ЈП Комуналец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-komunalec/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jul 2023 08:36:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП Комуналец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-komunalec/ 32 32 Спасовски: Ни Арсовска, ни Мазнева не пријавиле во полиција дека има луѓе во Германија, а земаат плата од Комуналец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/spasovski-ni-arsovska-ni-mazneva-ne-prijavile-vo-politsija-deka-ima-luge-vo-germanija-a-zemaat-plata-od-komunalets/ Sat, 15 Jul 2023 08:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=661576

Ниту Град Скопје, ниту ЈП „Комунална Хигиена“ не ги пријавиле во полиција вработените за кои рекоа дека биле трајно иселени во Германија, а со години чекале „џепарлак“ од претпријатието оти биле пријавени дека доаѓаат само трета смена. Ова синоќа во ТВ гостување го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На прашањето „дали е пристигната пријава до МВР за лица кои земале плата а не оделе на работа“, Спасовски одговори:

„Вакава пријава за конкретниот случај нема пристигнато. Имаше пријава за блокадата во претпријатието и таму каде што беа исполнети условите за да се одблокира и да може да работат работниците на „Комунална хигиена“ тоа го направивиме. Мене ми е многу жал што се доведовме во состојба, денеска, во 2023 година, да разговараме дали Скопје треба да тоне во ѓубре или не.“

Вчера и од обвинителството кажаа дека нема ваква пријава. Скопското Обвинителство посочи дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од таму ја повикуваа Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави.

За една недела, директорката на Комуналец, Косана Мазнева, избрка 70-ина луѓе од работа, а минатиот викенд протестираа вработените и не го собираа ѓубрето низ главниот град. Во понеделеникот, на прес-конференција, градоначалничката се караше со новинарите, вработените во КХС ги нарече мафијаши и побара на Мазнева да и речеме „браво“, а не да ја прашуваме зошто после година од стапувањето на функцијата, дури сега постапува за овие лица. И двете тогаш рекоа дека овие лице ги пријавиле и во МВР и во обвинителство, но не сакаа да кажат кои се тие луѓе со име и презиме, оти тоа било личен податок.

The post Спасовски: Ни Арсовска, ни Мазнева не пријавиле во полиција дека има луѓе во Германија, а земаат плата од Комуналец appeared first on Република.

]]>

Ниту Град Скопје, ниту ЈП „Комунална Хигиена“ не ги пријавиле во полиција вработените за кои рекоа дека биле трајно иселени во Германија, а со години чекале „џепарлак“ од претпријатието оти биле пријавени дека доаѓаат само трета смена. Ова синоќа во ТВ гостување го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На прашањето „дали е пристигната пријава до МВР за лица кои земале плата а не оделе на работа“, Спасовски одговори:
„Вакава пријава за конкретниот случај нема пристигнато. Имаше пријава за блокадата во претпријатието и таму каде што беа исполнети условите за да се одблокира и да може да работат работниците на „Комунална хигиена“ тоа го направивиме. Мене ми е многу жал што се доведовме во состојба, денеска, во 2023 година, да разговараме дали Скопје треба да тоне во ѓубре или не.“
Вчера и од обвинителството кажаа дека нема ваква пријава. Скопското Обвинителство посочи дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од таму ја повикуваа Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави. За една недела, директорката на Комуналец, Косана Мазнева, избрка 70-ина луѓе од работа, а минатиот викенд протестираа вработените и не го собираа ѓубрето низ главниот град. Во понеделеникот, на прес-конференција, градоначалничката се караше со новинарите, вработените во КХС ги нарече мафијаши и побара на Мазнева да и речеме „браво“, а не да ја прашуваме зошто после година од стапувањето на функцијата, дури сега постапува за овие лица. И двете тогаш рекоа дека овие лице ги пријавиле и во МВР и во обвинителство, но не сакаа да кажат кои се тие луѓе со име и презиме, оти тоа било личен податок.

The post Спасовски: Ни Арсовска, ни Мазнева не пријавиле во полиција дека има луѓе во Германија, а земаат плата од Комуналец appeared first on Република.

]]>
Од денеска до крајот на март долгот за комунални услуги може да се отплати на рати без камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/od-deneska-do-krajot-na-mart-dolgot-za-komunalni-uslugi-mozhe-da-se-otplati-na-rati-bez-kamata/ Wed, 15 Feb 2023 10:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=609226

ЈП Комунална хигиена - Скопје ги известува своите корисници коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад (тужени и
редовни) дека од денеска - 15 февруари заклучно со 31 март 2023 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето
плаќање.

Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува и на физичките лица и на правните лица.

The post Од денеска до крајот на март долгот за комунални услуги може да се отплати на рати без камата appeared first on Република.

]]>

ЈП Комунална хигиена - Скопје ги известува своите корисници коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад (тужени и редовни) дека од денеска - 15 февруари заклучно со 31 март 2023 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува и на физичките лица и на правните лица.

The post Од денеска до крајот на март долгот за комунални услуги може да се отплати на рати без камата appeared first on Република.

]]>
Jaкимовски им дише во врат на работниците од Комуналец: Нема толерирање за неработењето! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-im-dishe-vo-vrat-na-rabotnicite-od-komunalec-nema-toleriranje-za-nerabotenjeto/ Tue, 15 Feb 2022 08:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=458672

Вчера наутро, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски направи инспекција во периодот од 9.05 часот до 9.25 часот со цел да провери колку работници на комунална хигиена има на булеварите „Илинден“, „8 Септември“, „Партинзански одреди“, „Теодосиј Гологанов“, и улиците „Рузвелтова“, „Јуриј Гагарин“, „Московска“ и „Љубљанска“, соопштија од Општина Карпош.

На булевар „Илинден“ затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна американска амбасада, на булевар „Теодосиј Гологанов“ работеше само еден работник кај „Млечен“ и двајца работници спроти „Симпо“ на булевар „Партизански одреди“ кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на комунална хигиена нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме, вели Јакимовски.

The post Jaкимовски им дише во врат на работниците од Комуналец: Нема толерирање за неработењето! appeared first on Република.