ЈП водовод и канализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-vodovod-i-kanalizacija/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Nov 2023 17:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП водовод и канализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-vodovod-i-kanalizacija/ 32 32 Тепачка во ЈП „Водовод и канализација“: Сопругата на претседателот на УО причина за инциденти, велат од претпријатието https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tepachka-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-soprugata-na-pretsedatelot-na-uo-prichina-za-intsidenti-velat-od-pretprijatieto/ Fri, 03 Nov 2023 17:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=697920

Тепачка во ЈП Водовод и канализација – Скопје беа насловите кои денеска дел од медиумите објавија за денешниот инцидент во ова јавно претпријатие. Во соопштението ЈП Водовод и канализација – Скопје целата вина ја префрла на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана.

Додаваат дека денешниот инцидент е последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период.

„Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина за нормално фунционирање на вработените, а за жал во некои од нив, покрај вербалните има и физички навреди, закани и притисоци. Сите овие настани и инциденти се пријавени во МВР. Во текот на денешниот ден, претседателот на УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно иницираше инцидент, одбивајќи да го одржи состанокот на одредената локација предвидена за истото, на петтиот кат, каде како и за сите состаноци истата беше наместена и организирана соодветно. Наместо таму, на негова иницијатива и притисок од негова страна, членовите на УО кои веќе беа седнати на 5-от кат во Салата за состаноци по телефонски повик од негова страна се симнуваат долу за да предизвикаат инцидент со обезбедувањето каде меѓу другото, претседателот на УО, Орана се обиде да иницира и физички судир со обезбедувањето. Обезбедувањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на својата задача, го спречи развојот на немилите настани, на мирен и достоинствен начин, со цел задржување на редот и безбедноста во претпријатието. Менаџментот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, испраќа јавно порака до претседателот на УО, Идриз Орана, да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти, како и со обвинувања за нефункционалноста на менаџментот само за да ја исполни својата цел – неговата сопруга да продолжи со континуирано повеќегодишно продолжување на боледувањето и истата да биде „недопирлива“ за проверка, казна, дисциплинска и друга одговорност. Правилата, прописите и протоколите за работа мора да се почитуваат и да важат за секого, без разлика дали е функционер, претседател на управен одбор или не“, велат од претпријатието.

Инцидентот е пријавен во полиција и се работи на расчистување.

The post Тепачка во ЈП „Водовод и канализација“: Сопругата на претседателот на УО причина за инциденти, велат од претпријатието appeared first on Република.

]]>

Тепачка во ЈП Водовод и канализација – Скопје беа насловите кои денеска дел од медиумите објавија за денешниот инцидент во ова јавно претпријатие. Во соопштението ЈП Водовод и канализација – Скопје целата вина ја префрла на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана. Додаваат дека денешниот инцидент е последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период.
„Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина за нормално фунционирање на вработените, а за жал во некои од нив, покрај вербалните има и физички навреди, закани и притисоци. Сите овие настани и инциденти се пријавени во МВР. Во текот на денешниот ден, претседателот на УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно иницираше инцидент, одбивајќи да го одржи состанокот на одредената локација предвидена за истото, на петтиот кат, каде како и за сите состаноци истата беше наместена и организирана соодветно. Наместо таму, на негова иницијатива и притисок од негова страна, членовите на УО кои веќе беа седнати на 5-от кат во Салата за состаноци по телефонски повик од негова страна се симнуваат долу за да предизвикаат инцидент со обезбедувањето каде меѓу другото, претседателот на УО, Орана се обиде да иницира и физички судир со обезбедувањето. Обезбедувањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на својата задача, го спречи развојот на немилите настани, на мирен и достоинствен начин, со цел задржување на редот и безбедноста во претпријатието. Менаџментот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, испраќа јавно порака до претседателот на УО, Идриз Орана, да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти, како и со обвинувања за нефункционалноста на менаџментот само за да ја исполни својата цел – неговата сопруга да продолжи со континуирано повеќегодишно продолжување на боледувањето и истата да биде „недопирлива“ за проверка, казна, дисциплинска и друга одговорност. Правилата, прописите и протоколите за работа мора да се почитуваат и да важат за секого, без разлика дали е функционер, претседател на управен одбор или не“, велат од претпријатието.
Инцидентот е пријавен во полиција и се работи на расчистување.  

