ЈП Водовод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-vodovod/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 16:50:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП Водовод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-vodovod/ 32 32 Утре од 21 часот до пет часот в недела дел од Скопје ќе остане без вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-od-21-chasot-do-pet-chasot-v-nedela-del-od-skopje-ke-ostane-bez-voda/ Fri, 24 May 2024 17:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=781475

Утре од 21 часот до пет часот в недела дел од Скопје ќе остане без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се врши зафат за приклучување на селата во Сарај на градскиот водовод, како и менување цевки на Водно.

„Заради решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во Општина Сарај, ќе се врши зафат за приклучување на мрежата, кој ќе почне в сабота во 21 часот и се предвидува да заврши до пет часот наутро в недела. Заради реализацијата на оваа реконструкција се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за граѓаните во Општина Сарај и дел од Општина Ѓорче Петров“, велат од „Водовод и канализација“.

Без вода ќе бидат и жителите од реоните Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реонот Водно. Од „Водовод“ велат дека во овие делови од Скопје ќе се реконструира водоводната мрежа во Центар, и тоа реон Водно, за да немало загуби на вода. Од претпријатието не кажуваат зошто мора во ист ден да се вршат два зафата во различни делови на градот.

Најава за приклучување на Сарај на водоводот имаше пред три месеци, но тогаш од претпријатието пратија само куса информација во која беа наведени населбите кои ќе останат без вода, Откако медиумите ја објавија информацијата дека Скопје ќе биде без вода, интервенцијата беше откажана.

The post Утре од 21 часот до пет часот в недела дел од Скопје ќе остане без вода appeared first on Република.

]]>

Утре од 21 часот до пет часот в недела дел од Скопје ќе остане без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се врши зафат за приклучување на селата во Сарај на градскиот водовод, како и менување цевки на Водно.
„Заради решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во Општина Сарај, ќе се врши зафат за приклучување на мрежата, кој ќе почне в сабота во 21 часот и се предвидува да заврши до пет часот наутро в недела. Заради реализацијата на оваа реконструкција се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за граѓаните во Општина Сарај и дел од Општина Ѓорче Петров“, велат од „Водовод и канализација“.
Без вода ќе бидат и жителите од реоните Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реонот Водно. Од „Водовод“ велат дека во овие делови од Скопје ќе се реконструира водоводната мрежа во Центар, и тоа реон Водно, за да немало загуби на вода. Од претпријатието не кажуваат зошто мора во ист ден да се вршат два зафата во различни делови на градот. Најава за приклучување на Сарај на водоводот имаше пред три месеци, но тогаш од претпријатието пратија само куса информација во која беа наведени населбите кои ќе останат без вода, Откако медиумите ја објавија информацијата дека Скопје ќе биде без вода, интервенцијата беше откажана.

The post Утре од 21 часот до пет часот в недела дел од Скопје ќе остане без вода appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dzr-skopski-vodovod-ima-zaguba-na-voda-od-60-otsto-i-neplateni-obvrski-kon-budhetot-od-3-milioni-evra/ Tue, 23 May 2023 10:08:19 +0000 https://republika.mk/?p=643902

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот Буџет за повеќе години наназад во износ од 185,543 милиони денари или околу 3 милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во  Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на скопски водовод за 2021 година.

Ревизорите со извршената ревизија утврдиле дека во период од 2017 до 2022 година количината на произведената вода значително отстапува од количината на фактурираната вода, односно процентот на нефактурираната вода се движи околу 60 отсто, што е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје, наведува ДЗР.

Со извршената ревизија, меѓу другото, е констатирано дека од вкупно 295.750 корисници на вода до денот на известување за ревизијата, ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нема склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 89.634 корисници или со 30 проценти од нив. Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор или 97 отсто се од категоријата „домаќинство“, додека останатите три проценти се од категоријата „стопанство“.

Според ДЗР, ова може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите.

Во извештајот е наведено дека земјиштата и градежните објекти претставуваат 83 проценти од вкупната вредност на материјални средства на претпријатието, при што се утврдени нерегулирани права на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности за земјиштето и дел од градежните објекти кои во деловните книги се евидентирани со вредност од 100,729 милиони денари (околу 1,6 милиони евра), неевидентирани објекти, неусогласена евиденција и евиденција без уредна документација, што влијаат на параметрите при формирањето на цената на тарифите за водните услуги, која се формира согласно Методологијата за определување на тарифите за водна услуга и е одобрена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), врз основа на официјални податоци од сметководствена евиденција на „Водовод и канализација“.

