ЈП Комунална хигиена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-komunalna-higiena/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 05:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП Комунална хигиена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-komunalna-higiena/ 32 32 Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ako-ovaa-nedela-nema-podobruvane-vo-higienata-mozhno-e-odzemane-ingerentsii-na-grad-skopje-od-strana-na-vladata/ Wed, 14 Aug 2024 05:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=806301

Aлармантни повици пристигнуваaт до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски и нагласи да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, Скопје во моментот не личи на главен град на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.

Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ, кажа Мицкоски.

Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично.

Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница. Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.

Се надевам дека со домаќинско работење во периодот што следи, ако воопшто можат тоа официјалните да го направат, ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот што следи и повикувам и апелирам, да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, настрана политичките тези, политичките фрустрации од едната или другата или од третата или од петта страна, тоа не е битно, граѓаните не ги интересира тоа. И ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзан со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму она што е обврска на народна влада да го направи, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани, смета Мицкоски.

The post Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата appeared first on Република.

]]>

Aлармантни повици пристигнуваaт до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски и нагласи да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, Скопје во моментот не личи на главен град на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.
Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ, кажа Мицкоски.
Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично. Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница. Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.
Се надевам дека со домаќинско работење во периодот што следи, ако воопшто можат тоа официјалните да го направат, ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот што следи и повикувам и апелирам, да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, настрана политичките тези, политичките фрустрации од едната или другата или од третата или од петта страна, тоа не е битно, граѓаните не ги интересира тоа. И ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзан со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму она што е обврска на народна влада да го направи, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани, смета Мицкоски.

The post Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-miteski-ne-sakam-da-veruvam-deka-komunalna-higena-namerno-ne-gi-chisti-kontejnerite-vo-opshtina-aerodrom/ Mon, 29 Jul 2024 07:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=801087

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив.

[caption id="attachment_801080" align="alignnone" width="636"] фото Фејсбук[/caption]

Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.

Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии-објави Митески во интервјуто за „Република“.

 Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

[caption id="attachment_801082" align="alignnone" width="640"] фото Фејсбук[/caption]

Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.

https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk

https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив. [caption id="attachment_801080" align="alignnone" width="636"] фото Фејсбук[/caption]   Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.
Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии-објави Митески во интервјуто за „Република“.
 Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром. [caption id="attachment_801082" align="alignnone" width="640"] фото Фејсбук[/caption]
Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.
  https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Оти Скопје се дави во ѓубре? Од 40 лица пријавени за ноќна смена, само двајца собираат, а сите земаат плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/oti-skopje-se-davi-vo-gubre-od-40-litsa-prijaveni-za-nokna-smena-samo-dvajtsa-sobiraat-a-site-zemaat-plata/ Wed, 17 Jul 2024 08:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=797579

Сите вработени во ЈП Комунална хигиена, кои не доаѓаа на работа, скопската градоначалничка за да се покаже пред јавноста ги избрка, но ги замени со други вработени кои исто така не одат на работа, откри во поткастот „Претрес“ Умејр Муамеди, поранешен советник на Данела Арсовска. Зборувајќи за ѓубрето низ главниот град, скопското комунално претпријатие и односите на Арсовска кон вработените, Муамеди, кој во тој момент вршел и комунални инспекции за состојбата низ Скопје, вели дека Арсовска исто така ја избркала директорката Косана Мазнева само затоа што била убедена дека работи против неа, иако, според него, таа многу добро раководела.

Во ноќна смена се пријавуваат повеќето од вработените, но не одат сите на работа. Плати земаат повеќе од другите, а на пример во Чаир имаше пријавено 40 лица за ноќна смена, а само двајца собираат ѓубре. Каде се другите? Оние вработени што ние ги гледаме како собираат и одат зад камионите и работат на +40 степени, се луѓе што земаат најниска плата, а овие „лордовите“ не одат на работа и земаат многу повисока плата, вели Муамеди.

https://www.youtube.com/live/otsAaTbFUN8?si=x2XdQ6jwifUQyIg4

The post Оти Скопје се дави во ѓубре? Од 40 лица пријавени за ноќна смена, само двајца собираат, а сите земаат плата appeared first on Република.

ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-so-demant-komunalniot-otpad-vo-opshtinata-kisela-voda-se-sobira-i-transportira-kontinuirano-i-sekojdnevno-bez-nikakov-zastoj/ Wed, 10 Jul 2024 12:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=795354

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.

ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.
Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители.
Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини.
Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.
ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието. Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители. Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини. Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>
Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/podignati-300-toni-otpad-od-divi-deponii-vo-nekolku-skopski-opshtini/ Thu, 17 Aug 2023 08:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=672898

Приближно 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад, подигнати се и транспортирани во текот на изминатите два дена, во рамки на акција на ЈП Комунална хигиена-Скопје за отстранување диви депонии.

