ЈП „Паркови и зеленило“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-parkovi-i-zelenilo/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 09:51:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП „Паркови и зеленило“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-parkovi-i-zelenilo/ 32 32 Општина Аеродром: ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-jp-parkovi-i-zelenilo-da-pochnat-da-gi-izvrshuvaat-svoite-zadachi-za-shto-se-uredno-plateni/ Fri, 16 Aug 2024 09:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=807141

Општина Аеродром преку соопштенија информира дека одржувањето на јавните зелени површини во голема мера е под надлежност на Град Скопје, односно на ЈП „Паркови и зеленило“, но, дека оттаму не ги извршуваат квалитетно своите обврски на ниво на нивната територија.

Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои треба да се грижат од ова градско јавно претпријатие. Дополнително, сакаме да ги информираме граѓаните дека Општина Аеродром на постојните јавни зелени површини, во изминатите години на територијата на општината има изградено повеќе автоматски системи за полевање, вклучувајќи ги и бунарите, кои се предадени на ЈП „Паркови и зеленило“ како надлежно јавно градско претпријатие во нивно владение и користење. Овие системи и бунари се наоѓаат во реоните Ново Лисиче, Три Бисери, Јане Сандански од левата и десната страна, како и во Острово. Но од неразбирливи причини за нас, веќе подолго време тие не се ставаат во функција, со што сме доведени во ситуација да бидеме опкружени со исушени тревници и дрвја, посочуваат од Општината.

Според нив, ситуацијата е уште поаларманта, будејќи тоа се случува во летниов период кога се соочуваме со екстремно високи температури, кога аеродромци треба да имаат можност да се разладуваат во парковите што се изградени за таа намена. При тоа уште еднаш апелираат до до Град Скопје и до „ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на жителите на Општината.

Да потсетиме дека секој месец граѓаните им плаќаат на градските јавни претпријатија за повеќе услуги, како што се тарифа за водна услуга, собирање смет и секако за ставката надоместок за одржување на јавното градско зеленило. Општината преку официјални дописи до ЈП „Паркови и зеленило“ побара квалитетно и ажурно извршување на нивните обврски, но не доби никакви одговори и оттаму не излегуваат во пресрет на нашите обиди да ја вратиме старата слика за Аеродром. Како Општина, ги уверуваме граѓаните дека сите површини што се под наша надлежност ги наводнуваме и ги одржуваме секојдневно и со тоа темпо ќе продолжиме и во иднина. Уште еднаш испраќаме јавно апел до Град Скопје и до „ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на аеродромци, наведуваат од Општина Аеродром.

The post Општина Аеродром: ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени appeared first on Република.

]]>

„Паркови и зеленило“ распишува оглас за 90 вработувања без согласност на Советот кој е негов основач https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/parkovi-i-zelenilo-raspishuva-oglas-za-90-vrabotuvana-bez-soglasnost-na-sovetot-koj-e-negov-osnovach/ Wed, 17 Jan 2024 07:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=733822

Со скандалите на Данела, може да се сними теленовела. Последниот доаѓа од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со кое директорува нејзиниот кадар Сефи Шабани. Во ова јавно претпријатие спротивно на процедурата и нормите, се распишува оглас за деведесетина вработувања, без да има одобрување од страна на Советот на Градот Скопје, кој е основач на компанијата., обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е класична злоупотреба и самоволие во режија на Данела Арсовска, која со овој чин ги задоволува апетитите и барањата на нејзината коалиција ДУИ-СДС-Левица. Ваквите бизнис и политички пазари ги туркаат јавните претпријатија во превработеност, задолженост и хаос.

Надлежните институции треба соодветно да реагираат и да преземат соодветни мерки, бидејќи овие огласи не се валидни.

The post „Паркови и зеленило“ распишува оглас за 90 вработувања без согласност на Советот кој е негов основач appeared first on Република.

Гранки, камења и тупаници летаат меѓу вработени во Паркови и зеленило пред ЗОО https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/granki-kamena-i-tupanitsi-letaat-megu-vraboteni-vo-parkovi-i-zelenilo-pred-zoo/ Tue, 08 Aug 2023 13:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=670030

Гранки, лисја, тупаници летаат меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи. Оваа физичка пресметка се случила пред Зоолошката градина во Скопје, а на видеото може да се забележи дека неколку лица ги разделуваат раскараните колеги.

Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието.

The post Гранки, камења и тупаници летаат меѓу вработени во Паркови и зеленило пред ЗОО appeared first on Република.

]]>

Гранки, лисја, тупаници летаат меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи. Оваа физичка пресметка се случила пред Зоолошката градина во Скопје, а на видеото може да се забележи дека неколку лица ги разделуваат раскараните колеги. Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието.

The post Гранки, камења и тупаници летаат меѓу вработени во Паркови и зеленило пред ЗОО appeared first on Република.

