднаш може да најдете заеднички вредности и интереси. За хармонично да започнете врска, запомнете ги вашите потреби, омилените работи и посветете му се на сопствениот развој. За оние кои се веќе во врска, овој месец ќе биде идеален за продлабочување на односите. Довербата ќе ви овозможи разговор за заедничките планови и ново ниво на интимност со партнерот.

Близнаци

Во јули обидете се да ги контролирате емоциите. Вашата експлозивна природа може да ги искомплицира љубовните врски. Барајте компромисни решенија кои ќе ве задоволат и вас и вашиот партнер. Овој месец ќе создаде поволни услови за зајакнување на односите и воспоставување хармонија во семејството.

Рак

Во личниот живот нема да има големи промени, но астролозите ве советуваат да престанете да контролирате сè! Ако ви е доста од празни романси, направете пауза и фокусирајте се на вашето здравје и саморазвој. Обидете се да се држите настрана од какви било љубовни конфликти и драми.

Лав

Јули ќе биде возбудлив месец за вас! Разговарајте и покажете му на партнерот нежност и љубов бидејќи сè уште има искри меѓу вас! За осамените луѓе, романтиката може одеднаш да се разгори, кога најмалку очекуваат. Дајте си време да го истражите вашиот партнер и неговите вистински намери. Доколку страстите не стивнат до крајот на месецот, можете да размислите за сериозна врска.

Девица

Нека вашето срце биде постојано исполнето со љубов бидејќи до крајот на јули може да настапи заладување на односите! Би било убаво да организирате заеднички одмор доколку не сакате да се случи ова. Слободните, пак, ќе се најдат во самиот центар на љубовните страсти. Ќе имате многу шанси да започнете нова романса или да ја обновите старата. Подарете ја вашата љубов само на оние кои ви возвраќаат!

Вага

Јули ќе биде период на стабилност за оние кои се долго време во романтична врска, а за тоа ќе придонесат неочекувани настани, промени или потези. Слободните, пак, ќе имаат многу шанси да ѝ стават крај на осаменоста.

Скорпија

Во јули ве очекуваат многу пријатни романтични моменти! Но, запомнете дека хармоничните односи бараат посветување. Отворено комуницирајте, зајакнете ја врската, споделете ги вашите планови. Ова придонесува за силен брак. Слободните ќе запознаат интересна личност на работа или во кругот на пријатели со која можат да се развијат страсна романса.

Стрелец

Ќе ги зацврстите односите со партнерот, а тоа ќе ви помогне да сфатите дека имате многу повеќе заеднички интереси отколку што мислевте порано. Освен тоа, заедничките моменти ќе ви донесат многу радост и инспирација. Слободните, пак, ќе запознаат особено интересна личност. Не плашете се да покажете иницијатива и искреност за да воспоставите контакт!

Јарец

Обидете се да ги избегнувате конфликтите бидејќи јули нема да ви биде лесен. Рутинските работи и секојдневниот живот можат да предизвикаат скандали. Решете ги сите проблеми на мирен начин, без никакви расправии и недоразбирања. На повидок е и нова љубовна приказна, но бидете реалисти во пристапот!

Водолија

Во јули ќе бидете желни за нови емоции! Изберете достоен партнер, откријте дали и колку се сериозни вашите чувства и избегнувајте љубовни триаголници. Наскоро сè ќе си дојде на свое место.

Риби

Јули ќе биде полн со љубов и романса. Ако веќе сте во врска, тогаш овој месец лесно можете да ја зацврстите врската со партнерот и да го зголемите нивото на доверба. За да го направите ова, бидете отворени за нови идеи и експериментирајте. Слободните, пак, ги очекува многу интересни познанства. Изберете партнер кој ќе ви ги покаже чувствата на дело, а не со зборови. Во сиот тој процес не занемарувајте ги и вашите лични вредности.

The post Ова е месец за Рибите и Овните, нека внимаваат Девиците: Голем љубовен хороскоп за јули 2023 appeared first on Република.

Проверете дали сте меѓу нив: Овие четири хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во јули https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/proverete-dali-ste-megu-niv-ovie-chetiri-horoskopski-znatsi-ke-bidat-najsrekni-vo-juli/ Thu, 29 Jun 2023 14:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=656498

БИК
Во јули, Биковите не треба да ја пропуштат можноста да станат посреќни и посамоуверени. Ќе имаат униката шанса за успех. Среќата брзо ќе влезе во нивниот живот и ќе им помогне да постигнат успех во кариерата, но ќе мора да работат повеќе. Не треба да се плашат од ништо, важно е самоуверено да одар напред. На Бикоовите им се смешка и унапредување, а и со семејството ги чекаат среќни денови. Ова ќе ја зајакне нивната врска и ќе ги направи среќни.