Како што информираат од Јавното претпријатие, активностите се одвиваа во Општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во Општината Ѓорче Петров, како и во Општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето.

Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата „Максут Садик“ во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни, наведуваат од ЈП Комунална хигиена.

The post Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини appeared first on Република.

]]>

Приближно 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад, подигнати се и транспортирани во текот на изминатите два дена, во рамки на акција на ЈП Комунална хигиена-Скопје за отстранување диви депонии. Како што информираат од Јавното претпријатие, активностите се одвиваа во Општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во Општината Ѓорче Петров, како и во Општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето. Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата „Максут Садик“ во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни, наведуваат од ЈП Комунална хигиена.  

The post Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини appeared first on Република.

]]>
Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/komunalets-konechno-pochna-da-gi-plakne-kontejnerite-niz-skopje/ Thu, 20 Jul 2023 09:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=663438

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието.

Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.

Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.

Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.

Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.

The post Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието. Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.
Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.
Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.
Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.
 
The post Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје appeared first on Република.

]]>
На вработените во „Комунална хигиена“ платата не им е зголемена за 2.175 денари, туку само за 864, вели претседателот на СУТКОЗ, Кашиковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-veli-pretsedatelot-na-sutkoz-kashikovski/ Mon, 10 Jul 2023 17:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=659827

Основната причина која што ја истакнаа вработените од „Комунална хигиена“ – Скопје е неусогласувањето на нивните плати со растот на минималната плата што е законска обврска од месец март согласно член 4 од Законот за усогласување на останатите плати со минималната плата. Имено, во „Комунална хигиена“ платите се покачија само за 864 денари наместо за 2.175 денари“, истакна претседател на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Кашиковски додаде дека тоа е првото барање и првото незадоволство кај вработените од „Комунална хигиена“.

Второто незадоволство кај вработените кое што се појави е и неисплатата на К-15. Таму има и одредена спогодна за к-15 склучена со еден од поранешните директори која што за жал не е испочитувана. И третото барање е нерегулираниот бенефициран стаж кај работниците во „Комунална хигиена“. А, со оглед на фактот дека вработените во „Комунална хигиена“ пред се луѓето кои што работат на подигнување на сметот работат во тешки услови, а за тоа немаат бенефициран стаж кој по Закон им следува, рече тој.

Посочи дека тоа се основните три барања кои што вработените од „Комунална хигиена“ ги бараат од директорката да ги испочитува и исполни.

Директорката во последната изјава кажа дека се работи за околу 27 вработени коишто се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Инаку 100-тина луѓе не им беа продолжени договорите преку Агенција за привремени вработувања пред мислам околу 6 месеци. А, сега се работи за бројка од 27 луѓе, според кажувањето на директорката, а ние како Синдикат не добивме список за кои луѓе и за која бројка станува збор, нагласи Кашиковски.

Тој нагласи дека како Синдикат немаат добиено список од директорката на „Комунална хигиена“ за колкава бројка станува збор на вработени и ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.

The post На вработените во „Комунална хигиена“ платата не им е зголемена за 2.175 денари, туку само за 864, вели претседателот на СУТКОЗ, Кашиковски appeared first on Република.

]]>

Основната причина која што ја истакнаа вработените од „Комунална хигиена“ – Скопје е неусогласувањето на нивните плати со растот на минималната плата што е законска обврска од месец март согласно член 4 од Законот за усогласување на останатите плати со минималната плата. Имено, во „Комунална хигиена“ платите се покачија само за 864 денари наместо за 2.175 денари“, истакна претседател на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Кашиковски додаде дека тоа е првото барање и првото незадоволство кај вработените од „Комунална хигиена“.
Второто незадоволство кај вработените кое што се појави е и неисплатата на К-15. Таму има и одредена спогодна за к-15 склучена со еден од поранешните директори која што за жал не е испочитувана. И третото барање е нерегулираниот бенефициран стаж кај работниците во „Комунална хигиена“. А, со оглед на фактот дека вработените во „Комунална хигиена“ пред се луѓето кои што работат на подигнување на сметот работат во тешки услови, а за тоа немаат бенефициран стаж кој по Закон им следува, рече тој.
Посочи дека тоа се основните три барања кои што вработените од „Комунална хигиена“ ги бараат од директорката да ги испочитува и исполни. Директорката во последната изјава кажа дека се работи за околу 27 вработени коишто се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Инаку 100-тина луѓе не им беа продолжени договорите преку Агенција за привремени вработувања пред мислам околу 6 месеци. А, сега се работи за бројка од 27 луѓе, според кажувањето на директорката, а ние како Синдикат не добивме список за кои луѓе и за која бројка станува збор, нагласи Кашиковски. Тој нагласи дека како Синдикат немаат добиено список од директорката на „Комунална хигиена“ за колкава бројка станува збор на вработени и ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.  

