јп водовод и канализација скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-vodovod-i-kanalizacija-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 08:37:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јп водовод и канализација скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-vodovod-i-kanalizacija-skopje/ 32 32 До 31 јули платете ги долговите кон Водовод без камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/do-31-juli-platete-gi-dolgovite-kon-vodovod-bez-kamata/ Thu, 11 Jul 2024 08:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=795694

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте ги на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

02 3240 300, Дирекција;

kontakt@vodovod-skopje.com.mk;

www.vodovod-skopje.com.mk;

www.facebook.com/jpvodovod.skopje

The post До 31 јули платете ги долговите кон Водовод без камата appeared first on Република.

]]>

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024.
Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.   За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте ги на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje  

The post До 31 јули платете ги долговите кон Водовод без камата appeared first on Република.

]]>
Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/noviot-direktor-na-arsovska-bespravno-i-na-sila-gi-tera-vrabotenite-vo-vodovod-da-pravat-anketi-niz-gradot/ Fri, 15 Mar 2024 12:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=755121

Виктор Панчевски, новиот директор на Данела Арсовска, наредил вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, да прават анкети, на повеќе локации низ Скопје, секој вторник и четврток, од 07:30 до 15:30 часот.

Оваа акција не само што се коси со повеќе закони и кодекси, туку е класично искористување на администрацијата, за политички цели и кампањи, посебно во предизборието, во кое се наоѓа државата.

Во описот на работните места на овие вработени никаде не стои правење на анкети, а камоли истите да се спроведуваат надвор од работните места, во текот на работното време.

Ова е во спротивност со Законот за работни односи, законот за административни службеници, законот за заштита од вознемирување на работното место, како и кодексот за административни службеници.

По поплаките на вработените и укажувањата дека оваа акција бесправно се спроведува и дека ќе има тужби, Панчевски известил дека акцијата е доброволна но и понатаму правел притисоци, според кажувањето на вработените, се дерел кон нив, ги омаловажувал и им се заканил дека ако не се вклучат во акцијата, ќе има реперкусии. Исто така им било посочено, ако случајно земат денови од одмор или боледување, повторно ќе има последици.

Реагирале исто така и двата синдикати, во кои се членови вработените, со цел да ги заштитат, но до денеска, акцијата официјално и понатаму се спроведува.

Вработените се исплашени за своите работни места, ако не го послушаат директорот и се во незавидна позиција, но исто така ова се одразува и на стабилното работење на претријатието, кое е одговорно пред граѓаните на Скопје, да имаат чиста и исправна вода за пиење.

The post Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот appeared first on Република.

]]>

Виктор Панчевски, новиот директор на Данела Арсовска, наредил вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, да прават анкети, на повеќе локации низ Скопје, секој вторник и четврток, од 07:30 до 15:30 часот. Оваа акција не само што се коси со повеќе закони и кодекси, туку е класично искористување на администрацијата, за политички цели и кампањи, посебно во предизборието, во кое се наоѓа државата. Во описот на работните места на овие вработени никаде не стои правење на анкети, а камоли истите да се спроведуваат надвор од работните места, во текот на работното време. Ова е во спротивност со Законот за работни односи, законот за административни службеници, законот за заштита од вознемирување на работното место, како и кодексот за административни службеници. По поплаките на вработените и укажувањата дека оваа акција бесправно се спроведува и дека ќе има тужби, Панчевски известил дека акцијата е доброволна но и понатаму правел притисоци, според кажувањето на вработените, се дерел кон нив, ги омаловажувал и им се заканил дека ако не се вклучат во акцијата, ќе има реперкусии. Исто така им било посочено, ако случајно земат денови од одмор или боледување, повторно ќе има последици. Реагирале исто така и двата синдикати, во кои се членови вработените, со цел да ги заштитат, но до денеска, акцијата официјално и понатаму се спроведува. Вработените се исплашени за своите работни места, ако не го послушаат директорот и се во незавидна позиција, но исто така ова се одразува и на стабилното работење на претријатието, кое е одговорно пред граѓаните на Скопје, да имаат чиста и исправна вода за пиење.

The post Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот appeared first on Република.

]]>
Данела Арсовска смени уште еден директор во Водовод https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-smeni-ushte-eden-direktor-vo-vodovod/ Tue, 06 Feb 2024 07:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=740805

Град Скопје информира дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски.

Оттаму посочуваат дека Панчевски доаѓа на позицијата како „професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“ и значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“.

Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, наведуваат од Град Скопје.

The post Данела Арсовска смени уште еден директор во Водовод appeared first on Република.

]]>

Град Скопје информира дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски. Оттаму посочуваат дека Панчевски доаѓа на позицијата како „професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“ и значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“.
Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, наведуваат од Град Скопје.

The post Данела Арсовска смени уште еден директор во Водовод appeared first on Република.

]]>
Додека директорот Илиевски вработува погодни административци, во Водовод недистигнаат водоинсталатери, возачи, инженери и други работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dodeka-direktorot-ilievski-vrabotuva-pogodni-administrativtsi-vo-vodovod-nedistignaat-vodoinstalateri-vozachi-inzheneri-i-drugi-rabotnitsi/ Thu, 23 Nov 2023 16:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=715585

Денеска на иницијатива на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, се одржа седница, каде присуствуваа и членовите на Техничкиот Совет на претпријатието.
Тема на седницата беше моменталната ситуација во претпријатието, каде што, поради лошото работење, има недостаток на техничко-стручен кадар во Водовод, со што се доведува во прашање и нормалното функционирање на претпријатието.
Од страна на членовите на УО и НО, беше потенцирано дека во минатото овој состав на УО и НО, секогаш ги штитеше вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, а тоа го потврдуваат и следните факти:
➡️ Во септември 2022 година, по отпуштањето на 90-сетина вработени од страна на тогашниот директор, Управниот Одбор бараше тие да се вратат на работа, а тој на седница даде исказ дека тоа го направил, под директива на Градот Скопје и дека од таму барале овие лица да се отпуштат.
➡️ По доаѓањето на сегашниот директор Драган Илиевски во јануари 2023-та година, место да се вработи потребен стручен кадар, во претпријатието, тој вработи кадар во администрацијата, блиски луѓе на раководството во Град Скопје.
➡️ Во мај 2023-та година УО побара да се формира комисија, за да се направи увид, каков кадар се вработува во претпријатието. Оваа комисија утврди дека се вработува само административен кадар, а не стручен кадар, кој е потребен во Водовод.
➡️ Во јуни 2023-та година УО и НО донесоа одлука и мислење, за пренамена на средствата од конто привремени вработувања, во конто трајни вработувања, со цел да им се реши статусот на вработените со привремени договори, односно истите да се вработат со решение за договор со неопределено време. Оваа одлука директорот не ја спроведе, со што и се дојде до оваа ситуација денес.
➡️ За крај на денешната седница, се донесе заклучок дека УО и НО, целосно го подржуваат Техничкиот Совет на Водовод, во барањата да се вработи потребен технички кадар и дека е потребно секој технички сектор, да направи листа, со потребни работници (водоинсталатери, возачи, инженери и други работници).
✅️ Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, како во минатото, така и сега, ќе продолжи да ги штити интересите на вработените.

