јубилејна изложба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jubilejna-izlozhba/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 09:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јубилејна изложба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jubilejna-izlozhba/ 32 32 120 години од раѓањето на Томо Владимирски: Јубилејна изложба вечерва во Даут Пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/120-godini-od-raganeto-na-tomo-vladimirski-jubilejna-izlozhba-vecherva-vo-daut-pashin-amam/ Thu, 05 Sep 2024 09:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=806356

Во четврток на 5 септември во 20.00 часот во Националната Галерија Даут Пашин Амам, ќе биде отворена Јубилејната изложба 120 години од раѓањето на Томо Владимирски.

Македонскиот модернизам, чија основа ја поставија неколкумина претставници на првата, основоположничка генерација образовани македонски ликовни уметници, започнува да се следи од крајот на втората и третата деценија на минатиот век, преку активности и изложби кои почнуваат да го носат „новиот“ модерен дух на развиените европски општества, имплементиран генерално низ активната соработка со северниот сосед. На таа генерација, која ја предводат Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Вангел Коџоман и други, им се приклучува со мало задоцнување и Томо Владимирски.

Неговиот мирен и ненаметлив карактер, умерен и посветен уметнички нерв, дисциплинираност и скромност, придонесуваат Владимирски да остави своја автентична трага во историјата на македонскиот модернизам. Неговиот квалитетен уметнички сензибилитет е забележан и високо оценет од локалната, но и од меѓународната критичка фела.Во оваа пригода, по повод одбележување на јубилејот, одлучивме да дадеме акцент на неговиот вистински печат и препознатливост, оној сижеен корпус со кој Владимирски оставил неизбришлива трага во македонската модерна основоположничка генерација, а тоа е пејзажот и неговиот специфичен македонски колорит.

„Постојаниот дијалог помеѓу физичката средина и човечката перцепција“ е констатација која сосема адекватно го објаснува пристапот на Владимирски кон обработката на пејзажот. За него пејзажот не е само сензација, доживување, замрзнување на еден миг, туку е живот, енергија, трансформација, постојан промена. (Clare A. Lees, Gillian R. Overing, “Anglo-Saxon horizons: places of the mind in the Northumbrian landscape”, in A place to believe in: locating medieval landscapes, Clare A. Lees, Gillian R. Overing eds., The Pennsylvania State University Press, Pennsylvania, 2006, p. 1.) Убавината на природата е во нејзините разновидни и различни форми. Ова им станува очигледно на оние кои поседуваат способност да ја перципираат и ценат формата како форма. Тие активно ги бараат, истражуваат, набљудуваат и толкуваат овие форми, што на крајот доведува до восхит и уживање.

Оттука, согледувањето и вреднувањето на величественоста на природата бара чин на толкување, посветеност и внимание, фокусирано набљудување и развој на перцептивна перспектива. Оваа сеопфатна гледна точка опфаќа и набљудување на природните структури и создавање уметнички претстави, бидејќи интерпретираната форма и формираната слика мора да се усогласат во уникатната конфигурација карактеристична за контемплацијата.

Следствено, Владимирски е исклучителен набљудувач и анализатор на природата, уметник кој умее на виденото и регистрираното да му придодаде формално естетска вредност и експресија на трансформација или драма во пејзажот, што останува забележано на површината на неговите платна. Моментот на одвојување од природата (иако бидувајќи во неа) за да се види нејзината целина или целисходноста на кадарот, е всушност клучниот момент кој ја зголемува мајсторската вештина на Владимирски. Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела. Истовремено, тие се и сведоштво за односот на човекот кон природата кој забрзано се менува во современата констелација од развојот на нашата планета во кој доминира човекот – периодот наречен антропоцен. Со своето творештво тој остави трајни вредности кои се дел од националното културно богатство, како важен дел од развојот на македонскиот модернизам во ликовната уметност.