The post Тепачка во ЈП „Водовод и канализација“: Сопругата на претседателот на УО причина за инциденти, велат од претпријатието appeared first on Република.

]]>
Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе биде нов директор на Водовод? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/generalniot-sekretar-na-arsovska-od-1-oktomvri-ke-bide-nov-direktor-na-vodovod/ Mon, 25 Sep 2023 11:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=684967

Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, објави „Фокус“.

Глигоров можеше да се забележи во нејзина близина и кога упадна на прес-конференцијата на поранешниот директор Златко Перински во просториите на „Водовод и канализација“, сакајќи уште еднаш да го обвини дека го местел тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица.

Ако на 1 октомври Глигоров седне на директорското столче во ЈП „Водовод и канализација“, тој ќе биде четврти директор на ова претпријатие за само две години, откако актуелната градоначалничка управува со Град Скопје.

The post Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе биде нов директор на Водовод? appeared first on Република.

]]>

Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, објави „Фокус“. Глигоров можеше да се забележи во нејзина близина и кога упадна на прес-конференцијата на поранешниот директор Златко Перински во просториите на „Водовод и канализација“, сакајќи уште еднаш да го обвини дека го местел тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица. Ако на 1 октомври Глигоров седне на директорското столче во ЈП „Водовод и канализација“, тој ќе биде четврти директор на ова претпријатие за само две години, откако актуелната градоначалничка управува со Град Скопје.  

The post Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе биде нов директор на Водовод? appeared first on Република.

]]>
СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sutkoz-inspektoratite-i-uo-na-jp-vodovod-i-kanalizacija-skopje-da-gi-ponishtat-nezakonskite-zadolzenija-na-vrabotenite/ Wed, 28 Sep 2022 11:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=555241

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.

Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство.

Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија.

Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.

The post СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените appeared first on Република.

]]>

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности. Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство. Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија. Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.

The post СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените appeared first on Република.

]]>
Ова ли е новото модерно Скопје?: Луѓе на директорот на Арсовска физички малтретираат вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ova-li-e-novoto-moderno-skopje-lugje-na-direktorot-na-arsovska-fizichki-maltretiraat-vraboteni/ Fri, 23 Sep 2022 09:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=553436

Фрапирачка снимка се шири на социјалните мрежи каде се гледа дека луѓе на новиот директор на Водовод поставен од Арсовска физички малтретираат вработени во претпријатието.Коалицијата СДСМ Арсовска, и директорот Маријан Митовски во организирана шема за демонстрирање на насилие, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/skopje/shefot-na-kabinetot-na-noviot-direktor-na-arsovska-maltretira-vraboteni/

Истата СДСМ која плаќа стотина илјади евра во билборди и ТВ спотови да ја брани Арсовска сега треба да понесе одговорност заедно со Арсовска како малтретираат луѓе.

Од што се плаши Арсовска и СДС па физички угнетуваат и напаѓаат вработени. Во каков мед сега се фатени. Дали се исплашени од тоа што обвинителството побара исказ од Арсовска?Ова ли е новото модерно Скопје на СДС и Арсовска.

Веднаш поради овој инцидент треба да си поднесе оставка директорот Маријан Митовски, а Арсовска да одговори зошто се малтретираат луѓе.

The post Ова ли е новото модерно Скопје?: Луѓе на директорот на Арсовска физички малтретираат вработени appeared first on Република.

]]>

Фрапирачка снимка се шири на социјалните мрежи каде се гледа дека луѓе на новиот директор на Водовод поставен од Арсовска физички малтретираат вработени во претпријатието.Коалицијата СДСМ Арсовска, и директорот Маријан Митовски во организирана шема за демонстрирање на насилие, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/skopje/shefot-na-kabinetot-na-noviot-direktor-na-arsovska-maltretira-vraboteni/ Истата СДСМ која плаќа стотина илјади евра во билборди и ТВ спотови да ја брани Арсовска сега треба да понесе одговорност заедно со Арсовска како малтретираат луѓе.
Од што се плаши Арсовска и СДС па физички угнетуваат и напаѓаат вработени. Во каков мед сега се фатени. Дали се исплашени од тоа што обвинителството побара исказ од Арсовска?Ова ли е новото модерно Скопје на СДС и Арсовска.
Веднаш поради овој инцидент треба да си поднесе оставка директорот Маријан Митовски, а Арсовска да одговори зошто се малтретираат луѓе.