The post Додека директорот Илиевски вработува погодни административци, во Водовод недистигнаат водоинсталатери, возачи, инженери и други работници appeared first on Република.

]]>

Денеска на иницијатива на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, се одржа седница, каде присуствуваа и членовите на Техничкиот Совет на претпријатието. Тема на седницата беше моменталната ситуација во претпријатието, каде што, поради лошото работење, има недостаток на техничко-стручен кадар во Водовод, со што се доведува во прашање и нормалното функционирање на претпријатието. Од страна на членовите на УО и НО, беше потенцирано дека во минатото овој состав на УО и НО, секогаш ги штитеше вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, а тоа го потврдуваат и следните факти: ➡️ Во септември 2022 година, по отпуштањето на 90-сетина вработени од страна на тогашниот директор, Управниот Одбор бараше тие да се вратат на работа, а тој на седница даде исказ дека тоа го направил, под директива на Градот Скопје и дека од таму барале овие лица да се отпуштат. ➡️ По доаѓањето на сегашниот директор Драган Илиевски во јануари 2023-та година, место да се вработи потребен стручен кадар, во претпријатието, тој вработи кадар во администрацијата, блиски луѓе на раководството во Град Скопје. ➡️ Во мај 2023-та година УО побара да се формира комисија, за да се направи увид, каков кадар се вработува во претпријатието. Оваа комисија утврди дека се вработува само административен кадар, а не стручен кадар, кој е потребен во Водовод. ➡️ Во јуни 2023-та година УО и НО донесоа одлука и мислење, за пренамена на средствата од конто привремени вработувања, во конто трајни вработувања, со цел да им се реши статусот на вработените со привремени договори, односно истите да се вработат со решение за договор со неопределено време. Оваа одлука директорот не ја спроведе, со што и се дојде до оваа ситуација денес. ➡️ За крај на денешната седница, се донесе заклучок дека УО и НО, целосно го подржуваат Техничкиот Совет на Водовод, во барањата да се вработи потребен технички кадар и дека е потребно секој технички сектор, да направи листа, со потребни работници (водоинсталатери, возачи, инженери и други работници). ✅️ Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, како во минатото, така и сега, ќе продолжи да ги штити интересите на вработените.

The post Додека директорот Илиевски вработува погодни административци, во Водовод недистигнаат водоинсталатери, возачи, инженери и други работници appeared first on Република.

]]>
Несторовски: Вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nestorovski-vistinata-za-sostojbite-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-skopje/ Thu, 09 Nov 2023 09:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=699782

Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна, пишува претседателот на надзорниот одбор Никола Несторотвски, додавајќи дека ова однесување може да се поткрепиме со неколку документи.

Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец мај 2023 година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во препријатието.

Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.

Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.
Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.

Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.

Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје.

The post Несторовски: Вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје appeared first on Република.

]]>

Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна, пишува претседателот на надзорниот одбор Никола Несторотвски, додавајќи дека ова однесување може да се поткрепиме со неколку документи. Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост: Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец мај 2023 година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во препријатието. Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан. Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор. Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка. Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила. Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје.

The post Несторовски: Вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје appeared first on Република.

]]>
Нови апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novi-aparati-za-plakane-smetki-za-voda-na-pet-lokatsii-vo-skopje/ Tue, 15 Aug 2023 07:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=672196

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.

Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.

Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија.

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.

The post Нови апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.
Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.
Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија. Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.

The post Нови апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dzr-skopski-vodovod-ima-zaguba-na-voda-od-60-otsto-i-neplateni-obvrski-kon-budhetot-od-3-milioni-evra/ Tue, 23 May 2023 10:08:19 +0000 https://republika.mk/?p=643902

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот Буџет за повеќе години наназад во износ од 185,543 милиони денари или околу 3 милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во  Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на скопски водовод за 2021 година.

Ревизорите со извршената ревизија утврдиле дека во период од 2017 до 2022 година количината на произведената вода значително отстапува од количината на фактурираната вода, односно процентот на нефактурираната вода се движи околу 60 отсто, што е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје, наведува ДЗР.

Со извршената ревизија, меѓу другото, е констатирано дека од вкупно 295.750 корисници на вода до денот на известување за ревизијата, ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нема склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 89.634 корисници или со 30 проценти од нив. Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор или 97 отсто се од категоријата „домаќинство“, додека останатите три проценти се од категоријата „стопанство“.

Според ДЗР, ова може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите.

Во извештајот е наведено дека земјиштата и градежните објекти претставуваат 83 проценти од вкупната вредност на материјални средства на претпријатието, при што се утврдени нерегулирани права на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности за земјиштето и дел од градежните објекти кои во деловните книги се евидентирани со вредност од 100,729 милиони денари (околу 1,6 милиони евра), неевидентирани објекти, неусогласена евиденција и евиденција без уредна документација, што влијаат на параметрите при формирањето на цената на тарифите за водните услуги, која се формира согласно Методологијата за определување на тарифите за водна услуга и е одобрена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), врз основа на официјални податоци од сметководствена евиденција на „Водовод и канализација“.

Ревизорите утврдиле дека извршениот попис на средствата и обврските на крајот на годината не е спроведен во целост и на начин уреден согласно Правилникот за вршење на попис. Исто така, расходуваните средства по попис, се отстранети од сметководствената евиденција, иако не се преземени натамошни мерки за нивно отуѓување или уништување, информира ДРЗ.

Покрај ова, ревизорите констатирале и слабости во примената на Законот за јавни набавки, пред се во делот на обезбедување на конкуренција, еднаков третман на сите економски оператори учесници во спроведените постапки, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување на договори за јавни набавки.

ДЗР посочува дека е потребно и преиспитување на донесената одлука за висината на тарифата која ја плаќа едно акционерско друштво во приватна сопственост за извршената услуга за снабдување со вода и реално определување на нејзината вредност.