]]>
Уште еден директор даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ushte-eden-direktor-dade-ostavka/ Sun, 30 Apr 2023 14:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=635548

В.Д. директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, Зухејр Реџепи во објава на Фејсбук страната на претпријатието извести дека поради здравствени причини поднесува оставка на функцијата.

Поради здравствени предизвици денеска си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и Зеленило“. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција, пишува Реџепи во објавата.

Реџепи, кој е дел на незадоволната група на ДУИ, беше назначен на функцијата лани во септември.

The post Уште еден директор даде оставка appeared first on Република.

Подметнат пожар во „Паркови и зеленило“, снимките од безбедносните камери ЈП ги споделува со жиг од Инфомакс https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podmetnat-pozhar-vo-parkovi-i-zelenilo-snimkite-od-bezbednosnite-kameri-jp-gi-spodeluva-so-zhig-od-infomaks/ Sat, 14 Jan 2023 16:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=596852

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека сноќеска избувнал пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии.

По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезе увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од  непознат сторител.

ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата.

Дописот до медиумите е поткрепен со линк до Фејсбук групата на порталот Инфомакс, каде што е објавена снимка од службените камери на ЈП „Паркови и зеленило“  со воден жиг на порталот.

The post Подметнат пожар во „Паркови и зеленило“, снимките од безбедносните камери ЈП ги споделува со жиг од Инфомакс appeared first on Република.

]]>

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека сноќеска избувнал пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии. По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезе увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од  непознат сторител. ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата. Дописот до медиумите е поткрепен со линк до Фејсбук групата на порталот Инфомакс, каде што е објавена снимка од службените камери на ЈП „Паркови и зеленило“  со воден жиг на порталот.

The post Подметнат пожар во „Паркови и зеленило“, снимките од безбедносните камери ЈП ги споделува со жиг од Инфомакс appeared first on Република.

]]>
ЈП „Паркови и зеленило“ активно ги уредува зелените и цветните површини низ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-parkovi-i-zelenilo-aktivno-gi-ureduva-zelenite-i-cvetnite-povrshini-niz-gradot/ Fri, 25 Feb 2022 11:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=463783

Екипите на ЈП Паркови и зеленило интензивно работат на терен и ги уредуваат зелените и цветните површини низ градот. Во Центар се сади сезонски цветен расад од видот виола, а во вториот дел на Градскиот парк се подготвува теренот за садење нови садници.

На повеќе локации низ градот се засадуваат нови квалитетни садници, односно во Центар на булеварот 11 Октомври се садат 50 садници зимзелени брзорастечки грмушки и 5 од видот туи.

На 16 Македонска бригада, во општина Гази Баба, продолжува етапно хортикултурното уредување на Паркот Скулптура, додека на улица Бутелска продолжува хортикултурното  уредување на јавните површини.

Во реоните Центар, Ново Лисиче и на булевар Србија на цветните површини се засадува сезонски цветен расад. Дополнување на сезонско цвеќе се врши и во леите на булевар Илинден и на булевар Климент Охридски.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“  на  булевар Александар Македонски поставуваат систем за полевање капка по капка на ново подигнатата цветна фигура знаме на Република Македонија.

По налог на Град Скопје екипите работат и во Рајскиот парк во Аеродром на нови објекти и реквизити, односно поставуваат видиковци, клупи, маси и корпи за отпадоци.

The post ЈП „Паркови и зеленило“ активно ги уредува зелените и цветните површини низ градот appeared first on Република.

]]>

  Екипите на ЈП Паркови и зеленило интензивно работат на терен и ги уредуваат зелените и цветните површини низ градот. Во Центар се сади сезонски цветен расад од видот виола, а во вториот дел на Градскиот парк се подготвува теренот за садење нови садници. На повеќе локации низ градот се засадуваат нови квалитетни садници, односно во Центар на булеварот 11 Октомври се садат 50 садници зимзелени брзорастечки грмушки и 5 од видот туи. На 16 Македонска бригада, во општина Гази Баба, продолжува етапно хортикултурното уредување на Паркот Скулптура, додека на улица Бутелска продолжува хортикултурното  уредување на јавните површини. Во реоните Центар, Ново Лисиче и на булевар Србија на цветните површини се засадува сезонски цветен расад. Дополнување на сезонско цвеќе се врши и во леите на булевар Илинден и на булевар Климент Охридски. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“  на  булевар Александар Македонски поставуваат систем за полевање капка по капка на ново подигнатата цветна фигура знаме на Република Македонија. По налог на Град Скопје екипите работат и во Рајскиот парк во Аеродром на нови објекти и реквизити, односно поставуваат видиковци, клупи, маси и корпи за отпадоци.

The post ЈП „Паркови и зеленило“ активно ги уредува зелените и цветните површини низ градот appeared first on Република.

]]>