јсп протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jsp-protest/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:12:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јсп протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jsp-protest/ 32 32 За цело Скопје само 25 автобуси, другите стојат паркирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Thu, 21 Nov 2024 07:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=840121

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Во Скопје од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА синоќа изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како што рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

– Одговорот е едноставен, нема нафта. Возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.

Најави дека е можно денеска воопшто да не сообраќаат автобусите доколку не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.

И Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје потврди дека проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

-Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ вчера преку соопштение апелираа до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

- Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.

Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси.

https://republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/

- Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

The post За цело Скопје само 25 автобуси, другите стојат паркирани appeared first on Република.

]]>

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Во Скопје од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА синоќа изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како што рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.
– Одговорот е едноставен, нема нафта. Возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.
Најави дека е можно денеска воопшто да не сообраќаат автобусите доколку не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. И Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје потврди дека проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.
-Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.
Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ вчера преку соопштение апелираа до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.
- Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.
Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. https://republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/ - Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

The post За цело Скопје само 25 автобуси, другите стојат паркирани appeared first on Република.

]]>
400 вработени во ЈСП чекаат пред Град Скопје, а низ Скопје не возат ни приватните автобуси https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/400-vraboteni-vo-jsp-chekaat-pred-grad-skopje-a-niz-skopje-ne-vozat-ni-privatnite-avtobusi/ Mon, 22 Jan 2024 11:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=735414

Членови на Синдикатот на вработените во ЈСП претплатнево се собраа пред просториите на град Скопје каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз, што е стопиран од 9 часот изутрината.

Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот, по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец.

Пред бараките на град Скопје се околу 400 вработени, како што велат, во знак на револт и да вршат притисок врз советниците на Градот, кои треба да ја изгласаат одлуката.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/graganite-gi-jadat-guzhvite-nadlezhnite-se-prepukuvaaat/

Тој рече дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата. Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови.

Стојановски соопшти дека и приватните автобуски превозници им се приклучиле и сообраќале до 9 часот, во знак на солидарност.

The post 400 вработени во ЈСП чекаат пред Град Скопје, а низ Скопје не возат ни приватните автобуси appeared first on Република.

]]>

Членови на Синдикатот на вработените во ЈСП претплатнево се собраа пред просториите на град Скопје каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз, што е стопиран од 9 часот изутрината. Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот, по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец. Пред бараките на град Скопје се околу 400 вработени, како што велат, во знак на револт и да вршат притисок врз советниците на Градот, кои треба да ја изгласаат одлуката. Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје. https://republika.mk/vesti/skopje/graganite-gi-jadat-guzhvite-nadlezhnite-se-prepukuvaaat/ Тој рече дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата. Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови. Стојановски соопшти дека и приватните автобуски превозници им се приклучиле и сообраќале до 9 часот, во знак на солидарност.

The post 400 вработени во ЈСП чекаат пред Град Скопје, а низ Скопје не возат ни приватните автобуси appeared first on Република.

]]>
Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-jsp-dobija-plati-gradskiot-soobrakjaj-funkcionira-normalno/ Fri, 21 Oct 2022 09:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=563970

Вработените од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги добија платите за кои вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во главниот град. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски за МИА потврди дека платите се префрлени на сметката на вработените и дека јавниот градски превоз продолжува да функционира нормално.

Платите се префрлени на сметките на вработените, продолжуваме да функционираме нормално. Платите се обезбедени за следните месеци, а со донесување на буџетот за 2023 година ќе биде збогатен буџетот на јавното претпријатие за неколку милиони евра, рече Стојановски во изјавата за МИА.

Вработените на ЈСП вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во Скопје, барајќи да им биде исплатена задоцнетата септемвриска плата.

Поради настанатите проблеми со претпријатието, Советот на Град Скопје на вонредна седница вчера донесе одлука за прераспределба на средства за субвенции на ЈСП, со којашто практично се обезбедени средства за плати на вработените до крајот на оваа година.

The post Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално appeared first on Република.

]]>

Вработените од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги добија платите за кои вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во главниот град. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски за МИА потврди дека платите се префрлени на сметката на вработените и дека јавниот градски превоз продолжува да функционира нормално.
Платите се префрлени на сметките на вработените, продолжуваме да функционираме нормално. Платите се обезбедени за следните месеци, а со донесување на буџетот за 2023 година ќе биде збогатен буџетот на јавното претпријатие за неколку милиони евра, рече Стојановски во изјавата за МИА.
Вработените на ЈСП вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во Скопје, барајќи да им биде исплатена задоцнетата септемвриска плата. Поради настанатите проблеми со претпријатието, Советот на Град Скопје на вонредна седница вчера донесе одлука за прераспределба на средства за субвенции на ЈСП, со којашто практично се обезбедени средства за плати на вработените до крајот на оваа година.