Имено, според ревизорите, во периодот од 2016 година до периодот на извршување на ревизијата, цената за услугата за снабдување со вода за пиење за едно АД во приватна сопственост е значително пониска од цената на услугата за категоријата „стопанство“, поради што ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје остварило за над 1,02 милијарди денари (околу 16,5 милиони евра) помалку приходи по основ на услугата за користење на вода, а со тоа искажало помал ДДВ за 100,883 милиони денари (околу 1,6 милиони евра) и помал надоместок за користење на води за 22,705 милиони денари (околу 368.000 евра), што претставува приход на државниот Буџет.

Ревизорите констатирале дека е потребна и детална анализа на побарувањата од купувачите и на обврските кон добавувачите, кои бележат постојан тренд на зголемување во период од 2018 година до денот на вршење на ревизијата, што може неповолно да влијае на ликвидност на претпријатието во идниот период.

Од спроведената анализа е констатирано дека во периодот од 2017 до 2021 година, трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители за изготвување на нотарски платни налози за заостанати долгови, изнесуваат 492,533 милиони денари или приближно 8 милиони евра, а за судски трошоци се издвоени 23,496 милиони денари (околу 380 илјади евра). Во 2021 година овие трошоци изнесуваат вкупно 116,021 милиони денари или 1,9 милион евра за 72.331 постапки, а наплатените побарувања во истата година изнесуваат од 94,704 милиони денари или околу 1,5 милиони евра.

Причина за особено високите износи на трошоци за ангажирање на нотари и адвокати произлегува од член 68 од Законот за нотаријатот, со кој меѓу другото е пропишано дека за парично побарување за вода и смет во вкупен износ над 6.000 денари, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително го составува адвокат и мора да содржи адвокатски печат и потпис, се додава во извештајот.

Како што посочува ДЗР, со извршената ревизија, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

The post ДЗР: Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот Буџет за повеќе години наназад во износ од 185,543 милиони денари или околу 3 милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во  Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на скопски водовод за 2021 година.
Ревизорите со извршената ревизија утврдиле дека во период од 2017 до 2022 година количината на произведената вода значително отстапува од количината на фактурираната вода, односно процентот на нефактурираната вода се движи околу 60 отсто, што е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје, наведува ДЗР.
Со извршената ревизија, меѓу другото, е констатирано дека од вкупно 295.750 корисници на вода до денот на известување за ревизијата, ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нема склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 89.634 корисници или со 30 проценти од нив. Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор или 97 отсто се од категоријата „домаќинство“, додека останатите три проценти се од категоријата „стопанство“. Според ДЗР, ова може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите. Во извештајот е наведено дека земјиштата и градежните објекти претставуваат 83 проценти од вкупната вредност на материјални средства на претпријатието, при што се утврдени нерегулирани права на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности за земјиштето и дел од градежните објекти кои во деловните книги се евидентирани со вредност од 100,729 милиони денари (околу 1,6 милиони евра), неевидентирани објекти, неусогласена евиденција и евиденција без уредна документација, што влијаат на параметрите при формирањето на цената на тарифите за водните услуги, која се формира согласно Методологијата за определување на тарифите за водна услуга и е одобрена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), врз основа на официјални податоци од сметководствена евиденција на „Водовод и канализација“.
Ревизорите утврдиле дека извршениот попис на средствата и обврските на крајот на годината не е спроведен во целост и на начин уреден согласно Правилникот за вршење на попис. Исто така, расходуваните средства по попис, се отстранети од сметководствената евиденција, иако не се преземени натамошни мерки за нивно отуѓување или уништување, информира ДРЗ.
Покрај ова, ревизорите констатирале и слабости во примената на Законот за јавни набавки, пред се во делот на обезбедување на конкуренција, еднаков третман на сите економски оператори учесници во спроведените постапки, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување на договори за јавни набавки. ДЗР посочува дека е потребно и преиспитување на донесената одлука за висината на тарифата која ја плаќа едно акционерско друштво во приватна сопственост за извршената услуга за снабдување со вода и реално определување на нејзината вредност. Имено, според ревизорите, во периодот од 2016 година до периодот на извршување на ревизијата, цената за услугата за снабдување со вода за пиење за едно АД во приватна сопственост е значително пониска од цената на услугата за категоријата „стопанство“, поради што ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје остварило за над 1,02 милијарди денари (околу 16,5 милиони евра) помалку приходи по основ на услугата за користење на вода, а со тоа искажало помал ДДВ за 100,883 милиони денари (околу 1,6 милиони евра) и помал надоместок за користење на води за 22,705 милиони денари (околу 368.000 евра), што претставува приход на државниот Буџет. Ревизорите констатирале дека е потребна и детална анализа на побарувањата од купувачите и на обврските кон добавувачите, кои бележат постојан тренд на зголемување во период од 2018 година до денот на вршење на ревизијата, што може неповолно да влијае на ликвидност на претпријатието во идниот период. Од спроведената анализа е констатирано дека во периодот од 2017 до 2021 година, трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители за изготвување на нотарски платни налози за заостанати долгови, изнесуваат 492,533 милиони денари или приближно 8 милиони евра, а за судски трошоци се издвоени 23,496 милиони денари (околу 380 илјади евра). Во 2021 година овие трошоци изнесуваат вкупно 116,021 милиони денари или 1,9 милион евра за 72.331 постапки, а наплатените побарувања во истата година изнесуваат од 94,704 милиони денари или околу 1,5 милиони евра.
Причина за особено високите износи на трошоци за ангажирање на нотари и адвокати произлегува од член 68 од Законот за нотаријатот, со кој меѓу другото е пропишано дека за парично побарување за вода и смет во вкупен износ над 6.000 денари, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително го составува адвокат и мора да содржи адвокатски печат и потпис, се додава во извештајот.
Како што посочува ДЗР, со извршената ревизија, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

The post ДЗР: Скопски „Водовод“ има загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон Буџетот од 3 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Левица гласаше против покачување на платите во Водовод https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/levitsa-glasashe-protiv-pokachuvane-na-platite-vo-vodovod/ Fri, 12 May 2023 17:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=640258

Согласно препораките и колективниот договор со синдикатот, надзорниот одбор на скопски Водовод донесол долука за зголемување на платите. Но, како што објави претседателот Никола Несторовски, единствено „борците за права на работниците“, партијата Левица, гласале против.

За неполни 10 месеци уште едно покачување на платите во Водовод со едногласно донесена одлука(се разбира борците за права на работниците од Левица гласаа против). Нека е Аирлија!!!, пишува тој.

