ЈПДП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jpdp/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 13:35:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈПДП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jpdp/ 32 32 Внимавајте: Засилени контроли на патарините, казни од 200 евра за неплаќачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vnimavajte-zasileni-kontroli-na-patarinite-kazni-od-200-evra-za-neplakachite/ Tue, 26 Nov 2024 13:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=841940

Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса.

Јавното претрпијатие за државни патишта презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период беа организирани 13 контролни акции. Инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица при што беа изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. Напоменуваме дека и во периодот што следи ќе продолжиме со зајакнати контроли на секоја рампа на Коридорите 8 и 10, велат од ЈПДП.

Воедно, ЈПДП побарало поголема ангажираност и од страна на стручните служби, поточно од контролорите во Контролниот центар, за преземање поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на Фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

The post Внимавајте: Засилени контроли на патарините, казни од 200 евра за неплаќачите appeared first on Република.

]]>

Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса.
Јавното претрпијатие за државни патишта презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период беа организирани 13 контролни акции. Инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица при што беа изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. Напоменуваме дека и во периодот што следи ќе продолжиме со зајакнати контроли на секоја рампа на Коридорите 8 и 10, велат од ЈПДП.
Воедно, ЈПДП побарало поголема ангажираност и од страна на стручните служби, поточно од контролорите во Контролниот центар, за преземање поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на Фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

The post Внимавајте: Засилени контроли на патарините, казни од 200 евра за неплаќачите appeared first on Република.

]]>
ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive“ доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jpdp-klubot-the-distinguished-gentleman-s-drive-dobi-dozvola-samo-za-neprecheno-dvizhene-no-ne-i-za-neplakane-na-patarina/ Mon, 28 Oct 2024 17:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=831797

Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта (ЈПДП) на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, од ЈПДП ја известуваат јавноста дека барањето било поднесено од „The Distinguished Gentleman’s Drive“ 2024 клубот кој традиционално по 4. пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.

„The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje“ се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање, велат од ЈПДП.

The post ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive“ доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина appeared first on Република.

]]>

Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта (ЈПДП) на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, од ЈПДП ја известуваат јавноста дека барањето било поднесено од „The Distinguished Gentleman’s Drive“ 2024 клубот кој традиционално по 4. пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.
„The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje“ се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање, велат од ЈПДП.

The post ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive“ доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина appeared first on Република.

]]>
ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jpdp-ke-go-razreshi-mitrevski-i-ke-gi-preispita-navodnite-zloupotrebi/ Mon, 14 Oct 2024 12:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=826614

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола.

Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се.

Претходно СДСМ излезе со серија обвинувања.

Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите.

Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот пари си ги земал за себе.

Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини.

За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.

Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта.

Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат.

СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски.

The post ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола. Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се. Претходно СДСМ излезе со серија обвинувања. Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите. Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот пари си ги земал за себе. Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини. За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен. Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта. Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат. СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски.

The post ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби appeared first on Република.

]]>
ЈПДП: Реализираме историски инфраструктурен проект, ја поврзуваме државата со регионот и Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jpdp-realizirame-istoriski-infrastrukturen-proekt-ja-povrzuvame-drzhavata-so-regionot-i-evropa/ Sat, 29 Apr 2023 12:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=635259

Согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, донесена на седница на Владата на Република Македонија одржана на 23 март годинава, како и по нејзиното објавување во Службен весник, извршен е првиот трансфер на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наменет за реализацијата на овој најголем инфраструктурен проект во историјата на државата. Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра.

Спред законските обврски од посебниот закон и потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот Бехтел – Енка, како и согласно владината Програма, овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите:

Делница 1 – автопат Тетово – Гостивар, со очекувана должина од околу 17,5 километри.
Делница 2 – автопат Гостивар – Букојчани, со очекувана должина од околу 30,3 километри.
Делница 3 – автопат Требениште – Струга – Ќафасан, со очекувана должина од околу 17,5 километри.
Делница 4 – автопат Прилеп – Битола, со очекувана должина од околу 39,3 километри.
Во следниот период, ќе се реализираат и подготвителните работи како што се снимањето на локации, подготовката на урбанистичките проекти, на основните проекти, чија цел е да започнат и постапките за експропријација и проектирање.

Како период за завршување на работите за сите четири делници е предвиден месец декември 2027 година. Односно, градежните работи на сите овие патни правци треба да завршат за период од 57 месеци.

Коридорите 8 и 10-д се најголемиот стратешки инфраструктурен проект од национален интерес за државата.

Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Со овој Договор се предвидува да се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години или по 23 километри автопат годишно. Со нивната изградбата се отвораат нови 8.000 работни места, а проценката е дека ќе имаме раст на БДП за 2 % годишно во наредните 5 години.

Со изградбата на овие автопати, конечно, се завршува мрежата на патните европски коридори – 8 и 10-д низ Република Македонија.

Заради габаритот на целокупниот проект поврзан со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, но и во интерес на јавноста, ЈПДП за целото ова време беше максимално транспарентно и го стави на увид на јавноста секој сегмент од спроведување на законските обврски, протоколи и сите други неопходни процедури. Поддршката од пошироката јавност за овој историски проект е од исклучителна важност. Затоа, ЈПДП и понатаму детално, навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за сите фази и детали околу изградбата на најзначајниот инфраструктурен проект во нашата земја.

The post ЈПДП: Реализираме историски инфраструктурен проект, ја поврзуваме државата со регионот и Европа appeared first on Република.

]]>

Согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, донесена на седница на Владата на Република Македонија одржана на 23 март годинава, како и по нејзиното објавување во Службен весник, извршен е првиот трансфер на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наменет за реализацијата на овој најголем инфраструктурен проект во историјата на државата. Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра. Спред законските обврски од посебниот закон и потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот Бехтел – Енка, како и согласно владината Програма, овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: Делница 1 – автопат Тетово – Гостивар, со очекувана должина од околу 17,5 километри. Делница 2 – автопат Гостивар – Букојчани, со очекувана должина од околу 30,3 километри. Делница 3 – автопат Требениште – Струга – Ќафасан, со очекувана должина од околу 17,5 километри. Делница 4 – автопат Прилеп – Битола, со очекувана должина од околу 39,3 километри. Во следниот период, ќе се реализираат и подготвителните работи како што се снимањето на локации, подготовката на урбанистичките проекти, на основните проекти, чија цел е да започнат и постапките за експропријација и проектирање. Како период за завршување на работите за сите четири делници е предвиден месец декември 2027 година. Односно, градежните работи на сите овие патни правци треба да завршат за период од 57 месеци. Коридорите 8 и 10-д се најголемиот стратешки инфраструктурен проект од национален интерес за државата. Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Со овој Договор се предвидува да се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години или по 23 километри автопат годишно. Со нивната изградбата се отвораат нови 8.000 работни места, а проценката е дека ќе имаме раст на БДП за 2 % годишно во наредните 5 години. Со изградбата на овие автопати, конечно, се завршува мрежата на патните европски коридори – 8 и 10-д низ Република Македонија. Заради габаритот на целокупниот проект поврзан со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, но и во интерес на јавноста, ЈПДП за целото ова време беше максимално транспарентно и го стави на увид на јавноста секој сегмент од спроведување на законските обврски, протоколи и сите други неопходни процедури. Поддршката од пошироката јавност за овој историски проект е од исклучителна важност. Затоа, ЈПДП и понатаму детално, навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за сите фази и детали околу изградбата на најзначајниот инфраструктурен проект во нашата земја.

The post ЈПДП: Реализираме историски инфраструктурен проект, ја поврзуваме државата со регионот и Европа appeared first on Република.

]]>
Новата инвестициската програма на ЈПДП изнесува 29,908 милијарди денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novata-investitsiskata-programa-na-jpdp-iznesuva-29-908-milijardi-denari/ Thu, 05 Jan 2023 11:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=593836

Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2023 година за инвестиции, отплата на кредити и трошоци проектира финансии во вкупен износ од 38,701 милијарда денари (629.284.552 евра), што треба да бидат покриени по основ на приходи и приливи од странски кредити, како и со средства од државниот Буџет.

Вкупните приходи изнесуваат 11,193 милијарди денари при што од наплата на патарина планира да прибере 3,8 милијарди денари, од делот на наплата на акциза пет милијарди денари, од надомест за патна такса при регистрација на возила 2,3 милијарда денари, а 93 милиони денари по основ на други приходи од работењето.

По основ на странски кредити ЈПДП ќе располага со 11,508 милијарда денари од од Светска банка 1,081 милијарда денари, од ЕБОР во износ 4,427 милијарди денари, и од Ексим банка од 6 милијарда денари. Во планираните приливи и приходи на ЈПДП се и 15 милијарди денари од Буџетот на РСМ за 2023 година преку Министерство за транспорт, согласно со Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.

