ЈП градски паркинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-gradski-parking/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Nov 2023 09:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП градски паркинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-gradski-parking/ 32 32 Пензионер нападна вработена во Паркинзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/penzioner-napadna-vrabotena-vo-parkinzi/ Wed, 01 Nov 2023 09:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=696944

Во понеделнико во 08.30 часот во СВР Скопје, Х.А.(38) од Скопје, вработена во Ј.П. „Градски паркинг“, пријавила дека околу 07.45 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи, била физички нападната од С.С.(72) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

 

The post Пензионер нападна вработена во Паркинзи appeared first on Република.

]]>

Во понеделнико во 08.30 часот во СВР Скопје, Х.А.(38) од Скопје, вработена во Ј.П. „Градски паркинг“, пријавила дека околу 07.45 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи, била физички нападната од С.С.(72) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.  

The post Пензионер нападна вработена во Паркинзи appeared first on Република.

]]>
Последната одлука на Христовски пред да ѝ поднесе оставка на Арсовска: Зголемување на платите на сите вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poslednata-odluka-na-hristovski-pred-da-podnese-ostavka-na-arsovska-zgolemuvanje-na-platite-na-site-vraboteni/ Tue, 13 Sep 2022 16:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=550471

Досегашниот директор на ЈП Градско Паркинг - Скопје, Бојан Христовски, непосредно пред да поднесе оставка, ги зголеми платите на сите вработени како поддршка во време на економската криза и зголемените трошоци за живот.

- На денешната седница Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг - Скопје, донесе одлука за линерано зголемување на платата во износ од 2 992 денари, а одлуката ќе почне да се применува започнувајќи од 01.10.2022 година.
Оваа одлка е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица.
Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот. На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани.
Пред се сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП Градски Паркинг до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор.

The post Последната одлука на Христовски пред да ѝ поднесе оставка на Арсовска: Зголемување на платите на сите вработени appeared first on Република.

]]>

Досегашниот директор на ЈП Градско Паркинг - Скопје, Бојан Христовски, непосредно пред да поднесе оставка, ги зголеми платите на сите вработени како поддршка во време на економската криза и зголемените трошоци за живот.
- На денешната седница Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг - Скопје, донесе одлука за линерано зголемување на платата во износ од 2 992 денари, а одлуката ќе почне да се применува започнувајќи од 01.10.2022 година. Оваа одлка е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица. Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот. На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани. Пред се сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП Градски Паркинг до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор.

The post Последната одлука на Христовски пред да ѝ поднесе оставка на Арсовска: Зголемување на платите на сите вработени appeared first on Република.

]]>
Директорот на „Градски паркинг“ си поднесе оставка: Aрсовска е незаинтересиранa за развој на претпријатието https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-gradski-parking-si-podnese-ostavka-arsovska-e-nezainteresirani/ Tue, 13 Sep 2022 10:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=550327

Бојан Христовски директор на „Градски паркинг“ си поднесе оставка од директорската функција.Тој е незадоволен од поддршката од градоначалничката Арсовска, која според него била незаинтересирана за развој на претпријатието.

Затоа, вели Христовски си заминува бидејќи не сака да биде дел од таков систем.

Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за вд директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари, оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција.
Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и подобри услови за услугите кои ги пружа ова претпријатие.
Но сепак морам да истакнам дека градот Скопје е комплексен систем на институционално управување во кои се испреплетени повеќе фактори. Тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна, токму затоа нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а тоа е секако на штета на граѓаните. Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје.
Зад мене остануваат повеќе тековни активности и новитети, но и суштински проекти имплементирани во претпријатието од кои би ги издвоил:
- Финансиска стабилност и самостојност и покрај намалувањето на цените за зонско паркирање од 25% со кој се излезе во пресрет на потребите на скопјани,
- Реновирање, осветлување и молерисување на катните гаражи
- Зголемена хигиена на сите паркиралишта
- Обележување на регуларни паркинг места и места за лица со попреченост
- Возобновување на услугата шлеп служба
- Бесплатно паркирање за крводарители и повластени цени за специјализанти
- Зголемена транспарентност преку редовна комуникација со медиуми, функционалност на веб страна и нова ФБ страна
- Набавка на нова ХТЗ опрема за сите вработени
- Набавка на 70 нови дигитални уреди за контрола на паркирањето
- Надградба на системот за зонско паркирање (смс „потсетник“ за паркирање и тн.)
- Пос терминали на сите паркинзи
- Подобрување на услугите на паркиралиштето на Клиничкиот центар (нов наплатен пункт, поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, во крајна фаза нови 2 паркомати и „при-пејд“ картички со 20 минути транзит период итн)
Сите овие, но и останатите новитети би биле невозможни без големиот број на исклучително квалитетни и креативни професионалци и ентузијасти на кои сум им бескрајно благодарен за нивните напори за остварување на програмските цели. Динамичната работа и позитивниот притисок носат резултати. Поради тоа, со задоволство истакнувам дека позицијата ја напуштам со мојата последна одлука, а тоа е иницијатива до управниот одбор за заслужено линеарно зголемување на основната плата на сите вработени во вредност од 3000,00 денари.
Сметам дека успесите на Градски Паркинг постигнати во едни тешки околности се значајни да ги истакнам. Тие ќе беа уште поголеми доколку имаше целосна поддршка од Градот и градоначалничката. Во мојот живот борбата за принципите во кои верувам се поважни од функцијата. Влегов достоинствено, излегувам со чист образ. Нема да дозволам било кој, а најмалку луѓе кои имаат поинакви приоритети од тие поради кои се избрани од народот, и поради лични политички игри тоа да го извалкаат, стои во постот на Христовски.

The post Директорот на „Градски паркинг“ си поднесе оставка: Aрсовска е незаинтересиранa за развој на претпријатието appeared first on Република.

]]>

Бојан Христовски директор на „Градски паркинг“ си поднесе оставка од директорската функција.Тој е незадоволен од поддршката од градоначалничката Арсовска, која според него била незаинтересирана за развој на претпријатието. Затоа, вели Христовски си заминува бидејќи не сака да биде дел од таков систем.
Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за вд директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари, оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција. Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и подобри услови за услугите кои ги пружа ова претпријатие. Но сепак морам да истакнам дека градот Скопје е комплексен систем на институционално управување во кои се испреплетени повеќе фактори. Тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна, токму затоа нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а тоа е секако на штета на граѓаните. Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје. Зад мене остануваат повеќе тековни активности и новитети, но и суштински проекти имплементирани во претпријатието од кои би ги издвоил: - Финансиска стабилност и самостојност и покрај намалувањето на цените за зонско паркирање од 25% со кој се излезе во пресрет на потребите на скопјани, - Реновирање, осветлување и молерисување на катните гаражи - Зголемена хигиена на сите паркиралишта - Обележување на регуларни паркинг места и места за лица со попреченост - Возобновување на услугата шлеп служба - Бесплатно паркирање за крводарители и повластени цени за специјализанти - Зголемена транспарентност преку редовна комуникација со медиуми, функционалност на веб страна и нова ФБ страна - Набавка на нова ХТЗ опрема за сите вработени - Набавка на 70 нови дигитални уреди за контрола на паркирањето - Надградба на системот за зонско паркирање (смс „потсетник“ за паркирање и тн.) - Пос терминали на сите паркинзи - Подобрување на услугите на паркиралиштето на Клиничкиот центар (нов наплатен пункт, поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, во крајна фаза нови 2 паркомати и „при-пејд“ картички со 20 минути транзит период итн) Сите овие, но и останатите новитети би биле невозможни без големиот број на исклучително квалитетни и креативни професионалци и ентузијасти на кои сум им бескрајно благодарен за нивните напори за остварување на програмските цели. Динамичната работа и позитивниот притисок носат резултати. Поради тоа, со задоволство истакнувам дека позицијата ја напуштам со мојата последна одлука, а тоа е иницијатива до управниот одбор за заслужено линеарно зголемување на основната плата на сите вработени во вредност од 3000,00 денари. Сметам дека успесите на Градски Паркинг постигнати во едни тешки околности се значајни да ги истакнам. Тие ќе беа уште поголеми доколку имаше целосна поддршка од Градот и градоначалничката. Во мојот живот борбата за принципите во кои верувам се поважни од функцијата. Влегов достоинствено, излегувам со чист образ. Нема да дозволам било кој, а најмалку луѓе кои имаат поинакви приоритети од тие поради кои се избрани од народот, и поради лични политички игри тоа да го извалкаат, стои во постот на Христовски.