The post Левица гласаше против покачување на платите во Водовод appeared first on Република.

Сметките за вода ќе може да се плаќаат и во „Сити мол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/smetkite-za-voda-ke-mozhe-da-se-plakaat-i-vo-siti-mol/ Tue, 02 May 2023 08:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=635930

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.

Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.

The post Сметките за вода ќе може да се плаќаат и во „Сити мол“ appeared first on Република.

Шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе работат само в петок https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shalterite-za-naplata-na-jp-vodovod-i-kanalizatsija-skopje-ke-rabotat-samo-v-petok/ Wed, 12 Apr 2023 10:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=630100

Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието.

Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол Мол во Аеродром и Сити Мол во Карпош, соопштуваат од ова јавно претпријатие.

The post Шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе работат само в петок appeared first on Република.

Многу врева за ништо: Само Арсовска знае зошто му го оцрни името на Перински https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mnogu-vreva-za-nishto-samo-arsovska-znae-zoshto-go-tsrneshe-imeto-na-perinski/ Thu, 23 Mar 2023 11:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=622783

Владата вчера го потпиша договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација.

Вчера се обезбеди дополнително 70 милиони евра грант од ЕУ за финансирање на проектот за изградба на пречистителна станица во градот Скопје. Договорот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик-претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова. На потпишувањето на Договорот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Проектот за пречистителна станица во Скопје е актуелен изминативе неколку месеци, од кога градоначалничката Данела Арсовска го наклевети поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.

Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. А, поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за пречистителна станица и затоа и засмета на градоначалничката на Град Скопје и СДСМ кои здружено се борат во обидот за криминал.

Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, наведено е во делот од соопштението на ЕИБ што го сподели поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински на 15.09.2022 година.

По овој скандал, јавноста беше запознаена по медиуми дека градоначалничката Данела Арсовска имала средба со Димитар Ковачевски.

Арсовска свесно го загрози проектот за пречистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка. Заради Арсовска е загрозен проектот за пречистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови. И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза“, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

И за потсетување, вчера градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска уште еднаш беше демантирана од потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова во врска со пречистителната станица.

Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ, рече потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

The post Многу врева за ништо: Само Арсовска знае зошто му го оцрни името на Перински appeared first on Република.

]]>

Владата вчера го потпиша договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација. Вчера се обезбеди дополнително 70 милиони евра грант од ЕУ за финансирање на проектот за изградба на пречистителна станица во градот Скопје. Договорот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик-претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова. На потпишувањето на Договорот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Проектот за пречистителна станица во Скопје е актуелен изминативе неколку месеци, од кога градоначалничката Данела Арсовска го наклевети поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица. Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. А, поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за пречистителна станица и затоа и засмета на градоначалничката на Град Скопје и СДСМ кои здружено се борат во обидот за криминал.
Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, наведено е во делот од соопштението на ЕИБ што го сподели поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински на 15.09.2022 година.
По овој скандал, јавноста беше запознаена по медиуми дека градоначалничката Данела Арсовска имала средба со Димитар Ковачевски.
Арсовска свесно го загрози проектот за пречистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка. Заради Арсовска е загрозен проектот за пречистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови. И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза“, коментира ВМРО-ДПМНЕ.
И за потсетување, вчера градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска уште еднаш беше демантирана од потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова во врска со пречистителната станица.
Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ, рече потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

The post Многу врева за ништо: Само Арсовска знае зошто му го оцрни името на Перински appeared first on Република.

]]>
Фирма основана четири дена откако Митовски стана директор на „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки, хартиените ќе ги печати Арс ламина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/firma-osnovana-chetiri-dena-otkako-mitovski-stana-direktor-na-vodovod-dobi-tender-za-elektronska-naplata-na-smetki-hartienite-ke-gi-pechati-ars-lamina/ Mon, 20 Mar 2023 21:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=621804

Фирмата „Клик медиа 101“ го добила тендерот од над 30.000 евра за електронска наплата на сметките за вода која ја користат над 50.000 корисници на скопски Водовод.

Оваа фирма е основана четири дена откако на директорското столче во „Водовод“ седна Марјанчо Митовски, а основач и единствен сопственик на фирмата е Драган Стефанов, кој не ѝ е познат за јавноста, ниту пак достапен за медиумите. Тендерот е прв и единствен регистриран на фирмата Клик Медиа 101 во Бирото за јавни набавки. За 30 илјади евра новоформирана фирма треба да го одржува и поправа електронскиот систем за наплата, објави Телма.

Во врска со тендерот го доби фирмата со најефтина понуда, а Драган Стефанов лично не го познавам, ниту знам за кого се работи, изјави за Телма  Марјанчо Митовски поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација„ Скопје.

Но сметките на Водовод нема да се испорачуваат само дигитално туку и во хартиена варијанта и тоа многу поскапо. Во оваа зделка од милион евра влегува познатата по печатање на Учебници Арс Ламина.

Новиот, трет директор на скопски „Водовод“ Драган Илиевски склучил договор со фирмата АРС ЛАМИНА ДОО Скопје која доцнеше со печатење на училишни книги, но сега за милион евра ќе ги прави и ковертира сметките за вода во рок од 2 години.

Целиот текст на Телма

The post Фирма основана четири дена откако Митовски стана директор на „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки, хартиените ќе ги печати Арс ламина appeared first on Република.

]]>

Фирмата „Клик медиа 101“ го добила тендерот од над 30.000 евра за електронска наплата на сметките за вода која ја користат над 50.000 корисници на скопски Водовод. Оваа фирма е основана четири дена откако на директорското столче во „Водовод“ седна Марјанчо Митовски, а основач и единствен сопственик на фирмата е Драган Стефанов, кој не ѝ е познат за јавноста, ниту пак достапен за медиумите. Тендерот е прв и единствен регистриран на фирмата Клик Медиа 101 во Бирото за јавни набавки. За 30 илјади евра новоформирана фирма треба да го одржува и поправа електронскиот систем за наплата, објави Телма. Во врска со тендерот го доби фирмата со најефтина понуда, а Драган Стефанов лично не го познавам, ниту знам за кого се работи, изјави за Телма  Марјанчо Митовски поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација„ Скопје. Но сметките на Водовод нема да се испорачуваат само дигитално туку и во хартиена варијанта и тоа многу поскапо. Во оваа зделка од милион евра влегува познатата по печатање на Учебници Арс Ламина. Новиот, трет директор на скопски „Водовод“ Драган Илиевски склучил договор со фирмата АРС ЛАМИНА ДОО Скопје која доцнеше со печатење на училишни книги, но сега за милион евра ќе ги прави и ковертира сметките за вода во рок од 2 години.
Целиот текст на Телма

The post Фирма основана четири дена откако Митовски стана директор на „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки, хартиените ќе ги печати Арс ламина appeared first on Република.