The post На вработените во „Комунална хигиена“ платата не им е зголемена за 2.175 денари, туку само за 864, вели претседателот на СУТКОЗ, Кашиковски appeared first on Република.

]]>
Со години живееле Германија, а земале плата од Комуналец, рече Арсовска на денешниот прес и нејзината верзија за ѓубрето во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-godini-zhiveele-germanija-a-zemale-plata-od-komunalets-reche-arsovska-na-deneshniot-pres-i-nejzinata-verzija-za-gubreto-vo-skopje/ Mon, 10 Jul 2023 12:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=659763

Работата на „Комунална хигиена“ Скопје е вратена во нормала, сметот редовно се чисти и сите вработени ги извршуваат своите работни задачи. Оваа политички инструирана блокада имаше единствено за цел нарушување на мојот личен кредибилитет, нарушување на кредибилитетот на претпријатието и нарушување на личниот и професионалниот кредибилитет на градоначалничката Арсовска и, што е најважно, заштита на интересите на мафијашките структури во нашето претпријатие, изјави попладнево на прес-конференција Косана Мазнева, директорка на комуналното претпријатие на главниот град.

Придружена од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Мазнева рече дека помала група вработени неколку дена го блокирале редовното работење и не дозволувале да биде исчистен сметот на територијата на Скопје. Повеќе од 15 години тие биле постојано трета смена, а поголем дел од нив, како што рече, воопшто не се појавувале на работа. Екипите од ноќеска по 1 часот, рече таа, се пуштени на терен и сметот ќе се исчисти од сите општини во Скопје, најпрво од главните сообраќајници.

Градската администрација и „Комунална хигиена“ Скопје успешно се справи со опструкциите и блокадата на работата на нашето претпријатие од страна на мафијашките структури коишто не дозволуваа ниту еден вработен да ги извршува своите работни задачи, рече директорката.

Рече дека иако ги известиле надлежните институции за блокадата со која се соочува претпријатието, „на мафијашките структури им беше дозволено и понатаму да продолжат со самоволието и незаконската блокада на работата на нашето јавно претпријатие“.

Само откако притисокот од јавноста стана целосно неподнослив, надлежните органи си ја извршија својата работа и ја отстранија блокадата, рече Мазнева и додаде дека во блокадата на возилата да излезат на терен учествувале и лица коишто воопшто не се вработени во „Комунална хигиена“.

Заедно со Арсовска нагласија дека нема да дозволат да продолжи „самоволието на малкумина во градот и дека пред се е важен јавниот интерес т.е. интересот на граѓаните“.

На прашањето кои се „мафијашките структури“, одговори дека „уште пред неколку дена е известено и МВР и Јавното обвинителство“ .

За тие лица за коишто ние пријавуваме сомнение и имаме одредени документи како помош кои би им послужиле на ЈО и на МВР се веќе уредно доставени. Значи, имаме кривични пријави и се што требаше да биде направено од наша страна и сите институции коишто требаа да бидат информирани се целосно информирани. Дури мислам дека може малку побрзо да постапат од она што го направија, изјави Мазнева и додаде дека ќе треба да се консултира дали може да ги објави нивните имиња заради заштитата на лични податоци.

Соопшти и дека соодветни пријави ќе бидат поднесени и за лица кои пред медиумите клеветат и поттикнуваат гнев со лажни изјави. Нагласи и дека ЈП „Комунална хигиена“ е во целосна кондиција и вработените првпат од 2007 година добиле регрес на плата и по многу години им е доделена заштитна опрема.

Градоначалничката Арсовска изјави дека јавноста треба да оддаде признание на Мазнева зашто е прв директор на ова комунално претпријатие која одлучила да се справи со „мафијата“ во ЈП Комунална хигиена.

Не дозволувам никој да манипулира, најмалку против една жена, која се нафати во едно претпријатие со 1400 вработени, што било во заложништво на стотина ликови семејно поврзани, од коишто оние што ги водат се мафијашки структури, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна за било што. Таа и детектираше сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец и пред 25 јуни кога реагираше соодветно, кога отпочна со сите постапки и дури отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа. Отказните решенија на овие мафијаши се од минатиот месец со кривичните пријави коишто им се уредно поднесени. Тие почнаа со бунтови и со реакции откако видоа дека тука нема повеќе шегување, дека никој нема намера да им попушти на притисоци, на закани, на уцени... Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува после 30 години, рече Арсовска.

Таа додаде дека иако има многу роднински поврзани меѓу вработените во претпријатието, но дека „луѓето ги делиме на чесни и нечесни, на работници и неработници“ и „за нечесните и за неработниците повеќе нема место“.