Ревизорите утврдиле дека извршениот попис на средствата и обврските на крајот на годината не е спроведен во целост и на начин уреден согласно Правилникот за вршење на попис. Исто така, расходуваните средства по попис, се отстранети од сметководствената евиденција, иако не се преземени натамошни мерки за нивно отуѓување или уништување, информира ДРЗ.

Покрај ова, ревизорите констатирале и слабости во примената на Законот за јавни набавки, пред се во делот на обезбедување на конкуренција, еднаков третман на сите економски оператори учесници во спроведените постапки, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување на договори за јавни набавки.

ДЗР посочува дека е потребно и преиспитување на донесената одлука за висината на тарифата која ја плаќа едно акционерско друштво во приватна сопственост за извршената услуга за снабдување со вода и реално определување на нејзината вредност.

Имено, според ревизорите, во периодот од 2016 година до периодот на извршување на ревизијата, цената за услугата за снабдување со вода за пиење за едно АД во приватна сопственост е значително пониска од цената на услугата за категоријата „стопанство“, поради што ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје остварило за над 1,02 милијарди денари (околу 16,5 милиони евра) помалку приходи по основ на услугата за користење на вода, а со тоа искажало помал ДДВ за 100,883 милиони денари (околу 1,6 милиони евра) и помал надоместок за користење на води за 22,705 милиони денари (околу 368.000 евра), што претставува приход на државниот Буџет.

Ревизорите констатирале дека е потребна и детална анализа на побарувањата од купувачите и на обврските кон добавувачите, кои бележат постојан тренд на зголемување во период од 2018 година до денот на вршење на ревизијата, што може неповолно да влијае на ликвидност на претпријатието во идниот период.

Од спроведената анализа е констатирано дека во периодот од 2017 до 2021 година, трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители за изготвување на нотарски платни налози за заостанати долгови, изнесуваат 492,533 милиони денари или приближно 8 милиони евра, а за судски трошоци се издвоени 23,496 милиони денари (околу 380 илјади евра). Во 2021 година овие трошоци изнесуваат вкупно 116,021 милиони денари или 1,9 милион евра за 72.331 постапки, а наплатените побарувања во истата година изнесуваат од 94,704 милиони денари или околу 1,5 милиони евра.

Причина за особено високите износи на трошоци за ангажирање на нотари и адвокати произлегува од член 68 од Законот за нотаријатот, со кој меѓу другото е пропишано дека за парично побарување за вода и смет во вкупен износ над 6.000 денари, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително го составува адвокат и мора да содржи адвокатски печат и потпис, се додава во извештајот.

Како што посочува ДЗР, со извршената ревизија, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