ВАГА
Јули ќе ги претвори Вагите во активни личности. Тие лесно можат да се справат со секоја задача. Вагите ќе постигнат голем успех во кариерата и ќе го исполнат стариот сон. Ќе може да се справи и со најтешките задачи. Ќе ја покаже својата одговорност и упорност. Меѓутоа, за да станете целосно среќни, треба не само да го поминувате целото време на работа, туку и да го посветите на вашите хоби. Уживајте во вниманието на најблиските. Исто така, се советува да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно.

ЈАРЕЦ
Претставниците на овој знак ќе ги преземат сите работни места и задачи во јули. Јарците треба да ја покажат својата решителност и важно е да не фрлаат зборови во ветер. Ова ќе им помогне да достигнат нови хоризонти и да станат успешни. Препорачливо е да обрнете големо внимание на вашиот личен живот. Осамените претставници на овој знак треба да ги отворат срцата за нова љубов.

РИБИ
Рибите ги очекува голема среќа, која ќе влијае на речиси сите области од нивниот живот. Рибите ќе се соочат со многу пријатни изненадувања. Ќе можат да го постигнат она за што сонувале. Ќе научат многу нови и интересни работи. Тие ќе постигнат успех не само во професионалната, туку и во личната сфера. Сепак, немојте да бидете премногу опуштени, пристапете на сè темелно,

The post Проверете дали сте меѓу нив: Овие четири хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во јули appeared first on Република.

]]>

БИК Во јули, Биковите не треба да ја пропуштат можноста да станат посреќни и посамоуверени. Ќе имаат униката шанса за успех. Среќата брзо ќе влезе во нивниот живот и ќе им помогне да постигнат успех во кариерата, но ќе мора да работат повеќе. Не треба да се плашат од ништо, важно е самоуверено да одар напред. На Бикоовите им се смешка и унапредување, а и со семејството ги чекаат среќни денови. Ова ќе ја зајакне нивната врска и ќе ги направи среќни. ВАГА Јули ќе ги претвори Вагите во активни личности. Тие лесно можат да се справат со секоја задача. Вагите ќе постигнат голем успех во кариерата и ќе го исполнат стариот сон. Ќе може да се справи и со најтешките задачи. Ќе ја покаже својата одговорност и упорност. Меѓутоа, за да станете целосно среќни, треба не само да го поминувате целото време на работа, туку и да го посветите на вашите хоби. Уживајте во вниманието на најблиските. Исто така, се советува да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно. ЈАРЕЦ Претставниците на овој знак ќе ги преземат сите работни места и задачи во јули. Јарците треба да ја покажат својата решителност и важно е да не фрлаат зборови во ветер. Ова ќе им помогне да достигнат нови хоризонти и да станат успешни. Препорачливо е да обрнете големо внимание на вашиот личен живот. Осамените претставници на овој знак треба да ги отворат срцата за нова љубов. РИБИ Рибите ги очекува голема среќа, која ќе влијае на речиси сите области од нивниот живот. Рибите ќе се соочат со многу пријатни изненадувања. Ќе можат да го постигнат она за што сонувале. Ќе научат многу нови и интересни работи. Тие ќе постигнат успех не само во професионалната, туку и во личната сфера. Сепак, немојте да бидете премногу опуштени, пристапете на сè темелно,

The post Проверете дали сте меѓу нив: Овие четири хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во јули appeared first on Република.

]]>
Државниот завод за статистика ја објави просечната нето плата во јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/drzavniot-zavod-za-statistika-ja-objavi-prosechnata-neto-plata-vo-juli/ Wed, 21 Sep 2022 12:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=552923

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти).

Според податоците на ДЗС, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9 проценти).

Во јули годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47 590 денари.

The post Државниот завод за статистика ја објави просечната нето плата во јули appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти). Според податоците на ДЗС, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9 проценти). Во јули годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47 590 денари.  

The post Државниот завод за статистика ја објави просечната нето плата во јули appeared first on Република.

]]>
Jули годинава беше еден од најтоплите месеци во светот досега https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/minatiot-juli-eden-od-najtoplite-dosega-zabelezani-vo-svetski-ramki/ Tue, 09 Aug 2022 16:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=538437

Изминатиот месец јули беше еден од најтоплите што било кога се забележани откако се води статистика, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, специјализираната агенција на ОН со седиште во Женева.

Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, со интензивен и долготраен топлотен бран што зафати многу делови од Европа, изјави портпаролката на организацијата Клер Нулис.

На прес-конференцијата е соопштено дека јули оваа година бил незначително постуден само од оној пред две години, но и за нијанса потопол од 2016.

Но, температурната разлика меѓу тие три месеци беше навистина многу мала, рече Нулис.

На глобално ниво, температурата забележана изминатиот месец е за 0,4 степени Целзиусови повисока од референтната за периодот од 1991 до 2020 година, и тоа во услови кога поради природниот феномен Ла Ниња се очекуваше „ефект на ладење“.

Минатиот месец Светската метеоролошка организација ги повика светските лидери да се „разбудат“, со предупредување дека Европа минува низ низа невообичаени топлотни бранови кои поради климатските промени ќе зачестуваат и ќе се случуваат континуирано барем до 2060 година.

The post Jули годинава беше еден од најтоплите месеци во светот досега appeared first on Република.

]]>

Изминатиот месец јули беше еден од најтоплите што било кога се забележани откако се води статистика, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, специјализираната агенција на ОН со седиште во Женева.
Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, со интензивен и долготраен топлотен бран што зафати многу делови од Европа, изјави портпаролката на организацијата Клер Нулис.
На прес-конференцијата е соопштено дека јули оваа година бил незначително постуден само од оној пред две години, но и за нијанса потопол од 2016.
Но, температурната разлика меѓу тие три месеци беше навистина многу мала, рече Нулис.
На глобално ниво, температурата забележана изминатиот месец е за 0,4 степени Целзиусови повисока од референтната за периодот од 1991 до 2020 година, и тоа во услови кога поради природниот феномен Ла Ниња се очекуваше „ефект на ладење“. Минатиот месец Светската метеоролошка организација ги повика светските лидери да се „разбудат“, со предупредување дека Европа минува низ низа невообичаени топлотни бранови кои поради климатските промени ќе зачестуваат и ќе се случуваат континуирано барем до 2060 година.  

The post Jули годинава беше еден од најтоплите месеци во светот досега appeared first on Република.

]]>
Јули натпросечно топол и влажен https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/juli-natprosechno-topol-i-vlazen/ Thu, 04 Aug 2022 12:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=536776

Метеоролошките станици во државата покажуваат дека годинашниот јули бил натпросечно топол и влажен. Споредено со тридеценискиот период, од 1981-ва до 2010 година, температурата била за 0,7 степени целзиусови повисока од просекот, додека месечната сума на врнежи била 16 милиметри или 41 отсто над просечната.

Апсолутното температурно колебање беше 37,8 степени, а месечното 10,5 степени и се движеше од 17,2 во Лазарополе до 27,7 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури за периодот од 1981-ва до 2010 година, годинашната температура беше натпросечна за 0,7 степени на ниво на државата. Средната максимална температура варираше од 24,4 степени во Маврово до 35,1 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 24 јули во Гевгелија и изнесуваше 41,6 степени. Средната минимална температура варираше од 9,8 во Лазарополе до 19,5 во Гевгелија. Најниската минимална температура беше измерена во Лазарополе на 12 јули и изнесуваше 3,8 степени, соопшти УХМР.

Според УХМР, колебањето на месечната сума врнежи во јули 2022 изнесуваше 109 милиметри и се движеше од 18,5 во Гевгелија до 127,7 милиметри во Берово.

Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 50,9 милиметри беше регистрирано во Берово на 29 јули. Споредено со јулската просечна вредност за периодот 1981 – 2010 година, измерената месечна сума на врнежи беше 16 милиметри или 41 отсто над просечната, информира УХМР.

The post Јули натпросечно топол и влажен appeared first on Република.

