ЈСП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jsp/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 19:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈСП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jsp/ 32 32 Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-se-vrakaat-na-skopskite-ulitsi-nova-tsena-po-izvozen-kilometar-ochekuvaat-od-nova-godina/ Sat, 30 Nov 2024 19:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=843505

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.

Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.

-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.

Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници.

На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.

-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.

Координаторот на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, Мартин Стојановски, на фејсбук објави дека присуствувал на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје, координаторите на советничките групи и приватните превозници, но ја напуштил таа средба откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив вчерашната одлука е легитимна.

-Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ,Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница Советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар, стои во објавата на Мартин Стојановски

The post Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар. Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.
-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.
Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници. На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.
-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.
Координаторот на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, Мартин Стојановски, на фејсбук објави дека присуствувал на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје, координаторите на советничките групи и приватните превозници, но ја напуштил таа средба откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив вчерашната одлука е легитимна.
-Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ,Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница Советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар, стои во објавата на Мартин Стојановски

The post Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година appeared first on Република.

]]>
Блокирана е сметката на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/blokirana-e-smetkata-na-jsp/ Fri, 29 Nov 2024 14:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=843146

Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски.

Пред почетокот на вонредната седница во Советот на Град Скопје, Кушовски рече дека сметката е блокирана од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Тој не знаеше да каже колку точно изнесува долгот. Нагласи дека активно се работи на деблокада на сметката.

The post Блокирана е сметката на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски. Пред почетокот на вонредната седница во Советот на Град Скопје, Кушовски рече дека сметката е блокирана од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Тој не знаеше да каже колку точно изнесува долгот. Нагласи дека активно се работи на деблокада на сметката.

The post Блокирана е сметката на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Перински: Состојбата во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-sostojbata-vo-javniot-prevoz-pred-se-e-krah-a-ne-kriza/ Wed, 27 Nov 2024 19:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=842483

Актуелната состојба во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза. Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, не се решаваат - смета министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Во своето гостување за Алсат, Перински вели дека не е проблемот само ЈСП, поради што е потребно системско решение. Посочува дека Владата одвои нафта од државните резерви како итна мерка, но ја коментира и нефункционалноста на голем дел од автобусите. Владата интервентно пак ќе реагира, но, нагласува дека јавниот превоз во градот е исклучиво належност од локален карактер и владата нема никакви ингеренции. Одговорноста е на Град Скопје и ЈСП.

Нам ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа. Тоа се премногу натрупани проблеми, кои некој во иднина треба системски да ги решава. Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа и долготрајна терапија. Треба јасна и конкретна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само залекување на рани. Не е системско решение. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој - вели Перински.

Тој додаде дека се разгледувала и можноста за изземање на надлежностите на Град Скопје во однос на јавниот превоз, но во постојното законско решение, во законот за локална самоуправа и законот за Град Скопје надлежностите се строго утврдени и неделиви. Треба дополнителни соодветни интервенции во други закони за да може да се пристапи до вакво решение. Скопјани, вели Перински, не се должни да го трпат овој хаос.

The post Перински: Состојбата во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза appeared first on Република.

]]>

Актуелната состојба во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза. Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, не се решаваат - смета министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Во своето гостување за Алсат, Перински вели дека не е проблемот само ЈСП, поради што е потребно системско решение. Посочува дека Владата одвои нафта од државните резерви како итна мерка, но ја коментира и нефункционалноста на голем дел од автобусите. Владата интервентно пак ќе реагира, но, нагласува дека јавниот превоз во градот е исклучиво належност од локален карактер и владата нема никакви ингеренции. Одговорноста е на Град Скопје и ЈСП.
Нам ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа. Тоа се премногу натрупани проблеми, кои некој во иднина треба системски да ги решава. Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа и долготрајна терапија. Треба јасна и конкретна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само залекување на рани. Не е системско решение. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој - вели Перински.
Тој додаде дека се разгледувала и можноста за изземање на надлежностите на Град Скопје во однос на јавниот превоз, но во постојното законско решение, во законот за локална самоуправа и законот за Град Скопје надлежностите се строго утврдени и неделиви. Треба дополнителни соодветни интервенции во други закони за да може да се пристапи до вакво решение. Скопјани, вели Перински, не се должни да го трпат овој хаос.

The post Перински: Состојбата во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза appeared first on Република.

]]>
Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ni-avtobusite-od-eu-nema-da-go-reshat-problemot-so-javniot-prevoz-vo-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 07:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=842101

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината.

На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот  „ЕУ за чист воздух“  ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните.

null

-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.

И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот.

-МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити.

Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта.

- Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени - оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет...Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање.

За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета.

null

- Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.

Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа.

- Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска.

Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите.

Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови.

Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно.

null

Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот.

Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање.  Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

The post Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината. На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот  „ЕУ за чист воздух“  ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните. null
-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.
И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот. -МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити. Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта. - Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени - оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет...Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање. За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета. null
- Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.
Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа. - Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска. Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите. Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови. Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно. null Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот. Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање.  Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

The post Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-ke-dobie-shest-ekoloshki-avtobusi-donatsija-od-eu/ Tue, 26 Nov 2024 09:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=841810

Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлива урбана мобилност, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот е најавено присуство на амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставничка на УНОПС во Македонија, Микела Телатин, и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

 

The post ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.
Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлива урбана мобилност, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
На настанот е најавено присуство на амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставничка на УНОПС во Македонија, Микела Телатин, и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.  

The post ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Oд денеска нормализирање на јавниот превоз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-normalizirane-na-javniot-prevoz-vo-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 06:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=840580

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Драги Кушовски синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети.

-Сите автобуси што се во возна состојба утре редовно ќе сообраќаат, изјави Кушовски.

За денеска во 14:00/14:30 часот се најавени јавни протести поради состојбата со превозот во градот. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ кои ќе се приклучат на протестот што ќе се одржи пред бараките на Град Скопје.

Këshilli i Qytetit të Shkupit mban mbledhje të jashtëzakonshme pas krizës në Ndërmarrjen e Qarkullimit Publik (NQP) e cila nga dje ka mbetur pa naftë. Në mbledhje është paralajmëruar se pas n

Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, синоќа на вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

На почетокот на седницата, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази благодарност до Владата, апелирајќи до советниците да го следат позитивниот пример. За кризата во ЈСП, Арсовска рече дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

– Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

The post Oд денеска нормализирање на јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви. Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Драги Кушовски синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети.
-Сите автобуси што се во возна состојба утре редовно ќе сообраќаат, изјави Кушовски. За денеска во 14:00/14:30 часот се најавени јавни протести поради состојбата со превозот во градот. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ кои ќе се приклучат на протестот што ќе се одржи пред бараките на Град Скопје.
Këshilli i Qytetit të Shkupit mban mbledhje të jashtëzakonshme pas krizës në Ndërmarrjen e Qarkullimit Publik (NQP) e cila nga dje ka mbetur pa naftë. Në mbledhje është paralajmëruar se pas n Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, синоќа на вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. На почетокот на седницата, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази благодарност до Владата, апелирајќи до советниците да го следат позитивниот пример. За кризата во ЈСП, Арсовска рече дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки. – Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

The post Oд денеска нормализирање на јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>
Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skandalot-se-prodlabochuva-finansiska-politsija-gi-cheshla-javnite-nabavki-za-mazut-vo-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 11:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=840337

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција.

Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

The post Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП appeared first on Република.

]]>

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

The post Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП appeared first on Република.

]]>
Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-se-vkluchuva-vo-reshavaneto-na-problemot-so-javniot-prevoz-zakazhana-itna-sednitsa-za-14-chasot/ Thu, 21 Nov 2024 11:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=840317

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз. Денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

На седницата, најверојатно, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

 

The post Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот appeared first on Република.

]]>

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз. Денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). На седницата, најверојатно, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП. Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.  

The post Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sramota-e-glavniot-grad-da-im-onevozmozhi-na-uchenitsite-da-dobijat-obrazovanie-apeliram-itno-da-se-najde-reshenie-za-javniot-prevoz/ Thu, 21 Nov 2024 10:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=840300

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.

Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.

Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.

Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.

Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас.

За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.

 

The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.
Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.
Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.
Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.
Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас. За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.  

The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.

]]>
ЈСП избрале неприфатлива понуда за најповолна: Бирото за јавни набавки објасни зошто е поништен тендерот за набавка на нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-izbrale-neprifatliva-ponuda-za-najpovolna-biroto-za-javni-nabavki-objasni-zoshto-e-ponishten-tenderot-za-nabavka-na-nafta/ Thu, 21 Nov 2024 10:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=840278

Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува, стои во Известувањето од Бирото за јавни набавки во однос на набавката на гориво на ЈСП-Скопје.

Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП.

Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот.

Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава, се вели во соопштението на Бирото за јавни набавки.

The post ЈСП избрале неприфатлива понуда за најповолна: Бирото за јавни набавки објасни зошто е поништен тендерот за набавка на нафта appeared first on Република.

]]>

Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува, стои во Известувањето од Бирото за јавни набавки во однос на набавката на гориво на ЈСП-Скопје.
Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП. Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот. Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава, се вели во соопштението на Бирото за јавни набавки.

The post ЈСП избрале неприфатлива понуда за најповолна: Бирото за јавни набавки објасни зошто е поништен тендерот за набавка на нафта appeared first on Република.

