Зајакнувањето на врските меѓу Саудиска Арабија и Кина овозможува кинеската национална валута, јуанот, да се користи наместо доларот за плаќање на испораките на нафта, се вели во најновиот извештај на „S&P Global Ratings“.
Саудиска Арабија е најголемиот трговски партнер на Кина во Персискиот Залив. Суровата нафта сочинуваше околу 84 отсто од увозот на Кина од Саудиска Арабија во 2023 година, а трговскиот суфицит на кралството со Кина порасна на меѓу 20 и 40 милијарди долари во последните три години.
Минатата година Кина и Саудиска Арабија веќе направија чекор кон користење на јуанот, потпишувајќи договор за размена на валута во вредност од 7 милијарди долари, како дел од напорите за намалување на зависноста од доларот.
Покрај взаемните придобивки што би ги добиле земјите од таквиот аранжман, за Кина, тргувањето со нафта во јуани и како резултат на потребата Саудиска Арабија да ги троши идните приходи во јуани ќе обезбеди учество на официјален Ријад во кинеската иницијатива „Појас и пат“.
Денес, заедно со Русија, Кина е еден од клучните економски и политички партнери на Саудиска Арабија. Кралството се бори со зависноста од приходите од нафта и се обидува да развие зелена енергија, потпирајќи се на помошта од Кина, која е лидер во оваа област.
The post Го исфрлаат доларот: Кина и Саудиска Арабија се движат кон трговски плаќања со јуани appeared first on Република.
]]>The post Го исфрлаат доларот: Кина и Саудиска Арабија се движат кон трговски плаќања со јуани appeared first on Република.
]]>Кинеската национална валута, Јуанот, за првпат го престигна еврото и стана втора валута во светот со најмногу тргување, објави „Ројтерс“.
Учеството на јуанот во меѓународните плаќања порасна на 5,8%, што е највисоко ниво во последните пет години. Еврото е на трето место со 5,43%.
Доларот има огромна предност, задржувајќи го првото место со 84,15%, но во иднина „кинескиот тренд“ навестува дека е сосема способен да ја разниша таквата позиција.
The post Јуанот го престигна Еврото, стана втора валута во светското тргување appeared first on Република.
]]>The post Јуанот го престигна Еврото, стана втора валута во светското тргување appeared first on Република.
]]>