]]>

Метеоролошките станици во државата покажуваат дека годинашниот јули бил натпросечно топол и влажен. Споредено со тридеценискиот период, од 1981-ва до 2010 година, температурата била за 0,7 степени целзиусови повисока од просекот, додека месечната сума на врнежи била 16 милиметри или 41 отсто над просечната. Апсолутното температурно колебање беше 37,8 степени, а месечното 10,5 степени и се движеше од 17,2 во Лазарополе до 27,7 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури за периодот од 1981-ва до 2010 година, годинашната температура беше натпросечна за 0,7 степени на ниво на државата. Средната максимална температура варираше од 24,4 степени во Маврово до 35,1 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 24 јули во Гевгелија и изнесуваше 41,6 степени. Средната минимална температура варираше од 9,8 во Лазарополе до 19,5 во Гевгелија. Најниската минимална температура беше измерена во Лазарополе на 12 јули и изнесуваше 3,8 степени, соопшти УХМР. Според УХМР, колебањето на месечната сума врнежи во јули 2022 изнесуваше 109 милиметри и се движеше од 18,5 во Гевгелија до 127,7 милиметри во Берово. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 50,9 милиметри беше регистрирано во Берово на 29 јули. Споредено со јулската просечна вредност за периодот 1981 – 2010 година, измерената месечна сума на врнежи беше 16 милиметри или 41 отсто над просечната, информира УХМР.

The post Јули натпросечно топол и влажен appeared first on Република.

]]>
Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на јули? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/koi-kje-bidat-najsrekjnite-horoskopski-znaci-do-krajot-na-juli/ Sat, 16 Jul 2022 21:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=530092

Под влијание на Венера и Сатурн во текот на следните две недели дел од хороскопските знаци ги очекуваат нови можности во поглед на приватниот и професионалниот живот. Во продолжение прочитајте кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во следните недели.

Овен

Во следниот период Јупитер ќе ве штити од сета негативна енергија. Освен тоа, не се очекуваат големи промени на деловен план, но можно е да се појави личност која ќе ви го привлече вниманието. Постои голема веројатност ова познанство набргу да прерасне во страсна љубовна врска.

Бик

Во следниот период ќе имате можност да постигнете напредок не само во кариерата туку и во љубовта. На почетокот ќе ви се чини дека сте ограничени, но набргу ќе сфатите дека сте го добиле сето она што ви е потребно. Ве очекуваат добри денови, особено во поглед на работата бидејќи сè ќе си дојде на свое место. Во поглед на љубовта ве очекува средба со помлада личност која често патува во странство.

Близнаци

Можете да очекувате одличен период бидејќи Венера ќе биде во вашиот знак. Така, многумина од вас ќе добијат шанса да се преселат. Освен тоа, ве очекуваат и одлични можности за започнување сопствен бизнис.

Лав

Со Сонцето во вашиот знак ќе добиете многу повеќе енергија и мотивација за реализирање на вашите цели во следниот период. Меѓу другото, ве очекува пријатно изненадување на љубовен план со оглед на тоа дека ќе се заљубите во угледна и почитувана личност. Освен тоа, постои можност и за преселба.

Водолија

Ве очекува период полн со можности, па затоа максимално искористете ги следните две недели во поглед на деловните и финансиските активности. Имајте на ум дека сега е вистинската шанса да ги постигнете вашите цели и планови!

The post Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на јули? appeared first on Република.

]]>

Под влијание на Венера и Сатурн во текот на следните две недели дел од хороскопските знаци ги очекуваат нови можности во поглед на приватниот и професионалниот живот. Во продолжение прочитајте кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во следните недели. Овен Во следниот период Јупитер ќе ве штити од сета негативна енергија. Освен тоа, не се очекуваат големи промени на деловен план, но можно е да се појави личност која ќе ви го привлече вниманието. Постои голема веројатност ова познанство набргу да прерасне во страсна љубовна врска. Бик Во следниот период ќе имате можност да постигнете напредок не само во кариерата туку и во љубовта. На почетокот ќе ви се чини дека сте ограничени, но набргу ќе сфатите дека сте го добиле сето она што ви е потребно. Ве очекуваат добри денови, особено во поглед на работата бидејќи сè ќе си дојде на свое место. Во поглед на љубовта ве очекува средба со помлада личност која често патува во странство. Близнаци Можете да очекувате одличен период бидејќи Венера ќе биде во вашиот знак. Така, многумина од вас ќе добијат шанса да се преселат. Освен тоа, ве очекуваат и одлични можности за започнување сопствен бизнис. Лав Со Сонцето во вашиот знак ќе добиете многу повеќе енергија и мотивација за реализирање на вашите цели во следниот период. Меѓу другото, ве очекува пријатно изненадување на љубовен план со оглед на тоа дека ќе се заљубите во угледна и почитувана личност. Освен тоа, постои можност и за преселба. Водолија Ве очекува период полн со можности, па затоа максимално искористете ги следните две недели во поглед на деловните и финансиските активности. Имајте на ум дека сега е вистинската шанса да ги постигнете вашите цели и планови!

The post Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на јули? appeared first on Република.

]]>