The post ДЗР: Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот Буџет за повеќе години наназад во износ од 185,543 милиони денари или околу 3 милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во  Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на скопски водовод за 2021 година.
Ревизорите со извршената ревизија утврдиле дека во период од 2017 до 2022 година количината на произведената вода значително отстапува од количината на фактурираната вода, односно процентот на нефактурираната вода се движи околу 60 отсто, што е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје, наведува ДЗР.
Со извршената ревизија, меѓу другото, е констатирано дека од вкупно 295.750 корисници на вода до денот на известување за ревизијата, ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нема склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 89.634 корисници или со 30 проценти од нив. Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор или 97 отсто се од категоријата „домаќинство“, додека останатите три проценти се од категоријата „стопанство“. Според ДЗР, ова може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите. Во извештајот е наведено дека земјиштата и градежните објекти претставуваат 83 проценти од вкупната вредност на материјални средства на претпријатието, при што се утврдени нерегулирани права на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности за земјиштето и дел од градежните објекти кои во деловните книги се евидентирани со вредност од 100,729 милиони денари (околу 1,6 милиони евра), неевидентирани објекти, неусогласена евиденција и евиденција без уредна документација, што влијаат на параметрите при формирањето на цената на тарифите за водните услуги, која се формира согласно Методологијата за определување на тарифите за водна услуга и е одобрена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), врз основа на официјални податоци од сметководствена евиденција на „Водовод и канализација“.
Ревизорите утврдиле дека извршениот попис на средствата и обврските на крајот на годината не е спроведен во целост и на начин уреден согласно Правилникот за вршење на попис. Исто така, расходуваните средства по попис, се отстранети од сметководствената евиденција, иако не се преземени натамошни мерки за нивно отуѓување или уништување, информира ДРЗ.
Покрај ова, ревизорите констатирале и слабости во примената на Законот за јавни набавки, пред се во делот на обезбедување на конкуренција, еднаков третман на сите економски оператори учесници во спроведените постапки, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување на договори за јавни набавки. ДЗР посочува дека е потребно и преиспитување на донесената одлука за висината на тарифата која ја плаќа едно акционерско друштво во приватна сопственост за извршената услуга за снабдување со вода и реално определување на нејзината вредност. Имено, според ревизорите, во периодот од 2016 година до периодот на извршување на ревизијата, цената за услугата за снабдување со вода за пиење за едно АД во приватна сопственост е значително пониска од цената на услугата за категоријата „стопанство“, поради што ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје остварило за над 1,02 милијарди денари (околу 16,5 милиони евра) помалку приходи по основ на услугата за користење на вода, а со тоа искажало помал ДДВ за 100,883 милиони денари (околу 1,6 милиони евра) и помал надоместок за користење на води за 22,705 милиони денари (околу 368.000 евра), што претставува приход на државниот Буџет. Ревизорите констатирале дека е потребна и детална анализа на побарувањата од купувачите и на обврските кон добавувачите, кои бележат постојан тренд на зголемување во период од 2018 година до денот на вршење на ревизијата, што може неповолно да влијае на ликвидност на претпријатието во идниот период. Од спроведената анализа е констатирано дека во периодот од 2017 до 2021 година, трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители за изготвување на нотарски платни налози за заостанати долгови, изнесуваат 492,533 милиони денари или приближно 8 милиони евра, а за судски трошоци се издвоени 23,496 милиони денари (околу 380 илјади евра). Во 2021 година овие трошоци изнесуваат вкупно 116,021 милиони денари или 1,9 милион евра за 72.331 постапки, а наплатените побарувања во истата година изнесуваат од 94,704 милиони денари или околу 1,5 милиони евра.
Причина за особено високите износи на трошоци за ангажирање на нотари и адвокати произлегува од член 68 од Законот за нотаријатот, со кој меѓу другото е пропишано дека за парично побарување за вода и смет во вкупен износ над 6.000 денари, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително го составува адвокат и мора да содржи адвокатски печат и потпис, се додава во извештајот.
Како што посочува ДЗР, со извршената ревизија, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

The post ДЗР: Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dimovski-objavi-dokumenti-mitovski-izvrshil-krivichno-delo-so-zatvorska-kazna-treba-da-dade-ostavka/ Thu, 27 Oct 2022 14:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=566449

В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Тој истакна дека доказите од пресудата и решението со кое Митовски се упатува на издржување затворска казна, ќе бидат доставени и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како и до градскиот Совет.

Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.

Тој ги повика градоначалничката и Советот на Град Скопје веднаш да го разрешат Митовски, доколку сам не поднесе оставка.

Прашан да го коментира тврдењето на Арсовска изнесено на нејзината последна прес-конференција дека во „Водовод и канализација“ има вработени коишто примаат високи плати, а не одат на работа, Димовски рече дека ако е тоа вистина тогаш градоначалничката треба да отвори дисциплински постапки со коишто тие што не работат ќе бидат отстранети од своите работни места.

Ние како Синдикат се залагаме да не постојат неработници во сите јавни и приватни претпријатија и стоиме позади тоа. Инаку, не можеме сите да земеме 18 илјади денари и 60 илјади денари плата е ништо за оваа економска и енергетска криза, нагласи Димовски.

Во врска со прашањето дали ќе започнат постапката за организирање генерален штрајк, откако ноќеска на полноќ истечено рокот поставен на градоначалничката Арсовска за разрешување на Митовски, Димовски повтори дека сегашниот в.д. директор не ги исполнува условите за вршител на јавна функција, затоа што, како што рече, тој е осуден за кривично дело.

Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ.