The post Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Одговорноста да се побара во управата на ЈСП, а потоа и во Градот Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bitikji-odgovornosta-da-se-pobara-vo-upravata-na-jsp-a-potoa-i-vo-gradot-skopje/ Thu, 20 Oct 2022 20:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=563789

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста Градот Скопје да одговори на уште една јавна услуга на која е обврзан.

Уште првиот ден Владата кажа дека не е вистина дека должи и дека сите обврски кон ЈСП се направени преку блок дотациите. Тие средства се префрлени. Тоа што некој може да толкува одредени законски решенија, без при тоа да ја праша Владата дали може да смета на приходи… Тоа не се обврски, ниту долгови. Затоа мислам овде е нужно единиците на локална самоуправа да седнат и да видат зошто проблемот е настанат. Сметам дека одговорноста треба првично да се побара во управата на претпријатието, а потоа и во Градот Скопје, рече Битиќи во емисијата „Клик плус“.

The post Битиќи: Одговорноста да се побара во управата на ЈСП, а потоа и во Градот Скопје appeared first on Република.

Стојановски: По налог на Арсовска 15 автобуси вечерва се паркирани пред Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojanovski-po-nalog-na-arsovska-15-avtobusi-vecherva-se-parkirani-pred-vlada/ Thu, 20 Oct 2022 20:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=563787

Претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски информира дека вечерва пред Владата има петнаесетина двокатни автобуси и тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.

Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотации за превозот на средношколците и студентите во Градот Скопје, рече тој во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека возачите се вратиле на своите работни места по одлуката на Советот на Град Скопје и договорено е како понатаму ќе тече финансиската инјекција кон ЈСП Скопје.

Претходно заменик-градоначалникот на град Скопје Александар Трајановски најави дека автобусите ќе останат на „Илинденска“ сѐ до исполнување на нивното барање.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста Градот Скопје да одговори на уште една јавна услуга на која е обврзан.

https://republika.mk/vesti/skopje/bitikji-odgovornosta-da-se-pobara-vo-upravata-na-jsp-a-potoa-i-vo-gradot-skopje/

The post Стојановски: По налог на Арсовска 15 автобуси вечерва се паркирани пред Влада appeared first on Република.

]]>

Претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски информира дека вечерва пред Владата има петнаесетина двокатни автобуси и тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.
Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотации за превозот на средношколците и студентите во Градот Скопје, рече тој во емисијата „24 анализа“.
Тој додаде дека возачите се вратиле на своите работни места по одлуката на Советот на Град Скопје и договорено е како понатаму ќе тече финансиската инјекција кон ЈСП Скопје. Претходно заменик-градоначалникот на град Скопје Александар Трајановски најави дека автобусите ќе останат на „Илинденска“ сѐ до исполнување на нивното барање. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста Градот Скопје да одговори на уште една јавна услуга на која е обврзан. https://republika.mk/vesti/skopje/bitikji-odgovornosta-da-se-pobara-vo-upravata-na-jsp-a-potoa-i-vo-gradot-skopje/

The post Стојановски: По налог на Арсовска 15 автобуси вечерва се паркирани пред Влада appeared first on Република.

]]>
Станковиќ: Сите советници да ја поддржат одлуката за давање на субвенции на ЈСП, се со цел вработените да ги имаат своите плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stankovikj-site-sovetnici-da-ja-poddrzat-odlukata-za-davanje-na-subvencii-na-jsp-se-so-cel-vrabotenite-da-gi-imaat-svoite-plati/ Thu, 20 Oct 2022 12:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=563596

Гледајќи и согледувајќи ја ваквата состојба, советничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива со која се обидовме и понудивме решение за излез од оваа состојба во која е западнато Јавното претпријатие, изјави Малиша Станковиќ членот на Советот на Град Скопје од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Станковиќ потенцираше дека со дадените субвенции ќе се обезбедат плати на вработените во ЈСП Скопје. Со самото тоа ќе биде задоволено основното барање на синдикатот и основното барање на овие вработени и со заедничко гласање на оваа одлука ќе се надмине состојбата во која е западнато Јавното Претпријатие.

После долга дискусија вчера го изразуваме нашето задоволство дека поголемиот дел од советниците гласаа за таа иницијатива. Како резултат на таа иницијатива , денеска имаме предлог одлука за измена на давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2022 година, рече Станковиќ.