Фативме луѓе коишто пет години седат во Германија, во Швајцарија, трајно се иселени и земале плата....Ние не зборуваме за поединци и не зборуваме за кланови. Зборуваме за неработници, за нечесни луѓе и за мафијаши, за луѓе коишто при работниот процес извршиле кривични дела и за нив одбрана нема, рече Арсовска.

На прашање дали се согласува со предлогот на некои градоначалници надлежностите за собирање на сметот во градот да им се префрлат ним, Арсовска одговори дека луѓето „од коалицијата ДПМНЕ-СДСМ“ играат политички игри и „како инфлуенсери се сликаат по улиците и нередот што го прават“ и треба, рече, да престанат да си играат со нервите на скопјани и нивниот интерес, односно институциите да функционираат како што треба.

Сите тие се власт во градот Скопје и во државава и треба да си постапуваат согласно нивните одговорности, а не да глумат инфлуенсери, да глумат и да се сликаат. Туку да се зафатат за работа и нека си ги исчистат нивните населби прво, па после тоа нека кажуваат, рече градоначалничката на Скопје.

The post Со години живееле Германија, а земале плата од Комуналец, рече Арсовска на денешниот прес и нејзината верзија за ѓубрето во Скопје appeared first on Република.

]]>

Работата на „Комунална хигиена“ Скопје е вратена во нормала, сметот редовно се чисти и сите вработени ги извршуваат своите работни задачи. Оваа политички инструирана блокада имаше единствено за цел нарушување на мојот личен кредибилитет, нарушување на кредибилитетот на претпријатието и нарушување на личниот и професионалниот кредибилитет на градоначалничката Арсовска и, што е најважно, заштита на интересите на мафијашките структури во нашето претпријатие, изјави попладнево на прес-конференција Косана Мазнева, директорка на комуналното претпријатие на главниот град. Придружена од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Мазнева рече дека помала група вработени неколку дена го блокирале редовното работење и не дозволувале да биде исчистен сметот на територијата на Скопје. Повеќе од 15 години тие биле постојано трета смена, а поголем дел од нив, како што рече, воопшто не се појавувале на работа. Екипите од ноќеска по 1 часот, рече таа, се пуштени на терен и сметот ќе се исчисти од сите општини во Скопје, најпрво од главните сообраќајници.
Градската администрација и „Комунална хигиена“ Скопје успешно се справи со опструкциите и блокадата на работата на нашето претпријатие од страна на мафијашките структури коишто не дозволуваа ниту еден вработен да ги извршува своите работни задачи, рече директорката.
Рече дека иако ги известиле надлежните институции за блокадата со која се соочува претпријатието, „на мафијашките структури им беше дозволено и понатаму да продолжат со самоволието и незаконската блокада на работата на нашето јавно претпријатие“.
Само откако притисокот од јавноста стана целосно неподнослив, надлежните органи си ја извршија својата работа и ја отстранија блокадата, рече Мазнева и додаде дека во блокадата на возилата да излезат на терен учествувале и лица коишто воопшто не се вработени во „Комунална хигиена“.
Заедно со Арсовска нагласија дека нема да дозволат да продолжи „самоволието на малкумина во градот и дека пред се е важен јавниот интерес т.е. интересот на граѓаните“. На прашањето кои се „мафијашките структури“, одговори дека „уште пред неколку дена е известено и МВР и Јавното обвинителство“ .
За тие лица за коишто ние пријавуваме сомнение и имаме одредени документи како помош кои би им послужиле на ЈО и на МВР се веќе уредно доставени. Значи, имаме кривични пријави и се што требаше да биде направено од наша страна и сите институции коишто требаа да бидат информирани се целосно информирани. Дури мислам дека може малку побрзо да постапат од она што го направија, изјави Мазнева и додаде дека ќе треба да се консултира дали може да ги објави нивните имиња заради заштитата на лични податоци.
Соопшти и дека соодветни пријави ќе бидат поднесени и за лица кои пред медиумите клеветат и поттикнуваат гнев со лажни изјави. Нагласи и дека ЈП „Комунална хигиена“ е во целосна кондиција и вработените првпат од 2007 година добиле регрес на плата и по многу години им е доделена заштитна опрема. Градоначалничката Арсовска изјави дека јавноста треба да оддаде признание на Мазнева зашто е прв директор на ова комунално претпријатие која одлучила да се справи со „мафијата“ во ЈП Комунална хигиена.
Не дозволувам никој да манипулира, најмалку против една жена, која се нафати во едно претпријатие со 1400 вработени, што било во заложништво на стотина ликови семејно поврзани, од коишто оние што ги водат се мафијашки структури, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна за било што. Таа и детектираше сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец и пред 25 јуни кога реагираше соодветно, кога отпочна со сите постапки и дури отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа. Отказните решенија на овие мафијаши се од минатиот месец со кривичните пријави коишто им се уредно поднесени. Тие почнаа со бунтови и со реакции откако видоа дека тука нема повеќе шегување, дека никој нема намера да им попушти на притисоци, на закани, на уцени... Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува после 30 години, рече Арсовска.
Таа додаде дека иако има многу роднински поврзани меѓу вработените во претпријатието, но дека „луѓето ги делиме на чесни и нечесни, на работници и неработници“ и „за нечесните и за неработниците повеќе нема место“.
Фативме луѓе коишто пет години седат во Германија, во Швајцарија, трајно се иселени и земале плата....Ние не зборуваме за поединци и не зборуваме за кланови. Зборуваме за неработници, за нечесни луѓе и за мафијаши, за луѓе коишто при работниот процес извршиле кривични дела и за нив одбрана нема, рече Арсовска.
На прашање дали се согласува со предлогот на некои градоначалници надлежностите за собирање на сметот во градот да им се префрлат ним, Арсовска одговори дека луѓето „од коалицијата ДПМНЕ-СДСМ“ играат политички игри и „како инфлуенсери се сликаат по улиците и нередот што го прават“ и треба, рече, да престанат да си играат со нервите на скопјани и нивниот интерес, односно институциите да функционираат како што треба.
Сите тие се власт во градот Скопје и во државава и треба да си постапуваат согласно нивните одговорности, а не да глумат инфлуенсери, да глумат и да се сликаат. Туку да се зафатат за работа и нека си ги исчистат нивните населби прво, па после тоа нека кажуваат, рече градоначалничката на Скопје.