Димовски, исто така, најави дека за утре е закажан состанок во седиштето на ССМ за да се донесе одлука за штрајк, бидејќи членовите на раководството на Синдикатот биле спречени да одржат состанок во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, што, според него, укажува дека Митовски го попречува синдикалното дејствување, кое е загарантирано со Закон и Колективен договор.

The post Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка appeared first on Република.

]]>

В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски. Тој истакна дека доказите од пресудата и решението со кое Митовски се упатува на издржување затворска казна, ќе бидат доставени и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како и до градскиот Совет.
Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.
Тој ги повика градоначалничката и Советот на Град Скопје веднаш да го разрешат Митовски, доколку сам не поднесе оставка. Прашан да го коментира тврдењето на Арсовска изнесено на нејзината последна прес-конференција дека во „Водовод и канализација“ има вработени коишто примаат високи плати, а не одат на работа, Димовски рече дека ако е тоа вистина тогаш градоначалничката треба да отвори дисциплински постапки со коишто тие што не работат ќе бидат отстранети од своите работни места.
Ние како Синдикат се залагаме да не постојат неработници во сите јавни и приватни претпријатија и стоиме позади тоа. Инаку, не можеме сите да земеме 18 илјади денари и 60 илјади денари плата е ништо за оваа економска и енергетска криза, нагласи Димовски.
Во врска со прашањето дали ќе започнат постапката за организирање генерален штрајк, откако ноќеска на полноќ истечено рокот поставен на градоначалничката Арсовска за разрешување на Митовски, Димовски повтори дека сегашниот в.д. директор не ги исполнува условите за вршител на јавна функција, затоа што, како што рече, тој е осуден за кривично дело.
Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ.
Димовски, исто така, најави дека за утре е закажан состанок во седиштето на ССМ за да се донесе одлука за штрајк, бидејќи членовите на раководството на Синдикатот биле спречени да одржат состанок во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, што, според него, укажува дека Митовски го попречува синдикалното дејствување, кое е загарантирано со Закон и Колективен договор.

The post Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка appeared first on Република.

]]>
Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-skopski-vodovod-bil-vo-zatvor-za-seriozni-dela-tvrdi-dimovski/ Tue, 25 Oct 2022 20:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=565621

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина.

Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди.

Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права.

Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.

]]>

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина. Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди. Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права. Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.

]]>
Главен на ИТ сектор во „Водовод“ со факултет за туризам! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/glaven-na-it-sektor-vo-vodovod-so-fakultet-za-turizam/ Wed, 21 Sep 2022 11:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=552874

На социјалните мрежи се појавија информации за нови вработувња во „Водовод“. Па така, се тврди дека новиот директор Марјанчо Митовски за главен на ИТ сектор поставил лице со завршен факултет за туризам.

The post Главен на ИТ сектор во „Водовод“ со факултет за туризам! appeared first on Република.

Перински: Централен регистар не ни дава согласност да произведуваме струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-centralen-registar-ne-ni-dava-soglasnost-da-proizveduvame-struja/ Sun, 03 Apr 2022 14:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=482659

Централниот регистар не му дава согласност на ЈП „Водовод и канализација“ освен со својата основна дејност – снабдување со вода и отстранување отпадни води – да се занимава и со производство на електрична енергија преку фотоволтаични централи, тврди директорот на претпријатието Златко Перински, иако Советот на Град Скопје веќе даде согласност за измена на статутот на претпријатието во делот на производство и дистрибуција на електрична енергија.

Директорот на претпријатието Златко Перински на последната седница пред градските советници посочи дека е загрижен поради тоа што, како што рече, наидуваат на пречки од централната власт.

Пред две седници сите заедно овде на мое огромно задоволство донесовме едногласна одлука за измена на статутот на претпријатието во делот на производство и дистрибуција на електрична енергија. Но, кога сакавме да ја спроведеме оваа измена, Централниот регистар не ни ја прифати измената на тековната состојба со образложение дека производството на електрична енергија не е комунална дејност. Замислете, не е комунална дејност. ЈП „Водовод и канализација“ не смее да ја пише во тековната состојба, а истиот Централен регистар во јавното комунално претпријатие во Кочани ја има пишано, рече Перински.

Според него, постојат двојни аршини и тоа за многу солиден проект, кој треба секоја власт да го стимулира во насока на производство на еко-енергија, која е приоритет за секоја власт.