Тој се надева дека Град Скопје сериозно ќе почне да работи во наредниот период за изнаоѓање на трајно решение на ова Јавно Претпријатие.

Оттаму како советничка група ги замолуваме сите советници денеска да ја поддржиме оваа одлука, нашата цел и вчера беше со иницијативата да иницираме да се донесе ваква одлука и со оваа одлука да го надминеме проблемот, кажа Станковиќ.

Станковиќ ги замоли сите советници заеднички да ја изгласаме оваа одлука, бидејќи со оваа проблемот е решен, со оваа одлука нашата заедничка цел е постигната и ЈСП Скопје од денеска ќе ги имаат своите плати.

The post Станковиќ: Сите советници да ја поддржат одлуката за давање на субвенции на ЈСП, се со цел вработените да ги имаат своите плати appeared first on Република.

ССМ ѝ порача на Данела да седне зад воланот на автобусот и да вози – најавија и кривични пријави https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ssm-poracha-na-danela-da-sedne-zad-volanot-na-avtobusot-i-da-vozi-najavija-i-krivichni-prijavi/ Thu, 20 Oct 2022 11:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=563541

Сојуз на синдикатите на Македонија денеска побара кривични пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП Александар Стојковски. Оттаму порачаа дека градоначалничката, секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП можат да седнат зад воланот на автобусите и да возат, никој нема да ги спречи, сите возачи во ЈСП ги чекаат во базите.

-Град Скопје да поднесе кривични пријави против градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година” и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив! Ако не сте способни да раководите, најдете си по способни што ќе раководат, ќе исплаќаат навремено плати, што нема да вршат мобинг, порачаа од таму.

https://republika.mk/vesti/skopje/nad-1-000-semejstva-trpat-za-leb-vrabotenite-vo-jsp-bez-plata-skopjani-bez-javen-prevoz/

The post ССМ ѝ порача на Данела да седне зад воланот на автобусот и да вози – најавија и кривични пријави appeared first on Република.

Протестот на ЈСП ќе трае: Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/protestot-na-jsp-kje-trae-se-dodeka-ne-se-isplati-platata-kje-bideme-vo-garaza/ Thu, 20 Oct 2022 10:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=563525

Возачите рано утринава, пред почетокот на работното време, се собраа на протест во базите на претпријатието во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Тие одбија да подигнат патни налози и да влезат во автобусите поради неисплатена плата.

Се жалеа дека директорот Александар Стојковски им вршел притисок за да возат. Тој негираше.

-Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража. Дојдени сме сите вработени од прва, втора и трета смена, вели претседателот на Независниот синдикат на возачи при ЈСП Африм Муча за МИА.

Град Скопје најави кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и, како што велат, го држат во заложништво Скопје и скопјани.

The post Протестот на ЈСП ќе трае: Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража appeared first on Република.

]]>

Возачите рано утринава, пред почетокот на работното време, се собраа на протест во базите на претпријатието во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Тие одбија да подигнат патни налози и да влезат во автобусите поради неисплатена плата. Се жалеа дека директорот Александар Стојковски им вршел притисок за да возат. Тој негираше. -Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража. Дојдени сме сите вработени од прва, втора и трета смена, вели претседателот на Независниот синдикат на возачи при ЈСП Африм Муча за МИА. Град Скопје најави кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и, како што велат, го држат во заложништво Скопје и скопјани.

The post Протестот на ЈСП ќе трае: Се додека не се исплати платата, ќе бидеме во гаража appeared first on Република.

]]>
Над 1.000 семејства трпат за леб: Вработените во ЈСП без плата, скопјани без јавен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nad-1-000-semejstva-trpat-za-leb-vrabotenite-vo-jsp-bez-plata-skopjani-bez-javen-prevoz/ Thu, 20 Oct 2022 10:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=563516

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д директорот на ЈСП Александар Стојковски оставиле повеќе од 1.000 семејства на вработените во ЈСП да трпат за леб, а за првпат ги оставија скопјани без јавен превоз.

-Работниците утринава дојдоа на своите работни места да возат, но не видоа дека в.д директорот Стојковски дошол да им исплати плати, туку видоа дека дошол неовластено да ги снима за да слушаат тие што немаат храброст да се исправат пред работниците. Вчера бевме сведоци дека десетина штрајк брехери вкупно со се Секретарот на Град Скопје, и в.д директорот на ЈСП и со нивните лични возачи како неаконски застанаа пред Влада, а работниците единствени како никогаш до сега не стојат со нив туку стојат заедно, а синдикатите со нив за нивните заслужени и одработени плати, велат од ССМ.