]]>
РКЕ: Сметките во Скопје може да се зголемат за 29,5 денари месечно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/rke-smetkite-vo-skopje-mozhe-da-se-zgolemat-za-29-5-denari-mesechno/ Thu, 02 Mar 2023 15:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=615164

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)  донесе одлука со која предложи  нова максимална и минимална тарифа за цената на водата  во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе биде доставена до Водовод Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.

Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, а максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Минималната тарифа е пониска од постоечката, а максималната е повисока за девет проценти. Ако се прифати максималната тарифа, може да има зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 29,5 денари или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, тоа е доколку се реши Водовод и канализација Скопје понатака и Советот да се прифати максималната тарифа, објасни Бислимовски.

Тој нагласи дека кога одлучуваат за трошоците кај комуналните претпријатија не ги признаваат неоправданите, односно ги признаваат исклучиво економски оправданите трошоци со цел граѓаните да плаќаат за трошоци коишто мора да ги има секое претпријатие.

Притоа кога ќе ги носиме нашите одлуки во наредниот период ќе водиме сметка тие да бидат во рамките коишто ќе може да овозможат да не се политизира прашањето со цените на водните тарифи, рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ посочи дека откако предлогот ќе биде доставен во Скопски водовод, тие имаат право врз основа на рангот меѓу минималната и максималната тарифа да донесат своја одлука која што потоа ја доставуваат до Советот на Град Скопје на одобрување.  

Тој потенцираше дека со минималната тарифа можно е да има намалување на цената на водата и дека тоа зависи во крајна линија од Водовод и канализација и од Советот на Град Скопје.

Доколку се решат за минималната тарифа, нашата предложена минимална тарифа е одредено намалување на цената на водата во Градот Скопје. Најголем дел од претпријатијата коишто поднесуваат барања до РКЕ поднеле барање поради тоа што имаат зголемени трошоци за електрична енергија и во најголем дел од нивните барања овие трошоци за електрична енергија кога си ги препресметувале претпријатијата ја земале предвид цената на електрична енергија на берзата ХУПЕКС. За среќа, во изминатиот период имаме цена на електрична енергија кај овие јавни комунални претпријатија која што ја обезбедува ЕСМ Продажба и истата изнесува 95 евра за мегават час што придонесе да се среди ситуацијата кај јавните комунални претпријатија имајќи во предвид дека месеците август и септември беа критични кај нив. Имаше јавни комунални претпријатија коишто беа на слободниот пазар и нивните трошоци за електрична енергија на месечно ниво беа поголеми од вкупните приходи коишто би ги остварило една претпријатие, рече Бислимовски и доаде дека во целиот овој процес сите јавни комунални претпријатија коишто членуваат во нивното здружение АДКОМ добија целосна поддршка од РКЕ која беше меѓу иницијаторите овие јавни комунални претпријатија да добијат цена на електрична енергија со која што би влијаела на подобрување на ликвидноста на овие претпријатија.

Тој посочи максималниот рок во којшто треба да заврши целата постапка е 150 дена.

Значи, оваа наша одлука во моментов нема да се имплементира. Таа треба да помине низ органите за одлучување во Водовод и канализација и нивниот Управен одбор треба да достави предлог до Советот на Град Скопје. Од денот на носење на нашата одлука до носењето на конечната одлука на Советот на Град Скопје максимумот е 150 дена, рече Бислимовски.

Осврнувајќи се на другите комунални претпријатија во земјава, рече дека  сите имаа одреден недостиг на средства заради зголемените трошоци, но оти треба да се испрати сигнал и кај овие комунални претпријатија да ја подобрат својата ефикасност.

Не може целиот товар да го префрлиме кај граѓаните поради тоа што би се зголемила нивната цена за водни услуги. Секој треба да си преземе одговорност во целиот дел и фактот од којшто не можеме да бегаме сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени. Јас само би сакал да ви дадам еден пример во електродистрибуција, компанија која што прави дистрибуција на електрична енергија во целата држава работат околу 1 750 вработени. Јас ви гарантирам ако ги земеме петте најголеми града во државата во овие водоводни претпријатија работат околу 5 300 до 4 000 луѓе.  Секој си определува колку се потребни, ама јас не верувам – тоа е мрежна услуга, индикатор има, треба да се внимава дека ако може една дејност како што е дистрибуција на ниво на една цела држава со 1 700 до 1800 луѓе потребно е кај јавните водоводни и комунални претпријатија да се подобри ефикасноста во работењето, нагласи Бислимовски.

The post РКЕ: Сметките во Скопје може да се зголемат за 29,5 денари месечно appeared first on Република.

]]>

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)  донесе одлука со која предложи  нова максимална и минимална тарифа за цената на водата  во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе биде доставена до Водовод Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.

Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, а максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Минималната тарифа е пониска од постоечката, а максималната е повисока за девет проценти. Ако се прифати максималната тарифа, може да има зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 29,5 денари или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, тоа е доколку се реши Водовод и канализација Скопје понатака и Советот да се прифати максималната тарифа, објасни Бислимовски.