Куратор на проектот е д-р Ана Франговска

The post 120 години од раѓањето на Томо Владимирски: Јубилејна изложба вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>

Во четврток на 5 септември во 20.00 часот во Националната Галерија Даут Пашин Амам, ќе биде отворена Јубилејната изложба 120 години од раѓањето на Томо Владимирски. Македонскиот модернизам, чија основа ја поставија неколкумина претставници на првата, основоположничка генерација образовани македонски ликовни уметници, започнува да се следи од крајот на втората и третата деценија на минатиот век, преку активности и изложби кои почнуваат да го носат „новиот“ модерен дух на развиените европски општества, имплементиран генерално низ активната соработка со северниот сосед. На таа генерација, која ја предводат Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Вангел Коџоман и други, им се приклучува со мало задоцнување и Томо Владимирски. Неговиот мирен и ненаметлив карактер, умерен и посветен уметнички нерв, дисциплинираност и скромност, придонесуваат Владимирски да остави своја автентична трага во историјата на македонскиот модернизам. Неговиот квалитетен уметнички сензибилитет е забележан и високо оценет од локалната, но и од меѓународната критичка фела.Во оваа пригода, по повод одбележување на јубилејот, одлучивме да дадеме акцент на неговиот вистински печат и препознатливост, оној сижеен корпус со кој Владимирски оставил неизбришлива трага во македонската модерна основоположничка генерација, а тоа е пејзажот и неговиот специфичен македонски колорит. „Постојаниот дијалог помеѓу физичката средина и човечката перцепција“ е констатација која сосема адекватно го објаснува пристапот на Владимирски кон обработката на пејзажот. За него пејзажот не е само сензација, доживување, замрзнување на еден миг, туку е живот, енергија, трансформација, постојан промена. (Clare A. Lees, Gillian R. Overing, “Anglo-Saxon horizons: places of the mind in the Northumbrian landscape”, in A place to believe in: locating medieval landscapes, Clare A. Lees, Gillian R. Overing eds., The Pennsylvania State University Press, Pennsylvania, 2006, p. 1.) Убавината на природата е во нејзините разновидни и различни форми. Ова им станува очигледно на оние кои поседуваат способност да ја перципираат и ценат формата како форма. Тие активно ги бараат, истражуваат, набљудуваат и толкуваат овие форми, што на крајот доведува до восхит и уживање. Оттука, согледувањето и вреднувањето на величественоста на природата бара чин на толкување, посветеност и внимание, фокусирано набљудување и развој на перцептивна перспектива. Оваа сеопфатна гледна точка опфаќа и набљудување на природните структури и создавање уметнички претстави, бидејќи интерпретираната форма и формираната слика мора да се усогласат во уникатната конфигурација карактеристична за контемплацијата. Следствено, Владимирски е исклучителен набљудувач и анализатор на природата, уметник кој умее на виденото и регистрираното да му придодаде формално естетска вредност и експресија на трансформација или драма во пејзажот, што останува забележано на површината на неговите платна. Моментот на одвојување од природата (иако бидувајќи во неа) за да се види нејзината целина или целисходноста на кадарот, е всушност клучниот момент кој ја зголемува мајсторската вештина на Владимирски. Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела. Истовремено, тие се и сведоштво за односот на човекот кон природата кој забрзано се менува во современата констелација од развојот на нашата планета во кој доминира човекот – периодот наречен антропоцен. Со своето творештво тој остави трајни вредности кои се дел од националното културно богатство, како важен дел од развојот на македонскиот модернизам во ликовната уметност. Куратор на проектот е д-р Ана Франговска

The post 120 години од раѓањето на Томо Владимирски: Јубилејна изложба вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>
Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejna-izlozhba-vecherva-vo-kukata-na-robevtsi-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Fri, 02 Aug 2024 16:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=802853

Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”.

На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.

Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија.

Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

The post Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ appeared first on Република.

]]>

Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”. На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела. Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија. Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

The post Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ appeared first on Република.

]]>