Оттаму порачаа дека градоначалничката, секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП можат да седнат зад воланот на автобусите и да возат, никој нема да ги спречи, сите возачи во ЈСП ги чекаат во базите.

-Град Скопје да поднесе кривични пријави против градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година” и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив! Ако не сте способни да раководите, најдете си по способни што ќе раководат, ќе исплаќаат навремено плати, што нема да вршат мобинг, порачаа од таму.

The post Над 1.000 семејства трпат за леб: Вработените во ЈСП без плата, скопјани без јавен превоз appeared first on Република.

И приватниците ќе ги паркираат автобусите ако денес не им се исплати долгот од милион евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-privatnicite-kje-gi-parkiraat-avtobusite-ako-denes-ne-im-se-isplati-dolgot-od-milion-evra/ Thu, 20 Oct 2022 09:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=563486

Над еден милион евра им должи Град Скопје на приватните превозници. Од „Слобода превоз“ и „Макеспрес“ за „Сакам да кажам“ велат дека три месеци не им се дадени пари, а веќе три недели не им се исплаќаат ниту неделните аванси. На „Слобода превоз“ му се должат 45 милиони денари, а на „Макеспрес“ 25 милиони денари.

Чекаме да видиме на денешната седница дали ќе бидат предвидени пари и за нас. Не може на ЈСП Скопје да им се дадат пари само за нивните плати, мора да има и за нас во спротивно и ние нема да возиме. На ЈСП им се касни три дена, а нас ни каснат три месеци, вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Милорад Димитриевски еден од сопствениците на „Макеспрес“ вели дека тие и во моментов не возат со сите автобуси оти немаат пари да стават нафта.

Денеска имаме состанок во Град Скопје и ќе видиме што ќе се одлучи, но доколку нема пари и за нас, нема ниту ние да возиме, вели Димитриевски.

Приватните превозници не возеа во мај годинава бидејќи исто така Градот им должеше пари за три месеци.

The post И приватниците ќе ги паркираат автобусите ако денес не им се исплати долгот од милион евра appeared first on Република.

„Нема да поднесам оставка, нека поднесат одговорните“ вели Арсовска во чиј мандат првпат Скопје е без јавен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-da-podnesam-ostavka-neka-podnesat-odgovornite-veli-arsovska-vo-chij-mandat-prvpat-skopje-e-bez-javen-prevoz/ Thu, 20 Oct 2022 08:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=563417

Градоначалничката Данела Арсовска не смета дека треба да си поднесе оставка, откако Скопје денеска за првпат во својата историја остана без јавен превоз. Во одговор до „Сакам да кажам“ на прашањето дали ќе си поднесе оставка од фунцкијата бидејќи граѓаните ги остави без автобуси и тие денеска не можеа да стигнат на работните места, болните на прегледи, учениците во школо, студентите на факлултет итн, Арсовска утрово вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ, односно управниот одбор на ЈСП Скопје.

Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ,  изјави Арсовска.

The post „Нема да поднесам оставка, нека поднесат одговорните“ вели Арсовска во чиј мандат првпат Скопје е без јавен превоз appeared first on Република.

Костовски: Општина Бутел обезбедува бесплатен превоз за сите стари и изнемоштени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-opshtina-butel-obezbeduva-besplaten-prevoz-za-site-stari-i-iznemoshteni-lica/ Wed, 19 Oct 2022 19:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=563297

🚘 ОПШТИНА БУТЕЛ ОБЕЗБЕДУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА‼️

Поради вонредната и новонастаната ситуација со прекинот на градскиот превозот поради штрајкот во ЈСП, Општина Бутел своите општински возила ги става на располагање на сите стари и изнемоштени лица кои имаат итни и неодложни алтивности во центарот на Град Скопје, напиша Костовски на својот фб профил

За превоз може да се јаите на 075274421 во периодот од 08:00 до 16:30.

Се надеваме оваа ситуација нема да трае долго и ќе се изнајде решение. Доколку продолжи Општина Бутел заедно со општествено одговорни компании ќе понуди дополнителни решенија за да помогне на граѓаните на општина Бутел, напиша тој.

The post Костовски: Општина Бутел обезбедува бесплатен превоз за сите стари и изнемоштени лица appeared first on Република.