Тој нагласи дека кога одлучуваат за трошоците кај комуналните претпријатија не ги признаваат неоправданите, односно ги признаваат исклучиво економски оправданите трошоци со цел граѓаните да плаќаат за трошоци коишто мора да ги има секое претпријатие.
Притоа кога ќе ги носиме нашите одлуки во наредниот период ќе водиме сметка тие да бидат во рамките коишто ќе може да овозможат да не се политизира прашањето со цените на водните тарифи, рече Бислимовски.
Претседателот на РКЕ посочи дека откако предлогот ќе биде доставен во Скопски водовод, тие имаат право врз основа на рангот меѓу минималната и максималната тарифа да донесат своја одлука која што потоа ја доставуваат до Советот на Град Скопје на одобрување.   Тој потенцираше дека со минималната тарифа можно е да има намалување на цената на водата и дека тоа зависи во крајна линија од Водовод и канализација и од Советот на Град Скопје.
Доколку се решат за минималната тарифа, нашата предложена минимална тарифа е одредено намалување на цената на водата во Градот Скопје. Најголем дел од претпријатијата коишто поднесуваат барања до РКЕ поднеле барање поради тоа што имаат зголемени трошоци за електрична енергија и во најголем дел од нивните барања овие трошоци за електрична енергија кога си ги препресметувале претпријатијата ја земале предвид цената на електрична енергија на берзата ХУПЕКС. За среќа, во изминатиот период имаме цена на електрична енергија кај овие јавни комунални претпријатија која што ја обезбедува ЕСМ Продажба и истата изнесува 95 евра за мегават час што придонесе да се среди ситуацијата кај јавните комунални претпријатија имајќи во предвид дека месеците август и септември беа критични кај нив. Имаше јавни комунални претпријатија коишто беа на слободниот пазар и нивните трошоци за електрична енергија на месечно ниво беа поголеми од вкупните приходи коишто би ги остварило една претпријатие, рече Бислимовски и доаде дека во целиот овој процес сите јавни комунални претпријатија коишто членуваат во нивното здружение АДКОМ добија целосна поддршка од РКЕ која беше меѓу иницијаторите овие јавни комунални претпријатија да добијат цена на електрична енергија со која што би влијаела на подобрување на ликвидноста на овие претпријатија.
Тој посочи максималниот рок во којшто треба да заврши целата постапка е 150 дена.
Значи, оваа наша одлука во моментов нема да се имплементира. Таа треба да помине низ органите за одлучување во Водовод и канализација и нивниот Управен одбор треба да достави предлог до Советот на Град Скопје. Од денот на носење на нашата одлука до носењето на конечната одлука на Советот на Град Скопје максимумот е 150 дена, рече Бислимовски.
Осврнувајќи се на другите комунални претпријатија во земјава, рече дека  сите имаа одреден недостиг на средства заради зголемените трошоци, но оти треба да се испрати сигнал и кај овие комунални претпријатија да ја подобрат својата ефикасност.
Не може целиот товар да го префрлиме кај граѓаните поради тоа што би се зголемила нивната цена за водни услуги. Секој треба да си преземе одговорност во целиот дел и фактот од којшто не можеме да бегаме сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени. Јас само би сакал да ви дадам еден пример во електродистрибуција, компанија која што прави дистрибуција на електрична енергија во целата држава работат околу 1 750 вработени. Јас ви гарантирам ако ги земеме петте најголеми града во државата во овие водоводни претпријатија работат околу 5 300 до 4 000 луѓе.  Секој си определува колку се потребни, ама јас не верувам – тоа е мрежна услуга, индикатор има, треба да се внимава дека ако може една дејност како што е дистрибуција на ниво на една цела држава со 1 700 до 1800 луѓе потребно е кај јавните водоводни и комунални претпријатија да се подобри ефикасноста во работењето, нагласи Бислимовски.

The post РКЕ: Сметките во Скопје може да се зголемат за 29,5 денари месечно appeared first on Република.

]]>
Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopski-vodovod-bara-zgolemuvane-na-tsenata-na-voda-za-30-denari/ Fri, 24 Feb 2023 13:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=612795

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво.

Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината.

РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизра. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината, вели Бислимоски во објава на Фејсбук.

Фактите, додава тој, покажуваат дека на национално ниво 60 проценти имаме загуба на водата што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестции.

Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар. РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулрањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите, наведува Бислимоски во објавата на Фејсбук. 

The post Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари appeared first on Република.

]]>

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината.
РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизра. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината, вели Бислимоски во објава на Фејсбук.
Фактите, додава тој, покажуваат дека на национално ниво 60 проценти имаме загуба на водата што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестции.
Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар. РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулрањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите, наведува Бислимоски во објавата на Фејсбук. 

The post Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари appeared first on Република.

]]>
Од денеска до крајот на март долгот за вода може да се отплати на рати без камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-do-krajot-na-mart-dolgot-za-voda-mozhe-da-se-otplati-na-rati-bez-kamata/ Wed, 15 Feb 2023 08:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=609137

Oд 15 февруари до крајот на март граѓаните кои имаат долговите за задоцнето плаќање на сметките за вода и смет ќе можат да ги платат без пресметана камата, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Во овој период граѓаните ќе можат да поднесат барање за договор за отплата најмногу до 48 рати, а правните лица најмногу до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, информираат од Водовод и канализација.

The post Од денеска до крајот на март долгот за вода може да се отплати на рати без камата appeared first on Република.

]]>

Oд 15 февруари до крајот на март граѓаните кои имаат долговите за задоцнето плаќање на сметките за вода и смет ќе можат да ги платат без пресметана камата, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Во овој период граѓаните ќе можат да поднесат барање за договор за отплата најмногу до 48 рати, а правните лица најмногу до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, информираат од Водовод и канализација.

The post Од денеска до крајот на март долгот за вода може да се отплати на рати без камата appeared first on Република.

]]>
Потврдена одлуката за штрајк во Водовод и канализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/potvrdena-odlukata-za-shtrajk-vo-vodovod-i-kanalizacija/ Wed, 02 Nov 2022 18:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=568914

Одлуката за штрајк во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје едногласно е потврдена на Претседателството на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ), соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ).

Првпат во историјата на постоењето на ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје, в.д. директорот Маријанчо Митовски е неспособен да ги менаџира состојбите во претпријатието и веќе втор ден ги остави вработените во претпријатието без здравствено осигурување, а со тоа ги оневозможува да користат и здравствени услуги. Ваквите информации до синдикатот СУТКОЗ и ССМ пристигнаа пред почетокот на седницата на Претседателството на СУТКОЗ на која едногласно беше потврдена одлуката за штрајк во ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, стои во соопштението од ССМ.

Синдикатот СУТКОЗ и ССМ апелираа изминатите денови дека Митовски не смее да раководи со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје поради тоа што, како што се наведува, не ги исполнува условите и поради тоа што не е способен навремено да ги менаџира активностите во претпријатието.

https://republika.mk/vesti/skopje/ssm-za-se-shto-kje-se-sluchuva-od-denes-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija-skopje-vinovna-kje-bide-arsovska/

Потсетуваат дека против него има правосилна судска пресуда за физички напад со ладно оружје со затворска казна, како и специјалистички извештај од невропсихијатар.

Според ССМ, Митовски не се грижи ниту за повеќе од 1.000 вработени кои, како што велат, ги остави без правото на здравствена заштита за нив и нивните семејства.

Очигледно Митовски мора да замине веднаш од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се вели во соопштението од ССМ.