The post Со години живееле Германија, а земале плата од Комуналец, рече Арсовска на денешниот прес и нејзината верзија за ѓубрето во Скопје appeared first on Република.

]]>
Го претепале зошто чистел: Приведен вработен во Комунална хигиена Скопје за физички напад на колега https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pretepale-zoshto-chistel-priveden-vraboten-vo-komunalna-higiena-skopje-za-fizichki-napad-na-kolega/ Mon, 10 Jul 2023 08:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=659560

Полицијата вчера после полноќ лишила од слобода вработен во ЈП „Комунална хигиена Скопје“ кој заедно со уште неколку лица физички нападнале вработен кој во моментот ги извршувал своите работни задачи.

- Денеска (10.07.2023) во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“, по член 386 од Кривичниот законик.

The post Го претепале зошто чистел: Приведен вработен во Комунална хигиена Скопје за физички напад на колега appeared first on Република.

Откако и утрово тонеме во ѓубре, градоначалниците ќе разговараат за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otkako-i-utrovo-toneme-vo-gubre-gradonachalnitsite-ke-razgovaraat-za-odzemane-na-ingerentsiite-na-jp-komunalna-higiena/ Mon, 10 Jul 2023 06:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=659515

Иако синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат, а дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и со помош на други градови собраа дел од насобраното ѓубре, сепак неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесна мисија за да се собере за неколку часа, па утринава скопјани повторно се разбудија претрупани во ѓубре и смрдеа.

За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски утринава за „Телма“, рече дека во координација со другите градоначалници ќе се разговара за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”.

The post Откако и утрово тонеме во ѓубре, градоначалниците ќе разговараат за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” appeared first on Република.

]]>

Иако синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат, а дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и со помош на други градови собраа дел од насобраното ѓубре, сепак неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесна мисија за да се собере за неколку часа, па утринава скопјани повторно се разбудија претрупани во ѓубре и смрдеа. За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски утринава за „Телма“, рече дека во координација со другите градоначалници ќе се разговара за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”.  

The post Откако и утрово тонеме во ѓубре, градоначалниците ќе разговараат за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” appeared first on Република.

]]>
Сојузот на синдикати ги поддржа вработените во „Комунална хигена“ во штрајкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sojuzot-na-sindikati-gi-poddrzha-vrabotenite-vo-komunalna-higena-vo-shtrajkot/ Sun, 09 Jul 2023 13:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=659399

Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страница објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како што се наведува, „што се слуша како директорката на Комунална хигиена упатува закани и навреди кон вработените“.

https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-se-davi-vo-smet-direktorkata-na-komunalna-higena-se-kara-so-vrabotenite/

Истовремено, како што стои, ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени, како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба која ја води за работниците.

-Укажуваме дека на претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП Комунална хигиена, се наведува во објавата. .

ССМ целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.

Работниците, како што се посочува во објавата на ССМ на Фејсбук, им се извинуваат на граѓаните поради тоа што не се собира сметот и ги инфирмираат дека револтот е против раководството на ЈП Комунална хигиена.