The post Ова ли е новото модерно Скопје?: Луѓе на директорот на Арсовска физички малтретираат вработени appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција влезе во ЈП „Водовод и канализација“, ги интересирал тендерот за пречистителната станица, комисијата не се менува https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/finansiska-policija-vleze-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija-gi-interesiral-tenderot-za-prechistitelnata-stanica-komisijata-ne-se-menuva/ Fri, 16 Sep 2022 11:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=551434

Обвинители и припадници на Финансиската полиција од вчера се влезени во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, објави Плаусинфо.

Да, обвинителите беа тука, имавме состанок, тоа беше првично, но ништо конкретно не е преземено. Овие што беа од финансиска полиција и од МВР, најверојано по допрен глас, зашто во медиумите тоа се објавуваше, беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа – изјави директорот Марјанчо Митовски за „Плусинфо“.

За тој тендер, кој беше во фокусот на конфликтот со неговиот претходник, новиот директор Митовски вели дека непречено си тече. На прашање дали ќе се менува составот на Комитетот за евалуација на понудите на тендерот, Митовски вели „досега нема измени, а не сме размислувале за такво нешто“.

Тендерот си тече и не е ни спречен. Во тек е евалуација и тука не се мешаме. Јас како директор не влијаам дали тендерот ќе продолжи да се евалуира, а сега се евалуира, не е прекината постапката. Само беа луѓето од Министерство за внатрешни работи за да добијат информации, постапката не е прекината, а тие понатаму ќе прават анализи и стратегија, како и што ќе се постапува, и не е ништо прекинато – рече Митовски.

The post Финансиска полиција влезе во ЈП „Водовод и канализација“, ги интересирал тендерот за пречистителната станица, комисијата не се менува appeared first on Република.

Вработените во Водовод од седум часот утринава се соочуваат со тортура https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-vodovod-od-sedum-chasot-utrinava-se-soochuvaat-so-tortura/ Fri, 16 Sep 2022 10:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=551353

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ обвинува дека се врши  притисок и тортура врз вработените во „Водовод и канализација“ од страна на новоназначениот в.д. директор.

– Вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје, од 07 часот утринава се соочуваат со тортура од страна на новото раководство на јавното претпријатие. Повеќе од 1/3 од вкупниот број на вработени во претпријатието се засегнати со губење на работните места и незаконски распоредувани на други работни места со Задолженија без право на приговор и без право на жалба што е спротивно и на Закон и на колективен договор и на Уставот на државата, се вели во соопштението од СУТКОЗ.

Ваквите постапки, според синдикатот, се грубо кршење на работничките права за разлика од, како што наведуваат, периодот кога директори биле Душко Весковски и Златко Перински кога се почитувал колективниот договор.

– Ваквиот однос на новиот в.д директор може да доведе до колапс на водоснабдителниот и канализацискиот систем во Скопје, поради тоа што квалификуваните работници се упатуваат да извршуваат други работни задачи, а дел од нив ги губат и своите работни места, велат од СУТКОЗ.

Синдикатот вчера побара од градоначалничката на Град Скопје да ја преиспита одлуката на новиот в.д. директор на „Водовод и канализација“ за прекин на договорите за вработување на повеќе од 100 вработени и за прераспредување на дел од вработените.

The post Вработените во Водовод од седум часот утринава се соочуваат со тортура appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ обвинува дека се врши  притисок и тортура врз вработените во „Водовод и канализација“ од страна на новоназначениот в.д. директор.
– Вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје, од 07 часот утринава се соочуваат со тортура од страна на новото раководство на јавното претпријатие. Повеќе од 1/3 од вкупниот број на вработени во претпријатието се засегнати со губење на работните места и незаконски распоредувани на други работни места со Задолженија без право на приговор и без право на жалба што е спротивно и на Закон и на колективен договор и на Уставот на државата, се вели во соопштението од СУТКОЗ.
Ваквите постапки, според синдикатот, се грубо кршење на работничките права за разлика од, како што наведуваат, периодот кога директори биле Душко Весковски и Златко Перински кога се почитувал колективниот договор. – Ваквиот однос на новиот в.д директор може да доведе до колапс на водоснабдителниот и канализацискиот систем во Скопје, поради тоа што квалификуваните работници се упатуваат да извршуваат други работни задачи, а дел од нив ги губат и своите работни места, велат од СУТКОЗ. Синдикатот вчера побара од градоначалничката на Град Скопје да ја преиспита одлуката на новиот в.д. директор на „Водовод и канализација“ за прекин на договорите за вработување на повеќе од 100 вработени и за прераспредување на дел од вработените.