The post Потврдена одлуката за штрајк во Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>

Одлуката за штрајк во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје едногласно е потврдена на Претседателството на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ), соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ).
Првпат во историјата на постоењето на ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје, в.д. директорот Маријанчо Митовски е неспособен да ги менаџира состојбите во претпријатието и веќе втор ден ги остави вработените во претпријатието без здравствено осигурување, а со тоа ги оневозможува да користат и здравствени услуги. Ваквите информации до синдикатот СУТКОЗ и ССМ пристигнаа пред почетокот на седницата на Претседателството на СУТКОЗ на која едногласно беше потврдена одлуката за штрајк во ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, стои во соопштението од ССМ.
Синдикатот СУТКОЗ и ССМ апелираа изминатите денови дека Митовски не смее да раководи со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје поради тоа што, како што се наведува, не ги исполнува условите и поради тоа што не е способен навремено да ги менаџира активностите во претпријатието. https://republika.mk/vesti/skopje/ssm-za-se-shto-kje-se-sluchuva-od-denes-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija-skopje-vinovna-kje-bide-arsovska/ Потсетуваат дека против него има правосилна судска пресуда за физички напад со ладно оружје со затворска казна, како и специјалистички извештај од невропсихијатар. Според ССМ, Митовски не се грижи ниту за повеќе од 1.000 вработени кои, како што велат, ги остави без правото на здравствена заштита за нив и нивните семејства. Очигледно Митовски мора да замине веднаш од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се вели во соопштението од ССМ.

The post Потврдена одлуката за штрајк во Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>
Синдикатот бара разрешување на директорот на „Водовод“, Митовски најави прес во 14:30 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sindikatot-bara-razreshuvanje-na-direktorot-na-vodovod-mitovski-najavi-pres-vo-14-30-chasot/ Tue, 01 Nov 2022 13:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=568326

Синдикалната организација на „Водовод и канализација“ и Синдикатот на угостителство, туризам и комунални дејности (СУТКОЗ) денеска побараа од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да го разреши в.д. директорот на претпријатието Марјан Митовски поради, како што велат, незаконско работење.

Претседателот на синдикалната организација на „Водовод“ Стојанче Кашиковски, посочи дека сите нивни активности не се насочени кон градоначалничката на Град Скопје, туку дека бараат помош од неа за да се справат со новонастаната ситуација во претпријатието и, како што тврдат, незаконското работење на в.д. директорот кој не ги почитува одлуките на Управниот одбор. Од синдикатот беше презентиран и документ од специјалист дека в.д. директорот има „мешано анксиозно и депресивно растројство“.

Градоначалникот именува директори на јавните претпријатија и градоначалникот разрешува директори на јавни претпријатија и согласно тоа ја сноси целокупната одговорност за нивните постапки и активности, како и ја сноси одговорноста за нивниот избор и назначување, истакнаа денеска од синдикатот.

Синдикатот донесе одлука за користење на правото на штрајк која се очекува утре да биде потврдена на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач.

За во 14.30 часот прес-конференција најави в.д. директорот на „Водовод и канализација“, Марјан Митевски.

The post Синдикатот бара разрешување на директорот на „Водовод“, Митовски најави прес во 14:30 часот appeared first on Република.

]]>

Синдикалната организација на „Водовод и канализација“ и Синдикатот на угостителство, туризам и комунални дејности (СУТКОЗ) денеска побараа од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да го разреши в.д. директорот на претпријатието Марјан Митовски поради, како што велат, незаконско работење.
Претседателот на синдикалната организација на „Водовод“ Стојанче Кашиковски, посочи дека сите нивни активности не се насочени кон градоначалничката на Град Скопје, туку дека бараат помош од неа за да се справат со новонастаната ситуација во претпријатието и, како што тврдат, незаконското работење на в.д. директорот кој не ги почитува одлуките на Управниот одбор. Од синдикатот беше презентиран и документ од специјалист дека в.д. директорот има „мешано анксиозно и депресивно растројство“. Градоначалникот именува директори на јавните претпријатија и градоначалникот разрешува директори на јавни претпријатија и согласно тоа ја сноси целокупната одговорност за нивните постапки и активности, како и ја сноси одговорноста за нивниот избор и назначување, истакнаа денеска од синдикатот.
Синдикатот донесе одлука за користење на правото на штрајк која се очекува утре да биде потврдена на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач. За во 14.30 часот прес-конференција најави в.д. директорот на „Водовод и канализација“, Марјан Митевски.

The post Синдикатот бара разрешување на директорот на „Водовод“, Митовски најави прес во 14:30 часот appeared first on Република.

]]>
ССМ: Обезбедувањето да го претресува директорот на ЈП „Водовод“ да не носи ладно оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ssm-obezbeduvanjeto-da-go-pretresuva-direktorot-na-jp-vodovod-da-ne-nosi-ladno-oruzje/ Fri, 28 Oct 2022 08:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=566695

Загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побараа помош од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ и СУТКОЗ како репрезентативен Синдикат во комуналните дејности дека после јавно објавените документи дека нивниот в.д. директор е насилник, осудуван со затворска казна, може да ги нападне на нивните работни места, посебно сега кога донесе незаконски решенија за прераспоредувања за кои и државните Трудов и Управен инспекторат побараа нивно поништување, а Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација ги поништи.

Сојузот на синдикати на Македонија ја повикува и бара од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на човекот за кој има докази дека со нож нападнал друг човек, да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во Јавното претпријатие и за претпазливост да го претресува в.д. директорот поради можноста да носи ладно оружје и поради неговата психичка состојба.

Вработените во водовод кои максимално и пожртвувано се вложуваат и овозможуваат скопјани непрекинато да го остваруват своето основно човеково право, а тоа е пристап до вода и живот во чиста околина, заслужуваат пристојна и безбедна работа.

Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто, дали Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение.

The post ССМ: Обезбедувањето да го претресува директорот на ЈП „Водовод“ да не носи ладно оружје appeared first on Република.

]]>

Загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побараа помош од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ и СУТКОЗ како репрезентативен Синдикат во комуналните дејности дека после јавно објавените документи дека нивниот в.д. директор е насилник, осудуван со затворска казна, може да ги нападне на нивните работни места, посебно сега кога донесе незаконски решенија за прераспоредувања за кои и државните Трудов и Управен инспекторат побараа нивно поништување, а Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација ги поништи. Сојузот на синдикати на Македонија ја повикува и бара од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на човекот за кој има докази дека со нож нападнал друг човек, да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во Јавното претпријатие и за претпазливост да го претресува в.д. директорот поради можноста да носи ладно оружје и поради неговата психичка состојба. Вработените во водовод кои максимално и пожртвувано се вложуваат и овозможуваат скопјани непрекинато да го остваруват своето основно човеково право, а тоа е пристап до вода и живот во чиста околина, заслужуваат пристојна и безбедна работа. Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто, дали Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение.