The post Сојузот на синдикати ги поддржа вработените во „Комунална хигена“ во штрајкот appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страница објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како што се наведува, „што се слуша како директорката на Комунална хигиена упатува закани и навреди кон вработените“. https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-se-davi-vo-smet-direktorkata-na-komunalna-higena-se-kara-so-vrabotenite/ Истовремено, како што стои, ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени, како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба која ја води за работниците. -Укажуваме дека на претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП Комунална хигиена, се наведува во објавата. . ССМ целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Работниците, како што се посочува во објавата на ССМ на Фејсбук, им се извинуваат на граѓаните поради тоа што не се собира сметот и ги инфирмираат дека револтот е против раководството на ЈП Комунална хигиена.

The post Сојузот на синдикати ги поддржа вработените во „Комунална хигена“ во штрајкот appeared first on Република.

]]>
Отстранета дивата депонија во Трнодол https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otstraneta-divata-deponija-vo-trnodol/ Mon, 19 Jun 2023 06:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=652935

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана во населбата Трнодол, во скопската општина Карпош. Подигнати се и транспортирани 12 кубни метри претежно мешан комунален и кабаст отпад.

Воедно, во текот на минатата седмица, Еко-патролата на Претпријатието изготви вкупно 28 едукативно-информативни записници за непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во централното градско подрачје – во близина на Домот на градежниците, во Старата скопска чаршија, како и во реонот зад Капитол Мол во општината Аеродром.

The post Отстранета дивата депонија во Трнодол appeared first on Република.

Уништени два контејнера при сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/unishteni-dva-kontejnera-pri-soobrakajka-na-bulevarot-partizanski-odredi/ Tue, 25 Apr 2023 09:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=633814

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека вчера, при сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала, биле комплетно уништени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри.

По добиената дојава дека е случена сообраќајна незгода, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ бр. 49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација, изјави в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Во текот на изминатите неколку дена, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 кубен метар, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата „Владимир Полежиновски“, во општината Центар.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, соопштуваат од претпријатието.

The post Уништени два контејнера при сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ appeared first on Република.

Комуналците ги учеа средношколците како да одржуваат здрава и чиста животна околина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/komunaltsite-gi-uchea-srednoshkoltsite-kako-da-odrzhuvaat-zdrava-i-chista-zhivotna-okolina/ Tue, 07 Mar 2023 17:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=616996

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше еко-предавање за учениците од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито".

На еко-предавањето присуствуваа триесетина ученици, коишто имаа можност да се запознаат со активностите на Претпријатието и да се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со комуналниот отпадна кој начин се врши неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање. Беше спроведена и акција за чистење на отпадот од внатрешните простории и дворот, во којашто земаа учество и учениците и професорите од училиштето.

Во текот на 2022 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје организираше еко-предавања и работилници во триесетина основни училишта и предучилишни установи во сите скопски општини. Годинава планираме едукативните активности да ги продолжиме и во скопските средни училишта. Примарна цел на овие предавања е развивањето еколошка свест кај младите за нивната улога во одржувањето на здрава и чиста животна околина, изјави в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

The post Комуналците ги учеа средношколците како да одржуваат здрава и чиста животна околина appeared first on Република.

Во 29 слики Комуналец го спакува сработеното во 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-29-sliki-komunalets-go-spakuva-srabotenoto-vo-2022-godina/ Tue, 10 Jan 2023 16:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=595482

Во текот на 2022 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 161 960 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно во просек беа подигнати и транспортирани приближно 444 тони на ден.

Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, собирањето и транспортот на комуналниот отпад од речиси 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери се реализираше седум пати во неделата, во три смени, додека приближно 67 000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови.

Во зимскиот период беше реализирано чистење на нападнатиот снег и мразот, додека ЈП Комунална хигиена-Скопје интервенираше  и при расчистувањето на сите скопски општини по обилните врнежи и поплавата што го зафати градот Скопје во месец август. Активностите се одвиваа со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници, како и употреба на целокупната механизација на терен, со цел да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и проодност во движењето на пешаците.

Во периодот јануари-декември 2022 година, екипите на Претпријатието континуирано ја одржуваа и хигиената на близу шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно рачно и машинско метење и миење. Се спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини - улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и Старата скопска чаршија.

Во координација со скопските јавни градски претпријатија беа спроведени повеќе акции за генерално чистење на Камениот мост и кејот на реката Вардар.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и активности за чистење на спомен-обележјата во градскиот парк, а беше извршено рачно и машинско метење и миење на сите затворени и зонски паркиралишта, воедно и паркинг-просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ , пред градската општа болница „Осми септември, како и во парк-шумата Водно.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за рачно миење на сите садови наменети за одлагање на отпадот лоцирани на територијата на градот Скопје, како и машинско миење на микролокациите каде што се поставени садовите.