Утре дефинитивно Скопје без градски превоз – нема одлука од Арсовска, нема автобуси https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-definitivno-skopje-bez-gradski-prevoz-nema-odluka-od-arsovska-nema-avtobusi/ Wed, 19 Oct 2022 18:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=563276

Советниците на Град Скопје попладнево на вонредна седница ја изгласаа иницијативата со која се бара од градоначалничката Данела Арсовска до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Иницијатвата е изгласана со 24 гласа „за“. Советниците на СДСМ и дел на ДУИ беа против оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот.
Од синдикатите вечерва изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.
За утре синдикатите најавија дека нема да има градски превоз за скопјани.

„Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП“, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.

Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение обвинија дека за иницијативата за прераспределба на средства не гласале советниците од СДСМ и дел од ДУИ.

„Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП. Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати. На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел што побрзо да се излезе во пресрет на барањата на вработените во ЈСП Скопје, предложи да се скрати рокот и да се предложи веднаш да се разговара за скратување на средствата преку ребаланс на Буџет и пренамена на средства за плати на вработените во претпријатието. Палката е во рацете на градоначалничката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

The post Утре дефинитивно Скопје без градски превоз – нема одлука од Арсовска, нема автобуси appeared first on Република.

]]>

Советниците на Град Скопје попладнево на вонредна седница ја изгласаа иницијативата со која се бара од градоначалничката Данела Арсовска до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Иницијатвата е изгласана со 24 гласа „за“. Советниците на СДСМ и дел на ДУИ беа против оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот. Од синдикатите вечерва изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна. За утре синдикатите најавија дека нема да има градски превоз за скопјани.
„Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП“, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.
Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение обвинија дека за иницијативата за прераспределба на средства не гласале советниците од СДСМ и дел од ДУИ.
„Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП. Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати. На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел што побрзо да се излезе во пресрет на барањата на вработените во ЈСП Скопје, предложи да се скрати рокот и да се предложи веднаш да се разговара за скратување на средствата преку ребаланс на Буџет и пренамена на средства за плати на вработените во претпријатието. Палката е во рацете на градоначалничката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

The post Утре дефинитивно Скопје без градски превоз – нема одлука од Арсовска, нема автобуси appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-sramno-e-shto-koalicijata-sds-ednoto-krilo-na-dui-i-arsovska-ne-glasaa-za-isplata-na-plati-na-vrabotenite-na-jsp/ Wed, 19 Oct 2022 18:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=563266

Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати.

На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет – се наведува во партиското соопштение.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати. На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет – се наведува во партиското соопштение.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Градското собрание изгласа распределба на средства за ЈСП најдоцна до петок, сѐ уште нема најава дека ќе има градски превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradskoto-sobranie-izglasa-raspredelba-na-sredstva-za-jsp-najdocna-do-petok-s-ushte-nema-najava-deka-kje-ima-gradski-prevoz/ Wed, 19 Oct 2022 17:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=563245

Вечерва заврши вонредната седница на Советот на град Скопје, околу проблемот со платите во ЈСП Скопје.

Беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.

За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.

-Доколку добиеме предлог-одлука за прераспределба на средства за помош на ЈСП и пред тој рок, ќе бидете известени за нова вонредна седница уште во текот на утрешниот ден, рече претседавачот со Советот, Трајко Славески.

Следната редовна седница е закажана за петок во 14 часот.

Засега нема реакција од синдикатите во ЈСП кои во текот на денот најавија штрајк и прекин на возните линии за утрешниот ден.

The post Градското собрание изгласа распределба на средства за ЈСП најдоцна до петок, сѐ уште нема најава дека ќе има градски превоз appeared first on Република.

]]>

Вечерва заврши вонредната седница на Советот на град Скопје, околу проблемот со платите во ЈСП Скопје. Беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието. За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.
-Доколку добиеме предлог-одлука за прераспределба на средства за помош на ЈСП и пред тој рок, ќе бидете известени за нова вонредна седница уште во текот на утрешниот ден, рече претседавачот со Советот, Трајко Славески.
Следната редовна седница е закажана за петок во 14 часот. Засега нема реакција од синдикатите во ЈСП кои во текот на денот најавија штрајк и прекин на возните линии за утрешниот ден.

The post Градското собрание изгласа распределба на средства за ЈСП најдоцна до петок, сѐ уште нема најава дека ќе има градски превоз appeared first on Република.

]]>
Андоновска: уште вечерва да изгласаме префрлање на средства на ЈСП за вработените и градскиот превоз да продолжи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovska-ushte-vecherva-da-izglasame-prefrlanje-na-sredstva-na-jsp-za-vrabotenite-i-gradskiot-prevoz-da-prodolzi/ Wed, 19 Oct 2022 16:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=563236

Моето јавување сега во моментот е буквално од причина што ги слушнавме претставниците од Синдикатот кои што јасно кажаа пред цела македонска јавност и пред скопјани, дека скопјани утре од 4:30 повеќе нема да имаат градски превоз - посочи Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град на денешната седница.

Таа додаде:

Иницијативата што денеска ја поднесе советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е токму во оваа насока, граѓаните на Скопје да не останат без градски превоз. Но, бидејќи сега во моментот слушнавме дека тоа ќе се случи утре од 4:30 часот, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме подготвени во моментот да се откажеме од сите дискусии кои што беа предвидени сега во моментот, да дадеме пауза ако треба од неколку часа и да побараме од градоначалничката одма денеска уште веднаш да ни ја достави одлуката, ќе седиме колку што е потребно и за да ја изгласаме таа одлука уште вечерва да се префрлат средства на вработените во ЈСП и од утре автобусите да можат слободно да се движат и граѓаните на Скопје да имаат превоз.

The post Андоновска: уште вечерва да изгласаме префрлање на средства на ЈСП за вработените и градскиот превоз да продолжи appeared first on Република.

]]>

Моето јавување сега во моментот е буквално од причина што ги слушнавме претставниците од Синдикатот кои што јасно кажаа пред цела македонска јавност и пред скопјани, дека скопјани утре од 4:30 повеќе нема да имаат градски превоз - посочи Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град на денешната седница. Таа додаде:
Иницијативата што денеска ја поднесе советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е токму во оваа насока, граѓаните на Скопје да не останат без градски превоз. Но, бидејќи сега во моментот слушнавме дека тоа ќе се случи утре од 4:30 часот, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме подготвени во моментот да се откажеме од сите дискусии кои што беа предвидени сега во моментот, да дадеме пауза ако треба од неколку часа и да побараме од градоначалничката одма денеска уште веднаш да ни ја достави одлуката, ќе седиме колку што е потребно и за да ја изгласаме таа одлука уште вечерва да се префрлат средства на вработените во ЈСП и од утре автобусите да можат слободно да се движат и граѓаните на Скопје да имаат превоз.

The post Андоновска: уште вечерва да изгласаме префрлање на средства на ЈСП за вработените и градскиот превоз да продолжи appeared first on Република.

]]>
Скопје утре без јавен превоз – автобусите на ЈСП нема да возат од 4:30 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-utre-bez-javen-prevoz-avtobusite-na-jsp-nema-da-vozat-od-4-30-chasot/ Wed, 19 Oct 2022 15:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=563218

Утре јавен превоз во Скопје ќе нема од 4.30 часот. Вработените и денеска не добија плата, а како што рекоа од синдикатите на јавното претпријатие кои присуствуваа на вонредната седница на Советот на Град Скопје, советниците и градоначалничката си тераат политика, а не разговараат за нивниот проблем.

„Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има. Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз. Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања“, рекоа од синдикатите.

Советниците и градоначалничката се расправаа за „шпицниот градоначалник“, за тоа кој сакал кола и службен телефон, а ништо за тоа како суштински да се реши проблемот и како ќе се најдат пари.

Вонредната седница на Советот се одржува на барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која предлага да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“, а од синдикатот на вработените во ЈСП се надеваат дека на оваа седница ќе се најде решение за исплата на нивните плати.

The post Скопје утре без јавен превоз – автобусите на ЈСП нема да возат од 4:30 часот appeared first on Република.

]]>

Утре јавен превоз во Скопје ќе нема од 4.30 часот. Вработените и денеска не добија плата, а како што рекоа од синдикатите на јавното претпријатие кои присуствуваа на вонредната седница на Советот на Град Скопје, советниците и градоначалничката си тераат политика, а не разговараат за нивниот проблем. „Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има. Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз. Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања“, рекоа од синдикатите. Советниците и градоначалничката се расправаа за „шпицниот градоначалник“, за тоа кој сакал кола и службен телефон, а ништо за тоа како суштински да се реши проблемот и како ќе се најдат пари. Вонредната седница на Советот се одржува на барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која предлага да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“, а од синдикатот на вработените во ЈСП се надеваат дека на оваа седница ќе се најде решение за исплата на нивните плати.

The post Скопје утре без јавен превоз – автобусите на ЈСП нема да возат од 4:30 часот appeared first on Република.