The post ССМ: Обезбедувањето да го претресува директорот на ЈП „Водовод“ да не носи ладно оружје appeared first on Република.

]]>
Со нож делел правда во кафеанска тепачка- објавена три децении старата пресуда за директорот на скопски Водовод, Митовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-noz-delel-pravda-vo-kafeanska-tepachka-objavena-tri-decenii-starata-presuda-za-direktorot-na-skopski-vodovod-mitovski/ Thu, 27 Oct 2022 11:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=566302

Директорот на скопски Водовод Марјанчо Митовски бил осуден за нанесување тешки телесни повреди со ладно оружје- нож во 1993-та година, по што бил осуден на парична казна од 20 илјади денари, а откако не платил, издржал 20 дена затвор, тврдат од Синдикатот кои денеска на новинарите ја поделија пресудата.

Синдикатот бара смена на директорот назначен од градоначалничката Данела Арсовска по нејзиното раскинување со ВМРО-ДПМНЕ. Директорот е обвинет од синдикатот дека малтретирал вработени, отпуштал и ги преместувал на несоодветни позиции неистомислениците.

-В.д. директорот Митовски не ги исполнува условите за вршење јавна функција согласно правосилната пресуда. Извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје, нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди.  На последната страна на пресудата е упатното решение за издржување казна затвор. Ова ќе го доставиме до Советот и до Градоначалникот. Го повикуваме в.д. директорот да си поднесе оставка, барем од морални причини. Ние вработените се плашиме да одиме на работа, знаејќи што направил - вели синдикалниот лидер Дарко Димовски

Крајниот рок за смена е денеска, а Митовски пак тврди дека против него се бунтуваат привилегирани вработени на Водовод кои земале големи плати за неработење, меѓу кои и сопругата на синдикалниот лидер Дарко Димовски од ССМ.

Токму Димовски денеска ја објави пресудата за директорот кој бил осуден затоа што на 11-ти септември 1993-та се степал со извесен В.М. во бифе „Кај Мишо“ на улица Тодор Чангов. Директорот Митовски тогаш со нож го повредил соперникот во пределот на лево уво и го удирал со клоци, додека трет гостин во бифето го гаѓал и исекол со стаклена чаша.

Казната била парична, но потоа наводно Митовски не ја платил и бил во затвор на 20 дена. Директорот пак негира дека бил во затвор.

Бидејќи станува збор за стара пресуда за настан од пред 29 години, согласно правните документи, таа казна најверојатно е веќе избришана од судското досие на Митовски, но во полициската база на податоци, кривичниот настан не се брише никогаш.

The post Со нож делел правда во кафеанска тепачка- објавена три децении старата пресуда за директорот на скопски Водовод, Митовски appeared first on Република.

]]>

Директорот на скопски Водовод Марјанчо Митовски бил осуден за нанесување тешки телесни повреди со ладно оружје- нож во 1993-та година, по што бил осуден на парична казна од 20 илјади денари, а откако не платил, издржал 20 дена затвор, тврдат од Синдикатот кои денеска на новинарите ја поделија пресудата. Синдикатот бара смена на директорот назначен од градоначалничката Данела Арсовска по нејзиното раскинување со ВМРО-ДПМНЕ. Директорот е обвинет од синдикатот дека малтретирал вработени, отпуштал и ги преместувал на несоодветни позиции неистомислениците.
-В.д. директорот Митовски не ги исполнува условите за вршење јавна функција согласно правосилната пресуда. Извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје, нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди.  На последната страна на пресудата е упатното решение за издржување казна затвор. Ова ќе го доставиме до Советот и до Градоначалникот. Го повикуваме в.д. директорот да си поднесе оставка, барем од морални причини. Ние вработените се плашиме да одиме на работа, знаејќи што направил - вели синдикалниот лидер Дарко Димовски
Крајниот рок за смена е денеска, а Митовски пак тврди дека против него се бунтуваат привилегирани вработени на Водовод кои земале големи плати за неработење, меѓу кои и сопругата на синдикалниот лидер Дарко Димовски од ССМ. Токму Димовски денеска ја објави пресудата за директорот кој бил осуден затоа што на 11-ти септември 1993-та се степал со извесен В.М. во бифе „Кај Мишо“ на улица Тодор Чангов. Директорот Митовски тогаш со нож го повредил соперникот во пределот на лево уво и го удирал со клоци, додека трет гостин во бифето го гаѓал и исекол со стаклена чаша. Казната била парична, но потоа наводно Митовски не ја платил и бил во затвор на 20 дена. Директорот пак негира дека бил во затвор. Бидејќи станува збор за стара пресуда за настан од пред 29 години, согласно правните документи, таа казна најверојатно е веќе избришана од судското досие на Митовски, но во полициската база на податоци, кривичниот настан не се брише никогаш.

The post Со нож делел правда во кафеанска тепачка- објавена три децении старата пресуда за директорот на скопски Водовод, Митовски appeared first on Република.

]]>
ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ssm-uo-na-vodovod-go-ukina-reshenieto-za-raskin-na-dogovorite-na-93-vraboteni/ Sun, 23 Oct 2022 12:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=564626

Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод.

Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил.

Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието.

Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.

Не смее да се дозволи на некадарни и неспособни лица кои свесно кршат законски прописи и одредби од колективни договори да раководат со јавни претпријатија особено не да раководат со ЈП Водовод и канализација Скопје, за потсетување, работници за непочитување на закон добиваат откази. Истовремено, на седницата на Управниот одбор, в.д Директорот Митовски морал да признае дека тој е испраќачот на вибер и меил пораката со која се заканува на сите вработени, дека доколку не бидат послушници на неговите закани, ќе ги изгубат работните места, што е невиден преседан од јавен службеник платен со народни пари, објавија од ССМ.

Од ССМ упатија порака дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска мораат веднаш да преземат се за да спречат вакви лица и тоа е нивна законска должност, а во спротивно, предупредуваат од ССМ, ќе бидат директно виновни за шерифското однесување на поединци и ќе сметаме дека се немоќни и уценети од истите поединци и нивните братучеди, а со тоа ќе биде доведен во прашање целокупниот кредибилитет на градот и градоначалникот.

The post ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени appeared first on Република.

]]>

Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод. Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил. Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието. Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.