Според Годишната програма на ЈПДП за 2023 година, што е усвоена од Владата, инвестициската програма на ова државно претпријатие е со вкупен износ од 29.908.800.000 денари. Притоа, од сопствени средства ЈПДП планира да инвестира 3.400.800.000 од кои 1.939.000.000 во изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта, како и сопствено учество во инвестиции од странски кредити.

За инвестициско одржување на патишта државното претпријатие ќе потроши 720 милиони денари, за исплати по основ на експропријација 200 милиони денари, за проектирање и надзор 473,5 милиони, а ќе вложи и 68 милиони денари во опрема и софтвер.

Од инвестициите од странски кредити, 1,81 милијарда денари се за Проектот за унапредување и развој на патишта што се кредитира од СБ. Предвидени се и 4,427 милијарда денари од ЕБРД за финансирање на електронскиот систем за наплата на патарини на Коридорот 10 со 40 милиони денари, за проектот за изградба на национални патишта со 2,437 милијарда денари, за проектот за реконструкција и рехабилитација на делница Крива Паланка – Девер Баир до границата со Бугарија со 250 милиони денари, за проектот за патарина на Коридорот 8 со 300 милиони денари, за патот Букојчани – Кичево со 400 милиони денари, како и со милијарда денари за патот Скопје –Блаце. Со кредитирањето од Ексим банка, пак, треба да се вложат шест милијарди денари изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Во новата година ЈП за државни патишта за отплата на кредити кон меѓународни финансиски институции планира 5,71 милијарда денари, од кои 780 милиони денари се за отплата на камата, а 4,33 милијарди денари по основ на отплата на главница.

The post Новата инвестициската програма на ЈПДП изнесува 29,908 милијарди денари appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2023 година за инвестиции, отплата на кредити и трошоци проектира финансии во вкупен износ од 38,701 милијарда денари (629.284.552 евра), што треба да бидат покриени по основ на приходи и приливи од странски кредити, како и со средства од државниот Буџет. Вкупните приходи изнесуваат 11,193 милијарди денари при што од наплата на патарина планира да прибере 3,8 милијарди денари, од делот на наплата на акциза пет милијарди денари, од надомест за патна такса при регистрација на возила 2,3 милијарда денари, а 93 милиони денари по основ на други приходи од работењето. По основ на странски кредити ЈПДП ќе располага со 11,508 милијарда денари од од Светска банка 1,081 милијарда денари, од ЕБОР во износ 4,427 милијарди денари, и од Ексим банка од 6 милијарда денари. Во планираните приливи и приходи на ЈПДП се и 15 милијарди денари од Буџетот на РСМ за 2023 година преку Министерство за транспорт, согласно со Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10д за делницата на автопатот Прилеп-Битола. Според Годишната програма на ЈПДП за 2023 година, што е усвоена од Владата, инвестициската програма на ова државно претпријатие е со вкупен износ од 29.908.800.000 денари. Притоа, од сопствени средства ЈПДП планира да инвестира 3.400.800.000 од кои 1.939.000.000 во изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта, како и сопствено учество во инвестиции од странски кредити. За инвестициско одржување на патишта државното претпријатие ќе потроши 720 милиони денари, за исплати по основ на експропријација 200 милиони денари, за проектирање и надзор 473,5 милиони, а ќе вложи и 68 милиони денари во опрема и софтвер. Од инвестициите од странски кредити, 1,81 милијарда денари се за Проектот за унапредување и развој на патишта што се кредитира од СБ. Предвидени се и 4,427 милијарда денари од ЕБРД за финансирање на електронскиот систем за наплата на патарини на Коридорот 10 со 40 милиони денари, за проектот за изградба на национални патишта со 2,437 милијарда денари, за проектот за реконструкција и рехабилитација на делница Крива Паланка – Девер Баир до границата со Бугарија со 250 милиони денари, за проектот за патарина на Коридорот 8 со 300 милиони денари, за патот Букојчани – Кичево со 400 милиони денари, како и со милијарда денари за патот Скопје –Блаце. Со кредитирањето од Ексим банка, пак, треба да се вложат шест милијарди денари изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Во новата година ЈП за државни патишта за отплата на кредити кон меѓународни финансиски институции планира 5,71 милијарда денари, од кои 780 милиони денари се за отплата на камата, а 4,33 милијарди денари по основ на отплата на главница.

The post Новата инвестициската програма на ЈПДП изнесува 29,908 милијарди денари appeared first on Република.

]]>