]]>
Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galeski-dodeka-vladata-i-arsovska-si-ja-prefrlaat-topkata-stradaat-1000-semejstva-bez-plati-i-skopjani/ Wed, 19 Oct 2022 15:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=563204

Она што претставува вистинска штета е што додека Владата и Градот си ја префрлаат топката едни на други, едните велат дека на другите им должат два милиони евра, а првите велат дека не е точно. Најмногу трпат граѓаните кои се вработени во ЈСП кои се над илјада семејства кои не добиваат плата редовно, и оние кои ги користат услугите на ова јавно претпријатие, а чие користење е доведено во прашање, рече советникот во Град Скопје, Луке Галески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него „она што е вистинска штета е дека дури и да ја донесеме оваа одлука денес која ќе ги залечи раните на претпријатието нема да го реши проблемот, прашање на време е кога повторно ЈСП ќе заглави вака, иако помагаме не го решаваме проблемот затоа што изворот на проблемот е двостран Владата и неспособноста на градската админиситрација“.

Галсеки истакна дека прашања кои заслужуваат одговори се: “зошто ако Владата должела два милиони евра на ЈСП, Градот и Арсовска не кажаа збор за тоа дека на пример Клинички должи два милиони евра на Водовод каде Арсовска си направи политичко харикири, зошто директорот на Улици и патишта молчи што Градот му должи милион евра и зошто ако сето ова го има на товар Арсовска со толку многу долгови прави тендери и троши пари за анкети“.

„Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, банкрот, хаос, огромни долгови, матни ликови за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери, и една политички чудна но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изглледа Скопје кога Арсосвска го води“, рече Галески.

Тој укажа дека за прв пат по формирањето на ЈСП, претпријатието не е во состојба да ја извршува функцијата за која е формирано. Тоа, додаде Галески, говори дека менаџерката на Градот не менаџира со она што е основна функција на претпријатието и за ова може да се бараат изговори во ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека таа си го постави директорот.

„Директорот е предвесник на полутајната коалиција. И да ги кажеме состојбите какви што се, зошто СДСМ за состојбите во ЈСП го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, на вакво прашање не треба да се ловат политички поени, но доколку ги гледаме низ политичка призма јасно кажува фотографијата на која до директорот во седиштето на СДСМ седат советници од СДСМ и ова кажува дека не е професионален кадар, туку кадар по медарскиот карактер на Арсовска“

Галески потенцираше:

„жално е што се расправа за ова, градоначалничките имате мед, медот го добивате, ама треба да знаете дека по медот доаѓа и пелинот, со здравје да си го носите“.

The post Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани appeared first on Република.

]]>

Она што претставува вистинска штета е што додека Владата и Градот си ја префрлаат топката едни на други, едните велат дека на другите им должат два милиони евра, а првите велат дека не е точно. Најмногу трпат граѓаните кои се вработени во ЈСП кои се над илјада семејства кои не добиваат плата редовно, и оние кои ги користат услугите на ова јавно претпријатие, а чие користење е доведено во прашање, рече советникот во Град Скопје, Луке Галески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него „она што е вистинска штета е дека дури и да ја донесеме оваа одлука денес која ќе ги залечи раните на претпријатието нема да го реши проблемот, прашање на време е кога повторно ЈСП ќе заглави вака, иако помагаме не го решаваме проблемот затоа што изворот на проблемот е двостран Владата и неспособноста на градската админиситрација“. Галсеки истакна дека прашања кои заслужуваат одговори се: “зошто ако Владата должела два милиони евра на ЈСП, Градот и Арсовска не кажаа збор за тоа дека на пример Клинички должи два милиони евра на Водовод каде Арсовска си направи политичко харикири, зошто директорот на Улици и патишта молчи што Градот му должи милион евра и зошто ако сето ова го има на товар Арсовска со толку многу долгови прави тендери и троши пари за анкети“.
„Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, банкрот, хаос, огромни долгови, матни ликови за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери, и една политички чудна но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изглледа Скопје кога Арсосвска го води“, рече Галески.
Тој укажа дека за прв пат по формирањето на ЈСП, претпријатието не е во состојба да ја извршува функцијата за која е формирано. Тоа, додаде Галески, говори дека менаџерката на Градот не менаџира со она што е основна функција на претпријатието и за ова може да се бараат изговори во ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека таа си го постави директорот.
„Директорот е предвесник на полутајната коалиција. И да ги кажеме состојбите какви што се, зошто СДСМ за состојбите во ЈСП го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, на вакво прашање не треба да се ловат политички поени, но доколку ги гледаме низ политичка призма јасно кажува фотографијата на која до директорот во седиштето на СДСМ седат советници од СДСМ и ова кажува дека не е професионален кадар, туку кадар по медарскиот карактер на Арсовска“
Галески потенцираше:
„жално е што се расправа за ова, градоначалничките имате мед, медот го добивате, ама треба да знаете дека по медот доаѓа и пелинот, со здравје да си го носите“.