Беше извршена замена на застарените метални садови наменети за одлагање на комуналниот отпад лоцирани на булеварот Партизански одреди, коишто беа заменети со нови пластични садови со зафатнина од 1,1 кубни метри.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги репарираше и сите оштетени садови наменети за одлагање комунален отпад со зафатнина од 3,2 кубни метри што се поставени на територијата на градот Скопје, при што воедно се изврши и замена на неупотребливите контејнери со нови садови.

Во текот на минатата година, ЈП Комунална хигиена-Скопје  отстрани вкупно

10 498 кубни метри отпад од голем број диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини. Само во рамките на акциите за генерално чистење на скопските општини во организација на Градот Скопје, што се одвиваа во периодот од 21 март до 28 мај 2022 година, беа расчистени диви депонии на приближно 150 локации. Во текот на овие акции беа поставени и специјални садови каде што граѓаните имаа можност да го одложат својот кабаст отпад, што беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието.

ЈП Комунална хигиена-Скопје и понатаму продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди  да ги одложат без плаќање на надоместок во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, од 09 до 19 часот.

Воедно, на бесплатниот телефонски број 0800 222 33, корисниците може да ја нарачаат и услугата за преземање и транспорт на кабастиот отпад директно од нивните домови со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена-Скопје, што се наплатува согласно однапред утврден Ценовник, објавен на веб-страницата на Претпријатието.

Во текот на 2022 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше секојдневни дежурства во реоните каде што се забележани континуирани прекршувања на Законот за јавна чистота. Изготвени се вкупно 578 едукативни записници, наменети за граѓани и правни субјекти затекнати при неправилно одлагање отпад на јавни површини.  Претпријатието спроведе и едукативно-информативни активности во скопската општина Ѓорче Петров, каде што граѓаните на терен беа информирани на кој начин правилно да го одлагаат својот комунален отпад и кои се последиците од несовесното постапување со отпадот.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања и работилници во дваесет основни училишта, како и во десет предучилишни установи, со цел-подигнување на свеста за правилното постапување со отпадот кај нашите најмлади сограѓани. Во текот на 2023 година се планира да бидат реализирани предавања и работилници во уште дваесетина училишта и предучилишни установи, како и посебен циклус на предавања наменети за штитениците на СОС-детското село.

„И во 2023 година, врвен приоритет на ЈП Комунална хигиена-Скопје останува одржувањето на максималното ниво на хигиената и чистотата на градот Скопје и заштитата на јавното здравје. Апелираме до жителите на нашиот град, преку правилното одлагање на отпадот и примената на примарната селекција и самите да придонесат за реализацијата на нашата визија за поубаво, поздраво и почисто Скопје. “ - изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