The post Директорот на „Градски паркинг“ си поднесе оставка: Aрсовска е незаинтересиранa за развој на претпријатието appeared first on Република.

]]>
Утре и в понеделник бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-i-v-ponedelnik-besplaten-parking-na-zonskite-parkinzi-vo-skopje/ Sat, 23 Apr 2022 20:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=492811

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје.

Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26 Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Утре и в понеделник бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје appeared first on Република.

]]>

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје. Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26 Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Утре и в понеделник бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/besplaten-parking-na-zonskite-parkinzi-vo-skopje-za-veligdenskite-praznici/ Fri, 22 Apr 2022 09:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=492176

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје.

Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26ти Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници appeared first on Република.

]]>

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје. Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26ти Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници appeared first on Република.

]]>
Бесплатен паркинг на скопските паркинзи за време на празниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/besplaten-parking-na-skopskite-parkinzi-za-vreme-na-praznicite/ Thu, 21 Apr 2022 10:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=491660

Во текот на Велигденските празници граѓаните нема да плаќаат за паркирање на зонските пакиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 година, соопштија од претпријатието.

Посочуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко” и „26ти Јули” и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг” – Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!

The post Бесплатен паркинг на скопските паркинзи за време на празниците appeared first on Република.

]]>

Во текот на Велигденските празници граѓаните нема да плаќаат за паркирање на зонските пакиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг” – Скопје.
Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 година, соопштија од претпријатието.
Посочуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко” и „26ти Јули” и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза. ЈП „Градски паркинг” – Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!

The post Бесплатен паркинг на скопските паркинзи за време на празниците appeared first on Република.

]]>
ЈП ГП жртва на политички опструкции од МВР: Двапати неделно му пишуваме на Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-gp-zrtva-na-politichki-opstrukcii-od-mvr-dvapati-nedelno-mu-pishuvame-na-spasovski/ Wed, 20 Apr 2022 15:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=491300

На денешната седница на Советот на Град Скопје една од точките на дневен ред беше и Предлог одлука за давање согласност за усвојување на годишната сметка на ЈП Градски паркинг – Скопје за 2021 година. Во делот на расправата во своето обраќање советникот Галевски, потенцирајќи ги аферите на претходното раководство на претпријатието, како што се злоупотреба со платежни картички, превработување на партиска основа и слично, укажа на тоа дека видно се намалени приходите од Сектор Пајак, при што побара одговор од актуелниот директор Бојан Христовски за ова. Галевски додаде дека причината за ова е политичка опструкција од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Директорот Христовски од говорницата потенцираше дека, во изминатиов период неколку пати реагира за овој проблем, а освен тоа се одржуваат комуникации и средби со МВР за надминување, тој уште не е решен и опструкциите и понатаму траат.

Морам да истакнам дека правиме обиди и напори за подобрување или воопшто воспоставување на соработка со МВР, со цел на дневно ниво да се отстрануваат непрописно паркираните возила од коловозите, коишто ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот во Скопје. Сега за сега немаме никакви реакции, сè уште се подигнуваат многу мал број возила од тротоарите, пешачките зони, места кадешто може да поминуваат лица со посебни потребни и слично, одговори Христовски.

Освен ова, тој истакна дека постојано се контактираат министерот Оливер Спасовски како и другите одговорни функционери за овој проблем, меѓутоа нема никаков фидбек, па поради ова логично е тоа што го рече советникот дека е политичка опструкција.

Еднаш или два пати неделно писмено се обраќаме до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, до директорот за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на СВР Скопје Тони Јакимовски, на коишто постојано им укажуваме на реакциите кои секојдневно пристигнуваат до нашето претпријатие од трети лица, граѓани или правни субјекти коишто се жалат на непостапувањето од страна на МВР, односно пријавуваат на бројот 192 каде што ги известуваат за непрописно паркираните возила, чиешто постапување за отстранување е во ингеренции на МВР, но од страна на министерството нема реакција. Ние ќе продолжиме со нашите барања, како и јавно и институционално да ги повикуваме да си ја вршат својата работа, нагласи Христовски.

The post ЈП ГП жртва на политички опструкции од МВР: Двапати неделно му пишуваме на Спасовски appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Советот на Град Скопје една од точките на дневен ред беше и Предлог одлука за давање согласност за усвојување на годишната сметка на ЈП Градски паркинг – Скопје за 2021 година. Во делот на расправата во своето обраќање советникот Галевски, потенцирајќи ги аферите на претходното раководство на претпријатието, како што се злоупотреба со платежни картички, превработување на партиска основа и слично, укажа на тоа дека видно се намалени приходите од Сектор Пајак, при што побара одговор од актуелниот директор Бојан Христовски за ова. Галевски додаде дека причината за ова е политичка опструкција од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Директорот Христовски од говорницата потенцираше дека, во изминатиов период неколку пати реагира за овој проблем, а освен тоа се одржуваат комуникации и средби со МВР за надминување, тој уште не е решен и опструкциите и понатаму траат.

Морам да истакнам дека правиме обиди и напори за подобрување или воопшто воспоставување на соработка со МВР, со цел на дневно ниво да се отстрануваат непрописно паркираните возила од коловозите, коишто ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот во Скопје. Сега за сега немаме никакви реакции, сè уште се подигнуваат многу мал број возила од тротоарите, пешачките зони, места кадешто може да поминуваат лица со посебни потребни и слично, одговори Христовски.

Освен ова, тој истакна дека постојано се контактираат министерот Оливер Спасовски како и другите одговорни функционери за овој проблем, меѓутоа нема никаков фидбек, па поради ова логично е тоа што го рече советникот дека е политичка опструкција.

Еднаш или два пати неделно писмено се обраќаме до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, до директорот за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на СВР Скопје Тони Јакимовски, на коишто постојано им укажуваме на реакциите кои секојдневно пристигнуваат до нашето претпријатие од трети лица, граѓани или правни субјекти коишто се жалат на непостапувањето од страна на МВР, односно пријавуваат на бројот 192 каде што ги известуваат за непрописно паркираните возила, чиешто постапување за отстранување е во ингеренции на МВР, но од страна на министерството нема реакција. Ние ќе продолжиме со нашите барања, како и јавно и институционално да ги повикуваме да си ја вршат својата работа, нагласи Христовски.

The post ЈП ГП жртва на политички опструкции од МВР: Двапати неделно му пишуваме на Спасовски appeared first on Република.

]]>
„Заврши династијата ДС“: ЈП паркинзи никогаш повеќе нема да финансира, промовора и заштитува политичка партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zavrshi-dinastijata-ds-jp-parkinzi-nikogash-povekje-nema-da-finansira-promovora-i-zashtituva-politichka-partija/ Thu, 10 Mar 2022 13:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=470674

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски реагира на соопштението од Демократски сојуз:

На ден 08.03.2022 година, политичката партија Демократски Сојуз во јавноста излезе со соопштение во кое се искажани клевети на мое лично име и на сметка на ЈП Градски Паркинг.

Од таа причина, како в.д. Директор на претпријатието должен сум да реагирам, демантирам и коментирам.

Имено, во целост ги отфрлам сите клевети и обвинувања, а обидот за навреда и ниското ниво на комуникација изразено преку ова општење со јавноста, од страна на една политичка партија говори за самите нив.

Верувам дека се свесни дури и кога не ја говорат вистината, но во исто време, до некаде можам и да ја разберам нивната фрустрација, страв и срам од се што излезе во јавност за работењето на ова претпријатие во минатото. Обвинувањата и клеветите можеби ќе продолжат, но граѓаните, а и вработените во претпријатието ќе ценат и судат.

Ја разбирам нервозата кај одредени политички структури кои сакајќи да го закочат преструктуирањето на претпријатието, неговото враќање на градот и граѓаните од рацете на личните интереси на поединци и структури, наоѓаат маана и критикуваат се и сешто, но Градски Паркинг им припаѓа на скопјани.

Едно е сигурно, ова претпријатие и вработените во него, никогаш повеќе нема да финансираат, промовораат и заштитуваат политичка партија. Нема да се злоупотребуваат средствата и опремата за лични и партиски цели. Нема да се повластуваат со бесплатен и резервиран паркинг политички и други видови на моќници. Новото раководство обезбеди позитивна работна клима и визија за развој. Сето тоа мотивираше голем број на професионалци во претпријатието да бидат гласни, да стават стоп на политичкиот непрофесионализам и конечно да се стави ред во ЈП Градски Паркинг- Скопје.

На крајот, слободно можам да кажам дека полека но сигурно завршува политичката династија наречена Демократски сојуз во ЈП Градски Паркинг- Скопје, а кој губи има право да се лути.

Соопштение ДС

в.д. Директор

Бојан Христовски

The post „Заврши династијата ДС“: ЈП паркинзи никогаш повеќе нема да финансира, промовора и заштитува политичка партија appeared first on Република.

]]>

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски реагира на соопштението од Демократски сојуз: На ден 08.03.2022 година, политичката партија Демократски Сојуз во јавноста излезе со соопштение во кое се искажани клевети на мое лично име и на сметка на ЈП Градски Паркинг. Од таа причина, како в.д. Директор на претпријатието должен сум да реагирам, демантирам и коментирам. Имено, во целост ги отфрлам сите клевети и обвинувања, а обидот за навреда и ниското ниво на комуникација изразено преку ова општење со јавноста, од страна на една политичка партија говори за самите нив. Верувам дека се свесни дури и кога не ја говорат вистината, но во исто време, до некаде можам и да ја разберам нивната фрустрација, страв и срам од се што излезе во јавност за работењето на ова претпријатие во минатото. Обвинувањата и клеветите можеби ќе продолжат, но граѓаните, а и вработените во претпријатието ќе ценат и судат. Ја разбирам нервозата кај одредени политички структури кои сакајќи да го закочат преструктуирањето на претпријатието, неговото враќање на градот и граѓаните од рацете на личните интереси на поединци и структури, наоѓаат маана и критикуваат се и сешто, но Градски Паркинг им припаѓа на скопјани. Едно е сигурно, ова претпријатие и вработените во него, никогаш повеќе нема да финансираат, промовораат и заштитуваат политичка партија. Нема да се злоупотребуваат средствата и опремата за лични и партиски цели. Нема да се повластуваат со бесплатен и резервиран паркинг политички и други видови на моќници. Новото раководство обезбеди позитивна работна клима и визија за развој. Сето тоа мотивираше голем број на професионалци во претпријатието да бидат гласни, да стават стоп на политичкиот непрофесионализам и конечно да се стави ред во ЈП Градски Паркинг- Скопје. На крајот, слободно можам да кажам дека полека но сигурно завршува политичката династија наречена Демократски сојуз во ЈП Градски Паркинг- Скопје, а кој губи има право да се лути. Соопштение ДС в.д. Директор Бојан Христовски

The post „Заврши династијата ДС“: ЈП паркинзи никогаш повеќе нема да финансира, промовора и заштитува политичка партија appeared first on Република.

]]>
Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galeski-jp-gradski-parking-bila-kidnapirana-institucija-od-strana-na-lica-od-vlasta-rodnini-i-prijateli-na-lider-na-politichka-partija-na-vlast-del-od-vrabotenite-vo-ovaa-institucija/ Thu, 24 Feb 2022 14:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=463224

Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје.

 

Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале.

Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој.

Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата.

И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески.

Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.

The post Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција appeared first on Република.

]]>

Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје.  
Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале. Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој. Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата. И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески. Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.

The post Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција appeared first on Република.

]]>