The post Вработените во Водовод од седум часот утринава се соочуваат со тортура appeared first on Република.

]]>
Арсовска назначи нов директор на местото на Перински https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-naznachi-nov-direktor-na-mestoto-na-perinski/ Mon, 12 Sep 2022 18:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=550141

Марјанче Митевски, вработен во „Водовод и Канализација“ е нов вршител на должност, Директор на ова јавно претпријатие. Скопје Инфо неофицијално дознава дека Арсовска попладнево, експресно ја потпишала одлуката за неговото назначување.

Тој доаѓа на оваа позиција по разрешување на досегашниот директор Златко Перински, кој утрово беше сменет од директорското место.

Причината за разрешувањето на Перински според Арсовска е самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер

The post Арсовска назначи нов директор на местото на Перински appeared first on Република.

]]>

Марјанче Митевски, вработен во „Водовод и Канализација“ е нов вршител на должност, Директор на ова јавно претпријатие. Скопје Инфо неофицијално дознава дека Арсовска попладнево, експресно ја потпишала одлуката за неговото назначување. Тој доаѓа на оваа позиција по разрешување на досегашниот директор Златко Перински, кој утрово беше сменет од директорското место.
Причината за разрешувањето на Перински според Арсовска е самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер

The post Арсовска назначи нов директор на местото на Перински appeared first on Република.

]]>
Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/brzo-i-ednostavno-onlajn-plakjanje-na-smetkite-za-voda-vo-4-chekori/ Wed, 18 May 2022 07:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=503664

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје, за граѓаните воведе брзо, лесно и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода, во 4 чекори, соопштуваат оттаму.

Плаќањето може да го извршувате преку нивната веб страна.

The post Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје, за граѓаните воведе брзо, лесно и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода, во 4 чекори, соопштуваат оттаму. Плаќањето може да го извршувате преку нивната веб страна.

The post Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори appeared first on Република.

]]>
ЈП „Водовод и канализација“ спроведе анализа на водата за пиење, скопјани пијат чиста и квалитетна вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-sprovede-analiza-na-vodata-za-pienje-skopjani-pijat-chista-i-kvalitetna-voda/ Tue, 19 Apr 2022 14:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=490607

Град Скопје и ЈП Водовод и канализација ги информираат скопјани  дека, според анализите направени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, пијат чиста и квалитетна вода.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 зема 186

примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје.

Добиените резултати од испитувањата на сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

The post ЈП „Водовод и канализација“ спроведе анализа на водата за пиење, скопјани пијат чиста и квалитетна вода appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и ЈП Водовод и канализација ги информираат скопјани  дека, според анализите направени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, пијат чиста и квалитетна вода. Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Добиените резултати од испитувањата на сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.    

The post ЈП „Водовод и канализација“ спроведе анализа на водата за пиење, скопјани пијат чиста и квалитетна вода appeared first on Република.

]]>
Скопјани пијат чиста и безбедна вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-pijat-chista-i-bezbedna-voda/ Wed, 23 Mar 2022 12:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=477152

Скопјани пијат чиста вода. Последните испитувања направен од Секторот за санитарна контрола во периодот 14 март до 18 март на 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје покажуваат дека тие одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

[caption id="attachment_477178" align="alignnone" width="640"] Емилија Аневска[/caption]

Вчера Македонија го одбележа Светскиот ден на водата.

-Во подножјето на Жеден Планина се наоѓа изворот Рашче. Овој извор е со капацитет од 2 до 5 метри кубни вода во секунда. Ваквата вода доаѓа од Полошката Котилна од каде со понирање од подземјето стига до Скопската котлина и извира преку изворот Рашче. Оваа вода е главен извор за водоснабдување на град Скопје повеќе од 100 години и неговата заштита е од национален карактер. Квалитетот и безбедноста на водата за пиење од овој извор се гарантира преку земање на примероци кои се испитуваат во хемиската и микробиолошката лабораторија при ЈП Водовод и канализација - Скопје кои се акредитирани лаборатории за изведување ваков тип анализи. Водата е природно богатство. Количините од овој ресур се ограничени, а знаеме дека човекот и животинскиот и растителиот свет, без вода не можат да опстанат. Затоа е потребно правилно користење на природните ресурси и нивна соодветна заштита - вели Емилија Аневска, раководител на Центарот за санитарна контрола во Јп Водовод и канализација - Скопје.