]]>
Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ova-e-kolokviumska-nedela-ne-mozhe-da-stasame-na-polagane-normalizirajte-go-javniot-prevoz-vo-skopje-inaku-ke-protestirame/ Thu, 21 Nov 2024 10:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=840266

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември).

„По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот“, велат од УСС УКИМ.

Оттаму напоменуваат дека периодов е колоквиумска недела и се одржуваат редовни предавања на УКИМ, а нередовните линии, неисправните автобуси и долгото чекање на постојките го нарушуваат студентскиот стандард.

„Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при УКИМ, УСС ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје“, се вели во дописот од УСС УКИМ.

Дополнително, УСС апелира за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од страна на градоначалничката и нејзиниот тим во предизборната програма, но и, како што се додава, од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), мабавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

 

The post Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме appeared first on Република.

]]>

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот“, велат од УСС УКИМ. Оттаму напоменуваат дека периодов е колоквиумска недела и се одржуваат редовни предавања на УКИМ, а нередовните линии, неисправните автобуси и долгото чекање на постојките го нарушуваат студентскиот стандард. „Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при УКИМ, УСС ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје“, се вели во дописот од УСС УКИМ. Дополнително, УСС апелира за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од страна на градоначалничката и нејзиниот тим во предизборната програма, но и, како што се додава, од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), мабавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.  

The post Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме appeared first on Република.

]]>
Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-sotsijalnite-mrezhi-se-organiziraat-za-prevoz-do-rabota-poradi-kolapsot-na-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=840168

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/

Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.

Друга граѓанка напиша:

Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.

На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.

Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.

https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.
Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.
Друга граѓанка напиша:
Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.
На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.
Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.
https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Нема јавен превоз низ цело Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 06:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=840113

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште.

Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести.

Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.

Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште. Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести. Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град. Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>
Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dokolku-do-izutrina-nema-nafta-za-avtobusite-skopje-utre-ke-ostane-bez-gradski-prevoz/ Wed, 20 Nov 2024 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=840088

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи.

Револтирани се сите, па и студентите.

Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица.

Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која

одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ.

Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост:

Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје.

Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.

 

 

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи. Револтирани се сите, па и студентите. Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица. Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ. Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост: Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје. Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт. Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.    

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>
Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nozhot-dojde-do-koska-nema-distributsija-na-nafta-od-putsko-petrol-za-jsp-skopje-poradi-golem-dolg/ Wed, 20 Nov 2024 15:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=840020

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје.

Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

The post Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг appeared first on Република.

]]>

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје. Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

The post Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг appeared first on Република.

]]>
Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skoro-i-da-nema-avtobusi-graganite-chekaat-so-chasovi-poradi-nedostig-na-gorivo-redutsiran-prevozot-vo-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 15:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=840018

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.

Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.

Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси.

- Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот.

Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември.

Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш.

The post Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча. Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението. Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. - Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението. Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот. Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември. Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш.

The post Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatni-prevoznitsi-na-dnevno-nivo-nedostigaat-od-160-do-200-avtobusi-za-da-bide-ispolnet-zimskiot-vozen-red/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=839966

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси.

Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси. Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsuk-avtobusite-na-liniite-18-63a-118-66-i-66a-se-dvizhat-po-druga-trasa/ Wed, 20 Nov 2024 09:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=839842

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А.

ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.

 

The post ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А. ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.  

The post ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса appeared first on Република.

]]>
Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/golem-sram-za-gradot-e-da-ne-mozhat-da-obezbedat-nafta-ne-e-samo-da-sednete-vo-fotelja-treba-i-da-se-raboti/ Mon, 18 Nov 2024 13:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=839211

Скопјани утрово наместо во автобус останаа на постројките. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта.

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.

„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

Тој смета дека е голем срам за Градот што дозволи да се дојде до ваква состојба.

„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

The post Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи appeared first on Република.

]]>

Скопјани утрово наместо во автобус останаа на постројките. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта. Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.
„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.
Тој смета дека е голем срам за Градот што дозволи да се дојде до ваква состојба.
„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

The post Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи appeared first on Република.

]]>
Побаран притвор за 15 годишник кој со нож издупил друго дете во глава во автобус на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pobaran-pritvor-za-15-godishnik-koj-so-nozh-izdupil-drugo-dete-vo-glava-vo-avtobus-na-jsp/ Mon, 18 Nov 2024 12:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=839173

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство денеска соопшти дека на 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот, се додава, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.

На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

The post Побаран притвор за 15 годишник кој со нож издупил друго дете во глава во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавно обвинителство денеска соопшти дека на 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот, се додава, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.
На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

The post Побаран притвор за 15 годишник кој со нож издупил друго дете во глава во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>