The post Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани appeared first on Република.

]]>
Славески најави тужба против Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-najavi-tuzba-protiv-arsovska/ Wed, 19 Oct 2022 14:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=563210

Претседавачот со Советот на град Скопје, Трајко Славески денеска најави дека најверојатно ќе поднесе тужба против градоначалничката Данела Арсовска бидејќи „изнела лага дека барал скап автомобил“.

-Ќе треба да докажете најверојатно. Тоа го кажавте во Канал 77 во емисијата „Стадион“ и ќе треба да докажете каде и кога. Единствено што јас овде земав збор кога вие отстапивте возило на ЈСП Скопје. Тоа ќе го расчистиме на друго место. За такви ситни подвалувања немаместо овде. Вие дома можете да ставате камери и звучници. Ова што сте го направиле на оваа седница е приватна работа, да немам контрола врз она што го зборуваат советниците. Треба да станам и да ви го одземам микрофонот како што направи советникот и да играме овде циркус, рече Славески во обраќање на вонредната седница во Советот на град Скопје по повод решавање на проблемот со платите во ЈСП Скопје.

Славески појасни дека во имотниот лист има пријавена црна лимузина, која што е, како што и се обрати на Арсовска „повеќе од сите ваши возила“.

The post Славески најави тужба против Арсовска appeared first on Република.

Галески до Арсовска: Ќе прозборете ли кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galeski-do-arsovska-kje-prozborete-li-koj-kje-gi-nabavuva-rezervnite-delovi-vo-jsp/ Wed, 19 Oct 2022 14:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=563205

Арсовска, отсуството на аргументи значат навреди. Навредите ги даваат слаби и испалшени луѓе и тоа треба да го знаете, и порача Луке Галески советникот во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница.

Галески и посочи на Арсовска дека покрај опсесијата со “медот“ опседната е и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, укажувајќи и дека доколку има нешто спорно со фотографиите кои што ги мафта, требало да разговара со лица со власта со кои држи тајни средби.

Вашата опсесија изгледа освен медот е и Мицкоски, а за тоа треба вие да си водите сметка. Ако имало нешто спорно во однос на оние фотографии кои што ги објавувате, градоначалник сте година дена и сте требале нешто да преземате, или да зборите за нив на тајните средби кои што ги имате со луѓето од власта, рече Галески.

Галески ја праша Арсовска дали ќе може да каже пред јавноста кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, како и дека ништо не кажала во однос на решението за проблемот во ЈСП, каде што поради нејзината неспособност над 1000 семејства ќе останат без приходи.

Кога сме кај медот, кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, ќе прозборете ли за тоа, праша Галески.

И сосема на крај, не кажавте ниту збор за 1000 семејства кои остануваа без приходи поради вашето неспособно владеење, и порача Галески на Арсовска.

The post Галески до Арсовска: Ќе прозборете ли кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП? appeared first on Република.

]]>

Арсовска, отсуството на аргументи значат навреди. Навредите ги даваат слаби и испалшени луѓе и тоа треба да го знаете, и порача Луке Галески советникот во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница. Галески и посочи на Арсовска дека покрај опсесијата со “медот“ опседната е и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, укажувајќи и дека доколку има нешто спорно со фотографиите кои што ги мафта, требало да разговара со лица со власта со кои држи тајни средби.
Вашата опсесија изгледа освен медот е и Мицкоски, а за тоа треба вие да си водите сметка. Ако имало нешто спорно во однос на оние фотографии кои што ги објавувате, градоначалник сте година дена и сте требале нешто да преземате, или да зборите за нив на тајните средби кои што ги имате со луѓето од власта, рече Галески.
Галески ја праша Арсовска дали ќе може да каже пред јавноста кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, како и дека ништо не кажала во однос на решението за проблемот во ЈСП, каде што поради нејзината неспособност над 1000 семејства ќе останат без приходи. Кога сме кај медот, кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, ќе прозборете ли за тоа, праша Галески. И сосема на крај, не кажавте ниту збор за 1000 семејства кои остануваа без приходи поради вашето неспособно владеење, и порача Галески на Арсовска.

The post Галески до Арсовска: Ќе прозборете ли кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП? appeared first on Република.

]]>