[caption id="attachment_477174" align="alignnone" width="640"] Златко Перински[/caption]

На Светскиот ден на водата, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински посочи дека подземната вода е од огромно и непроценливо значење за Скопје.

„Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени“ – истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје по повод светскиот ден на водата.

Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација - Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме.

https://www.youtube.com/watch?v=eqR45b7tMyE

Периодов се спроведува едукативно информативната кампања иницирана од Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, а со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води - невидливото станува видливо“. Кампањата која освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“.

https://www.youtube.com/watch?v=sil2OKTUV9c

The post Скопјани пијат чиста и безбедна вода appeared first on Република.

]]>

Скопјани пијат чиста вода. Последните испитувања направен од Секторот за санитарна контрола во периодот 14 март до 18 март на 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје покажуваат дека тие одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. [caption id="attachment_477178" align="alignnone" width="640"] Емилија Аневска[/caption] Вчера Македонија го одбележа Светскиот ден на водата.
-Во подножјето на Жеден Планина се наоѓа изворот Рашче. Овој извор е со капацитет од 2 до 5 метри кубни вода во секунда. Ваквата вода доаѓа од Полошката Котилна од каде со понирање од подземјето стига до Скопската котлина и извира преку изворот Рашче. Оваа вода е главен извор за водоснабдување на град Скопје повеќе од 100 години и неговата заштита е од национален карактер. Квалитетот и безбедноста на водата за пиење од овој извор се гарантира преку земање на примероци кои се испитуваат во хемиската и микробиолошката лабораторија при ЈП Водовод и канализација - Скопје кои се акредитирани лаборатории за изведување ваков тип анализи. Водата е природно богатство. Количините од овој ресур се ограничени, а знаеме дека човекот и животинскиот и растителиот свет, без вода не можат да опстанат. Затоа е потребно правилно користење на природните ресурси и нивна соодветна заштита - вели Емилија Аневска, раководител на Центарот за санитарна контрола во Јп Водовод и канализација - Скопје.
[caption id="attachment_477174" align="alignnone" width="640"] Златко Перински[/caption] На Светскиот ден на водата, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински посочи дека подземната вода е од огромно и непроценливо значење за Скопје.
„Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени“ – истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје по повод светскиот ден на водата.
Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација - Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме. https://www.youtube.com/watch?v=eqR45b7tMyE Периодов се спроведува едукативно информативната кампања иницирана од Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, а со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води - невидливото станува видливо“. Кампањата која освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“. https://www.youtube.com/watch?v=sil2OKTUV9c

The post Скопјани пијат чиста и безбедна вода appeared first on Република.

]]>
Граѓаните во Шуто Оризари ќе добијат пункт за наплата на сметките од Водовод и канализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gragjanite-vo-shuto-orizari-kje-dobijat-punkt-za-naplata-na-smetkite-od-vodovod-i-kanalizacija/ Wed, 09 Feb 2022 13:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=456251

Денес, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински оствари средба со Јаше Сефер, член на Управен одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Ерџан Селими, советник во Град Скопје.

Фокусот на разговорот на средбата беше насочен кон подобрување на услугите за граѓаните во Шуто Оризари. Во текот на разговорот се донесоа два заклучоци и тоа: разгледување на можноста за што побрзо отворање на пункт за наплата во Шуто Оризари, како и информирање на граѓаните за можноста за искористување на акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање која трае до 15.03.2022. Шуто Оризари ќе биде во фокусот на работа на претпријатието со цел доближување на институцијата и овозможување на олеснувања за граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Сефер и Селими го изразија задоволството од отворената можност за соработка и овозможување на услови за подобрување на услугите за граѓаните на Шуто Оризари.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните во координација и соработка со сите засегнати страни, велат од претпријатието.