The post Во 29 слики Комуналец го спакува сработеното во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Во текот на 2022 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 161 960 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно во просек беа подигнати и транспортирани приближно 444 тони на ден. Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, собирањето и транспортот на комуналниот отпад од речиси 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери се реализираше седум пати во неделата, во три смени, додека приближно 67 000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови. Во зимскиот период беше реализирано чистење на нападнатиот снег и мразот, додека ЈП Комунална хигиена-Скопје интервенираше  и при расчистувањето на сите скопски општини по обилните врнежи и поплавата што го зафати градот Скопје во месец август. Активностите се одвиваа со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници, како и употреба на целокупната механизација на терен, со цел да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и проодност во движењето на пешаците. Во периодот јануари-декември 2022 година, екипите на Претпријатието континуирано ја одржуваа и хигиената на близу шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно рачно и машинско метење и миење. Се спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини - улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и Старата скопска чаршија. Во координација со скопските јавни градски претпријатија беа спроведени повеќе акции за генерално чистење на Камениот мост и кејот на реката Вардар. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и активности за чистење на спомен-обележјата во градскиот парк, а беше извршено рачно и машинско метење и миење на сите затворени и зонски паркиралишта, воедно и паркинг-просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ , пред градската општа болница „Осми септември, како и во парк-шумата Водно. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за рачно миење на сите садови наменети за одлагање на отпадот лоцирани на територијата на градот Скопје, како и машинско миење на микролокациите каде што се поставени садовите. Беше извршена замена на застарените метални садови наменети за одлагање на комуналниот отпад лоцирани на булеварот Партизански одреди, коишто беа заменети со нови пластични садови со зафатнина од 1,1 кубни метри. ЈП Комунална хигиена-Скопје ги репарираше и сите оштетени садови наменети за одлагање комунален отпад со зафатнина од 3,2 кубни метри што се поставени на територијата на градот Скопје, при што воедно се изврши и замена на неупотребливите контејнери со нови садови. Во текот на минатата година, ЈП Комунална хигиена-Скопје  отстрани вкупно 10 498 кубни метри отпад од голем број диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини. Само во рамките на акциите за генерално чистење на скопските општини во организација на Градот Скопје, што се одвиваа во периодот од 21 март до 28 мај 2022 година, беа расчистени диви депонии на приближно 150 локации. Во текот на овие акции беа поставени и специјални садови каде што граѓаните имаа можност да го одложат својот кабаст отпад, што беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието. ЈП Комунална хигиена-Скопје и понатаму продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди  да ги одложат без плаќање на надоместок во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, од 09 до 19 часот. Воедно, на бесплатниот телефонски број 0800 222 33, корисниците може да ја нарачаат и услугата за преземање и транспорт на кабастиот отпад директно од нивните домови со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена-Скопје, што се наплатува согласно однапред утврден Ценовник, објавен на веб-страницата на Претпријатието. Во текот на 2022 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше секојдневни дежурства во реоните каде што се забележани континуирани прекршувања на Законот за јавна чистота. Изготвени се вкупно 578 едукативни записници, наменети за граѓани и правни субјекти затекнати при неправилно одлагање отпад на јавни површини.  Претпријатието спроведе и едукативно-информативни активности во скопската општина Ѓорче Петров, каде што граѓаните на терен беа информирани на кој начин правилно да го одлагаат својот комунален отпад и кои се последиците од несовесното постапување со отпадот. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања и работилници во дваесет основни училишта, како и во десет предучилишни установи, со цел-подигнување на свеста за правилното постапување со отпадот кај нашите најмлади сограѓани. Во текот на 2023 година се планира да бидат реализирани предавања и работилници во уште дваесетина училишта и предучилишни установи, како и посебен циклус на предавања наменети за штитениците на СОС-детското село. „И во 2023 година, врвен приоритет на ЈП Комунална хигиена-Скопје останува одржувањето на максималното ниво на хигиената и чистотата на градот Скопје и заштитата на јавното здравје. Апелираме до жителите на нашиот град, преку правилното одлагање на отпадот и примената на примарната селекција и самите да придонесат за реализацијата на нашата визија за поубаво, поздраво и почисто Скопје. “ - изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.        

The post Во 29 слики Комуналец го спакува сработеното во 2022 година appeared first on Република.

]]>
Се чисти Транспортниот центар и кејот на Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-chisti-transportniot-centar-i-kejot-na-vardar/ Fri, 05 Aug 2022 10:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=537037

Во текот на вчерашниот ден ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10 м3 отпад од диви депонии.

Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот.

ЈП Комунална хигиена - Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2 м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина.

The post Се чисти Транспортниот центар и кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10 м3 отпад од диви депонии. Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот. ЈП Комунална хигиена - Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2 м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина.

The post Се чисти Транспортниот центар и кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>
Јакимовски и „Комунална“ се договорија: Граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-i-komunalna-se-dogovorija-gragjanite-na-karposh-zasluzuvaat-higiena-na-visoko-nivo/ Fri, 18 Feb 2022 08:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=460239

Откако три дена градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски јавно ја прозиваше „Комунална хигиена“ дека не ангажира доволно хигиеничари на територијата на Карпош, а и тие малку што ги има ништо не работат, вчера попладне седна на маса со тим од претпријатието предводен од директорот Зухди Енуз. Средбата се одржала на барање на Енуз, а на неа е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

Јакимовски деновиве обвинуваше дека тргнал во инспекција по улиците и булеварите за да види колку ги има и дали работат комуналците, затоа што во последниот период Општината не била задоволна од нивната работа. На средбата било заклучено дека хигиената е подобрена во изминативе месеци.

Заеднички е констатирано дека хигиената во Општина Карпош во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга – информира Јакимовски.

https://republika.mk/vesti/skopje/stevche-jakimovski-povtorno-loveshe-nerabotnici-na-komunalec-video/

The post Јакимовски и „Комунална“ се договорија: Граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Откако три дена градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски јавно ја прозиваше „Комунална хигиена“ дека не ангажира доволно хигиеничари на територијата на Карпош, а и тие малку што ги има ништо не работат, вчера попладне седна на маса со тим од претпријатието предводен од директорот Зухди Енуз. Средбата се одржала на барање на Енуз, а на неа е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните. Јакимовски деновиве обвинуваше дека тргнал во инспекција по улиците и булеварите за да види колку ги има и дали работат комуналците, затоа што во последниот период Општината не била задоволна од нивната работа. На средбата било заклучено дека хигиената е подобрена во изминативе месеци.