Се соочуваме со момент каде што имаме светска енергетска криза, правиме сѐ што можеме да направиме да произведуваме наша сопствена еко-енергија за потребите на претпријатието, почнуваме да бараме средства за физибилити студии, да штедиме ресурси, а не да трошиме и уважените господа од Централен регистар не ни даваат да ја спроведеме одлуката едногласно донесена од Советот на Град Скопје, реагираше директорот на ЈП „Водовод и канализација“.

Управниот одбор на претпријатието кон крајот на декември донесе одлука за измена на Статутот на ЈП „Водовод и канализација“ со образложение дека за непречено извршување на основната дејност на месечно ниво троши 1.850.000 киловат-часови електрична енергија, која во најголем дел се користи за работа на пумпните и хлоринаторските станици што обезбедуваат дотур и притисок на вода во водоводната мрежа, како и за работа на фекалните пумпни станици. Потрошената струја на месечно ниво, го чини претпријатието околу 10 милиони денари.

Како што е познато, во тек е реализација на капиталниот проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води, со што треба да се реши деценискиот проблем со прочистување на отпадните води на територијата на градот и околината. Во рамките на технологијата на прочистување на отпадните води, како што наведоа од ЈП „Водовод и канализација“, ќе се произведува и биогас од кој ќе се добива електрична енергија. Производството би било наменето само за сопствени потреби за да се намалат трошоците кои претпријатието ги плаќа за потрошената струја.

The post Перински: Централен регистар не ни дава согласност да произведуваме струја appeared first on Република.

]]>

Централниот регистар не му дава согласност на ЈП „Водовод и канализација“ освен со својата основна дејност – снабдување со вода и отстранување отпадни води – да се занимава и со производство на електрична енергија преку фотоволтаични централи, тврди директорот на претпријатието Златко Перински, иако Советот на Град Скопје веќе даде согласност за измена на статутот на претпријатието во делот на производство и дистрибуција на електрична енергија. Директорот на претпријатието Златко Перински на последната седница пред градските советници посочи дека е загрижен поради тоа што, како што рече, наидуваат на пречки од централната власт.
Пред две седници сите заедно овде на мое огромно задоволство донесовме едногласна одлука за измена на статутот на претпријатието во делот на производство и дистрибуција на електрична енергија. Но, кога сакавме да ја спроведеме оваа измена, Централниот регистар не ни ја прифати измената на тековната состојба со образложение дека производството на електрична енергија не е комунална дејност. Замислете, не е комунална дејност. ЈП „Водовод и канализација“ не смее да ја пише во тековната состојба, а истиот Централен регистар во јавното комунално претпријатие во Кочани ја има пишано, рече Перински.
Според него, постојат двојни аршини и тоа за многу солиден проект, кој треба секоја власт да го стимулира во насока на производство на еко-енергија, која е приоритет за секоја власт.
Се соочуваме со момент каде што имаме светска енергетска криза, правиме сѐ што можеме да направиме да произведуваме наша сопствена еко-енергија за потребите на претпријатието, почнуваме да бараме средства за физибилити студии, да штедиме ресурси, а не да трошиме и уважените господа од Централен регистар не ни даваат да ја спроведеме одлуката едногласно донесена од Советот на Град Скопје, реагираше директорот на ЈП „Водовод и канализација“.
Управниот одбор на претпријатието кон крајот на декември донесе одлука за измена на Статутот на ЈП „Водовод и канализација“ со образложение дека за непречено извршување на основната дејност на месечно ниво троши 1.850.000 киловат-часови електрична енергија, која во најголем дел се користи за работа на пумпните и хлоринаторските станици што обезбедуваат дотур и притисок на вода во водоводната мрежа, како и за работа на фекалните пумпни станици. Потрошената струја на месечно ниво, го чини претпријатието околу 10 милиони денари. Како што е познато, во тек е реализација на капиталниот проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води, со што треба да се реши деценискиот проблем со прочистување на отпадните води на територијата на градот и околината. Во рамките на технологијата на прочистување на отпадните води, како што наведоа од ЈП „Водовод и канализација“, ќе се произведува и биогас од кој ќе се добива електрична енергија. Производството би било наменето само за сопствени потреби за да се намалат трошоците кои претпријатието ги плаќа за потрошената струја.

The post Перински: Централен регистар не ни дава согласност да произведуваме струја appeared first on Република.

]]>