The post Граѓаните во Шуто Оризари ќе добијат пункт за наплата на сметките од Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>

Денес, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински оствари средба со Јаше Сефер, член на Управен одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Ерџан Селими, советник во Град Скопје. Фокусот на разговорот на средбата беше насочен кон подобрување на услугите за граѓаните во Шуто Оризари. Во текот на разговорот се донесоа два заклучоци и тоа: разгледување на можноста за што побрзо отворање на пункт за наплата во Шуто Оризари, како и информирање на граѓаните за можноста за искористување на акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање која трае до 15.03.2022. Шуто Оризари ќе биде во фокусот на работа на претпријатието со цел доближување на институцијата и овозможување на олеснувања за граѓаните кои имаат потреба од тоа. Сефер и Селими го изразија задоволството од отворената можност за соработка и овозможување на услови за подобрување на услугите за граѓаните на Шуто Оризари. ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните во координација и соработка со сите засегнати страни, велат од претпријатието.

The post Граѓаните во Шуто Оризари ќе добијат пункт за наплата на сметките од Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>
Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/perinski-gragjanite-da-ja-iskoristat-moznosta-za-plakjanje-na-smetkite-za-voda-bez-kamata-2/ Wed, 02 Feb 2022 12:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=452960

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешниот ден во изјава за утринската емисија на Сител ТВ, Ја сакам Македонија посочи дека ЈП Водовод и канализација – Скопје, воспостави пракса за воведување на акции за наплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање, кои се спроведуваат неколку пати во годината во определен временски интервал.

Новата акција започна денес, 01.02.2022 и е со определен временски период, односно до 15.03.2022. Имајќи ги предвид социјалниот и економскиот статус на граѓаните, како и здравствената криза, а во последниот период и економската и енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно ја активираше оваа мерка, со цел олеснување на условите за наплата за време на ценовните шокови.

Перински истакна дека оваа мерка е ефикасно решение со кое на должниците им се олеснуваат условите за отплата на заостанатите долгови, но и решение за зголемување на наплатата во претпријатието, со што се зголемува и ликвидноста и одржливоста.

Освен можноста за отплата на долговите без пресметка на камата, корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност и да склучат договори за плаќање на рати, најмногу до 24 рати, во зависност од големината на самиот долг.

Перински ги повика сите корисници, физички и правни лица, да ја искористат оваа можност за сервисирање на своите долгови, и апелираше за почитување на мерките и протоколите при посетите на претпријатието, додавајќи дека мерката и одлуката за исплата на долговите без камата не важи за институциите од јавниот сектор.

The post Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешниот ден во изјава за утринската емисија на Сител ТВ, Ја сакам Македонија посочи дека ЈП Водовод и канализација – Скопје, воспостави пракса за воведување на акции за наплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање, кои се спроведуваат неколку пати во годината во определен временски интервал. Новата акција започна денес, 01.02.2022 и е со определен временски период, односно до 15.03.2022. Имајќи ги предвид социјалниот и економскиот статус на граѓаните, како и здравствената криза, а во последниот период и економската и енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно ја активираше оваа мерка, со цел олеснување на условите за наплата за време на ценовните шокови. Перински истакна дека оваа мерка е ефикасно решение со кое на должниците им се олеснуваат условите за отплата на заостанатите долгови, но и решение за зголемување на наплатата во претпријатието, со што се зголемува и ликвидноста и одржливоста. Освен можноста за отплата на долговите без пресметка на камата, корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност и да склучат договори за плаќање на рати, најмногу до 24 рати, во зависност од големината на самиот долг. Перински ги повика сите корисници, физички и правни лица, да ја искористат оваа можност за сервисирање на своите долгови, и апелираше за почитување на мерките и протоколите при посетите на претпријатието, додавајќи дека мерката и одлуката за исплата на долговите без камата не важи за институциите од јавниот сектор.

The post Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата appeared first on Република.

]]>
ЈП Водовод и канализација на терен за расчистување на сливниците и шахтите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-na-teren-za-raschistuvanje-na-slivnicite-i-shahtite/ Tue, 01 Feb 2022 10:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=452359

Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, од утринава се на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје, соопштија од компанијата.

Со оглед на најавените врнежи од снег во следните денови, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, континуирано ќе продолжат со теренските активности со цел непречена функционалност на атмосферската канализација.

The post ЈП Водовод и канализација на терен за расчистување на сливниците и шахтите appeared first on Република.

Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-masovno-se-kradat-metalni-reshetki-za-slivnici/ Wed, 19 Jan 2022 14:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=446732

Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација.

Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат.

И покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, велат од ЈП Вододов и канализација.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период.

Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, додаваат од „Вододв и канализација“.

The post Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници appeared first on Република.

]]>

Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација. Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат.